Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднесе нова кривична пријава против Фатмир Дехари (52) од кичевското село Србица, кој е поранешен градоначалник на Општина Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Истата ја заработи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Со кривичната се опфатени и Б.К. (46) од кичевското село Аранѓел поради постоење ...
Полицаец од службата за обезбедување во македонското Собрание заработи кривична пријава оти возел без положен возачки испит, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Тој бил фатен како го управува негово лично возило „бмв“ во центарот на Скопје. Станува збор за лицето А.Б, а како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична за него до Основното јавно ...
Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека е одобрен обвинителниот акт за 13. полициски службеници за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани. Истиот на крајот на јануари беше поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а тие се товарат за кривичното дело “тешки дела против општата сигурност“. Останува уште предметот да биде распределен преку Автоматизираниот систем за управување ...
Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека е одобрен обвинителниот акт за злоупотребите со програмата ИПАРД. Со истиот се опфатени пет физички лица, кои се товарат за повеќе кривични дела – давање поткуп, давање награда за противзаконито влијание, примање награда за противзаконито влијание и примање поткуп. Дел од обвинителниот акт е и обвинителен предлог против четири физички и едно правно лице. Предметот преку Автоматизираниот ...
Мода АД Свети Николе лани остварила добивка од 3.932.808 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото остварило приходи од 290.497.285 денари. Расходите пак изнесуваат 284.181.506 денари. Приходите се зголемени за 4%, а расходите од работење за 0,9%, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ „Мода“ од Свети Николе со намалена загуба во првите девет месеци Мода АД Свети Николе лани остварила добивка од 3.932.808 денари, ...
Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека за две години се отворени 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа. „Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот,“ вели Николоски. Лидер во регионот за сега е аеродромот во Тирана, Албанија. Фото: Unsplash Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека за две години се отворени 22 нови рути кои ја поврзуваат ...
Од фирмата за производство на медицински канабис „Грин лајф“, лоцирана во валандовското село Јосифово е одземен еден тон марихуана. Информацијата за државната агенција МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи. „Грин лајф“ е една од шесте фирми од овој бизнис на кои Владата деновиве им ја одзеде лиценцата за работа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Шест компании останаа без лиценца за производство на канабис за медицински цели Ексклузивно: Кои се ...
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември 2025 година продажбите на Алкалоид АД Скопје достигнуваат 13.837.976.447 денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 20.899.116.085 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...
Алкалоид АД Скопје лани инвестирал во основни средства 1.112.882 илјади денари или 18 милиони евра, информира компанијата. -Во согласност со долгорочната развојна стратегија, односно со 20-годишниот инвестициски развоен план, во последните неколку години се изградени нов погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми, нов погон за пакување лекови, нов магацински простор за складирање суровини, како и нов погон за производство на ...
Со новата мобилна апликација, ПроКредит Банка воведува едно од најнапредните стандард за брзина, функционалност и целосна контрола на своите финансии, дигитални банкарски решенија на македонскиот пазар. Брзо и лесно управување со сите сметки Користењето на сметките во банка сега е полесно од кога било. Нема потреба од посета на филијала или чекање на шалтер. Новата апликација овозможува единствена можност за управување преку еден профил, ...
ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата, информираат од таму. Признанието му беше врачено на раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, Бранко Азески. На настанот присуствуваше и министерката ...
Нема да има линеарно зголемување на пензиите за 1.000 денари од март годинава за македонските пензионери кои престојуваат надвор од земјава. Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. За уставноста на овие законски измени поради наводна дискриминација и повреда на стекнатите права, беа поднесени пет инцијативи до Судот. Се работи за околу ...
Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – декември 2025 година се движеше од 24.000 до 31.099 денари или просечно 27.468,23 денари за една акција, што претставува раст од 22,76 % во споредба со просечната цена на акцијата во истиот период од 2024 година. ...
Ветекс АД Велес лани остварил добивка по оданочување од 18.072.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Во овој период Друштвото има вкупни приходи од 369.000.283 денари и истите бележат намалување од 15% споредено со претходната година. Расходите пак изнесуваат 348.976.610 денари, и се на исто ниво споредено со претходната година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Велешки Ветекс со добивка во првите девет месеци Ветекс АД Велес лани остварил ...
Денеска во судницата во затворот Идризово треба да продолжи судењето за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека „Пулс“ загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци на Основното јавно обвинителство. За трагедијата се обвинети сопственикот на т.н. дискотека, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Општина Кочани, градежни и пазарни инспектори, ...
Одлуката поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој беше во бегство 14 месеци, наместо во затворски да оди во куќен притвор е топ тема во јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР и АНБ процениле дека Груби не бил безбеден во Шутка, се правдаат од Обвинителството за куќниот притвор Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство. Предлогот дојде од Основното јавно обвинителство, а ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ сведочеше Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, која кобната ноќ имаше концерт таму. Таа е редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и не била постојан член на групата. Меѓу друго рече дека никогаш не видела кој ги поставувал и кој ги активирал прскалките, поради кои настана пожарот. Рече и дека со ДНК настапувала последните четири-пет години и дека и на ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани свдочеше и музичарот Горан Тонев, надворешен член на групата ДНК, која имаше концерт таму кобната ноќ. На нивните настапи свирел на гитара, а со нив настапувал во период од една година и три месеци. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Никој не го сфати сериозно Панчо, кога повика да ја напуштиме „Пулс“, рече придружниот вокал на ДНК, Костадиновска И тој како и други сведоци не забележал кој ја ...
На денешното рочиште за трагедијата во Кочани сведочеше и Бојан Клименков, кој порано работел како келнер во т.н. дискотека “Пулс“, а кобната ноќ бил таму како гостин. Во своето сведочење меѓу друго рече дека на бината имало три прскалки, а кога истите биле активирани осетил пецкање од нив. -Не видов како и кога ги активираат. Никој не дојде да ги запали, мислам дека е на копче, рече тој, посочувајќи дека откако биле запалени се потргнал ...
На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани сведочеше и Алберто Миладинов од Кочани, кој кобната ноќ бил гостин во “Пулс“. Тој седел на маса до бината и го снимал настапот на ДНК, па снимајќи, го фатил и почетокот на пожарот. Прво мислел дека се работи за некоја анимација, а сфатил дека се работи за пожар откако починатиот член на ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, повикал сите да го напуштат објектот. Меѓу друго, како и други сведоци ...
На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, во која во т.н. дискотека загинаа 63, а беа повредени над 200 лица, адвокатката Ивана Коцевска, која го брани сопственикот на „Пулс“, првообвинетиот Дејан Јованов Деко, побара од Основниот кривичен суд тој да биде префрлен од затворот во Куманово, каде е во притвор, во затворот Идризово. Таа го побара тоа бидејќи персоналот на затворот во Куманово кон него се однесувал „деградичарки, нечовечки и ...
Наместо во притвор во затворот Скопје, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, откако се врати во Македонија по 14 месеци бегство, заврши во куќен притвор во неговиот дом во скопски Чаир. Затворскиот притвор му беше одреден додека беше во бегство, бидејќи е осомничен во случајот за проневера на над 8 милиони евра во Државна лотарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За што се гони Артан Груби Основното ...
Кичево е во фокусот на јавноста откако по обилните дождови беше поплавено од Зајашка река. Дури 250 лица беа евакуирани по поплавата, а меѓу нив и над 60 деца. Надојдената река поплави многу домови, земјоделски површини… а ни го врати и назад тоа што го фрламе во неа – пластични шишиња и друг отпад. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Евакуирани 250 лица во Кичево, во други делови од земјава свлечишта, поплавени куќи, патишта и земјоделски посеви Меѓу ...
Во Скопје денеска илјадници работници излегоа на протестот организиран од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на кој се придружија и синдикатите од образованието, културата, медиумите, индустријата, трговијата, полицијата… На протестот меѓу друго беше најавено дека ССМ ќе поднесе законско решение со кое ќе се предвиди намалување на платите на функционерите и зголемување на платите на работниците. Од ССМ побара минималната плата да ...
За утре Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест пред македонското Собрание. Протестот ќе започне во 9 часот, а ќе се блокираат улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“. Од таму велат дека протестот се организира поради едногодишното молчење на пратениците за нивниот предлог за зголемување на минималната плата и на останатите плати. Синдикатот бара минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да пораснат ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска го блокираше македонското Собрание. Беа блокирани влезовите во Собранието, а блокадата е поради барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Најавените блокади започнаа со Собранието, поради тоа што пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата иницијатива на ССМ за намалување на ...
Ако до крајот на месецот нема договор за минимална плата од 600 евра и зголемување на другите плати за 6.000 денари, ќе има генерален штрајк, најавија денеска од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). ССМ поради овие барања денеска ја блокираше Владата, а претходните денови и македонското Собрание и Стопанската комора. Евентуалниот генерален штрајк ќе биде во средината на март. Истиот како што рече претседателот на ССМ, Слободан ...
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска е во фокусот откако вчера поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Истата следи откако ДКСК отвори два предмети за нејзе. Едниот се однесува на тоа дека во нејзиниот анкетен лист не ги пријавила маркетинг фирмите на синовите, а другиот е отворен поради тоа што фирма на еден од нејзините синови добила пари во кампањата за претседателските избори во 2024 ...
Д-р Жан Митрев ја дава својата целосна поддршка за иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека ова е заложба која ја поддржува уште од самиот почеток на својата професионална работа, веќе повеќе од 26 години, информираат од Клиниката. На јавната панел-дискусија „Органодарителство во Македонија“, која се одржа во Битола, д-р Митрев нагласи дека целта мора да биде трансплантацијата да стане рутинска и ...
Синоќа во Струмица се одржа главната вечер од Струмичкиот карневал. Учествуваа карневалски групи од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Црна Гора. На градскиот плоштад продефилираа 39 карневалски групи со над 1.000 учесници. По завршувањето на карневалското дефиле забавата продолжи со Кирил Џајковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Журка со Кирил Џајковски на Струмичкиот карневал во сабота Фото: Општина Струмица Синоќа во Струмица се одржа главната ...