Денеска во македонското Собрание беа констатирани оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска. Оставките беа констатирани без нивно образложение пред пратениците. Бислимоски поднесе оставка откако заработи кривична пријава од Управата за финансиска ...

Поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственикот на објектот во кој беше т.н. дискотека “Пулс“, утрешното рочиште за судскиот процес е одложено. Како што информираа од Кривичниот суд Скопје, судијката што го води предметот, Диана Груевска – Илиевска, контактирала со докторите што го лекувале и според нивните проценки тој ќе може да присуствува на следното закажано рочиште на 25. февруари. -Во текот на ...

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. „Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале ...

Јануари беше четвртиот последователен месец на пад за крипто-пазарот, при што вкупната пазарна капитализација се намали за 1,0%. Падот во голема мера беше поттикнат од макроекономска неизвесност, вклучувајќи тензии околу царини, застој во работата на американската влада и промени во раководството на Федералните резерви. Дополнителен притисок донесоа и одливите од spot ETF-и, кои во периодот од средината до крајот на јануари надминаа 1,5 ...

Општина Штип склучи договор за изградба на дел од улицата “Гоце Делчев“ (1 фаза од крстосница за влез во Универзитет “Гоце Делчев“ до кружен ток), во Штип, со друштвото за производство, трговија и услуги Коле-транс увоз-извоз ДОО Штип. Договорот е во вредност од 130.980.000 денари или 2.129.756 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 582 илјади евра склучи Општина Штип со „Ахема“ Договор од 1,1 милион евра склучи Општина Штип со „Актива“ Договор од ...

Пробиен е последниот од 15. тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8. Информацијата на Фејсбук ја соопшти Синиша Ивановски, директорот на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“. Станува збор за вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Фото: Ивановски/Фејсбук Пробиен е последниот од 15. тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка, која е дел од ...

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство е транспонирана Директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1. март 2026 година започнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената автентикација ќе се ...

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа на дестинации со воведување на уште две нови авиолинии до најголемите острови во Италија – Сицилија (Палермо) и Сардинија (Алгеро), на Виз ер најголемата авиокомпанија во Македонија. Од 15. јули стартува линијата од Скопје до Палермо, со која Виз ер ќе сообраќа три пати неделно, секој понеделник, среда ...

Во Кичево врнежите престанаа и нивото на реките е намалено, а состојбата во градската болница е нормализирана. Според последните информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), евакуирани се 250 лица (62 семејства), на кои им се доставува храна, вода и неопходни средства. Поплавени се и земјоделски површини покрај речните корита во општината. Како последица од обилните врнежи од дожд во северозападниот регион, подрачјата што ги покриваат ...

На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), членката на Комисијата, Софија Спасова Медарска е избрана за заменик-претседател на ДКСК. На позицијата ќе биде шест месеци. Спасова Медарска е поранешна судијка во Основниот граѓански суд Скопје, а во ДКСК е од 2023 година. Таа доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Цвета Ристовска, членката на Антикорупциска, која ...

Советот на јавни обвинители денеска даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за нов државен јавен обвинител. Станува збор за обвинителката Анита Тополова Исајловска, која моментално е в.д. државен обвинител, Ленче Ристоска, Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески, кој е поранешен обвинител. Сите освен Раичевиќ добија по 10 гласа, а таа девет. Од трката отпадна судијата Владимир Панчевски, бидејќи според Советот нема континуиран ...

Меѓународната EOS Групација е добитник на едно од најрелевантните глобални признанија, златниот медал од EcoVadis во доменот на исполнување на ESG стандардите, информираат од таму. Ова глобално признание е потврда за висока свест за животната средина, општествена одговорност и управувачки перформанси, покрај солидните финансиските резултати. Оценувањето на EcoVadis опфаќа повеќе од 150.000 компании во светот, а се базира на строги критериуми ...

Домашниот пазар е мал, а чашата македонско вино сè почесто се „пие“ надвор од земјата. Токму затоа винскиот сектор во Македонија со години живее со силна зависност од извозот, модел што донесе стабилни приходи во одредени периоди, но и сериозна ранливост кога глобалните пазари ќе се залулаат. Годишно се извезуваат меѓу 64 и 66 милиони литри вино. Флуктуациите и падот на извезените количини во одредени години ја откриваат слабата точка на ...

Со владиниот „лирџет“ од јуни 2024 година до декември 2025 година, најмногу летала претседателката Гордана Сиљановска Давкова – 13 пати, објави телевизијата Телма, повикувајќи се на документи од Службата за општи и заеднички работи во Владата. Таа го користела за патувања до Тиват, Подгорица, Тирана, Рим, Истанбул, Копенхаген… Од министрите авионот најмногу го користел вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски – 11 пати, од ...

Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија – „(С)обувки“. Станува збор за сликовница без зборови што ја раскажува својата приказна исклучиво преку илустрации, оставајќи му целосна слобода на читателот сам да ја досоздаде. По идеја на Оливера Ќорвезироска и со илустрации на Наталија Лукомска, оваа визуелна приказна нè води низ магична редица од обични луѓе и ...

Општина Тетово склучи договор за изградба на општинска зграда, со друштвото за производство, трговија и градежништво Про-инженеринг ДОО експорт-импорт Тетово. Договорот е во вредност од 82.791.378 денари или 1.346.201 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 2,1 милиони евра склучи Општина Тетово со „Пелагонија“ Договор од 993,7 илјади евра склучи Општина Тетово со „Вивинт“ Договор од 993,7 илјади евра склучи Општина Тетово со „Еуровиа“ Општина ...

Општина Карпош склучи договор за изградба на инфраструктурни објекти на новопланираната улица 5, новопланираната улица 6 и новопланираната улица 7, кои се предвидени во блок 2 и 3 во УПС „Бардовци“, фаза градежништво, со друштвото за производство, градежништво, трговија, транспорт и услуги Филип инженеринг увоз-извоз од селото Бразда, Чучер-Сандево. Договорот е во вредност од 28.462.921 денари или 462.812 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од над 1 ...

Европската унија (ЕУ) ги одбила сите предлози на транспортерите и властите од Западен Балкан, кои бараа решение за професионалните возачи за нивниот престој во Шенген зоната, пренесуваат регионалните медиуми. Европската комисија (ЕК) ги отфрлила предлозите со образложение дека биле невозможни, премногу креативни и спротивни на Шенгенските правила. Како алтернатива од ЕК, било предложено возачите да го регистрираат своето живеалиште во една од ...

„Алкалоид“ продолжува со зајакнување на меѓународното присуство на eден од најпрепознатливите македонски брендови за бебешка нега „Бекутан“, овојпат преку влез на пазарите во балтичкиот регион, проширувајќи ја успешната глобална приказна преку малопродажната мрежа на „Лидл“, информираат од таму. Со внимателно планиран пласман, производите на „Бекутан“ отсега ќе бидат достапни и за потрошувачите во Летонија и во Литванија, со што се отвора ...

Од Министерството за транспорт информираа дека во координација со Европската комисија (ЕК) се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во Шенген зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период биле во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. – Министерството за транпсорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во ...

Од вечерва на полноќ за еден денар поскапуваат цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 75 денари за литар. Цената на Еуродизелот (Д-Е V) останува иста, и тој и понатаму ќе се продава за 68 денари за литар. Иста останува и цената на ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Минхескиот безбедносен форум во Минхен, Германија. Според информациите кои ги сподели на својот Фејсбук профил таму имаше средби со пратседателот на Украина, Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, со Ted Deutch, извршен директор на American Jewish Committee, Jared Cohen, претседател за ...

Бројот на евакуирани по поплавите во Кичево од 180 се зголеми на 220 лица, информираа денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму информираат дека на улицата “Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи. Евакуираните се сместени во спортската сала “Христо Узунов“, а заезерувања има и на улицата “29 Ноември“ во населбата Подварош, каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. ...

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови, информираат од таму. „Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Потенцираме дека овие ...

И странците видоа можност за бизнис со недвижнини во Скопје, каде цените почнувајќи од 2022 година драматично растат. Како што објави телевизијата Телма, данскиот инвестициски фонд Ваексткапитал груп, регистриран во Луксембург, веќе купил 250 станови во Скопје, а крајната цел му е да купи најмалку 1.000. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Данскиот инвестициски фонд веќе купил 250 станови во Скопје, планира да купи најмалку 1.000, објави Телма Тие купуваат ...

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во Минхен, Германија, во рамки на Минхенскиот безбедносен форум, вчера се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. За средбата Мицкоски информираше на Фејсбук и напиша дека двајцата разговарале за “актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир“. -Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на ...

Синоќа обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на Зајашка река на улицата „Прилепска“ во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Извршена е евакуација на околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на ...

Од обилните врнежи од дожд во последните 24 часа е зголемен водостојот на реките Вардар, Треска, Црна и други реки во западна Македонија. Поради тоа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на можни излевања и поплави во полошко, Пелагонија, охридско и струшко. Реката Вардар може да предизвика поплави во Полошката Котлина, а можни се локални излевања на помалите реки и суводолиците и во гостиварскиот и тетовскиот регион. ...

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно одлука за именување од страна на Надзорниот одбор на Банката и Решение на Извршниот одбор на Народна банка, Евангелија Калуптси, повторно се именува за генерален директор за трансформација и стратегија и член на Управен одбор на Банката. Таа ќе има мандат од 4 години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владимир Тренески именуван за член на УО на Стопанска банка Скопје Бојан Стојаноски ...

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар. Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.56
56%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
2.42
74%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.02
78%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.88
57%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.53
66%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.63
94%
1019
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
51%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.94
42%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
1.32
65%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.24
72%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.04
100%
1010
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.27

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Иридиум

252383.36