Лејди Гага која е добро позната по своите ексцентрично гламурозни изданија на црвениот тепих, ги воодушеви и присутните на Венецискиот филмски фестивал. Ѕвездата се појави во драматичен црн фустан, којшто го надополни со интересна шапка со мрежа во готски стил. Фустанот, креација на Диор, го красеше кадифен корсет, додека долниот дел беше составен од плисирано здолниште со пуфкасти завршетоци налик на лепеза. Таа во една прилика има кажано ...

Ким е можеби најпознатата ријалити ѕвезда, заедно со нејзините сестри од семејство Кардашијан. Патот кон славата и беше трасиран уште од најрана возраст, а особена популарност стекна со шоуто Keeping Up with the Kardashians коешто се емитуваше цели 14 години. Нејзиниот приватен живот и не беше баш приватен, со оглед на тоа што шоуто прикажуваше голем дел од случувањата во тесниот круг на семејството. Ким, која денес полни 44 години, се стекна со ...

Џулија Робертс е една од најпрепознатливите актерки во светот. Покрај нејзиниот докажан талент оваа прекрасна дама ја знаеме и по големата, шармантна насмевска и кадравата коса. Робертс е родена на денешен ден пред точно 58 години. И покрај желбата да стане ветеринар, животот за неа имал поинакви карти. Започнува како модел, за подоцна да стане една од најдобрите актерки на денешницата. Светот посведочи на ѕвезденоста на Робертс кога ја гледаше ...

Таа е една од холивудските дами која и на 78 годишна возраст плени со својата харизма. Голди Хоун е родена на денешен ден во Вашинготон, САД. Таа има англиско, германско и унгарско потекло, а воспитана е како еврејка. Уште од најрана возраст покажува талент за танцување, а пред да стане актерка била балерина. Покрај мега успешната актерска кариера која се протега низ речиси шест децении, Голди е позната и по долгата врска со актерот Курт Расел. ...

Сара Џесика Паркер постојано докажува дека е вистинска модна кралица без да следи трендови. За неа слободно можеме да кажеме дека со својот стилски сенс ги инспирира сите генерации исто како и нејзиниот лик Кери Бредшо во култната серија Sex and the city. Паркер беше главна ѕвезда на црвениот тепих на Red Sea Festival каде се појави во светкав фустан, скроен за претпразничната атмосфера. Актерката која има сопствен бренд за чевли, постојано е ...

Божиќната ѕвезда е едно од најбараните цвеќиња за празниците. Неговата силна црвена боја, како и ѕвездестата форма едноставно не мамат да го имаме во нашите домови. Растението потекнува од Мексико и Гватемала, а станало популарно за празниците благодарение на кадифестите црвени листови. Цвета пред Божиќ и додека е во оваа фаза треба да се чува на малку пониска температура од 12 до 14 степени. Добро е да го сместите на светло место (близу ...

Сината боја е основна боја и се смета за една од студените бои во палетата. Првите асоцијации кои ги врзуваме за сината боја се морето и небото кои ни внесуваат спокој. Кога зборуваме за симболиката на боите, сината боја симболизира спокојство, стабилност, инспирација и мудрост. А кога станува збор за ентериерно уредување, сината боја иако е доста “студена” и специфична, може да ни даде чувство на сигурност и удобност, и да го “обои” просторот ...

Хотелот Capella Bangkok којшто се наоѓа во Тајланд е прогласен за најдобар во светот од страна на престижниот избор на World’s 50 Best Hotels. Оваа луксузна градба е сместена во најстариот дел на Банког, а за прв пат почнува со работа во 2020 година. Иако почетокот не беше лесен за хотелот, сепак Capella Bangkok успеа за кратко време да се најде на врвот на хотелиерскиот бизнис. Зданието важи за зен оаза со свои приватни градини, вили покрај ...

Повеќето луѓе ја поврзуваат виолетовата боја со благородништво и луксуз. Тоа е боја на софистицираност и елеганција која симболизира моќ и богатство. Но исто така, виолетовата боја може да ја поврземе со нежност и романтичност, во зависност од нијансата, па веднаш можеме да ја асоцираме со некои од најубавите цвеќиња како ирис, јоргован и лаванда. Внесувајќи ја оваа прекрасна боја во домот, можеме навистина да го промениме нашето внатрешно ...

Кога ќе помислиме на ултра современ дом, првите асоцијации ни се врзуваат за стан во премиум станбено-деловниот објект на реномираната градежна компанија ELENA LUKA HOME – FUTURA 2. За денес ви издвоивме станбена единица од 50м2 со модерен и стилски дизајн кој би одговарал на секоја индивидуа со префинет стил и динамично секојдневие. Просторот во овој стан е персонализиран и целосно облагороден со еден висок стил, поткрепен со функционален ...

Откако го испративме долгото и топло лето, време е и официјално да ја пречекаме есента. Есента е период на промена на рувото на природата, од зелено во златно-жолти нијанси. Есента е период кога ја враќаме топлата облека во секојдневието, но и период кога топлите напитоци и топлите ќебенца настапуваат во домот. За да си го направиме денот поубав, барем оној дел од денот кога сме дома, можеме да си го уредиме и декорираме домот во духот на ...

Во духот на есента, како една од најпрепознатливите бои за оваа доба од годината е портокаловата боја. Таа се добива како резултат на мешање на две основни бои – жолтата и црвената. Постојат многу варијации на портокалова боја, а тонот зависи од пропорциите на жолтата и црвената боја. Потоа, за нијансирање се додава малку бела или црна боја, за да го постигнеме посакуваниот резултат. Портокаловата боја спаѓа во оние т.н. топли бои кои зрачат со ...

ЕЛЕНА ЛУКА како успешна бизнис жена, менаџер и сопственик на етаблираните брендови ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА , беше вип гостинка, воедно и Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржа во Македонија, на 2-ри и 3-ти октомври во Скопје во хотел „Мериот“. Преку својот импресивен пример на ...

Балконите можеби најчесто ги користиме во летниот период, но ова мало катче од домот може да биде еднакво магично и наесен. Се што треба да направиме е да ја употребиме нашата имагинација, а доколку немаме идеја, тука се секогаш онлајн предлозите. Светилките се универзални за секое годишни време, како и меките перничиња. Летните цвеќиња ги заменуваме со есенски, а додаваме и по некој сезонски украс, како на пример тиквите и дуњите. Мала масичка ...

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром. На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ. ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на компанијата, ...

Од мноштвото прекрасни места што вредат да се посетат во зимскиот период, денес го одвојуваме местото Алпска Васица. Ова бајковито алпско село се наоѓа во Словенија, на падините на популарниот ски центар Крањска Гора. Тука ќе најдете вистинска зимска магија за сите возрасти, плоштад со црква, мали улички, голем број на осветлени и украсени дрвја, куќарки со богата празнична понуда… Ќе можете да уживате во домашни јадења, да дегустирате варено ...

Украсувањето на новогодишната елка е убав момент за целото семејство. Тоа носи посебна празнична магија и топлина коишто ни ги хранат сетилата измамувајќи насмевка. Кога декември ќе чукне на врата во нас се буди потребата да го разубавиме просторот во којшто живееме. Се буди надежта за поубави утра, па колку и да ни е сив денот, овој традиционален декор ќе го осветли. Во потрага по инспирација погледнавме на Инстаграм и ги одбравме најубавите ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец, кој е симбол на македонскиот идентитет и култура, оваа година слави голем јубилеј – 75 години од своето основање. Во рамки на овој значаен настан, ансамблот одржа серија концерти како дома, така и надвор од границите на Македонија. Како круна на оваа јубилејна сезона, Танец го најавува својот последен, централен свечен концерт, кој ќе се одржи на 22 декември 2024 година (недела) во ...

По повод 30- годишнината од светски признатиот класик „Пред дождот“ во понеделникот во преполната сала на Македонската филхармонија се одржа златна гала премиера на реставрирана копија на култниот филм. Ова дело кое е културно наследство што режисерот Милчо Манчевски ѝ го подарува на Македонија предизвика лавина емоции и овации кај публиката. На премиерата имаше и странските гости од екипата кои дојдоа од Лондон, Париз и Хрватска – актерот Раде ...

Измешани емоции, насмевки, солзи и силни ракоплескања, вака изгледаше скопската премиера на претставата „Земја на штркови“ во која костимите се креација и поддршка од ЕЛЕНА ЛУКА. Костимографијата која успеа да остави силен печат на сцената и да им помогне на актерите да ја испратат саканата порака беше уникатна и хармонична синтеза на класичен стил, модерен дизајн и авангардна естетика. „Костимографијата ја истакнува елеганцијата преку ...

Декември е познат и по празничните базари коишто ги има во голем број градови низ Европа. Пред Божиќ, на неколку недели, дел од познатите метрополи се претвораат во бајковити места и нудат уживање за сите сетила. Восхитувачки украсени улици, плоштади, излози, мали куќарки, а сето тоа дополнето со добра храна, топли напитоци и забава за сите возрасти. Некои од нив се одржуваат долги години и затоа се и толку магични носејќи една убава традиција ...

Иако веќе 13 години не е меѓу нас, Александар Меквин и понатаму останува еден од омилените модни дизајнери. Тоа го покажува и фактот што дел од неговите скици и фотографии се продадени на аукција за 20.000 фунти. Меквин беше моден бунтовник, но и уметник кој беше пред своето време. Со своите колекции тој ги отсликуваше социјалните и општествени промени, но и сопствените емоции низ коишто поминуваше. Александар познат и како Ли, ги одбележи ...

Нема ништо поубаво кога за празниците ќе се собере целото семејство и пријателите. Искрените желби за поубава година, прегратките и насмевките се бесценети. А кога на сето тоа ќе се подари и нешто внимателно одбрано и со драго срце среќата станува поголема. Кога зборуваме за подароците често размислуваме и како да ги завиткаме, а тука на помош ни се креативните идеи што ги наоѓаме на интернет. Изненадувањето е уште поголемо кога подарокот доаѓа ...

Eдна од најпознатите елки во светот е таа во Рокфелер центарот во Њујорк. Традицијата на осветлување и китење трае речиси еден век, а почетокот бил прилично скромен. Првата елка била украсена само со лименки, хартиени венци и брусници, а за прв пат елката свечено се осветлила во 1933-та. Во 1936 имало две елки за да се прослави отворањето на лизгалиштето во центарот. Со годините Божиќното дрво стануваше сè поголемо и побогато со декорации, а ...

„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе се изведе в среда на 25 декември во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје. Режисерката Теа Беговска воедно е и автор на текстот и адаптацијата за претставата. „Фамилијата Адамс е “нормалното” во ненормалното. Како Светот да се претворил во една голема Фамилија Адамс, која секоја општествена и социјална ненормалност ја прифаќа и живее како нормална. Овие добро препознатливи ...

Бидејќи на светот му треба повеќе убавина. А ЕЛЕНА ЛУКА речиси две децении светот го прави поубав. 2023 година, етаблираниот моден бренд успешно ја заокружи со два нови ексклузивни продажни салони во Скопје и Тетово. Новиот showroom во Тетово, со концепт и изглед по светски стандарди, беше официјално отворен со спектакуларна модна ревија која беше една перфектна рефлексија на уметноста, уникатноста и гламурот што ЕЛЕНА ЛУКА го креира со години, ...

Замислете си желба и ќе ви биде остварена – новата Bridal колекција на ЕЛЕНА ЛУКА ви ја носи магијата на исполнувањето. Со секој детаљ, со совршеноста на изработката, со љубовта во создавањето секоја креација е приказна за себе, како што е и секоја невеста на нејзиниот посебен ден. Дизајни што ја слават највозвишената емоција, венчаници што ја дефинираат елеганцијата, раскошот и сета убавина на еден нов почеток. Bridal колекцијата на ЕЛЕНА ЛУКА ...

Познатото хрватско дуо Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, кое што стои зад модниот бренд eNVy room, ја претстави својата нова колекција на венчаници. Колекцијата го дефинира непретенциозниот гламур, безвременската елеганција и женственоста, преку длабоки шлицови, разголени грбови, транспарентни материјали… Оваа бела бајковита приказна е дополнета со предимензионирани панделки, романтични набори и интересни текстури како еко пердуви и сјани ...

На сите ни е познато дека балансиран начин на исхрана е најдобар начин за да му обезбедиме на организмот да ги добие сите потребни нутриенти на дневно ниво за нормално функционирање. Но исто така знаеме и дека со овој брз начин на живеење, некогаш самата храна не е доволна, па затоа мора да внесуваме и витамини одобрени од експерти на ова поле, за ефективно да го суплементираме нашиот организам. Ако планирате да почнете да внесувате витамини во ...

Во лето, кога температурите се многу високи како сега, најважно е да останеме хидрирани. Хидратацијата е клучен фактор за да успееме да функционираме нормално, но и да имаме доволно енергија за сите активности кои треба да ги завршиме. Ќе ви предложиме еден многу лесен рецепт за освежителна вода која ќе придонесе да се чувствувате енергично и полесно да ги поминувате топлите денови. Знаејќи дека на многу луѓе им е многу тешко да ја вклучат ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.66
72%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.86
87%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
93%
996
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
81%
1013
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.09
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
55%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135322.28

Цинк

3.24

Кобалт

55.67

Рутениум

29192.88

Сребро

1837.41

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.89

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Паладиум

45879.12