Една од најважните работи кога станува збор за ентериер е истиот да има изобилство на светлина. Тогаш се изгледа поубаво, потопло и едноставно не мами да се опуштиме. Еден таков стан има Елиза Дек која се занимава со уредување на ентериери. Домот се наоѓа во Берлин, а она што прво ни паѓа во очи е неговата прозрачност и нежната палета на светли бои. Низ целиот стан светлината ја има во изобилие, а дополнителен шарм му даваат елементите од светло ...
Можеби не освои Греми, но Селин Дион ги освои срцата на сите присутни на вчерашната церемонија. Канадската пејачка и покрај болеста и кревкото здравје, се појави на сцената пред своите колеги, насмеана и видно среќна. Селин, 55, ја имаше задачата да ја додели награта за Најдобар албум на Тејлор Свифт, 27 години откако и самата го доби истото признание. На сцената ја придружуваше нејзиниот најстар син Рене Чарлс. Дион која го имаше еден од ...
По доделувањето на филмските и телевизиските награди на ред стасаа музичките или Греми наградите. Годинава престижната манифестација се одржа по 66-ти пат, а за локација беше одбрана Crypto.com арената во Лос Анџелес. На црвениот тепих како и секоја година продефилираа музичките ѕвезди, секој во своја уникатна креација, некоја повпечатлива од другите, но сите со една цел – да се заблеска пред камерите. Гламурозни тоалети, светкави фустани, ...
Има една комбинација којашто ги обединува двете тренди бои за сезонава и изгледа посебно убаво. Спојките со сива и црвена боја создаваат неодолива естетика, која што дефинитивно привлекува внимание. Со неа ја имате потребната доза на елеганција и топлина во ладните денови. Носталгичната сива совршено се надоврзува на ексцентричната црвена, а резултатот е неверојатен. Црвен шал, ракавици, хулахопки, беретка се секогаш добредојдени како детали на ...
Кога станува збор за француската естетика се согласуваме е една од доминантните на модната сцена. Голем број на дами секојдневно црпат инспирација токму од стилот на Французинките за којшто знаеме дека е беспрекорен. А помеѓу сите парчиња облека, се наоѓа и безвременскиот блејзер налик на креацијата од Коко Шанел. Украсен со шармантни копчиња, тој со себе носи елеганција и софистицираност на едно повисоко ниво. Голем број на брендови од типот ...
Таа е препознатлива по неверојатниот глас, провокативниот танц, природноста која ја промовира и уникатниот стил. Мега познатата Шакира денес полни 47 години и непрестајно ги воодушевува фановите ширум светот. Зад себе има огромен број на награди и признанија, секогаш гордо зборува за нејзините синови и продолжува да биде една од најдобрите изведувачи на музичката сцена. Во нејзина чест одвојуваме некои од нејзините најдобри изданија. Среќен ...
Кога станува збор за уредување на ентериери наспроти неутралните и беж нијанси стојат ведрите и живописни бои и токму таков е следниот стан на којшто наидовме на Инстаграм. Покрај боите, овој дом од 67 квадрати, го дефинираат и винтиџ детали, креативни лустери и интересни облици на мебел. Станот се наоѓа во Берлин и е пример за удобност со доза на разиграност. Уметнички слики, керамички украси, необични лампи се споени преку меки линии со ...
На 27 јануари, најголемиот крузер на светот Icon of the Seas го започне своето прво патување. Огромниот брод отплови од Мајами, а ќе патува до Источните Кариби. Крузерот којшто вреди две милијарди долари, е изграден на брооградилиште во Финска и може да превезе 7600 гости заедно со 2350 членови на екипажот. Icon of the Seas меѓу другото го има и најголемиот воден парк на брод со површина од 1600 квадрати, на којшто се сместени шест тобогани. ...
Секој тренд ги има своите пет минути слава на модната сцена, па ако ви здодеа актуелната црвена боја, во игра е сега сосема поинаква нијанса. На социјалните мрежи забележуваме тренд каде што доминираат детали во сина боја. Од светло, небесно сино, па сè до мастило и тегет тонови, станува збор за широк спектар на нијанси. Се комбинира со базни сиви, црни или бели парчиња, а ја гледаме и на кошули и јакни. Сината боја ни доаѓа како вистинско ...
Без разлика на какви ентериери ќе наидеме, на крајот на денот најважно е домот топло да не пречека. Во таа задача недоливо успеала Хана од Лондон – нејзиното живеалиште едноставно ве кани на гости. Домот е дефиниција за комфор и топлина, за смирена естетика што ги релаксира сите сетила. Од сезона во сезона се менува по некој мал детаљ, но основата останува иста користејќи ја неутралната палета. Совршен пример за тоа е кујната во крем нијанса, а ...
Стилизирањето во бременоста знае да биде предизвик, но за среќа денес ги имаме социјалните мрежи и блогерките од коишто можеме да позајмиме некој моден совет. Една таква е и хрватката Јелена Мариновиќ, на која што ова и е втора бременост. Нејзиниот труднички стил е вистинска инспирација за сите идни мајки, а таа едноставно ужива да комбинира парчиња во коишто ќе изгледа добро, но и ќе се чувствува комфорно. Таа често одбира удобни здолништа, ...
Неделата на висока мода во Париз заврши и тоа со маестрален финиш на Џон Галијано кој ја претстави својата најнова колекција за модната куќа Марџела. Галијано ја прикажа онаа тетатралност која фановите ја посакуваа уште откако си замина во 2011 од Диор. Уште еден момент кој ќе остане во сеќавање е фустанот на Скијапарели од елеткричен отпад, но и совршената романтична симбиоза на Готје и Роча. Но, не беше само пистата опсипана со изданија за ...
Облеката којашто ја носиме во зима најчесто е обоена во едноставни нијанси, а тука спаѓаат земјени бои. Кога зборуваме за нив мислиме на кафената, маслинесто зелената, окер и беж нијансите, како и земјените нијанси на црвена и портокалова. Нивната предност е што во барем една од нив ќе најдете таква што ѝ прилега на вашиот тен. Освен тоа секогаш можете меѓусебно да ги комбинирате во хармоничен стајлинг. Земјените тонови можат да се носат на ...
Кралицата на медиумите Опра Винфри денес слави јубилеен 70-ти роденден. Винфри е телевизиски продуцент, авторка, актерка, сопственичка на медиум, но сепак најмногу е позната како домаќин-водител на ток шоуто The Oprah Winfrey Show коешто се емитуваше од 1986 до 2011-та. Таа беше најбогатата афроамериканка на 20 век и првата афроамериканка во светот која заработила една милијарда долари. Но, патот што Опра го изоде за да стаса каде што е денес ...
Холивудската актерка Деми Мур на премиерата на серијата Feud: Capote vs. The Swans во Њујорк, се појави во прилично импресивно издание. Тоалетата што Мур ја носеше беше со потпис на Балман, а наликуваше на лебед во црно бела варијанта, во чест на улогата што ја има во серијата. Актерката се појавува во улогата на Ен Вудворд, една од лебедите (Swans) на Капоте, а останатите се Наоми Вотс, Коли Севиљи, Калиста Флокхарт и Моли Рингволд. Серијата ...
Жан Пол Готје и Симон Роча направија мега успешна соработка за нивната Haute Couture колекција на Париската модна недела. Двата дизајнери добија огромен аплауз и овации, а социјалните мрежи колекцијата ја нарекоа match made in heaven. Модните креативци ставија акцент на романтиката и го вратија викторијанското време со корсетите, деталите и кроевите, а сето тоа беше обвиено во пудресто розови нијанси. Намерата ми беше да направам колекција ...
Денеска ќе наполнеше 43 години. Твоето физичко отсуство не го менува твоето присуство во ликот на секој добронамерен, во силата на љубовта, во моќта на надежта, како благослов, како светлина, како верба... Твојата големина Тоше е во твојата човечност. И секој твој роденден е раѓање на нова надеж дека човечкото во нас е помоќно од сето она што нè прави нелуѓе. Слава ти! „Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и ...
Зимата некако природно ни налага повеќе црни, беж и сиви тонови, а добро е што овие безвременски нијанси можат да се носат со години. Интересно е што боите ќе можеме да ги внесеме во форма на модни додатоци, а со оглед на годишното време тоа се капите и шаловите. Освен естетскиот дел тие се и многу практични, нè греат кога ни е најпотребно, а последниве неколку сезони долгите шалови се вистински хит. Тие наликуваат на мали ќебенца и можат да се ...
Неделата на висока мода во Париз на свој начин ја одбележа и модната куќа Шанел. Во знакот на танцот, балетот, розовата и белата боја Вирџинија Вард ја претстави колекцијата пролет/лето 2024. Сепак еден детаљ беше навистина доминантен – копчињата. Овие мали но значајни делови од облеката се длабоко врежани во кодовите на Шанел. Коко со копчињата ѝ даде слобода на жената, да ја носи облеката онака како што сака. Благодарение на нив движењето ...
Кога ќе се поврзат убави енергии и талентирани уметници, производот е фантастичен. Денеска Дани го објави новиот видео запис за „Ќе ме сакаш ли", одлична нумера со рокерски темперамент во која од моден аспект, костимите на ЕЛЕНА ЛУКА даваат совршен и моќен визуелен печат. „Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. ...
Денеска, точно на пладне, ќе бидат пуштени во продажба билетите за најновото издание на Златна бубамара на популарноста, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која оваа година ќе се одржи на 22 февруари во арената „Борис Трајковски". Под мотото „Кој чека ќе дочека", омилената манифестација ќе направи се што ветила во рамки на својот 27-ми мандат - сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите ...
Француските Алпи се една од омилените дестинации за многу љубители на зимските спортови. Нивната грандиозност, феноменалните скијачки терени, како и сместувачките капацитети се навистина импресивни и ги воодушевуваат сите. Затоа како денешна зимска дестинација одбравме едно место што се наоѓа токму на овој дел од Алпите. Станува збор Аворијаз коешто се протега на висина од 1800 метри. Изобилува со многу дрвени хотели, апартмани и колиби и важи ...
Секоја година филмските награди кулминираат со Оскарите настанот што секој љубител на седмата уметност со душа го чека. По Еми, Греми и Златните Глобуси, доделувањето на оскарите доаѓа како јаготка на шлагот. Како фаворити веќе ги имаме Barbie, Oppenheimer, Poor Things и Killers of the Flower Moon, но секогаш има и изненадувања. Годинава 96-те по ред Оскари ќе се одржат на 10 март, а еве кој се најдоа на листите номинирани. Најдобар филм ...
Една од најубавите и најфит жени на планетава Ел Мекферсон, во март ќе наполни 60 години. Супермоделот, со потекло од Австралија, се уште изгледа феноменално и со право го носи епитетот The Body, којшто и беше даден на почетокот на кариерата во 80-те. Висока, со неверојатно долги нозе и заводлива насмевка, Ел мами воздишки со секоја нејзина појава. Прекрасно изгледа во костим за капење, а многумина се прашуваат која е тајната за нејзината ...
Познатото хрватско дуо Никица Иванчевиќ и Вјеко Франетовиќ, кое што стои зад модниот бренд eNVy room, ја претстави својата нова колекција на венчаници. Колекцијата го дефинира непретенциозниот гламур, безвременската елеганција и женственоста, преку длабоки шлицови, разголени грбови, транспарентни материјали... Оваа бела бајковита приказна е дополнета со предимензионирани панделки, романтични набори и интересни текстури како еко пердуви и сјани ...
Париз е преполн со атракции и знаменитости, како музејот Лувр, Триумфалната капија, авенијата Champs-Élysées и најпознатата градба Ајфеловата кула. Токму во таа кула се наоѓа ексклузивниот ресторан Le Jules Vern, наречен по познатиот француски писател Жил Верн. Сместен е на вториот кат од зданието од каде што може да се види целиот град. Прв пат е отворен во 1983 година, а денес важи за место со врвно мени, благодарение на главниот готвач ...
Креативната директорка на Диор, Марија Грација Кјури е добитничка е престижната награда Neiman Marcus, којашто се доделува за истакнат придонес во областа на модата. И самиот Диор е добитник на истото признание, а сега со него се потврдува големиот талент на дизајнерката и нејзината доследност на креативниот израз на Кристијан. Кјури долги години создава колекции коишто таргетираат жени со изразен статус во општеството. Дизајнерката од самиот ...
Оние кои ја следат модата добро знаат дека "сендвич" комбинациите се најефективни. За останатите да појасниме дека сендвич комбинирањето, значи дека две парчиња облека мора да бидат во иста боја, а помеѓу нив да се внесе сосема друга нијанса, односно "филот". Вака може да се игра и со модните додатоци, од типот на капа и ремен, но и со капутот и јакната кога станува збор за горниот дел од "сендвичот". На пример блузата и чевлите се една боја, а ...
Кралицата на поп музиката, Мадона, во 1990 за време на нејзината 'Blond Ambition турнеја се појави на сцена во корсет со конусен градник. Токму ова парче облека со потпис на Жан Пол Готје испиша модна историја. На некој начин легендарниот корсет стана дефиниција за поп културата, па и денес истиот е синоним за поп кралицата и дизајнерот. Токму неговиот уникатен дизајн беше отскочна даска во кариерата на Готје, потенцирајќи ја неговата модна ...
Atelier Jolie односно модниот подвиг на холивудската актерка Анџелина Џоли, неодамна ги отвори своите врати за посетителите. Идејата која е водечка на самиот проект е да се создаде простор каде што ќе се негува креативноста на поединецот. Она што го карактериризира ова модно студио е одржливоста и етичкиот пристап, а како локација Џоли го одбра Њујорк. Ателјето интригира уште од надворешноста, благодарение на бројните графити на фасадата кои ...