Во Скопје денеска ќе се одржи првиот средношколки самит за кариерен развој во организација на „Growth Labs Academу“ и во соработка со Сојузот на средношколци. На самитот ќе се разговара за важноста на неформалното образование и континуираното учење, како да се избере идната професија и да се започне кариерата со креирање на силен персонален брендинг. Предвидено е да има и панел дискусија на која ќе бидат опфатени темите од областа на ...

„Отворен Балкан и Берлинскиот процес, морам да потенцирам дека се се комплементарни меѓу себе, пред се според своите цели, имаат дури и слични проекти. Еден проект започнал во една иницијатива, бил преземен во друга и реализиран до крај и обратно, црпени искуства и се надополнувале тие две иницијативи и најважното можеби што и во едната и во другата три држави се идентични“ рече Националниот координатор за Отворен Балкан и регионални ...

Пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максималната од 12 до 18°C. Информација од утрово: Минимална температура (во °C) -4 Попова Шапка, -2 Лазарополе, -1 Маврови Анови, Битола, 0 ...

Со пакет мерки, вредни 13 720 000 евра, ЕУ и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро и на развојот на одржливо земјоделство и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води, како и за подобрување на регионалниот развој. Како што информираа денеска од Канцеларијата на УНДП во Скопје, инвестициите за заштита на еколошкиот систем во регионот на Преспа ќе ...

300.000 илјади Полјаци се вратиле дома само во последните три години. Истиснати од пандемијата и Брегзит, 160.000 ја напуштиле Велика Британија, нивното главно прибежиште за подобар животен стандард. Во отсуство на официјална статистика, полските власти проценуваат дека за 20 години колку што Полска членува во ЕУ, се вратиле околу милион граѓани. На 1 мај 2004 година, Полска и уште 9 земји се приклучија на Унијата, зголемувајќи го бројот на ...

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен полека ја губи поддршката од конзервативната група на европски партии (ЕПП) за нов мандат на чело на ЕК и веројатно е дека ќе биде заменета или од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, од хрватскиот Премиерот Андреј Пленковиќ или, пак, од претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, велат извори во политичкиот врв на ЕУ за германски „Билд“. Како што пишува весникот, и ...

Во предизборното соочување на Националниот сервис, претседателските кандидати ја претставија својата визија и програма, со која сите ветуваат подобра држава, спречување на корупцијата и запирање на иселувањето на младите. Во однос на промените во Уставот, изразија спротивставени ставови. Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски вели дека ќе бара претседателот да има повеќе ингеренции. – Имав принцип кога го ...

Повеќе професори и експерти дебатираа на конференцијата организирана од ЦИВИЛ „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“. За аспектите од уставните промени кои треба да го откочат евроинтеграцискиот процес зборуваше професорката Ана Чупеска. „Најпожелно е да се откочат преговорите со ЕУ, а за тоа да се случи мора да се усвојат уставните измени, знаеме сите. Како би можеле да го отвориме Поглавје 23 и да ги завршиме, во смисла да ги испреговараме ...

По повод најголемиот христијански празник Велигден, Македонската филхармонија го најавува концертот „Божествен“, кој ќе се одржи в четврток на 25 април, во 20 часот. Премиерно во Македонија, ќе биде изведено едно од највеличествените дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан – „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт. ...

Во 2008 година, бразилски рудари забележале неугледен и необичен камен во чакалот на плитка река во регионот Мато Гросо. Тој бил син, безвреден дијамант, чие откритие подоцна смени многу нешта во научните кругови. Имено, откриено е дека овој камен е досега невидена форма на минералот рингвудит, кој во себе содржи вода, пишува списанието „Nature“. Тој испливал на површината заедно со исфрлени вулкански карпи и се верува дека длабоко во Земјата го ...

Кога се пишува за мобилни телефони во последниве години, тоа во главно изгледа така што се зборува за камери и колку и што можат тие да направат, а малиот простор што останува е исполнет со приказни за други карактеристики на телефонот. Но, еве еден уред кој не е таков. Производителот на телефони „HMD“, кој е најпознат по своите „Nokia“ уреди, најави многу интересна соработка со „Heineken“. Плодот на таа соработка ќе биде уред кој ќе биде ...

1Сигурно досега ви се случило случајно да ја проголтате мастиката за џвакање. Најверојатно сте се запрашале дали е тоа здраво и дали може нешто да ви се случи? Дали навистина ќе бидат потребни 7 години за да помине низ вашиот систем за варење? Дали мастиката навистина може да се замота околу срцето и желудникот? Не грижете се, бидејќи сите овие набројани „опасности“ се всушност само митови. Вистина е дека дел од гумата за џвакање се состои од ...

Најверојатно одбегнувате да носите црна облека во летните месеци, но дали знаевте дека црната облека му го обезбедува на телото потребното разладување во топлите денови? Вистина е дека црната облека се загрева на сонце во лето, но црната боја го забрзува процесот на ладење на телото – токму затоа што апсорбира повеќе топлина. Побрзо се потите во црно отколку во бело, но токму затоа телото побрзо се лади. Освен тоа, темната облека рефлектира дел ...

Кафето се ужива, тоа расонува и поврзува луѓе. Кофеинот кој е содржан во него е најомилената психоактивна дрога на светот. Дали тоа претставува некаков проблем? Кафето релаксира, разведрува и претставува средство за социјално поврзување, но може да создаде и зависност Една шолја кафе наутро, по будењето. „Кафенисување“ со колеги или пријатели. Кафето релаксира, разведрува и претставува средство за социјално поврзување. Со други зборови – животот ...

Од Санторини на Акропол, од Акропол низ атинските улици, преку Министерството за одбрана, Грчкиот олимписки комитет и Олимпискиот стадион – олимпискиот оган откако во вторникот беше запален во античка Олимпија го продолжува штафетното патување низ Грција, за во петок и официјално да им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“, јави дописничката на МИА од Атина. Доцна синоќа, огнот од островот Санторини со траект пристигна на ...

Научниците ги проучувале најновите фосилни наоди и откриле дека тоа е веројатно најголемиот морски рептил што некогаш ги препливал океаните. Тоа е суштество подолго од два автобуси кои живееле пред 202 милиони години, кога постоеле и диносаурусите. Неговата фосилизирана вилица беше пронајдена во 2016 година од ловец на фосили на плажа во Сомерсет, Велика Британија. Во 2020 година, таткото и ќерката пронајдоа друга слична вилица во истата ...

Тројца Руси минатата недела поставија рекорд со скокање со падобрани од Земјината стратосфера на Северниот пол во мисија која послужила како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, кажа денес организаторот ан тој потфат Никита Цаплин. Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Ефремов скокнале од авион иљушин Ил-76 на висина од 10.500 метри и две и пол минути слободно паѓале пред да ги отворат своите падобрани на ...

Видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме гревовите, да испадиме духовите“ и кореографските постановки „Ѓурѓовденка“, „Мариовска тресеница“ и „Свадба“, беа дел од програмата во која синоќа уживаше публиката во Националната опера на јубилејниот концерт на “Танец”. На концертот настапи целиот ансамбл ...

Преговарачката рамка е исклучително тешко да се промени. Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Преговарачките рамки за Србија и за Северна Македонија не се исти. Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку само на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35, изјави за МИА Драган Тилев, државен советник за европски прашања и координација во Секретаријат за европски прашања (СЕП). – Промена на ...

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и ...

Кокан Ајановски е одамна познат на тркачките патеки, а од 2020 година и во книжевните кругови. Автор е на книгата „Трчањето ме учи“. Преку пишувањето ја популаризира страста наречена трчање. Неодамна ја објави и неговата втора книга „Трчам за тебе“ и со задоволство продолжува да ги мотивира останатите да трчаат. Во текот на интервјуто, Кокан Ајановски ги споделува своите искуства и мотивација за трчање, како и значењето што го има тоа за него. ...

Организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“ јавно упати барања до сите учесници на изборите порачувајќи дека заштита на животните е тема што нема да дозволат да биде игнорирана и маргинализирана. -Општество кое се грижи и за животните е општество во кое хуманоста, индивидуалната и колективна одговорност се подразбираат и бранат, како и општество кое наместо на партиски или фамилијарни интереси се темели на морал, свест за важноста од ...

Владата на седницата во вторникот ја усвои Нацрт реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и ја усвои усогласената верзија на Нацрт реформската агенда. Ажурираната Нацрт реформска агенда се споделува со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна, со ЕУ. Усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Македонија и ...

Пожарите на Шара мируваат само кога се спуштаат температурите и при поројни дождови како изминативе неколку дена кога временските прилики за среќа успеаја целосно да ги ликвидираат пожарите на шарпланинскиот масив. За еден месец на планината од пожарите се изгубени повеќе од 400 хектари шумска површина. – Од почетокот на април до пред неколку дена имавме летни температури, вегетацијата се уште не беше разлистана, а денес имаме снег. Зимата е ...

На наградите за архитектура „Биг си“ (Big See), зграда во Кутина, Хрватска, го доби престижното признание „Најубава станбена зграда во светот“ – од сите регистрирани во 2024 година. Објектот е изграден во 2021 година, а вкупната негова квадратура е 1.969 квадратни метри. Главен белег на поголемите апартмани се кујните на предната страна, коишто може да се користат како трпезарии. Становите се прилично светли и имаат нетипично богат просторен ...

Од “прв“ борец против Ковид 19, преку гласен поборник за родова рамноправност до кандидат за пратеник на СДСМ за претстојните парламентарни избори. Доктор Милена Стевановиќ после седум годни на чело на клиниката за Инфективни болести, својата битка за подобри политики во здравството сака да ја продолжи во Законодавниот Дом. Вели никогаш нема да ја напушти својата професија. Доколку биде дел од новиот собраниски состав ќе остане посветена на ...

Неработните денови за претстојните избори, 24 април и 8 мај училиштата ќе ги одработат во две саботи. Министерството за образование и наука веќе ги известило училиштата дека часовите од 24 април ќе бидат одработени во сабота, на 18 мај, а часовите предвидени за 8 мај ќе бидат одработени во сабота, на 1 јуни. Ќе биде одработен и неработниот ден даден на 30 ноември поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Овој ден училштата ќе го одработат ...

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“. Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни ...

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени. За време на викендот ќе се ...

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка. Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
68%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1012
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
8.15
82%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
0.89
88%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1004
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
95%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
63%
1009
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

52952.77

Калај

40.48

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68