Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Во Северна Македонија се одржуваат седми претседателски и 11. парламентарни избори. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. Тој или таа заклетвата ќе ја дадат пред стариот собраниски состав, по што ќе треба да се конституира новиот парламент. За место во ...
Променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде ...
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975.000 евра во првите 11 дена од пробниот период. Билетот кој првпат беше воведен на 25 април се наплаќа по стандардна цена од пет евра. Градот вчера објави дека продал повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата. Влезот ќе се наплаќа речиси секоја сабота и недела до средината на јули, кога градот ќе ја прегледа цената. Како општо ...
Со фокус на развој и просперитет, на 15 и 16 мај ќе се одржи 13-то издание на самитот на Македонија 2025, во хотелот Мериот во Скопје. Самитот е една од најдобрите регионални платформи за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората во насока на поттикнување промени во Југоисточна Европа. Извршната директорка на Македонија 2025 Никица Мојсовска Блажевски, денес ја презентираше агендата и ...
Културен тренд во големите градови е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата – толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е „second hand” модата. Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех. В сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот „Second ...
Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321. Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на ...
Во Варшава, Полска од 27 до 29 април се одржа Светското првенство во латино танци каде танчерите на Dancers United се вратија со вкупно 25 медали. Ова е исклучителен успех за сите наши танчери кои беа дел од светската латино сцена, за клубот и за нашата Македонија. -Нашите резултати, седум златни медали, десет сребрени и осум бронзени медали освен што покажуваат дека сме на вистинскиот пат и го потврдуваат нашиот успех во латино танците на ...
Првиот понеделник во мај е резервиран за најелитниот моден настан на годината – Мет гала. Во понеделникот целиот моден свет се собра во музејот „Метрополитен“во Њујорк, каде што беа претставени најекстравагантните модни комбинации. Годинашната тема беше „Градината на времето“, инспирирана од насловот на кратката приказна на британскиот писател Ј.Г. Балард од 1962 година. Сижето е сместено во градина исполнета со цвеќиња кои манипулираат со ...
Networker, водечката платформа во регионот за вмрежување и можности за инвестирање на стартапите, за овој викенд го најави својот популарен годишен настан, кој треба да се одржи на 11 мај во DoubleTree by Hilton во Скопје. Надоврзувајќи се на големиот успех на претходните изданија, Networker се подготвува да биде домаќин на уште еден динамичен собир на претприемачи визионери, искусни инвеститори и експерти од различни индустрии. Со кратка ...
Грција минатата година била посетена од 1.128.000 туристи од Македонија, бројка која е двојно поголема од 2022 година, јавува МИА. Во истражувањето наречено „Kој каде оди? Kолку долго останува? Kолку троши“, ИНСЕТЕ ги анализра официјалните податоци на грчката Банка за туризмот и туристите во 2023 година. Македонија е меѓу првите 15 земји според бројот на туристи, и остана без промени на 11. позиција, и покрај зголемениот број на посетители од ...
Невработеноста во еврозоната во март и натаму беше на историски најниско ниво од 6,5 отсто, исто како и во претходните четири месеци, објави Евростат. Во Европската унија, стапката на невработеност во март изнесуваше 6%, нешто помалку од 6,1% во февруари. Евростат проценува дека во март во Европската унија биле невработени 13.258 милиони луѓе, од кои 11.087 милиони биле во еврозоната. Во споредба со февруари, невработеноста е намалена за 74.000 ...
За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи ...
Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники ...
Пишува Данило Коцевски Постојат места во Скопје познати по богатата ромска традиција, а кои денес се заборавени. Навраќањето кон тие заборавени места и обичаи ги оживува спомените за едно старо Скопје, со неговата специфична боја и атмосфера. На нив треба да се потсетиме бидејќи се дел од богатата историја на градот. Ромите во Скопје се познати по празнувањето на Ѓурѓовден, со што симболично се одбележуваат новиот живот и доаѓањето на пролетта. ...
„Кога ја пишував пиесата „Диво месо“, мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“, рекол Горан Стефановски за текстот што го напишал во 1979 година. Со оваа претстава Албанскиот театар од Скопје во режија на Мартин Кочовски викендов ја одушеви публиката во Тирана. Театарот гостуваше во театарот „АРТурбина“ на покана од Македонскиот културно-информативен центар во градот. – Публиката имаше впечаток како ...
Француските пекари го испекоа најдолгиот багет на светот. Со својата должина од 140,53 метри, овој багет го презеде водството од Италија, која го држеше рекордот цели пет години. Овој француски леб, околу 235 пати подолг од традиционалниот, беше произведен во Суренес, предградие на Париз, за неделниот настан на Француската конфедерација на пекари и слаткари. Претходниот најдолг багет беше долг 132,62 метри и беше печен во Комо, Италија, во јуни ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12°C, а максималната од 20 до 27°C. Информација од утрово: Минимална температура (во °C) 3 Лазарополе, Берово, 5 Крива Паланка, Струмица, Попова Шапка, 7 ...
Половина од свето Велигденското послание, митрополитот Преспанско-пелагониски г .Петар го посвети на претстојните избори, но и изборот кој човек го има во животот. Тој рече дека во Македонија, во ова Воскресенска седмица, ќе се избира претседател на државата и пратеници во парламентот на кои им укажа да не ги запоставуваат духовните, културните, националните вредности. Граѓаните, пак, ги предупреди да внимаваат кому ќе го дадат својот глас на ...
Денеска е Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април по новиот календар, односно на 6 мај по стариот календар. Овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето ...
Ако сте на автобуска релација Прилеп-Скопје, и обратно, сигурно ќе ја сретнете Жаклина Андоноска. Патиштата се нејзино секојдневие, сигурноста на патниците – аманет. Со решителност својствена на жените и упорност и сигурност како мажите во светот на возачите, прилепчанката Жаклина Андоноска, сигурно, катадневно, го вози автобусот и им пренесува смиреност и спокој на 50-тината патници на релацијата од 160-тина километри. Жаклина е единствен ...
Ова се 15-те важни датуми од 2017 година до денес од современата промоција и верификација на македонскиот јазик, пишува во својата објава на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, координатор за Отворен Балкан и за регионална соработка во владата на Северна Македонија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. 01. 1 август 2017 година – На македонски јазик и на бугарски јазик е потпишан Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу ...
Јосип Броз Тито беше човекот кој изгради своја варијанта на социјализам среде Европа поделена од две спротивставени сили кои се борат за светска доминација. Јосип Броз Тито несомнено беше една од најмаркантните личности на 20 век, не само на Балканот туку и низ земјите од двете страни на Железната завеса. Слично како и секоја истакната историска личност, овој комунистички лидер покренува многу различни мислења. Дури и денес, повеќе од четириесет ...
Велигден или Воскресение е најголем христијански празник, со кој се одбележува денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите. Велигден се празнува три дена и претставува т.н. мобилен празник, што значи дека неговиот датум се менува секоја година, но секогаш мора да биде во недела. Кога се прославува Велигден? Велигден се слави првата недела по полна Месечина по пролетната рамноденица. Исто така, православниот Велигден не може да се празнува ист ...
Денот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130. седница на владата, одржана на 16 април 2019 година. Во соопштението од оваа седница за оваа одлука пишува: На оваа своја денешна седница, Владата на РСМ донесе одлука 5 мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик како празник од работен карактер. Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на Решението на Народната влада на Федерална ...
Делницата на експресниот пат од Дреново до клучка Градско практично се спојува со еден од најфреквентните патни правци во земјава, Градско – Прилеп. Со тоа ги поврзува источниот и западниот дел на државата и обезбедуваме комуникација и кон север и кон југ. Неговата изградба, затоа, е од големо значење за подигнувањето на нивото на безбедноста во сообраќајот во овој регион. А како дел од паневропскиот Коридор 10, односно крак 10 – д, патот од ...
Успешни политики за унапредување на цивилното воздухопловство и авиосообраќајот, со цел максимално искористување на капацитетите на двата меѓународни аеродроми им овозможи на граѓаните нови можности преку нови и атрактивни дестинации. Во летната сезона од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација, а покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот ...
Македонија одбележува 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и борец за слобода Гоце Делчев. И годинава на улицата „Самоилова“ која води до црквата „Свети Спас“ каде што се наоѓа неговото вечно почивалиште беа поставени барикади, забележливо беше засиленото полициско присуство, а движењето беше строго определено. Пред саркофагот на великанот Делчев се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Стево Пендаровски, ...
Пред 20 години Чесите по пат на референдумско изјаснување станаа дел од европското семејство. На 13 и 14 јуни 2003 година, 55 отсто од чешките гласачи излегоа на гласачките места за да одлучат за иднината на земјата и членството во Европската Унија. Тоа беше прв и досега последен референдум во Чешка. Високи 77,3 отсто или 3,4 милиони граѓани гласаа за влез во ЕУ, додека еден милион Чеси одбија да се приклучат. Чешка се приклучи на Европската ...
Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата „Кафез кај кокони“ покажува дека педесет години потоа, овие прашања се сѐ уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост. ⁰ Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни ...
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, за 18 месеци ќе добие нов изглед со реконструкцијата што ја започна Министерството за образование и наука. Студенсткиот дом ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди. Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Република Северна ...