Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции – нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера во Американ колеџ. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години. Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават. Но, на Пендаровски и во ...
Доколку се одржи референдум за влез на државата во Европската Унија (ЕУ), 68 отсто од граѓаните на Македонија би гласале за, покажува последното мултинационално истражување за Западен Балкан од Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Како и во Македонија, така и во Босна и Херцеговина, 68 отсто од граѓаните се за членство на земјата во ЕУ, додека најголем во најголем процент за се изјасниле граѓаните ...
Во тек е повикот за доделување на Европските награди за истражувачко новинарство за 2024 година. Новинарите од Западен Балкан и Турција можат да ги поднесат своите истражувачки стории публикувани во изминатата календарска година. Наградниот фонд е 10,000 долари за секоја од државите покриени со повикот и тоа 5,000 долари за прво место, 3,000 дорлари за второ и 2,000 долари за трето место. Рокот за пријавување истекува на 13 јуни 2024 година. ...
Европскиот парламент сака да воведе само обновливи пакувања до 2030 година со цел да се намали количината на отпад во Европа за најмалку 15 отсто до 2040 година, пишува Дојче веле. Прво, тие сакаат да променат некои ситници кои предизвикуваат да се акумулираат неколку тони отпад секоја година. На пример, сите оние мини-пакети шеќер, зачини, кечап или путер што ги добиваме во хотелите од 2030 година повеќе нема да бидат дозволени доколку не се ...
Граѓаните на Црна Гора и на Северна Македонија се најинформирани за иницијативата Отворен Балкан, покажува најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). На прашањето „Дали знаете што е иницијативата Отворен Балкан?“, 55% од анкетираните граѓани во Северна Македонија одговориле позитивно, а во Црна Гора 65%. Најмалку информирани за ...
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за термин (070 299 026). Центарот се отвора со поддршка на австриското Сојузно министерство за социјални прашања, ...
Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево. Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека ...
Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. – Примарната цел на проектот е да ги поттикне младите девојки и жени – на возраст од 15 до 29 години во Северна Македонија, да преземат ...
Соња Танеска Уставот е позначаен акт од Изборниот законик и според тоа треба да се почитува одлуката за уставното име на Република Северна Македонија која важи од 2019 година и се однесува на примена на името на државата. Токму затоа не е важно што пишува во Изборниот законик бидејќи Уставот е позначаен, вели професорот по уставно право Светомир Шкариќ во коментар за Градска.мк за она што за време на инаугурацијата во Собранието го направи ...
Загадувањето е глобален проблем. Секоја година, околу 300 милиони тони пластика се фрлаат ширум светот (податоци на УНЕП), од кои помалку од пет проценти се рециклираат. Едно од решенијата за овој проблем е биоразградливото пакување. Нова технологија за синтеза на гликолна киселина, која често се користи во производството на биоразградливи пакувања, користи легура на паладиум. Ова го елиминира токсичниот формалдехид од суровината, што го прави ...
На 11 мај 2024 (сабота) „Остен арт“ – Скопје му ја врачи официјалната награда Гран при за животно остварување на „Остен биеналето Скопје 2024“ на еден од најголемите уметници на денешницата – Микеланџело Пистолето. Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современата уметност во Белград како дел од програмата во рамките на неговата ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат. Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство. Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) Дизел ...
Денеска е промовирана книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. „Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за создавање читачки навики кај оваа публика. – Покажавме ...
Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле”, со чартер лет на холандскиот туроператор „Корендон“ од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx” каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија”, партнер на туристичкиот оператор „Корендон” од Холандија. Од денеска се до ...
Коментирајќи ги резултатите од изборите и идните очекувања, професорката Ана Чупеска во интервју за Слободен печат оцени дека оправдани се стравувањата за можни идни загрозувања на демократските вредности. „Ние имаме реални причини да мислиме дека демократијата може да биде загрозена и тоа се повеќе причини. Прво и најважно, тоа е искуството што го имаме со авторитарниот популизам што Груевски успеа да го наметне и трауматското искуство на ...
Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на ООУ „Коле Неделковски”. Доградбата на училиштето опфаќа 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, 2 кабинета, една библиотека и една просторија за администрација. Во доградениот дел исто така поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет како и тоалет за нивните потреби во приземниот дел. Градежните зафати на фасадата ...
Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлцијата годинава ќе забави на 3,5 отсто. Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година особено ...
Оваа пролет цело Скопје е зараснато во треви и плевел. Кејот на реката Вардар, но и зеленилото долж булеварите и парковите се неискосени. Таква е состојбата и во општина Чаир, од каде граѓаните испратија редакцијата на Градска.мк доби фотографии. Викендов децата едвај можеле да си поиграат на убавото време надвор поради тревата но и поради опасноста од змии и инсекти. -Навистина е ужасно, парковите се обраснати со трева и никој не доаѓа да ...
Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои користат ...
Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија. Иако во текстот на свечената изјава стои „Република Северна Македонија“, претседателката Сиљановска Давкова рече дека „функцијата претседател на Македонија ќе ја извршува совесно и одговорно…“. Сиљановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста, а во фокусот на нејзиното обраќање беа ...
Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“. Во фотофинишот на „Евровизија“ Немо беше на второто место на обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место. Немо Метлер (25) на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо е всушност првата небинарна личност која победила на Евровизија, а ова е неговата ...
Обрасната трева, а врз неа инсекти, ова е првото нешто што може да го забележите на кејот на реката Вардар. Вчера беше сончево и убаво време, граѓаните спортуваа и се рекреираа на кејот, а одговорните почнаа да ја косат тревата, дури сега на средината на месец мај, пренесува Телма. „Обраснатата трева на кејот на реката Вардар започнаа да ја косат, меѓуота проблемот со комарците останува нерешен.“, изјавува еден загрижен граѓанин за Телма. ...
МВР апелира да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници В недела, 12 мај, од 8:30 до 10:30 часот изутрина во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Мерки за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, а кои имаат стартна позиција на булевар ‘Илинден’ кај Фонтана, ќе се ...
Додека евровизиските фанови со нетрпение го очeкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација. Во шведскиот град Малме, во тек е одржувањето на најпопларното шоу, што го организара Европската радиодифузна унија ...
Во март годинава, потрошувачките цени на кафето во Европската унија беа на годишно ниво плус еден процент, наспроти 13,5 отсто во март 2023 година, објави Евростат. Ова го доближи мартовскиот раст до јули 2021 година, кој беше 0,8 отсто. Стапката на инфлација на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога беше највисока од 17,4%, по значителното зголемување кое започна од 2% во октомври 2021 година. Иако растот на цената на кафето е забавен ...
За наставните програми, фондот на часови и учебниците што ги употребуваат на часовите разговараа денеска наставници по македонски јазик од основни и средни училишта во Скопје, на трибина што ја организираше Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Скопскиот универзитет по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај. Учесниците на трибината сметаат дека покрај вежбите што се застапени во учебниците, во практичната ...
Семејства или поединци често сонуваат за посета на атрактивни туристички локации на планетата Земја, а кога сонот се остварува, тогаш чувството не може да се опише. Такви се впечатоците на битолското семејство Игор, Весна и Филип Неделковски по престојот во Свалбард, последно населено место на северниот дел од планетата Земја, но и по престојот во Силфра, на Исланд, место каде се спојуваат две тектонски плочи од земјината топка, евро-азиската и ...
Ова се сцени од поларната светлина што синоќа можеше да се видат на небото над Хрватска. Црвената боја преовладува „Имаше серија силни ерупции од сончевите дамки, имаше силно коронално исфрлање. Тој материјал стигна до Земјата за два дена, ја предизвика поларната светлина која сега е видлива со голо око. Тоа требаше да се случи пред утрото, но тоа веќе е видливо. Фантастична активност“, рече Борис Штромар, раководител на Астрономското друштво ...
Претседателот на ДИК Александар Даштевски денеска ги објави претседателските избори за завршени и константираше дека за Гордана Силјановска Давкова е нов шеф на државата, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата, а уверението на Силјановска Давкова ќе и биде доделено ...
По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно. Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме. -Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто ќе имаат свое обраќање. Маршот ќе започне од пред седиштето на Делегацијата ...