Белград
10ᴼ /
10ᴼ
Фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без потребните дозволи, поставува забавен парк кај спортскиот центар „Борис Трајковски“, соопштија од Град Скопје. „Известуваме дека правното лице ‘Дизниленд Реквизити’, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, информираат ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одлучи првото појавување во јавноста откако положи заклетва на 12 мај да го резервира за 52. издание на Мајските музички вечери и за гостувањето на Софиската опера и балет во Скопје. – Не мислам дека минатото ни е романтично, ни вашето ни нашето, но мораме да живееме денес и да работиме за иднината – изјави Сиљановска Давкова пред почетокот на изведбата на операта „Валкира“ од оперскиот реформатор ...
Општина Карпош и оваа година се придружи на националната еко акција, „Генералка викенд“, во која се спроведе активно чистење на територијата на цел Карпош. Акцијата е во организација на „Мен енд маунтен“, а целта беше да се собере што е можно повеќе отпад, кој потоа ќе се однесе до најблиската ПАКОМАК, Нула отпад или локалната комунална станица. Предвидено е за секои 10 килограми отпад Министерството за земјоделство да донира по едно дрво во ...
Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект за проблемот со јавните тоалети во главниот град. Со последната акција, авторите на уметничката инсталација сакаат да прикажат, како што велат, предлог решение преку претставување на макета – конструкција со испринтан тоалет. „Тоалетот би бил изведен од метална ...
Кога ќе одлучите да земете домашно милениче, едно од клучните прашања што често се поставува е – кучиња или мачки? Двете миленичиња можат да имаат значително влијание врз развојот на детето, обезбедувајќи дружење, љубов и можности за учење за одговорноста. Сепак, во зависност од начинот на живот на вашето семејство и личноста на вашето дете, еден вид милениче може да биде подобар избор од друг. Ајде да ги погледнеме предностите на секоја за да ...
Уметноста е револуција, а уметноста на улица е и повеќе од тоа Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, овие три дена ја размрда едноличноста на градот и го направи центарот на Скопје малку поинакво, поубаво и посреќно место. Фестивалот по осми пат ги донесе артистите кои долж улица Македонија секое попладне раскажуваат десет различни приказни за времето, луѓето и прекинати врски. Со овој фестивал што се развива ...
Co ликовната работилница за деца „Летаме заедно“ што ја води илустраторката Наташа Андонова, денеска во 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје почна последниот ден од 6. издание Меѓународниот литературен фестивал „Литера“. Во 12 часот се одржа работилницата „Си беше еднаш“ со илустраторката Наталија Лукомскa. Во 13 часот беше закажана промоцијата и работилница за едиција „Неуредните“ – Мависол Јенер (Бата прес). Следуваше потпишување ...
Повик за Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата се очекува да има во втората половина од годината. Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам може да се аплицира за неповратен грант од 60% во инвестиција за сместување во внатрешен простор – апартмани. Планираната инвестиција најдобро може да се прикаже со следниов пример: Доколку барателот – правно лице ( од рангот микро или мало претпријатие) со место на ...
Урбаните моторџии утре ќе учествуваат на хуманитарното дефиле низ скопските улици со намера да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ што се одржува во 959 градови низ светот. Годинава, на светско ниво ќе учествуваат 90.000 мотоцикли од 105 држави. Скопје е дел од ова движење од 2016 година, а еден од организаторите Игор Стефановски во изјава за ...
Седумдесет и шестгодишна жена од Прилеп вчера во ОВР Прилеп пријавила дека била измамена од маж за сума од 380.000 денари, објави МВР. Според пријавеното, измамникот ден претходно телефонски ѝ се јавил, при што претставувајќи се како полициски инспектор, ѝ кажал дека нејзината внука со автомобил удрила дете-мигрант во сообраќајна несреќа во Охрид. Како што е пријавено, тој исто така ѝ кажал на измамената жена дека нејзината внука ќе помине 10 ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на Плоштад Македонија ја отвори манифестацијата „Саем на средни училишта на Град Скопје“, кој се реализира за првпат со цел промоција на градските средни училишта и презентација на нивните наставни планови и програми. Горди сме што имаме 23 скопски средни училишта кои продуцираат квалитетни, добри, професионални млади кадри и кои понатаму се успешни во нивниот кариерен развој. Ги ...
Во светот каде што вештачката интелигенција (ВИ) е сѐ поприсутна во секојдневниот живот, потребата за нејзино регулирање станува сѐ поизразена. Новото истражување на Фондацијата Метаморфозис има цел да покаже како новите технологии и ВИ влијаат врз човековите права на интернет. На 13 март оваа година, Европскиот парламент донесе историски закон за регулирање на вештачката интелигенција (AI Act), со што направи значителен чекор кон контролирање ...
Летото 2023 година е забележано како најтоплото во екстратропските региони на северната хемисфера во последните 2.000 години, според студија објавена во Naturе. Температурите на земјиштето во овој дел на северната хемисфера беа 2,07 степени Целзиусови повисоки во летото 2023 година, споредено со температурите помеѓу 1850 и 1900 година. Истражувачите анализираа температури од јуни до август користејќи мерења од илјадници метеоролошки станици во ...
Амбициозните цели поврзани со обновливите извори на енергија и нула емисии бараат не само зголемување на капацитетот на таквите извори и забрзување на развојот на инфраструктурата, туку и подобрување на постојната и создавање иновативна технологија. Енергијата добиена од ветер постигна добри резултати во текот на претходната година, но потребни се дополнителни напори за да се постигнат зацртаните цели. Едно од решенијата за поефикасна енергија ...
Здравјето е важно, особено здравјето на мозокот. „Тоа е нешто за кое мораме да размислуваме во секоја фаза од животот. Навиките кои помагаат во одржувањето на здравјето на мозокот не само што го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест и други форми на деменција, туку и ја зачувуваат независноста, гарантираат подобар квалитет на живот, промовираат општо добро битие и долговечност“, вели Dawn C. Carr, професор по социологија и ко-директор на ...
Индија се искачи на третото место на светското рангирање за производство на соларна енергија, веднаш зад Кина на прво место и САД на второ место. Растот на производството на сончева енергија во Индија во 2023 година изнесува дури 5,9 отсто од глобалниот раст на соларниот капацитет, покажува најновиот глобален преглед на електрична енергија за 80 земји објавен од аналитичкиот центар Ember. Кога станува збор за новите енергетски капацитети во ...
Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“. Паоло Бресан од Италија диригира со ...
Половина милион хектари шуми изгореа во Европската унија во 2023 година, што е околу двојно поголема површина од Луксембург, се вели во извештајот за шумските пожари во Европа, Блискиот Исток и Северна Африка во 2023 година, објавен од Европската комисија. Ова е причината зошто Европската унија оваа недела презеде проактивни мерки за подобра заштита на заедниците и животната средина, собирајќи 556 пожарникари од 12 земји кои ќе бидат стратешки ...
„Музеи за едукација и истражување“ е мотото со кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, датум кој музејските институции во светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година. На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и овозможуваат бесплатен влез за посетителите, кои може да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство. Музеите, освен својот придонес како ...
Јавното претпријатие „Лајка“ почнува поинаква кампања со која, како што велат оттаму, сакаат да дадат видливост на кучињата кои подолго време престојуваат во нивното прифатилиште, заборавените, оние кои најчесто се одминувани. – Нашата кампања не познава раса, старост и пол, туку најдобар пријател, придружник и сопатник. Заедно со Борче Начев, nallathepittie и M&M pets hotel ги уриваме стереотипите затоа што знаеме дека секое едно куче може ...
Нарачки од партиски ботови се шпекулациите што се појавија на дел од социјалните мрежи, од анонимни профили, дека ја напуштам коалицијата ” За Европска Македонија, вели за Градска.мк Моника Зајкова, лидерка на Либерално демократската партија. – Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат ...
И покрај тоа што во ноември минатата година рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој има и македонско државјанство се најде на „црната листа“ на САД за корупција, изминатите денови интензивно неговата компанија продолжува со градежните работи на објктот на Офицерскиот дом на плоштадот „Македонија“. Дека изминатиот период продолжила градбата на овие објекти потврдија и од Општина Центар од каде што информираат дека „Сис инвест гроуп“ дооел Скопје ...
Сведоци сме на многу впечатливи и значителни трендови на пазарот на недвижности во последните неколку години, кои го променија начинот на кој работи целата индустрија. Иако очекувањата на ниво на цела Европа беше дека пазарот на недвижности ќе доживее стабилизација на понудата и на цените, сепак сликата во Македонија покажува нешто различно, додека инвеститорите и потенцијалните купувачи бараат одговор на некои клучни прашања кои ќе им помогнат ...
Над 130 компании од Северна Македонија денеска беа запознаени со можностите за соработка со Лидл. Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните постулати на Лидл во секоја земја каде работи. „Основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и развој со нашите локални партнери, и иако Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, овој ...
Дигитализацијата, како една од приоритетните области на делување и платформата за забрзан економски раст на Македонија2025, беше една од темите во фокусот на вториот ден од Самитот што се одржува во Скопје. Токму во насока на значително продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација, во рамки на Самитот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија2025, Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, ...
Во полициската станица во Берово, како што јави Центарот за управување со кризи – ЦУК, вчера било донесен „неексплодирано убојно средство“. Потоа ја презел пиротехничар. ЦУК алармира дека експлозивни средства не се допираат ниту носат со себе, туку се пријавува на бројот 112. Во соопштението на ЦУК се вели дека вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово е донесено неексплодирано убојно средство, кое потоа било преземено од ...
Астрономите открија нова планета со големина на Земјата која кружи околу мала, студена ѕвезда за која се проценува дека постои 100 пати подолго од Сонцето. Карпестиот свет на таа планета наречена Спекулус-3б, оддалечен е 55 светлосни години од Земјата и откриен додека се движел пред својата ѕвезда домаќин, ултра-студената џуџеста ѕвезда која е дупло постудена од топлото Сонце и 100 пати помалку сјајна, пренесува лондонски „Гардијан“. ...
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа во близина на Варна, во која учествувал автомобил во кој се превезувал поранешниот бугарски премиер и копретседател на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков. Поранешниот бугарски премиер, кој учествува во предизборна кампања, од директниот судар на две возила излегол неповреден. Петков патувал, заедно со три други лица, во автомобил на Службата за национална безбедност (НСО) соопштија ...
Во современата македонска уметност, Мирослав Миро Масин блеска како една од најплодните и највлијателни фигури. Со својата непосредност и урбан карактер, тој нè удостои со посетата во неговото атеље, каде што разговаравме за неговата нова изложба, која обележува 40 години од неговото творештво. Насловот на изложбата, „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, алудира на неговата филозофија за животот – дека е потребно да се одвоиме од ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови. Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат ...