Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник. Прогноза за 13.05.2024 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 18°C до 25°C Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Планината Кучај ја крие единствената прашума во Србија. А со овој феномен, истокот на нашите соседи уште еднаш ја покажува својата посебност. Овој посебен природен резерват со темна букова шума се наоѓа на 640 до 800 метри надморска височина и е скриен скапоцен камен сè уште непознат за голем број луѓе. До Винатовача е многу тешко да се стигне. Од Деспотовац, преку Лисин по макадам, 15 километри до самиот центар на планината Кучај, а всушност ...

Белгија стана првата земја во светот која усвои закон за договори за вработување на сексуалните работници, пишува Телеграф. Според законот, ако сексуалната работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во текот на шест месеци, макрото може да иницира интервенција на државен посредник, но не може да ја отпушти работничката. Исто така, сексуалните работници би имале право на здравствено осигурување, пензии, семејни парични надоместоци, годишен одмор и ...

Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните 321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти повеќе ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност” по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки, подигнати докази, ...

ТикТок ќе ги означува корисниците кои објавуваат содржина генерирана со вештачка интелигенција (ВИ), велат од компанијата која стана првата голема апликација за видеа што автоматски ќе ги означува ваквите содржини на корисниците. Содржините создадени со алатките за вештачка интелигенција со кои располага ТикТок веќе се автоматски означени како такви, а компанијата сега бара од креаторите рачно да ги додаваат истите етикети на нивната содржина. ...

За обраснатата трева и запуштениот изглед на дворот на владата, техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое е под капата на Град Скопје. „Земјиштето околу Владата, според процедурите и прописите, е во сопственост и надлежност на Град Скопје и според работата и обврските „Паркови и зеленило“, како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот ...

Орнитологот Данка Узунова ќе ги едуцира присутните за правилното користење на двогледот, за правилниот начин на набљудување на птиците, нивните имиња, нивните навики и траекторија на движење. Освен овој настан, во текот на мај е планирана и едукативна посета на пештерата Пешна кај Македонски Брод, а во текот на јуни ќе има и едукативна екcкурзија во околината на Скопје Македонското еколошко друштво, в сабота во Градски парк го организира ...

ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација. Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории на претпријатието сместени на улица Борка Талески број 67, позади Млечен ресторан. ...

На 18 мај во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи настанот „Вело Родео 2024“, во организација на „Eco – Logic“. Настанот ќе започне во 10 часот, а ќе содржи возење на вело полигон, ќе има многу забава, игри со лего коцки, еко експерименти, ликовна работилница,читање книги, како и извиднички игри. Како што истакнаа од „Eco – Logic“ целта на настанот е промоција на велосипедизмот и здравите навики кај децата. – Освен велосипедизам, промовираме и ...

Комисијата оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. -Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди ...

Во првата поема зборувам за тоа каков човек да се биде, добар или можеби измамник кој е лош, односно за карактерисиките на човекот кои секојдневно се среќаваат низ Скопје рече во интервју за Слободен печат, младиот поет Марко Иван Кочишки. Тој додаде дека во неговата книга „Зб’рка поезија“ многу се зборува за љубовта но и за животот на младиот човек во Скопје. „Во поемата „Скопје ти ќе рикнеш“ се зборува за тоа како веќе нема чист воздух, како ...

„Да се создаде фестивал воопшто не е лесна работа, особено кога си со ограничен буџет, меѓутоа ентузијазмот, креативноста и желбата да создадеме нешто по кое ќе не препознаваат е она што не турка напред и буквално со секој фестивал ние летаме се повисоко и повисоко, како што е и мотото на годинашното издание ‘Летаме заедно’“, вели Софија Семенпеева Трајановска, идеен творец на фесивалот „Литера“. Шестото издание на меѓународниот фестивал за ...

Од првиот Избор за песна на Евровизија, во далечната 1956 година, натпреварот обезбеди арена за најдоброто (а понекогаш и најлошото) што може да го понуди поп-музиката. На најпознатиот натпревар за песна во светот, нациите низ Европа – како и неколку надворешни земји – ги испраќаат своите најдобри песни за да го најдат најдоброто од купот. Конкурентните уметници често прибегнуваат кон невкусни текстови, глупави костими и чудни трикови во нивните ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, дубаци ...

Иако во некои автобуси се забележува дека има камери сепак Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе набавува монитори, камери и останата опрема за видео надзор во автобусите, со која би се идентификувале учесници во инциденти во автобусите или напади врз возачите кои се случуваат често пати. Се работи за 60 монитори за емитување на слики од камери и 70 камери за видеонадзор, за што веќе е распишана јавна набавка, а најповолните понуди ќе се ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која е претседателка на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освоила вкупно 3.438 гласови по обработени 99 отсто од гласачките ливчиња, што е премалку за пратенички мандат. Арсовска во Изборната единица 1 каде што ја предводеше и листата на Нова Алтернатива, освоила 1.571 гласа или во проценти само 0,85%. Во Изборна единица 2, партијата доби 1.109 гласови. Нова ...

Синоќа на булеварот Александар Македонски близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата Автокоманда паднало дрво, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дрвото, како што соопштија од ЦУК, било отстрането со заедничка акција на Секторот за операции и координација, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје. Од ЦУК не информираа која била причината за паѓање на дрвото. ...

Како да добила седмица на Лото, мината година популарната „Седмица“ во чија сопственост се повеќе сенвичари и еден ресторан, направила профит од 1 милион евра и продала сендвичи (и нешто плус во ресторанот) за дури 5 милиони евра! Но, за волја на вистината, фасцинантни резултати се редовна појава во работењето на „Фаст фуд 7“. Тие одлично работеле и во 2022 година кога направиле промет од 4,3 милиони евра и профит од над 730.000 евра. И да се ...

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, ја честиташе победата на Силјановска-Давкова, напоменувајќи дека САД и натаму ќе продолжат да ја поддржува земјата. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Северна Македонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. Соединетите Американски Држави ќе продолжат ...

Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52. Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава. Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, ...

По повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, екипата на Внимание ги праша граѓаните: Што е позначајно – Денот на Европа или денот на победата врз фашизмот? Мнозинството граѓани сметаат дека 9 мај за нас е позначаен како денот на победата врз фашизмот. На прашањето „Зошто повеќето од младите ја гледаат иднината во Европската Унија?“, повеќето од граѓаните сметаат дека ЕУ нуди подобра иднина, поголеми можности и повеќе ...

Северна Македонија се движи на курс да влезе во судир со соседите Грција и Бугарија, откако националистичката опозиција победи на парламентарните и на претседателските избори на 8 мај, пишува „Еурактив“ во својата анализа. Во неа се додава дека успехот на националистичката партија веројатно ќе има големо влијание врз сонот на Македонија за пристапување во Европската Унија. Аналитичарот за Источна и Централна Европа, Марио Бикарски за „Еурактив“ ...

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со ...

Европска Унија пред се е идеја и сон за Европа обединета во мир, која работи за поголем просперитет и го подобрува животот на луѓето, порача претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по повод Денот на Европа – 9 мај. – Денеска, на Денот на Европа, време е да ја потврдиме нашата цврста решеност за продолжиме, дел по дел, да го градиме овој европски проект што не обединува сите нас. Наведе Мишел во кусата видео порака објавена на социјалните ...

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Од отворањето на гласачките места до 11 часот регистрирани се две пријави за поставен штанд на политичка партија во близина на гласачко место во Шуто Оризари, како и за лепење плакати и расфрлани летоци на подрачјето на Чаир во ...

„Растот на соларната и ветерната енергија го виде светот над 30 проценти од обновливите извори на електрична енергија за прв пат во 2023 година“, се вели во соопштението на Ембер, енергетски тинк-тенк според денес објавениот извештај. Според извештајот на Ембер, уделот на енергијата произведена со користење на обновливи извори порасна од 19 отсто во 2000 година на повеќе од 30 отсто во 2023 година. Учеството на производството на електрична ...

И Скопје некогаш имал свој храм на спортот. Првото спортско собиралиште во Скопје, во годините на минатиот век, дефинитивно била „Соколаната“. Генерациите пред 1963 година со носталгија се сеќаваат на скопската „Соколана“, која била лоцирана во Пајко Маало, од амбулантата на Првомајска кон Вардар. Тоа било место каде што освен што се спортувало, се одржувале и прочуените игранки – матинеа во Скопје. Според монографијата на Ѓорѓи Кузмановски ...

Заврши првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песна на Евровизија која се одржува во Шведска. Место во големото финале изборија тројцата преставници од државите од екс Ју, Србија, Хрватска и Словенија. И годинава Македонија е без преставник на Евросонг. Во полуфиналето немаше жири, туку само публиката одлучуваше за пласман во финалето преку телефонско или онлајн гласање. На овој начин беа избрани првите десет финалисти, а тоа се: 1. ...

Светот на статистиката објави листа на најзагадени градови во Европа во 2023 година. Во топ 10 се и два македонски града. Ниту земјите од регионов не поминаа подобро. Србија, Босна и Херцеговина исто така имаат по два „претставници“ а Црна Гора еден. Од другите европски земји во Топ 10 е единствено Италија. Лидер на табелата е Плевља, а потоа следуваат италијанските Торкиароло, Тузла и Зеница (Босна и Херцеговина), италијанската Чеглие Месапика, ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Калај

40.48

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Кобалт

58.42