Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Семејниот дом на Шкаперда, првично изграден кон почетокот на 19 век, е сведоштво за богатото архитектонско наследство на Скопје. Неговиот грациозен неокласичен дизајн и украсните детали го прават тоа главен пример за архитектура во периодот, носејќи ехо од една минато ера кога овој регион беше крстопат на култури и истории. Семејството Шкаперда, чие име е неизбришливо гравирано во аналите на македонската историја, беа вистински пример за успешен ...
Во „Реално“ со Мишко Иванов, вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, говори за она што државата ја очекува на европскиот пат, до каде сме по прашањето на борба против корупција, каква ќе биде понудата на СДСМ на претстојните избори и што може да се очекува по изборите. Сега е моментот да ги завршиме уставните измени, наредниот пат не знаеме која ќе биде цената на уставните измени, вели во ...
Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко кој е претседател на Фудбалската федерација на Украина и Надворешен советник за спорт на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера попладне пристигна во Скопје, каде присуствува на дуелот помеѓу македонската и украинската машка фудбалска репрезентација до 19 години. Украина на теренот на стадионот „Петар Милошевски“ победи против Северна Македонија со резултат 0:2 . Победникот беше решен кон ...
Од воен аспект руската војна во Украина е „брутална“, оцени германскиот канцелар Олаф Шолц во Бундестагот и посочи дека Русија сепак не е толку силна. На домашен план, како што тврди, „репресивниот“ руски систем покажува знаци на недостаток на сила, објави Die Welt. Шолц нагласи дека Германија и Европа ќе ѝ помагаат на Украина сѐ додека можат. „Ако претседателот на Русија верува дека само треба да ја запре оваа војна и дека нашата поддршка ќе ...
Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија, објави екс-директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија, Љупчо Јаневски. Според него, во 2017 година нашата економија започнала од 327,05 милиони долари, за да дојде до денешната цифра, со што, како што истакнува, се реализираа сите повлечени стратешки потези во времето на пандемијата со коронавирус и во изминатите шест ...
Компанијата HMD на Светскиот конгрес за мобилни телефони минатиот месец најави нов телефон на Nokia кој пристигнува во мај, а новата објава на социјалната мрежа X дава идеја за тоа што да очекуваме. Објавата има илустрација и линк до страницата што сугерира дека станува збор за роденден, а самиот пост е објавен на 18 март, 25-тиот роденден на Nokia 3210. Легендарниот мобилен телефон направи место за Nokia 3310, кој стана легенда во индустријата ...
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 275 возачи. Од нив 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во ...
Општина Карпош објави јавен повик за избор на најдобро уреден училиштен двор или дел од дворот. Уредувањето на училиштен двор ја зголемува еколошката свест и поттикнува зголемување на мотивираноста за негово одржување. Право на учество на јавниот повик имаат сите десет основни училишта. Затоа ги охрабруваме сите чинители заедно да ја подготват проектната апликација и да конкурираат за награди од 70.000 денари за прво место, 50.000 денари за ...
Во последното деноноќие регистрирани се шест пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера од 10:30 до 12:10 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селото Сачево. Со пожарот била зафатена поголема површина, поточно 20 хектари, а интервенирале пет пожарникари со две противпожарни возила, информираат утрово од Центарот за управување со кризи. ТППЕ Велес вчера од 13:08 до 14:20 часот, со тројца пожарникари и едно ...
Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино. Во Петровец од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат ...
Времето денеска, утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје наутро ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а ...
Овчи сипаници преовладуваат во пријавените заразни заболувања во февруари, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Со 661 пријава оваа болест е на прво место, по што следуваат ентероколитиси со 207 случаи па пертусис или големата кашлица – 120 случаи. И покрај овие податоци сепак во споредба со јануари, има намалување на овчи сипаници за 26,8 проценти. „ Во однос на вакциналниот статус на заболените со голема кашлица, 60 лица ...
Првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес го посетија локалитет „Стоби” (НУ за управување со Археолошкиот локалитет Стоби-Градско) каде што се во тек активности за реализација на проектот ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) во февруари има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана моќност од 29,16 MW, со што вкупната инсталирана моќност за две години и два месеца достигнува над 616 MW. „Лиценци за нови енергетски инвестиции во капацитети со вкупна инсталирана моќност од над половина GW (616 MW) се издадени, изградени и пуштени во ...
Актуелниот градоначалник на Бутел Костовски во предизборниот период како едно од главните ветувања што ги даде пред граѓаните беше уредувањето на кејот на реката Серава што минува низ оваа општина. Сепак реалноста е поинаква, на фејсбук страницата го „Те сакам Бутел“ објавени се фотографии на кои се посочува дека општинско возило исфрла ѓубре токму покрај реката Серава. Откога дојде на градоначалничката функција, Дарко Костовски започна со ...
На јавно наддавање ќе се продава некогашната фабрика „Купром“ во скопската населба Хром. Јавното наддавање ќе се одржи на 29 март, а на продажба се ставени пет објекти на фабриката кои сега се напуштени и запуштени, искршени и затрупани со ѓубре, објави тв21. Објектите се ставени на продажба по стечајна постапка и се со вкупна површина од 3.200 метри квадратни, а проценети се дека вредат околу 2,3 милиони евра. Продажбата на имотот ќе се врши ...
Откако го објави своето партнерство со OpenAI, технолошкиот стартап Figure објави ново видео од својот хуманоиден робот, наречено Figure 01. „Гледам црвено јаболко на чинија во средината на масата, решетка за сушење со чаши и чинија, а вие стоите во близина со раката на масата“, рече роботот со чуден глас, демонстрирајќи ги вештините за расудување на OpenAI преку говор. „Може ли да земам нешто за јадење?“ го праша тестер на луѓе во близина. „Се ...
„Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение ...
Жителите во Општина Илинден за прв пат ќе добијат спортска теретана на отворено. Локацијата на оваа теретана е кај пешачко – велосипедската патека во Марино, а во тек е поставување на фитнес справите за вежбање. Градоначалникот на Општина Илинден направи увид на тековните работните активности во Марино и истакна дека истите се одвиваат со предвидената динамика. Во рамки на ова фитнес катче, каде младите па и повозрасните жители на општината ќе ...
Околу 125 наставници и стручни соработници кои работат во основните училишта во Карпош се стекнаа со сертификати за успешно завршена четиридневна обука, која ја спроведе лиценцираниот психолог и психотерапевт д-р Драгана Батиќ. Станува збор за проектот под наслов „Психо-социјална поддршка на децата во училиштата после стресни настани“, кој го поддржа Општина Карпош со финансиски средства во висина од 60.000 денари. Оваа обука беше неминовна за ...
Во рамки на вчерашната сообраќајна контрола на територијата на Република Северна Македонија спроведена од 08.00 до 13.00 часот, санкционирани се 149 пешаци од кои 134 за небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин, соопшти МВР информира дека во текот на вчерашниот ден. За време на контролата се санкционирани и 106 други видови сообраќајни прекршоци. -Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги ...
Минатата година биле соборени ситем глобални климатски рекорди, предупреди вчера Светската метеоролошка организација (WMO) и изрази посебна загриженост поради загревањето на океаните и топењето на морскиот лед. WMO во својот годишен извештај за состојбата на глобалната клима истакна дека просечните температури достигнале највисоко ниво во последните 174 години мерење, односно 1,45 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Температурите на ...
Започнаа „Деновите на италијанскиот дизајн” во Скопје, кои се спој на италијанскиот дизајн и одржливост. И овој март, сведоци сме на модната револуција која Скопје го става на глобалната мапа на одржлива мода, благодарение на Моден Викенд Скопје, кој по 28 пат е доказ и за трајното наследство, но и на иновативната иднина на модата. Под покровителство на Амбасадата на Република Италија во Скопје, ITA – Италијанската трговска агенција, East Gate ...
Граѓаните од населбата Визбегово, иако сега имаат ново училиште, се соочуваат со сериозен проблем – недостиг на пат кој води до неа. Оваа ситуација предизвикува сериозни загрижености кај родителите и жителите. За изградбата на основното училиште „Визбегово“ со капацитетот од 1000 ученици се потрошени околу 110 милиони денари обезбедени од Буџетот преку програма на Владата и Министерството за образование и наука. Во февруари оваа година беше ...
Денес во 16 часот и 33 минути и официјално ќе ѝ кажеме добредојде на долгоочекуваната пролет. На првиот ден од пролетта, денот и ноќта траат 12 часа и се еднакви, па тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица. Со оглед на тоа дека пролетта започнува денес, на многумина можеби им е чудно што во училиште учеле дека пролетта започнува на 21 март. Зошто се сменил датумот? Не сте научиле погрешно. До 2011 година, пролетта започнуваше на 21 март. ...
Финска ја зацврсти својата позиција како најсреќна земја во светот освојувајќи ја титулата седма година по ред, се вели во Извештајот објавен денеска под покровителство на Обединетите нации. Северна Македонија е на 84. место, додека младите под 30 години во земјава се нешто посреќни и се наоѓаат на 67.место. Што се однесува на земјите од регионот, Словенија е на 21. место, Косово е на 29., Србија е на 37. место, Хрватска е на 63., Грција на ...
На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 172 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје. Како што соопшти МВР, 14 мерки се за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 мерки за некористење на сигурносен појас, 19 санкции за користење мобилен телефон при возење… – Сообраќајните контроли продолжуваат и во ...
На првиот ден од пролетта имаме студено утро, а преку денот ќе биде сончево со појава на мала облачност, стои во временската прогноза на УХМР. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени, а максималната ќе достигне и до 16 степени Целзиусови. Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Реставрацијата на катедралата Нотр Дам во Париз по трагичниот пожар во април 2019 година е приказна за посветеност и обнова. Иконскиот средновековен споменик овековечен во историјата, филмот и литературата постепено се обновуваше во изминатите пет години, преку предизвици кои вклучуваат одложувања за време на пандемијата и загуба на водачот на проектот. Предвидено е да се заврши до крајот на 2024 година. Еве ја временската рамка за настаните во ...
Општина Центар заедно со Стоматолошкиот факултет на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје ги промовираа новите бесплатни услуги за жителите на Центар. Услугите ќе бидат достапни за сите деца до 18 годишна возраст и сите социјално загрозени семејства со потврда од МТСП.Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка протетика и услуги од ...