Mало монтажно куќарче го привлекува погледот на минувачите во Градскиот трговски центар. Се работи за објект во вид на барака, веднаш зад продавницата на парфимеријата ДМ, на приземјето на трговскиот. Минувачите со љубопитен поглед се прашуваат што значи овој објект подигнат на бетонска подлога и за што служи. Некои, пак, со неверување се чудат како некој издал дозвола некому да си гради куќа во дворот на Градскиот трговски центар. Директорот ...

Државната комисија за спречување корупција по сопствена иницијатива оформи предмет за Младинскиот културен центар. Ќе бидат преземени дејствија за утврдување на фактичката состојба, се вели во соопштението испратено до „Телма“. Постапувањето по предметот е во тек. Постапувајќи согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси и Деловникот за работа, ДКСК ќе ги превземе сите дејствија за утврдување на фактичката состојба и носење на ...

Одлуката на некои ресторани ги налути не само туристите, туку и локалните жители, кои сметаат дека наплатата за седење на сонце е врв на непочитување на гостите. Историски значајно место, но и туристичка атракција, градот Севилја се најде на насловните страници на различни медиуми во Европа поради неверојатната и малку бизарна одлука на сопствениците на одредени ресторани, кои решија да им наплатат на туристите специјална такса за седење – на ...

Општина Центар е првенец во обезбедување бесплатни услуги за своите граѓани. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од Стоматолошкиот факултет ги промовираа новите бесплатни услуги за граѓаните. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка ...

Природно е бистите на народните херои Ѓоце Стојчевски-Амбарче и Тодор Циповски-Мерџан да бидат поставени во Меморијалниот музеј на КПМ во Тетово откако цели 19 години Сојузот на борци бараше да бидат вратени во центарот на градот, затоа што незаконски беа отстранети од плоштадот, велат од Музејот на Тетовски крај. Временото поставување на бистите во дворот на „Куќата на Јовановци“ стана мегдан за препукувања на политичките партии, написи во ...

Британскиот уметник Бенкси потврди дека муралот што се појави на станбена зграда во северен Лондон е негово ново дело, пишува „Гардијан“. На муралот кој се појави во областа на паркот Финсбери, има зелена боја испрскана преку ѕидот на четирикатната зграда за да ги имитира исчезнатите лисја на исеченото дрво што стои неколку метри пред самото дело. Исто така, прикажана е мала човечка фигура која држи црево од кое излегува зелената боја. Кога ...

Хангарот кој се градеше близу скопската обиколница во насока кон Тетово, на државно земјиште – утрово беше целосно урнат од Општина Ѓорче Петров. Ова доаѓа по неколку предупредувања и барања да се отстрани објектот кој е нелегално поставен, кои инвеститорот ги игнорирал. Општината избра фирма на тендер и денеска го спроведе уривањето. Имаше големо присуство на униформирани полицајци, кои беа распоредени околу местото. „Согласно законската ...

На 21 март, поточно в четврток, речиси цела Македонија ќе биде „нападната“ од цветни бомби, кои деновиве ги изработуваат учениците од многу училишта низ државава, но и од други организации и здруженија. Станува збор за иницијатива на „Слоу фуд Македонија“, наречена „Пролетна офанзива 2024: Фрли цветна бомба!“. Целта е преку расејување различни фуражни, цветни и зачински растенија, кои имаат медоносни и репелентни својства, да се придонесе за ...

Тексасот бил измислен пред повеќе од 150 години. Директорот за дизајн на Левис, Пол О’Нил, објасни колку често фармерките треба да се перат. За странските медиуми тој објасни дека фармерките треба да се перат во студена вода за да не избледе бојата, но и циклусот на центрифугирање да не биде премногу силен. Исто така, уште еден совет – никогаш не ги сушете во машина за сушење! „Колку почесто го перете тексасот, толку посветол ќе биде“, рече ...

Словенија е најатрактивна дестинација за инвестиции во регионот, потоа Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Хрватска, а најлоша од поранешните републики на СФРЈ е Босна и Херцеговина, се вели во најновиот извештај на независниот институт Милкен, лоциран во Калифорнија, кој ја мери атрактивноста на земјите во светот за меѓународните инвеститори користејќи комбинација на економски, финансиски, институционални и регулаторни фактори. Индексот ...

Мит е дека во македонските компании мажите и жените ги имаат истите можности за лидерство на високи позиции, а факт е дека во само 21,3 отсто од компаниите во Северна Македонија имало жени во топ менаџментот на компанијата, вели Бојана Ѓорѓиева, проектен и маркетинг координатор на Алијанса за родова еднаквост презентирајќи дел од резултатите од кампањата наречена „Мит vs. Факт: Разоткривање на вистината за родовата еднаквост“ по повод ...

Во услови кога поради недостиг на снежни врнежи скијачките патеки со недели се затворени или претворени во шеталишта, македонските ски центри веќе почнаа со првични анализи за импликациите од пропадната сезона. Спротивно на сите очекувања, скијачката сезона на Маврово се покажа како уште понеуспешна од претходната која исто така беше неповолна, што во пракса значи дека на планината оваа зима имаше само 40 денови за скијање. Според извршниот ...

Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, соопштија денеска од МВР. Од изречените казни, за возење без возачка дозвола се 18, 25 мерки за некористење сигурносен појас, осум санкции за непрописно престројување на возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и ...

Во услови кога поради недостиг на снежни врнежи скијачките патеки со недели се затворени или претворени во шеталишта, македонските ски центри веќе почнаа со првични анализи за импликациите од пропадната сезона. Спротивно на сите очекувања, скијачката сезона на Маврово се покажа како уште понеуспешна од претходната која исто така беше неповолна, што во пракса значи дека на планината оваа зима имаше само 40 денови за скијање, пишува „Локално“. ...

Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од жителите на влезот на селото Крушопек, а од 10 до 15 часот дел од корисниците од улица „4“ во Сарај. Во временскиот период од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Македонско-косовска бригада“, „Никола Малешевски“ и дел од „Џон Кенеди“ бр.27 во општина Чаир. Без струја денеска од 9 до 15 часот ќе бидат и дел од жителите од улиците „2“ ...

Вчера полициските службеници во полициската станица во Драчево во период од 15 минути биле сведоци на меѓусебно пријавување за физички напад помеѓу сопруг и сопруга. „На 17.03.2024 во 13.53 часот во СВР Скопје 26 – годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг. Исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – ...

Во 1930 година, Алберт Ајнштајн смислил загатка која досега само два отсто од луѓето успеале да ја решат. Загатката се базира само на логика и нема скриени трикови. Ако сакате да ја решите загатката, концентрирајте се и почнете. На улицата има пет куќи обоени во пет различни бои. Во секоја куќа живее човек од различна националност. Секој од нив пие одреден пијалок, пуши одредена марка цигари и има домашно милениче. Никој од нив не пие ист вид ...

Јавниот превоз во Скопје одамна е проблем за жителите на Скопје. Почнувајќи од хигиената во автобусите, доцнењата и многу работи за кои скопјани постојано алармираат. Сакајќи да ја прикаже ретро атмосфера, Градска.мк преку видео од 52-тата година ќе ве носи во минатото кога јавниот транспорт во Скопје го обележувал ритамот на секојдневието. Во ова патување низ времето се прикажува како изгледале автобусите, улиците, какви возила доминираа и ...

Професионалноста на неврохирургот Венко Филипче, неговата стручност и посветеност на спасување на секој човечки живот го сведочат бројни пациенти и семејства кои судбината ги довела до болница. На Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ постојано се споделуваат сведоштва и искуства на пациенти кои изразуваат огромна благодарност до Филипче за неговиот ангажман и како министер за здравство, но и како врвен неврохирург секогаш подготвен да ...

Американскиот Стејт Департмент денеска ги стави на црна листа поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат на претстојните избори Стевчо Јакимовски. По повод означувањето, од Стејт Департментот велат дека двајцата со нивните дејствија го поткопале владеењето на правото и довербата на јавноста во демократските институции. „Како поранешен шеф на специјалното обвинителство, ...

Кога станува збор за повеќенаменскиот модуларен киоск од времето на Југославија, најчесто вниманието и фокусот го привлекува неговиот изумител, словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг (кој го создаде познатиот киоск K67). Често заборавената фигура која исто така придонесе многу за нивното иконско наследство беше македонскиот дизајнер и архитект Александар Никуљски (иако понекогаш се смета и како „Никољски“), кој дополнително го истражуваше ...

Министерството за животна средина ја прифати иницијативата за отпочнување на процесот за репрогласување на Демиркаписка клисура и околна територија, за заштитено подрачје и ја постави на својот годишен план за 2024 година. Ова беше кажано, меѓу другото, на денешниот брифинг со новинари во Скопје, организиран од Центарот за истражување и информирање за животната средина, „Еко-свест“. – Во април започнуваме со маркирање на подрачјето, студија ...

За православните верници почна повеќенеделниот голем Велигденски и чесeн пост, кој завршува со празникот воскресение на Исус Христос кој секоја година кај нас се празнува во радост и мир. Велигденскиот пост е најважниот пост за православните христијани и е подготовка за најрадосниот христијански празник Велигден, а ќе трае до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 5 мај. Велигденскиот пост трае од Прочка до ...

Сместен во идиличната северна Шкотска, живописниот приморски град Вик има богата историја како поранешно норманско село коешто гордо ја носело и титулата на едно од најпрометните пристаништа во Европа во 19. век. Овој шкотски град денес може да се пофали и со богата културна сцена – театар, уметнички галерии… Бил познат и по текстилната индустрија – некогаш имал и сопствена фабрика за волна. Покрај сѐ тоа, светската јавност уште еднаш слушна ...

Според експертите, производството на безалкохолно вино се уште не е профитабилно за многу винари, иако пазарот на безалкохолно вино во моментов значително расте. – Сè уште игра поголема улога во перцепцијата на јавноста отколку што рефлектира реалниот удел на пазарот, рече портпаролот на германското здружение на лозари, посочувајќи дека уделот на производството на базно алкохолно вино е едвај подносливо околу 0,5 отсто, пренесува германската ...

Инфлацијата во ЕУ постепено и постоја о паѓа од врвот кој г достигна во октомври 2022 година, кога беше 11,5%. Во јануари 2024 година годишната инфлација во ЕУ беше 3,1%, што е пад за 3,4% во декември според податоците на Евростат. Ваквата ситуација е во целосна спротивност на истиот период минатата година, кога стапката на инлфација беше 10%. Истовремено, годипната стапка на инфлација во еврозоната беше 2,8% во јануари 2024 година, што е пад ...

Почна реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно и негова адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик. Планираните активности на училишниот објект каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час на македонски јазик, според ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат завршени до крајот на следната година. При денешниот увид на реализацијата на проектот, Костадиновска Стојчевска рече ...

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно бележи дезинформации и говор на омраза на социјалните мрежи, а неретко и во медиумите, нагласи Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ. На социјалните мрежи, претежно на Фејсбук и Екс (поранешен Твитер) се бележи трицифрена бројка од коментари на различни објави, во кои се бележи експлицитен говор, говор на омраза, повикување на насилство, и закани со убиства и линч („народен суд“). Во дел од медиумите, исто ...

Двајца малолетници се повредени во сообраќајна несреќа кај Кичево. – На 17.03.2024 во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(31) од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од с.Махмудовци, кичевско. По несреќата ...

Денес почна едукативниот караван на ЈП Лајка, спроведуван во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје. Во рамки на оваа кампања ќе се спроведат над 20 едукации во основните училишта на територија на Скопје. Караванот започна со посета на ОУ Љубен Лапе, во Општина Аеродром, каде со учениците од шесто и седмо одделение низ презентација и отворена ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Злато

157561.16

Паладиум

55781.55

Родиум

339994.14

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Калај

48.78

Бакар

12.12