Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Цветанка и Лефтер Андонови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица. Тие, со нивната маска „Хипици“, вечер (18:30 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов тие добија медал ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот на територија на град Скопје изрече вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за непрописно прстројување, 10 мерки за користење на мобилен телефон при возење, информираат од МВР. Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...
Објектот на саспунарата „АЕРО“ била подигната во 1933 година според проектот на архитект Лујо Тунер. Основачи на фабриката биле браќата Јован и Стеван Стефковиќ, сопственици на една работилница за сапун од Врање и Стојче Стојановиќ, трговец од Скопје, роден во Бујановац, инаку ортак и раководител на стовариштето на споменатата работилница за сапун во Скопје. Фабриката за сапун “Аеро” на сопствениците Стојановиќ и Стефановиќ имала почетен капитал ...
СВР Тетово најави дека во недела од 9 до 17 часот во градот ќе има изменет сообраќаен режим поради одбележување на Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија. На градскиот плоштад во Тетово ќе биде организиран настан во организација на Министерството за одбрана. -По повод 17 март Денот на НАТО и четири години полноправно членство на Република Северна Македонија во оваа организација, на Градскиот плоштад во ...
Очекуваниот животен век на жителите на ЕУ е 80,6 години, соопшти Еуростат. Проценката е направена врз база на податоци во 2022 година, според кои животниот век на граѓаните на ЕУ е продолжен за пет месеци во однос на 2021, но е е за девет месеци покус од предпандемискиот период во 2019 година. По избувнувањето на пандемијата COVID-19, овој индикатор се намалил на 80,4 во 2020 година и на 80,1 година во 2021 година. Во 2022 година, очекуваниот ...
Регионалниот ЦУК Битола информира дека вчера во 10.30 часот, од пиротехничар на битолската ДЗС, од рудникот „Брод“ била безбедно подигната артилериска граната со калибар од 155 мм. со потекло од Првата светска војна, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. – Од пожари на отворено, во последното деноноќие има два. Еден утрово сѐ уште се води како активен, според добиените досегашни информации. Конкретно, РЦУК Велес известува дека во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови од државата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 ...
Влагата во вашата бања може да предизвика мувла на завесите од тушот и други области, како што се подот и ѕидовите. Овој проблем е уште почест во мали бањи со мала или без вентилација, но може лесно да се спречи, како и да се исчисти. Без соодветна циркулација на воздухот, влагата се задржува, создавајќи почва за спори на мувла. Дополнително, на вашите завеси од тушот може да се акумулираат органски производи како ѓубриња од сапуница и масла за ...
СВР Тетово денеска соопшти дека месецов поднеле пријава за тетовското комунално претпријатие затоа што со тоа што не го подигнале сметот и го попречувале сообраќајот. Поднесокот е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз. – Вакви поднесоци ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток низ градските улици и да ...
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена традиционалната изложба на маски што ги изработија основните и средните училишта во градот. Со изложбата почнуваат и свеченостите за годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Организатори на Карневалот се прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“. На изложбата ќе бидат прогласени и наградени најдобрите поединечни и групно изработени маски. ...
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева. „Единствен ...
За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. ...
Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака. На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори: „ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од ...
– До средината на оваа година ќе се распишат јавни повици за изградба и реконструкција на уште 70 локални патишта и улици во општините, најави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски беше на увид на градежните активности во изградбата на седум локални улици во населеното место Хиподром, општина Гази Баба. Посочи дека Министерството за транспорт и врски инвестира во сите ...
Со употреба на ноќен радар сообраќајната полиција од Тетово фатила возач кој се движел со 207 километри на час на автопатот Тетово-Скопје. Тој бил откриен во период од 20 до 22 часот, кога полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. -Едно од пречекорувањата регистрирано на автопатот Скопје – ...
Вгнезден во југоисточниот агол на Европа се наоѓа скриен скапоцен камен што чека да се истражи: Балканот. Познат по својата богата историја и разновидните култури, овој регион може да се пофали и со некои од најспектакуларните природни пејзажи на континентот. Од високи планини до длабоки езера и зелени шуми, Балканот нуди „рај“ за љубителите на природата кои бараат авантура и спокојство. Дом на огромен број планински масиви. Од нерамните врвови ...
Сум имал прилики и во Србија и во Бугарија, но проблем е таа јазична бариера. Јас зборувам српски добро, бугарски ок, ама не се мои јазици. Јас сум автор на македонски јазик, не би можел да пишувам на друг“ рече раперот Марко Маринковиќ Слаткар во утринската програма на „Слободен печат“ во соработка со „Трн.мк“. Тој додаде дека тој го живее тоа што го пишува и дека не би можел да рапува на друг јазик и дека брзо си ги „кинел“ соништата кога ќе ...
После повеќе од еден месец чистење, каналите и езерцата во Градски парк се повторнонаполнети со вода. Езерцата и каналите беа целосно испразнети и од нив се чистеа насобраните лисја, мил и наноси од отпадоци. Поткастрени се и гранките од дрвјата кои надвиснуваа во водата. Од ЈП „Паркови и зеленило, апелираат до граѓааните да внимаваат на хигиената. Апелираме до сите посетители на Градскиот парк да не фрлаат отпадоци во езерцата и да го ...
Големите африкански фабрики во Брегот на Слоновата Коска и Гана кои преработуваат какао се затвораат бидејќи не можат да си дозволат да го купат суровото растение во форма на зрно, велат трговски извори, а пренесува Ројтерс. Тоа значи дека чоколадите, чии производители веќе ги зголемија цените за потрошувачите, најверојатно ќе станат поскапи ширум светот, пренесе Ројтерс. Ваквата состојба се случува по три години лоша жетва на какаото, а се ...
Советот на Општина Бутел донесе одлука според која децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките. Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист. Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која ...
Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар-Матично ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во ...
Епидемиолозите, педијатрите и детските лекари предупредуваат дека е можна уште една опасност и да се појави епидемија од морбили. Кај нас сè уште нема регистрирани заразени од морбили, но укажувањето е поради загрижувачката состојба во регионот и случаите со заразени од морбили. „Ќе апелираме до градинките проверката на картоните да оди поинтензивно, поригорозно и во проверката да биде вклучена и вакцинацијата против морбили. Имаме шанса да го ...
Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е најстудено, – 3 степени, а натопло во Гевгелија пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа ...
Пациентите со мултипла склероза се соочуваат со недостаток на лекови веќе втора недела поради доцнење на постапките од тендерот. Иако техничките работи околу тендерот се завршени, според процедурите се очекува терапијата, поточно инекциите „копаксон“, да стигне до крајот на месецот. -Постапката е во тек, проблемот со доцнењето на тендерот настана поради промена на економскиот директор и ние направивме се што можеме да ја забрзаме процедурата. ...
Во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е најстудено, – 3 степени, а натопло во Гевгелија пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа ...
Во просториите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција. Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје. Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, а на истата ќе се понудат предлози за натамошно ...
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното обраќање во Советот на Град Скопје потенцираше дека единствено нешто за кое се заинтересирани советниците од ВМРО-ДПМНЕ е паушалот од 500 евра. Таа посочи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја оправдаат довербата на граѓаните и во Советот да гласаат за проектите и програмите во интерес на оние кои што ги гласале тие ја злоупотребуваат говорницата за популизам. „Градоначалникот ...
Фотографија од виножито над мурал во Скопје го симболизира будењето и доаѓањето на пролетта. Станува збор за дело на Нина Симовска со наслов „Будење“ кое реализираше во рамките на кампањата „Почувствувај ја моќта на инспирацијата“ со која dm дрогерие маркетите одбележуваат јубилејот од 10 години постоење на македонскиот пазар. Портретот е насликан со свежи бои што го означуваат будењето на природата, а истовремено целата композиција означува ...
„Далма фуд и кетеринг сервис“ е задолжена за исхраната на македонската војска, потврдува договорот потпишан на 26 февруари годинава. На веб страницата е-набавки може да се најде договорот што Министерството за одбрана го потпишало со оваа компанија, вреден 6 милиони евра за една година. Договорот ги содржи сите поединости, при што интересен е начинот на исхрана на македонските војници. Не е стандардната слика што повеќето од нас ја имаат во ...
Во СВР Тетово во текот на вчерашниот ден биле регистрирани шест пријави од граѓани кои биле повредени при напад од бездомни кучиња. Повредени се четири малолетници, како и двајца мажи на 44 и 54 години. – Три од пријавите се за напади што се случиле на улицата „Љубо Божиновски-Пиш“, и по еден на улиците „Јордан Златаноски“, „Михајло Раичевиќ“ и „Димо-Гавроски-Кара“, информираше СВР Тетово. Градоначалникот Биљал Касами кој денеска беше дел од ...