Во Белград гори голем трговски центар. Станува збор за таканаречениот кинески трговски центар. Во тек е евакуација на сите луѓе бидејќи се стравува од експлозии на плински боци. Пожарот избувнал нешто пред седум часот. Огнот голта сѐ пред себе, пишува Телеграф. Со пожарот се борат три хеликоптери и многу пожарникари. Според Телеграф, има над 50 пожарникари и 15 возила. Огромен црн чад се издигна над градот. Полицијата ги евакуира сите што се ...

За време на зимските температури, кои често можат да бидат под нулата, освен на сопственото здравје, треба да внимавате и на здравјето на вашите крзнени пријатели. Додека шетањето на вашето куче на студ е генерално во ред, сепак ќе треба да преземете дополнителни мерки на претпазливост кога излегувате во најстудените денови. Експертката Лорна Винтер, советува на која температура е премногу студено за да го шетате вашето куче на отворено, пишува ...

Научниците од Политехничкиот институт Ворчестер (WPI) направија значаен чекор кон нивната визија за развој на материјал кој ја отстранува уреата од водата и има потенцијал да ја претвори во водороден гас. Истражувањето го води професорот по хемиски инженеринг Сјаовеи Тенг, кој претстави ветувачко решение за долгогодишниот предизвик во електролизата на уреа. Уреата е вообичаено земјоделско ѓубриво богато со азот, а исто така е нуспроизвод на ...

ИПА е еден добар инструмент кој има за цел да помогне на државата и да вложи таму каде што државата се уште не е во полн капацитет да вложи и сама да финансира некои процеси од својот државен буџет порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на конференцијата „Година на европски можности“. „Фокусот на ИПА е примарно на инфраструктура, животна средина и реформски процеси исто така, меѓутоа и за развој на малите и средни претпријатија, ...

Во декември 2023 година, со одлука на Влада, одвоивме четири милиони евра за дополнителни пет градинки во скопските општини кои имаат најголем проблем со капацитетите во градинките, започнуваме со градба на градинки во Карпош, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода за да обезбедиме и децата од овие општини да се вклучат во предучилишно образовани, посочи денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на конференцијата ...

Пишувањето пораки додека возите е тешко, опасно и нелегално, но „Google“ сака да ја искористи моќта на вештачката интелигенција за да им овозможи на возачите побезбедна опција. Најновата верзија на оперативниот систем на автомобилот, „Android Auto“, ќе ги сумира и ќе одговара на текстуалните пораки за возачот. Надградбите беа најавени за време на претставувањето на серијата телефони на „Samsung Galaxy S24“, а „Google“ тврди дека новите функции ...

Синоќа околу 20.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик. Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило ...

Градот Лос Анџелес започна годишен попис на бездомните лица за да се утврди колку луѓе се бездомници и каква помош им е најпотребна. Овогодинешниот тридневен попис доаѓа во време на засилено јавно незадоволство поради неуспехот на локалните власти да ги решат проблемите на луѓето кои живеат на улица – во автомобили, шатори и картонски засолништа. Пописот од 2023 година покажа дека округот Лос Анџелес има 75.500 бездомници, што е девет отсто ...

Кинеската имотна криза ја повлече економијата, доведе до масовни отпуштања и ги доведе компаниите вредни милијарди долари на работ на банкрот, пишува „Wall Street Journal“. Економистите очекуваат влошување на ситуацијата. Продажбата на новоизградените куќи во Кина падна за 6 отсто минатата година, враќајќи се на ниво што не е забележано од 2016-та година, покажаа податоците на Кинеското биро за статистика. Цените на становите на секундарниот ...

Прекрасниот поглед на Северното Море, живописните крајбрежни села, како и интересните нешта кои се среќаваат на патот се некои од добрите причини зошто треба да патувате со трамвај, доколку се најдете во Белгија, пишува „Пункуфер“. Ако некогаш сте се запрашале каде е најдолгата трамвајска линија во светот, Гинисовата книга на рекорди го има одговорот. Белгиската трамвајска линија „Кустрам“, која превезува патници долж фламанскиот брег на ...

Серија фотографии и снимки на кои се гледа Ајфеловата кула во пламен и чад се проширија низ различни социјални мрежи во изминатите неколку дена. Но, набрзо се установило дека се работи за лажни фотографии и снимки и дека пожарот не влијаел на туристичката атракција. ฝรั่งเศส ลุก เป็น ไฟ แล้ว ครับ ♬ เสียงต้นฉบับ – PID เหินฟ้าแห่งแสงสว่าง На официјалната веб-страница на Ајфеловата кула не се објавени извештаи за пожарот, а билетите за ...

Меѓународниот аеродром Скопје лани забележал близу 2,9 милиони патници, што го прави петти најпрометен во регионот. Од аеродромите во земјите од поранешна Југославија, најмногу патници во 2023 година имал белградскиот 7,95 милиони, втор е Загреб со 3,72, на трето место е аеродромот во Приштина со 3,42 милиони, а четврти е Сплит со 3,59 милиони патници, објави специјализираниот сајт за авијација „Exyuaviation“. Низ комерцијалните аеродроми во ...

Се гради затворениот базен во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Се започна со интензивна работа на затворениот базен кој е на локација на поранешна ЛаЛуна. Базенот ќе биде со димензии од 25/9 и длабочина од 1.20 метри и истиот првенствено ќе се користи за децата од основните и средните општински училишта, но и рекреативно ќе можат да го користат и сите останати граѓани, соопштија од ...

Проектот “Образование за сите” успешно се реализира веќе шеста година по ред. Целта е да им обезбедиме лични асистенти на децата со посебни образовни потреби што ќе го следат нивниот процес на образување и нивно целосно вклопување во образовниот систем. Јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби е во тек и ќе трае до крајот на неделавa, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во ...

Во рамки на засилената акциска контрола на територијата на Македонија полицијата вчера санкционираше 176 возачи кои управувале со возила со брзина поголема од дозволената. Од нив, како што соопшти МВР, девет возила се движеле со брзина над 11 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 103 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 73 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните ...

Корисник кој барал информации за својот пакет бил шокиран кога четботот излегол од контрола. Вештачката интелигенција, или чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, сè повеќе се користат како поддршка за клиентите. Ваквите чет-ботови се обучени за голем број вистински разговори што агентите за услуги на клиентите ги имале со луѓе за да можат да одговорат на повеќето прашања и понекогаш е навистина тешко да се препознае дека луѓето имаат ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 62-годишниот З.Ч. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на лични податоци“ и против 52-годишниот Ш.А. од Тетово поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на лични податоци“, „фалсификување исправа“ и „давање лажен исказ“, извести МВР. „Првопријавениот, на ...

Часовникот на апокалипсата или судниот ден и годинава, како и минатата, е на 90 секунди од полноќ, што симболично го означува крајот на човештвото, објави непрофитната организација „Билтен на атомски научници“ која секоја година ги приспособува стрелките во согласност со случувањата во светот. Организацијата соопшти дека светот се наоѓа во момент на историска опасност и оти застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат кон глобална ...

Политички преседан и некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за телевизијата Алсат-М, во врска со опструкциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивното неприфаќање на Талат Џафери за премиер на техничката Влада. „Или се согласувате, или не се согласувате на техничка Влада. Можете да кажете не сакаме да даваме воопшто луѓе, но не може да го спориш предлогот кој според Законот за оваа ...

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо. Во 2023 година, вкупно 49 милијарди евра се слеаа во проекти кои преземаат акција за климатските промени и одржливоста на животната средина. Во претходната година таа суме беше 38 милијарди евра, пренесе ДПА. – Со 349 милијарди ...

Вчера, во 9.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а ...

Од „Зелен хуман град“ сметаат дека граѓаните не треба да дозволат овој циркус во Советот да продолжува секоја година, па ги повикаа да се активираат и директно да се вклучат во работата на институциите. Не престануваат реакциите во јавноста по случувањата во Советот на Град Скопје, кога во еден ден се одржаа две вонредни седници под притисок на синдикатите од ЈСП, кои бараа субвенции за да им се исплати декемвриската плата. По жестоки ...

Во Тетово викендов наврна највисоката снежна покривка зимава, што заедно со мразот и таму каде што останаа неисчистени тротоари и улици резултираше со триесетина повредени граѓани, кои движејќи се пеш се лизнале и паднале. Во саботата речиси целиот ден врнеше снег, па се создаде покривка од десетина сантиметри. Во ноќните часови и температурите паднаа под нулата, додека во неделата немаше нови врнежи. – Има зголемување на бројот на повредени од ...

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а ...

По синоќешниот прв работен ден на новиот директор на МКЦ музичарот Бени Шаќири во директорската канцеларија настанал проблем, бидејќи сега веќе поранешниот директор детективот Никола Алексов не сака да го напушти столчето. Алексов уште при приемот на Шаќири негодувал со образложение дека тој не е разрешен од функцијата и нема зошто да си оди, пишува НоваТВ. Градоначалничката Данела Арсовска, Алексов го назначи за за в. д. директор на 18 јануари ...

Зголемен број на случаи регистриран е во Одделението за ортопедија при Општата болница со проширена дејност во Дебар, по обилните снежни врнежи и голомразицата. – Само во последните два дена имаме 20 случаи со трауми, лица кои при пад се здобиле со набиеници. Во исто време имаме и 10 случаи со фрактури-скршеници на рамо, рака, нога. Дадена им е соодветна услуга а дел од оние се транспортирани и во Специјалната болница за ортопедија и ...

Морган Рибеиро (20), која со години била малтретирана поради својот изглед, почина во Белград по неуспешната операција за намалување на стомакот во Турција. Таа починала во Белград откако и се слошило во авионот додека се враќала дома На Морган и се слошило во авионот додека со своето момче Џејми се враќала дома од Истанбул. Авионот принудно слетал во Белград, каде било откриено дека има инфекција и дека ѝ е исечено тенкото црево при операција ...

Три жени пријавиле дека биле каснати од кучиња изминатото деноноќие. Вчера во скопското село Студеничани триесет и деветгодишна жена била касната од бездомно куче. „На 22.01.2024 во 17.15 часот во Полициската станица Драчево, М.С.(39) од с.Студеничани, скопско, пријавила дека во с.Студеничани била касната од куче скитник“. Пеесетгодишна скопјанка била касната од куче во Карпош. „На 22.01.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, ...

За време на ископувањата кај замокот Кибург, близу Цирих, Швајцарија откриена е оклопна витешка ракавица од 14 век во исклучително добра состојба, пишува „Свисинфо“. Како што пренесува одделот за инфраструктура на Цирих досега се пронајдени само пет вакви ракавици од 14 век. Некои од металните делови на ракавицата, за заштита на прстите, целосно ја избегнале корозијата, благодарение на што специјалистите можеле лесно да ги препознаат ...

Останува гарантираната цена за ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи Владата на денешната седница донесе Одлука да се продолжи ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
85%
1017
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1017
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.85
91%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1010
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.34
96%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
81%
1014
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Родиум

255598.44

Цинк

3.22

Калај

40.49

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Сребро

1876.20

Бакар

10.96

Иридиум

145787.60

Злато

134976.58

Кобалт

58.42

Платина

52864.82