Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Дваесетгодишен француски државјанин е пронајден без знаци на живот во раните утрински часови, на лежалка на плажа во Ксамил. „Телото на жртвата, Мигел Мендес, на возраст од околу 20 години, е пронајдено утрово во 5:15 часот. Постојат основи на сомнение дека бил избоден со нож, од страна на Сократ Вата, на возраст од 29 години, од северниот албански град Хас, кој веднаш по инцидентот избегал, стои во полициското соопштение. Полициските служби ...
По повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и чествувањето на Св. Јоаким Осоговски – патрон и заштитник на Крива Паланка, Општина Крива Паланка подготвува голем музички спектакл на Градскиот стадион. На 29 август, на една сцена ќе настапат три големи музички имиња – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар – во вечер исполнета со најголемите хитови, силни емоции, врвна енергија и атмосфера за паметење. Музичката вечер ќе ја ...
Хрватската писателка и новинарка Ведрана Рудан почина денес на 77-годишна возраст. Тажната вест ја потврдија извори блиски до неа, откако утрово на нејзиниот профил на Фејсбук беше објавено дека таа заминала во област без сигнал. – – На официјалната страница на Фејсбук на хрватската писателка и новинарка беше објавена кратка порака. „Ведрана замина во област без сигнал“, беше објавено на официјалната веб-страница. Ведрана Рудан, хрватска ...
Започна исплатата на парите од повратот на дел од ДДВ преку апликацијата „Мој ДДВ“, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им легнуваат на трансакциските сметки. Станува збор за редовната исплата за вториот пресметковен период за месеците април, мај и јуни. Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги префрлаат средствата на сметките на корисниците кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Согласно законските рокови, ...
Македонија и официјално го потврдила своето враќање на Евровизија, дознава 4news.mk Бугарскиот крајбрежен град Бургас ќе биде домаќин на претстојниот Избор за песна на Евровизија 2027, каде што се очекува рекордна конкуренција. Според најавите на градоначалникот на Бургас, Димитар Николов, на сцената следната година ќе настапат претставници од повеќе од 40 држави. „Повеќе од 40 држави, рекорден број земји, ќе учествуваат следната година“, ...
Швајцарскиот Федерален управен суд ја потврди одлуката за протерување на 35-годишен државјанин на Македонија, поради неговата наводна поврзаност со поддршка на терористичката организација „Исламска држава“. Според судската одлука, швајцарската Федерална полициска служба (Fedpol) уште во 2022 година наредила негово протерување, откако бил оценет како радикализирано лице. Тој, според наводите, преку социјалните мрежи ширел пропаганда поврзана ...
Негувателки во градинки во скопската населба Хром, како и во Берово биле пријавени за насилство врз дете, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во првиот случај, мајката пријавила дека детето било удрено од негувателката, а во друиот негувателката згазнала на прстот од раката на детето. „Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето ...
“Нај” економијата во Европа, вчера власта ја аргументираше преку одговор на нарачано прашање за инфлацијата, а денес ја поткрепуваат со серија “самосмислувачки” текстови. Најдобар демант, власта доби од власта. Цените на горивата у плафон. Тие цени, за кои власта нѐ уверуваше дека ќе се намалат. Ама да бидеме искрени не кажаа која година… ФБ став на Јани Макрадули “Нај” економијата во Европа, вчера власта ја аргументираше преку одговор на ...
Вчера околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријави дека во двор од неговата куќа во с.Батинци, скопско, бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С., по што Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезна врата, а С.С. со остар предмет им нанел расекотина на пријавителот и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера околу 20:00 часот во СВР Скопје И.М.(41) пријави дека во двор од неговата куќа во ...
На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...
Покачениот холестерол може да помине незабележано со години бидејќи обично не предизвикува јасни симптоми. Затоа фармацевтите предупредуваат дека е важно редовно да се проверуваат неговите вредности, особено кај луѓе кои имаат зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Како холестеролот ги оштетува артериите? LDL, честопати наречен „лош“ холестерол, го носи холестеролот низ крвотокот. На телото му е потребен холестерол, но проблемот се ...
Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека во саботата починал третиот пациент од западнонилска треска од едно од афектираните места. Станува збор за 61-годишен пациент, кој имал и неколку други заболувања. „Во саботата почина третиот пациент, 61-годишен, од едно од афектираните места. Има шест критични пациенти“, изјави Клековски. На прашањето дали починатиот пациент имал и други заболувања, односно коморбидитети, министерот ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 скокаат за 4,50 денари за литар, согласно најновата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати. Со новото поскапување, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 91,50 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 достигнува 93,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 6,50 денари за литар, со што новата малопродажна цена достигнува 98 денари за литар. Новите цени се повисоки ...
Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонски „Спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера. Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси го освои најголемиот трофеј во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека тоа било круната на неговата кариера. На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè ...
Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога пензиите се зголемуваа за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално, објави 4news.mk Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и ...
ЈП „Комуналец“ Крива Паланка со нов контакт за пријава на дефекти по 15 часот ЈП „Комуналец“ Крива Паланка ги информира граѓаните дека доколку не успеат да добијат контакт со Секторот за водовод и канализација за пријава на дефект, недостаток на вода или поплака, можат да се обратат директно кај лицето за контакт на резервоарот. Од претпријатието посочуваат дека оваа можност е достапна и по 15 часот, на телефонскиот број 075/233-675. Од ...
Музичката ѕвезда Неда Украден го прослави својот 76-ти роденден и уште еднаш го потврди својот статус како една од највиталните и најценетите дами на шоу-бизнисот. View this post on Instagram A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden) Позирајќи покрај морето во лежерен црн фустан со син костим за капење видлив под него, Неда Украден им испрати на своите следбеници емотивни зборови на благодарност. „Уште една година, а во моето срце има ...
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра. „Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко тело, е тоа што и оние минимални права кои законски им следуваат на ...
Лутата храна честопати добива лоша репутација поради чувството на печење што го предизвикува, како и можните стомачни тегоби што може да ги предизвика. Сепак, научниците посочуваат дека некои лути зачини можат да имаат бројни позитивни ефекти врз здравјето. Добивајте вести на Viber Од подобра контрола на телесната тежина до потенцијална заштита на кардиоваскуларниот систем, ова се само некои од ефектите. Лутата и зачинета храна имаат ...
Родители со романско потекло возеле околу 100 километри низ Италија, не знаејќи дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Тие во текот на патувањето мислеле дека тој спие, објави „Corriere della Sera“. Трагедијата се случила во неделата околу 7:30 часот на автопатот А21, на делницата меѓу Торино и Пјаченца, во близина на излезите Кастеџо и Вогера. Таткото бил зад воланот, мајката седела до него, додека ...
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич, објави 4news.mk Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите. Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, ...
„Минатата ноќ, на планината, зимата пристигна во лето“, напиша Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи по гала-вечерта што ја приреди за семејството и пријателите во Котор, одбројувајќи ги деновите до премиерата на документарниот филм „The Wolf in the Winter“. Фотографиите од незаборавната забава на едно од најубавите места на јадранскиот брег го обиколија светот, а покрај славниот тенисер и добро расположeните гости, посебно внимание привлече и ...
Европскиот пазар на труд се соочува со сериозен недостиг на работна сила, а најбараните професии не се оние поврзани со вештачката интелигенција и дигиталните технологии, туку техничките занимања. Според анализа на BestBrokers, базирана на податоци од Евростат и европската мрежа за вработување EURES, работодавачите во Европа објавиле повеќе од 10 милиони слободни работни места во периодот од април 2025 до март 2026 година. На врвот на листата ...
„Во Гостивар видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат ‘на здравје’ и дека е ‘многу вкусна’. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе“, велат од СДСМ. „Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово. И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност – циркус. ...
Во Скопје е регистриран нов смртен случај поврзан со западнонилската треска. Почина 72-годишен маж кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кај кого се развила клиничка слика на менингитис. Ова е втор смртен исход поврзан со вирусот во рок од една недела. На Инфективната клиника моментно се лекуваат 24 пациенти, а неколкумина се на механичка вентилација, објави 4news.mk Пред неколку дена почина и 83-годишен жител на Скопје, ...
Непријатен инцидент се случил во текот на завчерашниот ден во близина на Прилеп, кога сопственик на штала физички ги нападнал и ги спречил пожарникарите да го изгаснат пожарот што го зафатил неговиот објект. Според информациите, првите двајца пожарникари кои пристигнале на терен со помало противпожарно возило биле нападнати од сопственикот, кој нервозно се приближил, ги буткал во градите и физички ги отстранувал за да ги спречи да продолжат ...
Петнаесетгодишник од Охрид е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на улицата „Јабланица“ во Охрид. Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 13 август во 14:40 часот во СВР Охрид, а во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.Ј. од село Калишта, Струшко, и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид. Во несреќата ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за локално невреме следено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град. Според објавената карта на УХМР, нестабилните воздушни маси ќе зафатат поголем дел од територијата, со исклучок на регионите на Скопје, Куманово, Крива Паланка, Тетово и Гостивар. Максималните дневни температури низ државата ќе се движат ...
Роби Вилијамс откри дека неодамна му е дијагностициран аутизам и вели дека тоа му помогнало подобро да разбере некои од неговите модели на однесување. Пејачот, кој претходно зборуваше за ADHD, анксиозност и проблеми со зависност, зборуваше за својата нова дијагноза на промоцијата на неговата модна колекција Hopeium. Вилијамс рече дека сфаќањето дека е аутистичен му донело извесно олеснување бидејќи сега може да ги види некои работи што ...
Повеќе од три децении, Хали Бери е меѓу најпрепознатливите лица во Холивуд, докажувајќи дека зад славата стојат талент, амбиција и импресивна професионална биографија. Родена во Кливленд, Охајо, во 1966 година, таа започнала како модел пред постепено да се сврти кон глумата. Нејзиниот голем пробив се случил во 1990-тите со улоги во филмови како „Бумеранг“ и „Сенаторот“, а нејзиното портретирање на девојката на Бонд Џинкс во „Не умирај денес“ ...