Иако е тешко да се одолее на топлите, крцкави помфрити свежо извадени од фритезата, претерувањето со ова омилено јадење може да има сериозни последици. Поточно, луѓето што јадат помфрит три пати неделно имаат до 20% поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, додека овој ризик се зголемува дополнително кај оние што консумираат пржен компир пет пати неделно. Сепак, ризикот не се однесува на други начини на подготовка на компири. Варените, ...

Македонската репрезентација синоќа разочара играјќи без голови на пријателската со Латвија, но селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на фудбалерите. „Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра ...

Колумбискиот претседател Густаво Петро ги осуди нападите на САД врз бродови во Карипското Море, додека Пентагон најави нова операција за борба против трговците со дрога. Во интервју за NBC News, Петро не ги штедеше зборовите кога го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп. „Тој е варварин“, рече Петро во извадоци емитувани во четвртокот. „Тој сака да нè исплаши“, додаде. Колумбискиот претседател не ја исклучи можноста дека некои од ...

Швајцарското сирење Le Gruyère (гријер) беше прогласено за најдобро во светот за 2025 година на 37. издание на Светските награди за сирење (World Cheese Awards - WCA) што се одржаа во Берн. Жирито беше составено од 265 експерти за сирење од целиот свет. Во рок од неколку часа, секој од нив дегустираше најмалку 40 сирења. Тие беа воодушевени од гријер произведено од Bergkäserei Vorderfultigen во Западна Швајцарија. Пиус Хиц, производител на ...

Кристијано Роналдо имаше кошмарна ноќ синоќа во поразот на Португалија на гости кај Ирска, а во таа прилика доби директен црвен картон, што доведе до пресметка со домашните навивачи. Роналдо, кој беше исклучен за прв пат во 226 настапи за Португалија, самиот беше виновен за сцените кои му ги приредија Ирците. Португалија загуби со 2:0, а за да биде уште полошо за Роналдо, му беше покажан црвен картон поради кој може да ги пропушти првите два ...

Наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени. Времето во наредните денови Денеска и во ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 8:00 до 11:00 часот корисниците од ул. „Павле Божинов“ (Општина Гази Баба); · во периодот од 8:00 до 12:00 часот корисниците ул. „28“ и ул. „30“ од с. Белимбегово (Општина Илинден); · во периодот од 8:00 до 13:00 часот корисниците ул. „Мирче Оровчанец“ (Општина Центар); · во периодот од 8:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. „Петар ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради изведување приклучок на улицата „Александар Урдаревски“ бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата „Александар Урдаревски“, во Општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. Исто така информираат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улицата ...

Истражувањата покажале дека на жените во хетеросексуални врски им треба повеќе време да постигнат оргазам во споредба со мажите. Сепак маратонскиот секс не е гаранција за оргазам, ни за мажите, ни за жените. За жал, ако мажот не постигне оргазам, партнерката најчесто тоа го сфаќа лично и мисли дека таа е „лоша во кревет“. Искрената комуникација е многу важна во секој сегмент од врската, па така и во сексот. Затоа, бидете искрени со ...

Истанбул е прогласен за најпосакуван град во Европа на доделувањето на наградите Wanderlust Reader Travel Awards 2025. Градот ја освои златната награда на церемонијата одржана вчера во Националната галерија во Лондон. Истанбул, исто така, ја освои сребрената награда во 2024 година. „Магнетизмот на Истанбул од Исток и Запад го доведе до златната награда“, објави списанието Wanderlust. Исто така, се истакнува дека овој град ја комбинира ...

Африка се соочува со најлошата епидемија на колера во последните 25 години, соопштија во четвртокот Африканските центри за контрола и превенција на болести (CDC), наведувајќи ги лошите системи за водоснабдување и конфликтот како главни причини за проблемот. Африканскиот CDC објави дека регистрирал речиси 300.000 потврдени и сомнителни случаи на колера и повеќе од 7.000 смртни случаи. Бројките покажуваат дека бројот на случаи на колера во ...

Нашите секојдневни навики имаат поголемо влијание врз здравјето отколку што мислиме. Ако се храниме урамнотежено, редовно вежбаме, доволно спиеме и знаеме како да го управуваме стресот, повремена брза храна нема да ни наштети. Но, ако поголемиот дел од времето живееме нездраво, ни еден „добар ден“ тоа не може да го надокнади. Добра вест е дека никогаш не е доцна за промена, кардиолозите истакнуваат дека постои едноставен, пријатен и ефикасен ...

Анксиозноста не е резервирана само за возрасните. И децата можат да ја доживуваат, но често на многу суптилен и прикриен начин. Повремена нервоза е нормален дел од растењето, но скриената анксиозност може сериозно да влијае на детскиот сон, училишниот успех и односите со врсниците. Многу деца вешто ги кријат своите грижи зад насмевка, молк или тежнење кон совршенство, што им го отежнува на родителите препознавањето на проблемот. Затоа е важно ...

Поранешниот тренер на Интер и италијанската репрезентација, Роберто Манчини (60), е нов тренер на катарскиот клуб Ал Сад, со кој потпиша договор на две и пол години, соопшти клубот. Италијанецот се враќа на работа повеќе од една година откако ја напушти функцијата во саудиската репрезентација. Манчини ја презема шестата екипа во катарското првенство, со 14 поени од девет натпревари, осум помалку од водечкиот Ал-Гарафа. Најуспешниот период на ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план. Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ. „Трајановски е човек кој долго време му е посветен на СДСМ, а неговата ...

Астрологијата открива како 2026 година, годината на Црвениот Огнен Коњ според кинескиот хороскоп, ќе ги промени животите на сите знаци на Зодијакот. Симболот на претстојната 2026 година, според кинескиот календар, ќе биде Црвениот Огнен Коњ. Овој знак на хороскопот е познат не само по својата брзина и енергија, туку и по својата решителност, како и желбата за слобода и независност. Се верува дека годината управувана од Коњот може да донесе ...

Дознајте кој метод можете да го користите за правилно одмрзнување на пилешкото во рекордно време. Одмрзнувањето на пилешкото може да биде вистинска главоболка, особено кога брзате и сте заборавиле да го извадите од замрзнувачот на време. Сепак, постои едноставен и безбеден начин да го подготвите месото за готвење, без да изгуби на вкус и квалитет. Ладна вода – брз и сигурен трик Еден од најефикасните методи е одмрзнување во ладна вода. ...

Цигарите порано беа повеќе од само навика. Тие беа стил, став и „индикатор“ дека припаѓате во светот на возрасните. Денес, тоа е приказна што полека бледнее. За идните возрасни генерации, цигарите повеќе не се знак на зрелост, туку навика што многу го оштетува имиџот на една личност. До пред околу десет години, кутија цигари беше речиси задолжителен додаток во општеството. Паузите на работа, „паузите“ помеѓу предавањата, излегувањата, ...

Поминаа повеќе од три години откако најновата игра Gran Turismo беше објавена за PlayStation 5, а Polyphony Digital оттогаш редовно испорачува ажурирања и содржина за преземање. Сепак, студиото сега се подготвува да лансира едно од своите најголеми ажурирања досега, а тоа ќе чини многу. DLC-то Power Pack излегува на 4 декември, носејќи некои значајни нови функции. Покрај 50 нови трки и 24-часовна трка на издржливост, најновото ажурирање ќе ја ...

Златан Ибрахимовиќ играл и освојувал трофеи во речиси секоја голема европска лига. По завршувањето на кариерата, легендарниот Швеѓанец се осврна на своето богато искуство и ги спореди стиловите на фудбал во земјите во кои играл. Ја започна својата кариера во Малме, Шведска, а потоа се етаблира во Ајакс. Набрзо пристигна во Италија, прво во Јувентус, потоа во Интер, а потоа во Милан. Играл и за Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и ...

Столе Димитриевски без да извртува зборуваше како гостин во „Лазаров поткаст“. За вербалните препукувања со Винисиус Жуниор, понудата од Саудиска Арабија, за неуспешниот договор со Барселона, но и за тоа зошто не брани во Валенсија, каде што пристигна како еден од најдобрите голмани во Примера. Минатата сезона, македонскиот репрезентативец беше на теренот само 9 натпревари, што доведе до тоа да остане без поголем бонус што го следувал ако ...

Квантните сателити традиционално се користат за испраќање фотони од вселената до Земјата за да се формираат ултрабезбедни комуникациски канали. Тим научници откри дека е можно да се направи спротивното. Уште во 2016 година, Кина го лансираше квантниот сателит Micius, кој овозможи пионерски експерименти во квантната енкрипција базирана на вселената. Оваа година, микросателитот Jinan-1 успеа да воспостави квантна врска од 12.900 километри ...

Медот е природен производ што се користи во исхраната и традиционалната медицина. Неговите нутритивни вредности, како и антивоспалителните и антиоксидантните својства, ја прават оваа „слатка“ супстанца интересна за секојдневна употреба. Но, што навистина се случува во телото ако секој ден јадеме една лажица мед? Медот содржи природни шеќери, витамини, минерали, ензими и антиоксиданти, кои може да придонесат за подобрување на здравјето на ...

Не сите навивачите навиваат за некој клуб или играч, некој навива и за судија, верувале или не. Германскиот судија Патрик Итрих доживеа несекојдневна ситуација откако еден навивач на мечот Хофенхајм - Лајпциг во неделата вадеше порака напишана на хамер посветена на главниот судија. По мечот Итрих отиде до трибината кај навивачот со намера да му се потпише на хамерот, но му текна многу подобра идеја - да му го даде дресот, и тоа потпишан. ...

Backbone штотуку лансираше нова Pro верзија на својот Xbox контролер. Backbone Pro Xbox Edition изгледа како подобрување во однос на постоечкиот One контролер во речиси секој поглед. И натаму станува збор за USB-C куќиште кое се поставува околу телефон или сличен уред, но самиот контролер сега е повеќе во согласност со вистински Xbox гејмпад. Има џојстици во полна големина, активирачи со Hall ефект и две копчиња што се прилагодуваат на ...

Светскиот ден на љубезноста се слави меѓународно на 13 ноември. Основан е во 1998 година на иницијатива на Светското движење за љубезност и денес се слави во бројни земји како потсетник за важноста на љубезноста и меѓусебното почитување меѓу луѓето. Се слави во многу земји, вклучувајќи ги Канада, Јапонија, Австралија, Нигерија, Саудиска Арабија, Индија, Италија, Сингапур и Обединетото Кралство. Светскиот ден на љубезноста е воспоставен за да ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено доцна во средата изјави дека се надева оти Вашингтон нема да преземе акции што би го ескалирале конфликтот во Украина, објави Reuters. Лавров рече дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време се залага за дијалог со Русија, се обидува целосно да ја разбере позицијата на Русија во врска со Украина и покажува посветеност на наоѓање трајно мирно решение. ...

Предијабетесот е состојба во која нивото на шеќер во крвта е покачено, но сè уште не е доволно високо за да се дијагностицира дијабетес тип 2. Оваа состојба може да помине незабележано долго време, но постојат знаци во телото и во однесувањето кои можат да укажуваат на ран проблем. Раното препознавање на овие симптоми може да помогне во спречувањето и одржувањето на здравјето. Еден од најчестите индикатори за предијабетес е вишокот маснотии ...

Алжирската репрезентација, која веќе обезбеди пласман на Светското првенство 2026, продолжува со својот план за засилување на тимот за претстојните предизвици. Откако во септември се засили со нов голман, Лука Зидан од Гранада, син на легендарниот Зинедин Зидан, сега фокусот се префрла на нови засилувања. Најновиот член на Алжир е Елиас Бенкара, 18-годишен стопер од вториот тим на Борусија Дортмунд, кој претходно играше за младинската ...

Манфред Хухтхаузен изјави за германскиот весник Bild дека неговото семејство отсекогаш се сметало за долгогодишен жител на селото Ферште, во округот Остероде ам Харц во Централна Германија. Селото е дом на 1.700 луѓе. Никој не очекуваше дека историјата на семејството Хухтхаузен ќе оди подалеку од црковните записи и семејните дрвја. Всушност, корените на семејството се проследени три илјади години наназад. Предците на Манфред во доцното ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
999
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
66%
998
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.76
100%
1003
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.26
83%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
6.17
58%
998
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
88%
1002
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
5.66
92%
999
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
62%
1007
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Злато

157561.16

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Кобалт

64.04

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78