ЉУБОЈНА, една од најавтентичните македонски музички групи, оваа година прославува 25 години постоење и ја започнува 2026-та со ново големо целовечерно концертно издание во Скопје за одбележување на четврт век творештво во својот препознатлив манир кој ја позиционира групата во еден од водечките музички брендови на Македонија. Јубилејниот концерт на Љубојна ќе се одржи на 29 март со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Филхармонија. ...

По десетината протести кои се случија изминатите два дена насочени кон доследната примена на новинте законски измени, следеа повеќе објаснувања за тоа како и зошто полицијата може да одземе возило. Првиот услов за одземање возило е доколку лице управува возило без стекнато право на возачка дозвола. Возењето без дозвола е кривично дело. Но, одземањето е привремено, додека затоа дали трајно ќе му биде одземено возилото на сопственикот, зависи ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека случајот со петте тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, е сериозен случај и оти очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана. – Тоа е еден сериозен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада која ги доведе ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога. Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите. Дел од медиумите веќе објавија дека станува збор за заплена на околу 30 тони марихуана, односно дека синоќа имало полициска опсада на ...

Кривични пријави за 11 возачи, управувале возило без положен возачки испит или со изречена забрана за возењe, информира МВР. Ова се возачите, кои добиле кривични: -На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај ...

Изминатата недела до Институот за јавно здравје (ИЈЗ) пријавено е едно починато лице од со грип. Се работи 62-годишен маж од Тетово кое било хоспитализирано на Инфективното одделение Клиничката болница од Тетово. „Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3)“, соопшти ИЈЗ. Охрид, Дебар и Гевгелија се градови со најолем број на ...

Институтот „Биосенс“ во Нови Сад утре ќе отвори амфитеатар што ќе го носи името на Васко Саздовски, кој загина при падот на бетонската настрешница на зградата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година. Саздовски докторирал на Универзитетот Кренфилд во Велика Британија и, во кариера долга повеќе од 20 години, се занимавал со роботика и автономни системи во институции во Северна Македонија, Германија и Хрватска, а потоа и во ...

Во Основниот суд во Штип денеска со сведочење на лекар, обвинетиот и завршните зборови на одбраната и обвинителство заврши судењето на Стојанче Зарков, кој е обвинет дека во август минатата година ја убил својата 84 годишна мајка Марија Заркова. Зарков беше познат штипски угостител. Обвинетиот на денешното судско рочиште и даде исказ дека не се сеќава дали тој ја убил својата мајка или не. Пред судот изјави дека тој ден, на 8 август минатата ...

Јавното обвинителство соопшти дека во координација со МВР утврдува дали со блокадите на сообраќајните делници и улици ширум државата се направени кривични дела утврдени со Кривичниот законик: „Јавното обвинителство во координација со МВР презема соодветни мерки и активности. Дадени се насоки за испитување на евентуални елементи на кривични дела од чл.319 и чл.387 од Кривичниот законик, како и евентуално други дела кои се гонат по службена ...

За да може да полагаат за возачка дозвола, доволно е минимално, основно образование. Државата им обезбедува можности што тие треба да ги искористат. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја подобриме ситуацијата на Ромите, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со протестите на Ромите што бараат да бидат ослободени од обврската да полагаат возачки испит бидејќи се неписмени. Министереката денеска ...

Аеродромот во Берлин утрово објави дека сите полетувања се откажани поради временските услови, бидејќи свеж снег и замрзнат дожд го погодија регионот на германскиот главен град. „Моментално нема полетувања на аеродромот Берлин Бранденбург поради временските услови“, соопштија од аеродромот, објаснувајќи дека авионите не можеле да се одмрзнат поради дождот, кој веднаш замрзнал. Прекинот влијае само на полетувањата, а авионите што пристигнуваат ...

Нова серија на видеа и фотографии од клиенти на студио за ласерско отстранување влакна во бугарскиот град Казанлак се појавија на специјализиран порнографски сајт. Се работи за материјали кои се снимени во 2023 година. Сопствениците на студиото не се јавуваат на телефон, туку издадоа соопштение на социјалните мрежи во кое потврдуваат присуство на камера, но тврдат дека не знаат кој ја поставил. Бугарската национална телевизија (БНТ) објави ...

Медитеранскиот циклон интензивно влијае на времето низ цела Хрвтска. Донесе облаци, врнежи, високи температури на воздухот во поголемиот дел од земјата, а по должината на брегот во вечерните часови, силна циклонска плима, пренесува Далмација Данас Само вчера, на север на Јадран паднаа големи количини на врнежи, над 100 литри на квадратен метар во областа Риека. Поради протокот на воздушна маса од северот на Африка, дождот што падна содржеше ...

Кривична пријава и одземени возила на возачи од Охрид кои предизвикале сообраќајна несреќа, а при тоа имале изречени забрани за возење, едниот бил и под дејство на алкохол -На 04.02.2026 во 20:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген амарок“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „ланчија“ со ...

Со само неколку децимали разлика во освоените поени од публиката, по пребројувањето на гласовите, македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ја подели првата награда со бугарскиот „Made in EU“ на 52-от Меѓународен филмски фестивал во Вирцбург, Германија. Филмот на Георги М. Унковски, кој ги освојува светските фестивали, покрај првата награда, беше и најгледан филм на фестивалот. Како што информираа организаторите, „Диџеј Ахмет“ беше најгледан филм на ...

КС Групацијата продолжува со своите општествено-одговорни активности, насочени кон поддршка на институции и иницијативи што имаат значење за заедницата. Во рамки на овие активности, компанијата Premium Safety Solutions, членка на КС Групацијата од Битола, ја поддржа традиционалната манифестација за избор на најдобрите вработени во ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија. Настанот, кој се одржува шеста година по ред, има за ...

Во месец јануари 101 санкции за непрописно вградени фолии во автомобили. -Во периодот од 01.01.2026 до 31.01.2026 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На ...

Командирот на противпожарната едница Кочани, Драган Апостолов на денешното судење за „Пулс“ кажа дека ноќта на кобниот настан бил дома кога добил телефонски повик во 2:47 за пожар во дискотеката, по што ги известил и повикал сите команданти на смена, а побарал и помош од Противпожарната Виница, Штип, Свети Николе и Пробиштип за да помогнат во гаснење на пожарот. Целата опрема и вработени од ТППЕ Кочани била ангажирана и излезена на терен – ...

– Во СВР Велес, 60-годишна велешанка вчера пријавила дека фирмата каде работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, фирмата извршила уплата на средствата по фактура кон деловен партнер, но откако добиле порака на електронската адреса дека уплатата не е реализирана, стапиле во контакт со банката и деловните партнери и утврдиле дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а средствата биле уплатени на друга сметка, информираат попладнево од ...

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажува дека малигните неоплазми во Македонија се втора најчеста причина за смрт кај населението по болестите на циркулаторниот систем. Во периодот 2010-2024 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година. Дури, доколку се погледaат графиконите, излегува дека напредокот во медицината низ годините не значи ништо, бидејќи ...

Со најавеното стапување во сила на Законот за заштита од пушење, малите трговци се соочуваат со обврска за итно преуредување на своите објекти. Новите правила бараат набавка на специјални витрини и шкафови, а непочитувањето на одредбите носи ризик од високи парични казни. За сопствениците на трафики, маркети и мали дуќани, ова значи дополнителен финансиски товар кој не бил предвиден во нивните бизнис-планови. Дел од трговците предупредуваат ...

Затворање голем број занаетчиски дуќани и отпуштање вработени ќе предизвика зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје. Според Комората, минималната плата треба да се пресметува во согласност со законот. Ако се зголеми на 600 евра, тоа би значело голем удар поради драстичното покачување на трошоците за придонеси. – Ние не сме против зголемувањето на минималната плата, но тоа треба ...

Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година. Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи ...

Министерот за здравство, Азир Алиу побарал да се анализираат податоците, кои се поврзани со случајот со испраќање на дел од мозоците на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. -За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете ...

„Златно тркало 2026“ Седма година по ред македонската јавност ќе гласа на националниот избор за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“, според читателите на 4 автомобилски медиуми. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија – Авто Плус, а во соработка и како ко-организатори се Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата – ...

Нови 60 вработувања и зголемување на буџетот од 10 до 15 проценти се очекуваат во 2026 година за Клининичка болница – Штип, најави денеска директорот Владко Захариев. Тој истакна дека со најавеното зголемување од 10 до 15 отсто се очекува да се обезбедат средства и за дел од неопходната медицинска опрема, што ќе значи подобри услови и поквалитетна здравствена услуга за пациентите. – Буџетот се планира некаде од 10 до 15 отсто да биде ...

Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, почина, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали. Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен. Саиф ал-Ислам е убиен во „предавнички и кукавички“ чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан, соопшти кабинетот. Неговиот адвокат Халед ал-Заиди ...

Адвокатката Кетрин Болковац, поранешна членка на правниот тим на американското Министерството за правда, тврди дека „речиси 80% од малолетните девојчиња на Џефри Епстин, кои се жртви на трговија со луѓе, доаѓале од Балканот“. Болковац е Американка која поранешна работела и каконабљудувачка во Меѓународната полициска работна група на Обединетите нации во Босна и Херцеговина. Во текстот на Сибел Едмондс, поранешна преведувачка во ФБИ и ...

Поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор се исели од кралската резиденција „Ројал Лоџ“ (Royal Lodge), потврдија извори од палатата, во момент кога полицијата ги проценува наводите дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин во 2010 година испратил дваесетгодишна девојка кај поранешниот војвода. Според наводите, Ендру моментално живее во куќа на имотот Сандрингем во Норфолк, која се смета за привремено сместување, додека во ...

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното чествување по повод раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност ќе биде во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде цвеќе ќе положат премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, предводена ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Загреб

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
52%
1017
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.53
88%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
72%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1012
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
92%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51