Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...
ECONLIT Forum 2025 се одржа на 13 декември 2025 година, обединувајќи претставници на академската заедница, јавните институции, приватниот сектор, граѓанските организации и средното образование, со заедничка цел – унапредување на економската и финансиската писменост во Северна Македонија. Форумот беше ко-организиран од Институт Либерална Алтернатива (LAI) и Универзитетот на Југоисточна Европа (SEEU), со поддршка од Economics Fundamentals ...
Лишено лице од слобода, запленети 300 теписони и стази без документација -На 15.12.2025 година полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје. Имено, откако било сопрено товарно возило “Форд Транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот ...
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе барање за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија. -Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен обвинител. Функцијта што во изминатите нешто помалку од две години ја вршев чесно, достоинствено и од која заминувам со гордо грената глава, но и разочараност порди очигледното ...
Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина да се приклучи кон НАТО е клучно прашање во сите мировни преговори и треба да биде предмет на посебни, поконкретни разговори. – Секако, ова прашање е едно од главните и е предмет на посебна дискусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Москва очекува информации од САД по разговорите во Берлин со Украина и европските земји. Претседателот на Русија, Владимир Путин ...
Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. – Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан, за да ја бранат нашата Европа на море од шверцерите, кои ги злоупотребуваат луѓе и им ветуваат подобар ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за додавање на уште 12 поединци и два субјекти на листата на санкционирани поради поврзаност со манипулација со информации и кибернапади од страна на Русија, како и за проширување на опсегот на режимот на казнени мерки против Белорусија, со што се опфаќаат и нејзините хибридни активности против земјите членки на ЕУ. Советот реши на листата на санкционирани поради активности поврзани со манипулација со ...
Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник” денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година. Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар. Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи дека оваа функција претставува голема радост и гордост ...
Time го прогласи Леонардо ди Каприо за забавувач (ENTERTAINER) на годината, Тамара Котевска вели имаме ист интерес: документарци за екологија Тамара Котевска беше поканета на затворен ВИП ручек и дискусија за филмот ONE BATTLE AFTER ANOTHER со целиот каст: Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор, Чејс Инфинити, Регина Хал Како член на Академијата и гласач, Тамара Котевска беше единствениот претставник на документарни филмови меѓу ...
Прв фестивал на гајдата во Македонија, насловен „Гласот на гајдата“, ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” во Скопје. Иницијатор и организатор е Стефче Стојковски кој изјави дека фестивалот е посветен само на гајдата и гајдаџиите и дека вечер ќе настапат неколку генерации на гајдаџии – татковци и синови, дедовци и внуци. -Фестивалот е ревијален карактер, влезот е слободен и бесплатен. На првото ...
Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. – Оваа соработка ...
Вчера во националниот парк Пелистер се одржа годишното одбележување на Светскиот ден на планините во организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија. Традиционално на овој настан се оддаваат признанија на најдобрите и најуспешните планинари, а најтрогателниот момент од настанот беше кога постхумно признание за посебен придонес во афирмација на планинарството кај младите доби Ивона Антова, млада планинарка од Кочани, која ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, Градимир Шумковски. -Денеска остварив исклучително конструктивна и пријателска средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е. Вивиан Аисен, како и со почесниот конзул на Израел во Македонија, г. Градимир Шумковски. Во рамки на разговорот ја претставив визијата за развој на ...
Сто штипски пензионери со најниски примања ќе добијат финансиска поддршка од страна на Општина Штип, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. „Општина Штип обезбедува финансиска помош од 6.000 денари за 100 пензионери со најниски примања. Оваа поддршка е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 година и се однесува на пензионерите кои се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи“, ...
Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која починала на лице место. -Апелациониот суд Скопје во ...
Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати. – Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите ...
Младиот рок-состав од Кочани, „Корка“ освои најмногу гласови од публиката на интернет-гласањето и ја доби Наградата од публиката (People’s Choice Award) на Финалниот меѓународен натпревар „Имаџин мјузик експириенс“ (Imagine Music Experience International Finals), што се одржа вчера, на 14 декември, во Брисел, Белгија. „Наградата беше официјално објавена од организаторот-домаќин при прогласувањето на најдобрите и доделувањето на признанијата. ...
Веднаш по масакрот на плажа во Австралија, на социјалните мрежи почна да циркулира видео од човек кој невооружен му се приближува на еден од напаѓачите и му ја грабнува пушката, со која пукал кон посетителите на плажата Бонди во Сиднеј. Мажот, случаен минувач, е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, а многумина го нарекуваат херој. На видеото, чија автентичност е потврдена од Би-Би-Си, Ахмед трча кон напаѓачот кој е свртен со грб и ...
Во траорниот терористички напад кој вчера се случи на плажата Бонди во Синдеј загина 27-годишниот Ден Елкајам, фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден, соопштија од клубот. „Со екстремен шок и така соопштуваме дека нашиот фудбалер на Рокдејл Илинден фудбалскиот клуб, Ден Елкајам,беше жртва на страшните, трагични и бесчуствителни настани кои се случија на Бонди плажата во недела на 14 декември 2025. Ден беше интегрален член на ...
Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го истражува она што го опиша како „очигледно убиство“, откако две тела се пронајдени во домот на режисерот и глумец Роб Рајнер. Гласноговорникот на Противпожарната служба на Лос Анџелес изјави дека биле повикани во дом во населбата Брентвуд, во којашто живеат многу познати личности, вчера попладне по локално време. На местото на двојното убиство се пронајдени Роберт – Роб Рајнер (78) и неговата ...
Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување ...
Лишени од собода возачи во Штип, Кочани, кумановско и кичевско затоа што управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената, двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди -На 14.12.2025 во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна ...
Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја ...
Македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), упати апел до Македонците во Албанија, да се изјаснат за Македонци, врз основа на законските одредби, тука и соодветната одлука на албанската влада, процес кој е во тек. – Драги сограѓани Македонци во Република Албанија, ви се обраќаме со отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на македонскиот идентитет, достоинство и права како автохтона ...
Од 17:30 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е затворен за секаков тип на возила, соопшти АМСМ. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и еден од напаѓачите, загинаа, а 29 се повредени во вооружен напад на познатата плажа Бонди во Сиднеј, соопшти полицијата. Две вооружени лица денеска отворија оган за време на преполн јавен собир по повод првиот ден Ханука. Полицијата соопшти дека еден осомничен бил смртно застрелан од полицајци, додека вториот е уапсен и сè уште е во критична состојба. Меѓу повредените има и двајца полицајци. Премиерот на Нов ...
Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание. -Во периодот од октомври до 13.12.2025 година осомничениот примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание за да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и за со поткуп кон ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил. Како што информираат од АХВ, забраната за увоз ...
Во денешното издание на емисијата Стадион, гости беа Анастасија Павловска, Борис Ристовски и Марија Арсенкова, активистите од „Кој е следен“ каде една од темите беше анкетната комисија за трагедијата во Кочани која се одржува во Собранието од која и тие се дел. Поврзано со тој настан, Павловска истакна дека таму имало претставници од сите политички партии и апсолутно на сите говорите им биле исти. „Левица повеќе зборуваа за етникум, јазикот и ...
Европската Унија испрати силен сигнал до Тирана: 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2 мора веднаш да се вратат, откако беа „нерегуларно искористени во текот на периодот 2020 – 2022 година“, јави „Лајме јаворе“. „Истрагата на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) откри 52 случаи на злоупотреба на земјоделските фондови што ЕУ ги обезбедува за албанските земјоделци и земјоделско-прехранбениот сектор“, наведува весникот во ...