Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути ...

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој ...

На Инфективна клиника вчера починал 69-годишен пациент, кај кога бил потврдена лабораториски инфлуенца А. Пациентот, како што информираше директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, бил со комордбидитети и не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил во ризична група. -Пациентот беше донесен во исклучително тешка општа состојба со развиена масивна бронхопневмонија. Пациентот веднаш беше третиран навремено од страна на медицинскиот тим ...

Во првиот дуел на Европското првенство македонската ракометна репрезентација синоќа претрпе убедлив пораз од кодомаќинот Данска со 36:24, а веќе утре го играме можеби клучниот натпревар за пласман во следната фаза – противник ни е Португалија. По дуелот селекторот Кирил Лазаров изјави дека денешниот тренинг нема да се одржи со цел тимот да биде одморен во пресрет на дуелот со Португалија. Тој се осврна и ѝ на отсуството на двајцата искусни ...

Серија одлуки на општинските совети беа донесени во периодот пред Нова Година на последните седници во годината. Дури во некои од општините закажаа и специјална вонредна седница, на која мнозинството гласаше документ – именуван како заклучок, со кој пред граѓаните се потврдува, меѓудругото дека од одредена општина, „нема, ниту било побарано, ниту е договорено, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или какви ...

Во денешното издание на емисијата Стадион гостин е Марјан Забрчанец, медиумски и комуникациски консултант. Со Столе Наумов, меѓу другите теми, разговараа и за укинувањето на УСАИД и празниот простор кој ваквата одлука го создаде во Македонија и на Западниот Балкан: „Голем удар е за демократските општества укинувањето на УСАИД. Замена соодветна сеуште нема во тој обем во кој што таа помош стигнуваше порано. За поздравување се напорите на ...

„Диско селектор“, „Заборави ако можеш“ и поновата „Кавервил“ се трите незаборавни емисии на легендарниот водител Драган Б. Костиќ, по кои ќе остане запаметен. А не е само тоа, со неговиот дух, пријателство и љубов кон музиката и луѓето испиша многу животни приказни, а дел од нив беа раскажани денес во МКЦ на комеморацијата за за легендарниот радио и ТВ водител и диџеј. Драган Костиќ почина по кусо боледување во Скопје на 20 декември 2025. ...

Учебната година во сите основни и средни училишта на територија на цела држава почнува на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. – Вчера веќе имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година. Апелирам до родителите, учениците да се редовни во училиштето и што е ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржал состанок на ниво на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во врска со законот за прекршоци и оти некои работи, кои биле нејасни за ДУИ, биле разјаснети поради што очекува тој да биде донесен на следната собраниска седница и „Безбеден град“ да почне непречено да се применува од 1 февруари. Мицкоски не прецизира кога би имал средба ...

Новото задолжување преку издавање еврообврзница од една милијарда евра предизвика оправдана загриженост и силни реакции во јавноста бидејќи повторно се избира модел на финансирање што ја префрла цената на денешните политики врз идните генерации затоа што веќе знаеме дека значаен дел од овие средства ќе се користи за отплата на стара еврообврзница, а не за нови развојни инвестиции, се наведува во соопштението од Левицата, што МИА го пренесува ...

Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10000 странски работници во земјата во 2026 година. Одлуката од денеска стапува во сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани, од дури 4 500 лица. Доаѓаат таканаречените економски работници, се наведува во соопштението од СДСМ, што Канал 77 го пренесува интегрално. Иако во Македонија сè уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот. Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град”, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор. -Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат ...

Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо на вчерашната средба во Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп му го врачи својот медал за Нобелова награда за мир. Претставник на Белата куќа изјави дека Трамп ќе го задржи одликувањето. – Марија ми ја даде својата Нобелова награда за мир за работата што ја завршив. Прекрасен гест на меѓусебно почитување. Ти благодарам, Марија!, објави Трамп на социјалните мрежи. Мачадо ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд. Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска ...

Специјализираните мобилни апликации за откажување од пушењето се ефикасна поддршка за пушачите кои се обидуваат да се ослободат од зависноста од тутунот, покажува нов научен труд. Истражувањето, спроведено од кинески научници, укажува дека ваквите апликации се особено успешни кога се користат заедно со лекови за откажување од пушењето, но можат да бидат корисни и сами по себе. Експериментот е спроведен на околу 12.800 испитаници опфаќајќи ...

Британскиот аристократ г. Бенџамин Слејд (79) јавно објави дека бара значително помлада сопруга која ќе му роди машки наследник што во иднина би го презел неговиот имот во Сомерсет, објави порталот Тајла (Tyla). Слејд, седми баронет од Сомерсет, наведува дека идната партнерка мора да биде најмалку 20 години помлада од него, а за возврат би добила имот на свое име. Покрај возраста, тој поставил и низа други критериуми: идната сопруга не смее ...

Најуспешниот македонски електронски изведувач Кирил Џајковски има нов материјал. Неговиот нов албум “Memory Paradox” ќе излезе за неколку месеци под етикетата на издавачката куќа Filter Label и ќе содржи дел од дваесетината нови песни на кои Џајковски работеше со неговите соработници изминатите две години. Како најава за новиот албум, од денеска на сите дигитални музички сервиси е достапен првиот сингл “Head High”. Песната претставува ...

Само една вечер. Само еднаш. Само еден концерт – за цела Македонија. Јован Јованов и Елвир Мекиќ со концерт што нема реприза! На 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ ќе се случи концертот што ќе ја одбележи 2026-та година на музички план во Македонија! Јован Јованов, Елвир Мекиќ и нивните пријатели ќе ве вратат во времето на најубавите денови на македонската музика. Музичкиот времеплов со хитовите на Јован и Елвир на неколку часа цела една ...

Европската Унија работи на значајна промена во правилата кои ја регулираат трговијата со половни автомобили, со цел да ги спречи најлошо одржаните или технички неисправни коли да завршуваат во трети земји како што се земјите на Западен Балкан, пишува пари.мк. Новиот пакет регулативи што се развива во Брисел подразбира дека кога одредено возило ќе се продава или извезува од ЕУ, мора да биде јасно докажано дека не е „возило на крајот од ...

На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците (ААШ) на Арбен Таравари комплетното раководството поднесе колективна оставка. Како што објаснуваат од партијата, оваа одлука „е донесена едногласно по внатрепартиска дебата, со што се отвори патот за реформи, вклучување на нови кадри и длабока реорганизација во пресрет на Собранието и Конгресот на партијата“. Таравари останува за ја води партијата како претседател до ...

Номиниран од минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, Академик Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences). Наумов, кој моментално предава на Универзитетите „Њу Јорк“ и „Њу Јорк Абу Даби“, стана Академик во во Одделението за хемија. Наумов за МИА изјави дека убавата вест му е соопштена вчера, а церемонијата за негово пристапување во Европската академија на ...

Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот доставен е предлог за определување мерки за претпазливост против ...

Вечерта помеѓу 15 и 16 март Кочани, кое во топлите денови е место преполно со посетители од околните општини, сјаеше и вечерта на 15-ти март. Таа топла сабота во овој град на истокот од државата тешко можеше да се најде место за излегување. Кафулињата во трговскиот центар, хотелите и lounge баровите во центарот беа преполни со народ. Во дискотеката Пулс во индустрискиот дел на градот е закажан концерт на групата ДНК – најпопуларниот ...

Земјотрес. чиј епицентар е во во Албанија претпладнето во 11:28 часот, е почувствуван и во охридско- струшкиот регион. Земјотресот е со епицентар на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8. -Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ...

Од попладне под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава. Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Повеќе информации од ОЈО ...

Кинескиот брод „Истанбул Бриџ“ ја пловел арктичката рута, минувајќи 7.400 километри од Кина до Велика Британија за 20 дена, драматично намалувајќи го времето потребно за транспорт на стока од Далечниот Исток до Европа. Глобалното затоплување отвори можност арктичката рута, која минува покрај Гренланд, да стане „Суецкиот канал на 21 век“. Трамп веднаш крена тревога поради наводната „инвазија на кинески бродови“. Американскиот претседател ...

„Грок, облечи ги во бикини“ – е едноставното барање до вештачкиот четбот на мрежата Х, сопственост на Елон Маск по кое многу јавни личности, деца, жени завршија голи или полуголи на мрежите. Грок постапува по фотографии на реални личности, меѓу кои беше и таа на семејството на премиерот Христијан Мицкоски, кои по барање на некој од македонските корисници на Х, завршија во бикини. Од почетокот на јануари, илјадници жени и тинејџерки, ...

На дедо Драги од кочанското село Нивичани по осум години живеење во мрак, утрово во 10 часот повторно му светна сијалица! Наскоро ќе добие и телевизор, за да веќе не живее во потполн мрак. Благодарејќи на иницијативата на негов соселанец и на Ана Симонова од Еколошко здружение Грин.орг, кои ја средиле целата документација и собрале пари од хумани граѓани, па на чичко Драги му ја приклучиле струјата, да не живее во 21 век во потполн мрак. -Ми ...

За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
36%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.04
76%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Калај

43.91

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00