winning story Оти Македонија му е во срцето … Ова е приказна, една од повеќето објавени во Капитал, за македонските херои. Една од повеќето, но сепак, малку такви приказни. Не дека немаме многу херои, но реално македонската јавност е преокупирана, а на моменти и „удавена„ во она стерилно секојдневие на политиката во Македонија која едноставно, од ден на ден, сите ние полека сваќаме дека никаде не не води. Значи раскажуваме приказна за еден ...

За да го ставиме тоа во перспектива, премотајте назад во 1995 година, а трговскиот дефицит беше само 100 милијарди долари. Така, за помалку од 30 години, јазот се зголеми речиси десет пати. Тарифите (царините) не се само досаден економски термин. Тие се моќни алатки кои ги обликуваа војните, колабираа пазари и ја препишуваа глобалната трговска мапа. Како што отворено рече Ворен Бафет, тарифите се чин на војна. Самовилата не плаќа никому. ...

Мерките на Белата куќа предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година. Индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за речиси 2%. Никеи, јапонскиот индекс падна за повеќе од 4%, додека индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6 и 1,9%. Кинеските берзи во Шангај забележаа благ пораст ...

Неколку минути по отворањето на ѕвоното на Њујоршката берза, Трамп објави: „ОВА Е ОДЛИЧНО ВРЕМЕ ЗА КУПУВАЊЕ!!!„ Но, четири часа подоцна, претседателот го смени курсот . Тој ги паузираше и ги намали тарифите за стоки од повеќето земји за 90 дена, додека ги зголеми царините за увоз од Кина на 125 отсто. Пазарите пораснаа. Претставници на Белата куќа – кои само еден ден претходно изјавија дека Трамп никогаш нема да отстапи – рекоа дека „тоа беше ...

Еве го мојот став. Денот на ослободувањето е соодветно име за политиката на Доналд Трамп да воведе огромни нови царини низ светот. Неговиот поглед на Соединетите Американски Држави е приказната за жртвената колонија, користена од други земји кои во одредени периоди ги ограбиле работните места, индустриите и парите. Неделава, кога Доналд Трамп ги објави своите тарифни планови, тој го рече ова: „Нашата земја и нејзините даночни обврзници се ...

Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека привремено би можел да ја изземе автомобилската индустрија од царините кои претходно ги наметна за тој сектор, за на произведувачите на автомобили да им даде време да ги прилагодат своите ланци на снабдување. „Барам начин да им помогнам на некои автомобилски компании во тоа“, вели Доналд Трамп и додаде дека на произведувачите на автомобили им е потребно време да го преместат производството од ...

Пишува: Владимир Џукановиќ (Белград) По санкциите што Трамп ги воведе врз Индија поради увозот на руски енергетски производи, премиерот Моди го одби телефонскиот повик на американскиот претседател 4 пати, а индиските компании го зголемија увозот на руски производи. Пораката е јасна: Глобалниот Југ нема да ги почитува пораките од Вашингтон и Брисел. Првите слики што се појавија во етерот се неформалниот состанок на тројцата лидери на земјите ...

Харизматичниот поранешен министер за финансии, и угледен професор по економија во Атина, Јанис Варуфакис, кој во светот годишно држи многу предавања како омилен професор на новите генерации смета дека – „Секој режим има своја легитимина приказна„. „Да го погледнеме капитализмот. Приказната беше дека никој не ги сака капиталистите. Но, ако го имате пазарот, а пазарот е конкурентен, и ги имате месарот, пекарот и пиварот, трите професии што ги ...

Дарко Буковиќ PoslovniFM Вие сте номинирани за Вечерњаковата роза во категоријата Дигитална роза на годината. Како се чувствувате? Буковиќ: Неописливо. Како што вели една од најубавите навивачки песни. Едноставно – неописливо. Беше големо изненадување за сите нас вклучени во реализацијата на проектот ПословниФМ, бидејќи никој немаше поим дека сме номинирани. А камоли дека жирито не препозна, и не смести меѓу петте номинирани во категоријата ...

Според Марта Кос, во денешно време кога царините и протекционизмот се враќаат во многу делови од светот, со отворањето на Кластерот 2 (внатрешен пазар) започнува уривањето на бариерите за трговијата и за компаниите од Албанија, на кои ќе им се овозможи да ги почувствуваат придобивките од единствениот европски пазар уште во текот на пристапниот процес. „Албанија е навистина успешна приказна за нашиот процес на проширување. Денеска направивме ...

Европската Унија (ЕУ) планира до крајот на годинава да постигне договор за правната рамка за воведување на дигитално евро. И додека монетарните власти во Франкфурт (Европската централна банка –ЕЦБ) притискаат дигиталот да се воведе што побргу, според брифинзите на бриселските бирократи на патот кон воведувањето стојат бројни предизвици — заштита на приватноста, технички прашања, ограничувања на максималните износи што граѓаните може да ги ...

На 17 септември во хотелот Александар Палас во Скопје ќе се одржи првата конференција „Бизнис лидер“, најголемиот бизнис настан во земјава кој ќе ги обедини највлијателните и најуспешните лидери и претприемачи од различни индустрии. Целта на конференцијата е да создаде уникатна платформа за размена на идеи и иновации, да понуди можност за споделување на најновите деловни трендови и успешни примери од пракса, и да дефинира стратешки насоки кои ...

Понудата за превземање објавена на 11 Септември 2025 година се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, Алта банка АД Белград, понудата за превземање ја објави согласно добиеното решение за издавање дозвола за понуда за преземање од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија од 10 Септември 2025 година и добиената претходна согласност од Народната банка на ...

Просторот, кој ќе биде достапен за користење од 10.09.2025 година, е предвиден како бенефиција за сите вработени. Станува збор за место каде што вработените ќе можат да се опуштат, да уживаат во оброк и да се дружат со своите колеги. Дополнително, просторот е предвиден и за организирање на внатрешни настани и роденденски прослави кои го зајакнуваат тимскиот дух и колегијалноста. Со отворањето на овој простор, УНИБанка испраќа порака дека ...

Посебен акцент е ставен на малите хидроцентрали до 10 MW, во кои редовно се инвестира и кои до 2030 година може да донесат дополнителни 6 до 8 TWh. Австрискиот модел покажува дека енергијата и екологијата можат да функционираат заедно – со модернизација на старите постројки, изградба на премини за риби и враќање на природната динамика на реките. Во државата се применува и концептот на „виртуелни електрани“, каде повеќе мали извори се ...

Методија Мирчев Главен извршен директор на А1 Македонија Капитал: А1 Македонија ја држи лидерската позиција на македонскиот телекомуникациски пазар, особено во мобилниот сегмент. Како успевате да го задржите тоа лидерство на пазар кој е екстремно динамичен, технолошки интензивен и со бројни предизвици? Мирчев: Лидерството во телекомуникациската индустрија е динамичен процес и постојана заложба да се биде чекор пред времето, технологијата, и ...

Со оваа одлука Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност, олеснувајќи им на граѓаните и компаниите пристап до современи и поволни банкарски решенија. Клучни измени и поволности за физички лица: Клучни измени и поволности за правни лица: Со овие измени, Стопанска банка а.д. Битола значајно го олеснува користењето на платежни сметки, електронско и мобилно банкарство и трансфери на средства – со што ...

Како дел од долгорочната стратегија за фер и транспарентен однос со клиентите, интерните трансфери во рамки на банката како и досега остануваат без провизија. Клучна новина за физички лица која ќе настапи од 14.09 се намалените провизии за електронски трансакции преку КИБС и МИПС до 50%. Провизиите за МИПС плаќањата се намалуваат од 100 МКД на 50 МКД, додека провизиите за КИБС плаќањата се намалуваат од 20 МКД на 12 МКД. Дополнително ќе има ...

Visa Signature не е само средство за плаќање, туку и влезница во светот на внимателно одбрани привилегии и бенефиции. Изборот на Visa Signature овозможува ексклузивни понуди, посебен третман и беспрекорни услуги насекаде низ светот. Со Visa Signature корисниците добиваат пристап до: Во промотивниот период до 31 октомври, Visa Signature се добива без членарина за првата година. Оваа картичка е повеќе од статус – таа е потписот на уникатноста и ...

Веруваме дека во секое дете се крие талент и сон кој заслужува да биде поттикнат и поддржан. Затоа УНИБанка организираше настан за првачињата на своите вработени, исполнет со многу насмевки, креативност и дружба. Оваа година, настанот беше збогатен со присуството на две гостинки: Ирина Тошева, модна дизајнерка препознатлива по својата посветеност кон одржливоста и Дуња Иванова, концертен пијанист, доктор на науки, наставник, автор, државен ...

Станува збор за врвен банкарски професионалец со повеќе од 20 години работно искуство во финансискиот сектор, период кога бил на повеќе одговорни раководни позиции и успешно се справувал со сите предизвици. “Почестен сум од довербата да бидам именуван за член на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Со благодарност ја прифаќам одговорноста, верувајќи дека сите заедно како колектив имаме голем потенцијал и можеме да ја исполниме нашата ...

Растот на електрични возила и пумпи за греење само ја зголеми потрошувачката до ниво кое ги принуди да бараати нови извори. Во февруари 2025 година, норвешкиот парламент направи чекор што изгледаше незамислив: дозволи изградба на мали хидроцентрали (МХЕ) дури и во реки со највисок степен на заштита, но само кога општествената корист е значајна. Владата ја оправда оваа одлука со јасни аргументи дека ќе обезбеди дополнителни 0,8 TWh сигурна ...

За време на посетата, гостинската работна група, предводена од алкалоидовиот тим на чело со Генералниот директор и Претседател на УО Живко Мукаетов, имаше можност одблизу да се запознае со постигнатите резултати од работењето, инвестициските проекти кои континуирано ги реализира компанијата низ годините, извозните операции, како и со континуираните проекти за општествена одговорност во корпоративната агенда на „Алкалоид“. Дневниот ред на ...

Точно 6409 мали хидроцентрали или 21% од над 21.000 хидроцентрали во Европа се наоѓаат во заштитени зони. Овие хидроцентрали работат под строги правила кои овозможуваат заштита на животната средина и животот во реките. На пример кога протокот на вода во користото ќе падне под биолошкиот минимум, турбините застануваат. Токму оваа слика разоткрива една значајна причина зошто ЕУ има позитивен став кон изградбата на малите хидроцентрали. ...

Промотивниот потрошувачки пакет вклучува потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,9% за целиот период на отплата до 95 месеци, кредитна картичка и дозволено пречекорување. Дополнително, промотивната понуда вклучува поволности кои им заштедуваат на клиентите време и административни трошоци. Аплицирањето е едноставно, без гаранти, без осигурителна полиса и без нотарски заверки. Понудата е достапна и за рефинансирање на постоечки ...

УНИБанка АД Скопје ќе изврши четврта емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда, по добиеното одобрување од Комисијата за хартии од вредност на Република С. Македонија. Ќе бидат издадени 5.000 перпетуални обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра. Обврзниците ќе имаат фиксна каматна стапка 6% на годишно ниво, а која ќе се исплаќа полугодишно на секој шест месеци. Со ...

Македонија не беше само сведок на енергетските кризи во Европа, туку ги почувствува и на „сопствена кожа“. За да ги намали последиците врз животниот стандард на граѓаните, како и врз бизнис секторот, државата користеше поддршка од фондови на ЕУ, кои беа наменети за државите од Западен Балкан. Во 2024 година државата обезбеди 6 129 GWh електрична енергија од сопствени извори и мораше да увезе приближно 11% од потрошувачката. За првпат во ...

Швајцарија го обезбедува речиси целото зимско снабдување од своите планини, а над 1 400 мали хидроелектрани сочинуваат клучен дел од тој штит. Тие носат околу 10 % од националната електрична енергија, ја стабилизираат мрежата кога има пикови, но уште поважно обезбедуваат струја во предели каде другите инфраструктурни решенија се економски неисплатливи. Новите анализи покажуваат уште 1,5 TWh неискористен потенцијал што може да се мобилизира ...

Како енергетскиот систем да постигне независност од увозот? Околу 1 356 GWh од домашната струја, според официјално достапните статистички податоци од 2024 година, заврши во извоз, што покажува дека балансот натрговијата е чувствителен и зависи од хидролошкитеуслови и цените на берзата. Впрочем, Македонија за првпат се појави како извозник во 2023 година, кога поради обилен хидролошки период и новите соларни и ветерни капацитети имаше вишок од ...

Со цел да обезбедиме поголемо корисничко задоволство и да ја поттикнеме финансиската инклузија, од 1 октомври ги намалуваме надоместоците за платежни услуги за физички лица и до 66 %, а дел од нив целосно ги укинуваме. Со овие измени Комерцијална банка значајно го олеснува користењето платежни сметки, банкарски картички и електронско банкарство, како и вршењето трансфери на средства. Целосно ќе се укинат дел од надоместоците за физички лица. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78