ЕДС АД соопштува дека, почитувајќи ги договорите за снабдување со електрична енергија во текот на втората половина од 2022 како и првата половина од 2023 година, следниве потрошувачи ги снабдуваше со 100% чиста и обновлива енергија откупена од производители на чиста и обновлива енергија: Количините презентирани во табелата не ја вклучуваат енергијата која потрошувачите задолжително ја откупуваат од пазарниот оператор МЕМО преку своите ...

Европската Унија мора да се подготви за наплив на синтетичката дрога фентанил, предупреди еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон. Ова следува откако државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека Европа или има неоткриен проблем со оваа дрога или наскоро ќе се соочи со него. Фентанил е дрога 50 пати помоќна од хероинот, којашто медицински се користи како ублажувач на болка во екстремни случаи, а од која умираат десетици илјади ...

Оваа година само, најбогатиот човек на светот се сретна со лидерите на Франција, Италија, Индија, Јужна Кореја, Турција и Израел. И додека „љубовта“ надвор од границите на САД некако расте кон Илон, администрацијата на Бајден нема добри зборови за технолошкиот могул. Згора на тоа, поради зголемениот политички досег на Илон и неговото навлегување во чувствителните геополитички прашања, расте нервозата во границите на самите САД, каде многумина го ...

Најновите судири и насилствотона северот на Косово, го зголемија стравот од дестабилизација на регионот во Западен Балкан. Тензиите меѓу Србија и Косово повторно се разгореа во текот на викендот на 23-24 септември, кога околу 30 тешко вооружени Срби се забарикадираа во православен манастир во северно Косово, предизвикувајќи целодневна престрелка со полицијата во која загинаа еден офицер и четворица напаѓачи. Неделниот судир беше еден од ...

Половина од вкупниот број на исплатени штети се за покривање медицински трошоци осигурени со приватно здравствено осигурување. Од штети покриени со каско осигурување сопственици на моторни возила наплатиле над 1 милион евра. Сите осигурителни компании за неживотни осигурувања само во август годинава исплатија над 9.800 штети вредни 312,5 милиони денари (5,1 мил. евра). Споредбата на податоците покажува дека осигуреници кои имале штети покриени ...

Излегување од т.н. „трка кон дното“ кај директните даноци и креирање на политики со кои ќе се привлече висококвалификуван кадар. Намалување на сивата економија преку дестимулирање на трансакции во готово и намалување на готовинските плаќања. Ова се дел од мерките што експертите ги предложија за подобрување на даночните и царинските системи на земјите од регионот, презентирани на конференцијата во организација на ЗМАИ. Слободното движење на стоки ...

Високите цени на храната и најавите дека претстои „жешка“ есен со нови поскапувања и покрај стабилизацијата на цените на светските берзи ја натераа Владата да донесе нови мерки за зауздување на цените на основните продукти во домашните маркети. Граѓаните се револтирани поради тоа што практично со секое ново влегување во продавница, гледаат повисоки цени. Трговците се правдаат дека од добавувачите добиваат повисоки цени, тие пак велат дека ...

Фото: Министерство за здравство Комерцијална банка влезе меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија поради своите бројни и вредни донации за подобрување на квалитетот на јавното здравство за време на пандемијата и по неа. Да се биде општествено одговорна организација за време и по глобалната пандемија било императив за Комерцијална банка, а не само редовна пракса. Општествената одговорност на Банката во овој период била насочена ...

Своето место меѓу шесте најдобри корпоративни практики за филантропија, Пакомак, компанија за управување со пакување и отпад од пакување, го заслужи со промоција на паметниот систем за рециклирање на ваквиот тип отпад преку повратни вендинг машини и употреба на паметни телефони. Како бонус ефект од акцијата е можноста да се донира на СОС Детското село. Пакомак е најстарата и најголемата компанија за управување со пакување и отпад од пакување во ...

Социјалната мрежа Х во сопственост на Илон Маск се наведува како најголем извор на дезинформации, додека Европската унија ги повикува платформите од Силиконската долина да ја засилат својата будност во борбата против руската „војна со дезинформации“. Социјалната мрежа Х во сопственост на Илон Маск се наведува како најголем извор на дезинформации, додека Европската унија ги повикува платформите од Силиконската долина да ја засилат својата будност ...

Витошевиќ на оваа позиција доаѓа од местото главен оперативен директор, позиција која ја извршуваше во изминатите години. Пред тоа беше главен извршен директор за Југоисточна Европа, а долги години ја водеше и мајВролд во Македонија (myWorld). Компанијата мајВорлд Интернешнл АГ (myWorld International AG) со седиште во Грац, Австрија, го назначи Радован Витошевиќ за нов главен извршен директор (CEO). Радован Витошевиќ на оваа позиција доаѓа од ...

Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на младинскиот парк во Велес, за спортското игралиште во населба Тунел, за противпожарниот дом, за основното училиште во с. Црквино, за изградба на катна гаража, за пешачка патека, урбана опрема и улично осветлување на езеро Младост и за инфраструктура за улицата Декада на Роми. Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од 1 милион денари за ...

Во ера каде одговорните деловни практики се покритични од кога било, Клубот на одговорни бизниси на Конект има за цел да води со пример и да инспирира промени. Се возобнови Клубот на одговорни бизниси, иницијатива посветена на поттикнување на одржливост и етички вредности во деловната заедница. Овој ексклузивен клуб обединува бизниси со докажано искуство во општествено одговорните практики со истомисленици, посветени на позитивно влијание врз ...

Катастрофалниот биланс од разорниот земјотрес што го погоди Мароко на 8 септември до моментов на затворање на овој текст е преку 3.000 загинати и уште десетици илјади повредени лица. Епицентарот на потресот беше на релативно мала длабочина под планинскиот масив Атлас, околу 70 км од историски значајниот град Маракеш. Бројни држави понудија помош во спасувачки екипи, залихи на храна, вода и други потребни работи за настраданите, но чудно е што ...

Штотуку одржаниот биенален саем за автомобили во Минхен (IAA Mobility) од 5 до 10 септември беше своевидно последно предупредување до европската автомобилска индустрија. Наместо престижните мерцедеси и поршеа, во центарот на вниманието беа кинеските брендови со еден куп новитети во полето на електричните возила, како и опасниот ривал од Америка, Тесла. Штотуку одржаниот биенален саем за автомобили во Минхен (IAA Mobility) од 5 до 10 септември ...

Топлата зима 2022/2023 и напорите на европските влади заедно со населението да штедат гас и да ги диверзифицираат изворите, за среќа ја спасија Европа од пострашна енергетска криза поради блокадата на евтиниот руски гас. Во моментов дури залихите на гас во ЕУ се високи 90%. Меѓутоа, и покрај овие напори, официјални лица и аналитичари стравуваат дека европската енергетска ситуација не е сигурна на долг рок, колку и да се импресивни овие ...

Економисти велат дека брзото покачување на цените кога суровините и другите трошоци во светот растат и бавната реакција кога светските цени паѓаат е резултат на нарушениот пазарен систем во земјава и обидот на дел од бизнисите да профитираат во таа „матна вода“. Дел од вината за состојбата, според нив, лежи и во мерките кои ги презеде владата за зауздување на цените, со што се нарушија пазарните законитости што пак отвора место за манипулации на ...

Основана во 2020 година, оваа брзо растечка аутсорсинг компанија во моментов вработува над 100 талентирани и амбициозни млади луѓе од различни профили, кои во моментов успешно работат за преку 12 големи компании на американскиот пазар. Пантелеон ГС е постојано активна во локалната заедницата преку поддршка на различни општествено важни проекти. Компанијата е нов спонзор на ракометниот и фудбалскиот клуб Вардар најтрофејниот и најпрепознатлив ...

Македонски Телеком влезе меѓу петте компании со најдобри практики за корпоративна филантропија со проектот „Заедно за интернет без омраза“ (Together for a Hate Free Net), креиран од Фондацијата Телеком за Македонија во партнерство со УНИЦЕФ. Главната цел на иницијативата е да ги ангажира и едуцира младите како да се борат за интернет без говор на омраза и сајбер-булинг. Како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, Американската ...

Пивара Скопје со програмата за обука „Вештини за успех“, креирана во рамките на платформата „Youth Empowered“ е избрана меѓу петте најдобри практики за корпоративна филантропија на повикот распишан од Конект и АмЧам. „Вештини за успех“ преку обуки и тренинзи има за цел да го зголеми вработувањето меѓу младите, особено кај припадниците на социјално најранливата категорија односно со најголема стапка на невработеност во државава. Голем дел од ...

Техничкиот директор на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, во изјава за американските медиуми истакна дека најголемите предизвици на електрификацијата се електричните возила да бидат исто ефикасни, продуктивни и економични за корисниците, како и возилата на погон на фосилни горива. Брако во најдобро светло ги претстави електричните модели на возила за одржување на хигиена во урбани средини од линијата на Грин Машинс, на специјализиријаниот Саем за јавни ...

Најавеното концептуално издание на овогодинешната регионална конференција кое ќе се одржи на 14 ноември во Националната опера и Балет, доби одличен одзив како од домашните, така и од компаниите и асоцијациите од цел Балкан кои сакаат да го запознаат македонскиот пазар и кои сакаат да ги понудат своите производи и услуги тука. Шестата регионална конференција за е-трговија, оваа година под мотото „Redefining E-commerce: A(I) New Era” со сигурност ...

Најголем проект е електраната Тркање од 8 MW, која е во сопственост на Феро инвест/Централ инвест и која дава значаен удел во сопственото производство на електрична енергија од обновливи извори. Фероинвест во текот на август успешно реализираше пет проекти и пушти во употреба 2 MW фотонапонски електрани за свои клиенти, од кои дел на земја, а дел на кровови на објектите на клиентите. Во моментот, екипите на Феро инвест и ЕМС, интензивно работат ...

Кинескиот извоз е поттикнат од побарувачката за електрични автомобили и продажбата во Русија. Потсетуваме дека минатата година Кина ја престигна Германија и со тоа стана втор најголем извозник на автомобили во светот. Според кинеската Генерална царинска управа, Кина извезла 3,2 милиони возила во 2022 година, во споредба со Германија која извезла 2,6 милиони возила. Кина стана најголемиот светски извозник на автомобили откако ја престигна ...

Секоја година ECA International објавува список на најскапите 207 градови во 120 земји за доселеници, вклучувајќи ги во своето истражување трошоците за стоки и услуги и изнајмување станови во областите на градот кои обично се населени со странци. Одлуката за преселба во странство никогаш не е лесна, а заедно со постојаното прилагодување кон новата средина и култура, живеењето во нова земја, надвор од сопствената татковина, во повеќето случаи ...

Подморницата Титан која превезуваше туристи до потонатиот брод Титаник на дното на Атлантскиот Океан имплодираше. Оваа претпоставка за најверојатниот крај на подморницата и луѓето кои се наоѓале во неа ја дадоа експертите врз основа на пронајдените остатоци. Недалеку од потонатиот брод Титаник, пронајдени беа повеќе остатоци од подморницата Титан, а меѓу нив бил и опашот во кој се наоѓала комората за одржување на притисокот во пловилото. Се ...

Политичкиот аналитичар Велина Чакарова од виенскиот Институт за европска и безбедносна политика тврди дека бизарниот пуч е всушност подготовка за изборната кампања на Путин во март 2024 година. Според оваа теорија, Пригожин е само послушникот на Путин кој го организирал пучот за Герасимов и Шојгу да бидат обвинети за воените неуспеси во Украина. Украинските сили можат да се обидат да го искористат краткотрајниот вооружен бунт на групата Вагнер, ...

Американскиот производител на микрочипови ќе гради фабрика од 25 милијарди долари во Израел, една од 30 милијарди евра во Германија, и од 4,6 милијарди евра во Полска. САД, Европа и Азија се во технолошка трка за доминација на глобалниот пазар за микрочипови. Американскиот производител на чипови Интел (Intel) потпиша договор со израелската влада за изградба на фабрика за производство на чипови во местото Кирјат Гат со инвестиција од 25 милијарди ...

Откако Министерството за трговија на САД пред десетина дена објави дека ќе ги запре испораките на чипови направени од американските компании Nvidia, Micron и AMD во Кина, Кина сега најавува одмазда и ја зајакнува контролата на извозот на два клучни материјали што се користат за производство на компјутерски чипови. Почнувајќи од следниот месец, ќе бидат потребни посебни дозволи за извоз на галиум и германиум од Кина, која, погодувате, е ...

Владите се фокусираат на климатските промени кога имаат помали грижи околу економијата. Не бива повеќе така, вели Лери Елиот, уредник во лондонски Гардијан. Прво беше пандемијата. Потоа дојде војната во Украина. Следно може да биде климатската криза. Во понеделникот на 3 јули светот го забележа својот најтопол ден досега, но рекордот траеше само 24 часа пред да биде победен од уште пожежок вторник. И додека планетата продолжува да се загрева, ...

Скопје

9ᴼ/9ᴼ
0.51
34%
1035

Белград

9ᴼ/5ᴼ
2.57
47%
1033

Софија

8ᴼ/7ᴼ
1.9
45%
1034

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
0.6
33%
1034

Љубљана

10ᴼ/5ᴼ
1.34
74%
1032

Атина

13ᴼ/11ᴼ
5.66
42%
1033

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
1.54
28%
1034

Подгорица

13ᴼ/10ᴼ
1.03
24%
1035
Currency

61.525

Currency

59.0448

Currency

73.9055

Currency

38.3791

Currency

42.2337

Currency

66.0767

Currency

8.15198

Currency

0.56606

Currency

0.3815

Currency

0.5258

Currency

1.70884

Currency

0.69928

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1007 $

Злато

87324 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

30996 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $