Intel ги претстави процесорите Core Ultra 7 270K Plus и Core Ultra 5 250K Plus со повеќе јадра, поддршка за побрза DDR5 меморија и до 15% подобри гејминг перформанси. Intel ги претстави новите десктоп процесори од серијата Intel Core Ultra 200S Plus, кои претставуваат освежена верзија на платформата Arrow Lake. Новите модели Intel Core Ultra 7 270K Plus и Intel Core Ultra 5 250K Plusносат повеќе јадра, побрза меморија и значително подобрување ...

Главната причина за поскапувањето на смартфоните ќе биде наглиот раст на цените на мемориските компоненти, што ќе влијае на сите категории на уреди. Мобилните телефони би можеле значително да поскапат во текот на 2026 година, предупредуваат аналитичарите од Counterpoint Research. Главната причина е наглиот раст на цените на мемориските компоненти, кои претставуваат значаен дел од вкупните трошоци за производство на уредите. Според податоците ...

Со донација од Халкбанк АД Скопје, во основното училиште „Имри Елези“ во Општина Чаир, Скопје, беше реализиран проект за уредување на училишниот двор, кој опфати поставување инклузивна урбана опрема за децата, изградба на училница на отворено и уредување на училишна градина за одгледување градинарски култури, со што се создаваат подобри услови за игра, учење и престој на учениците. Со уредувањето на просторот, училишниот двор доби нова ...

Новиот iPhone Fold ќе овозможи користење на две апликации истовремено и поширок дисплеј со сооднос 4:3, а цената се очекува да достигне околу 2.000 долари. Apple се подготвува оваа есен да го претстави својот прв преклоплив iPhone – уред кој ќе комбинира карактеристики од iPhone и iPad и ќе понуди нов начин на користење на апликациите и мултитаскинг. Според информации на Bloomberg, уредот наречен iPhone Fold се очекува да биде претставен во ...

Компанијата dm drogerie markt го означи почетокот на платформата „Иднина која инспирира“ со настан што обедини волонтерска активност, панел-дискусија и споделување лични волонтерски приказни. Станува збор за нова платформа насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Во рамки на настанот повеќе од 100 новинари, инфлуенсери, соработници, волонтери и претставници на ...

Компанијата Microsoft го преименуваше Xbox Full Screen Experience (FSE) во Xbox Mode и потврди дека оваа функција ќе пристигне на сите компјутери кои го користат оперативниот систем Windows 11. Xbox Mode, порано познат како Full Screen Experience, ќе биде достапен на сите уреди со Windows 11 во април. Тој нуди интерфејс за играње на цел екран, оптимизиран за контролер, кој овозможува беспрекорно префрлување помеѓу играње и продуктивна работа. ...

Саемот на мебел 2026 и годинава ќе ги обедини производителите, дистрибутерите и брендовите од индустријата, носејќи нови идеи и можности за сите љубители на уредувањето на домот. Под мотото „Инспирација за секој дом“, од 25 до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“, со поддршка на партнерот Комерцијална банка АД Скопје, посетителите ќе можат да изберат и купат мебел од најновите колекции, современи решенија за ентериер, декоративни елементи ...

Најголемиот раст на видеосервисот YouTube во последните неколку години доаѓа од гледаноста на телевизор, а компанијата Google, која е негов сопственик, сега сака дополнително да заработи од тоа. Еден од начините да се постигне тоа е воведување реклами од 30 секунди на телевизор, кои не можат да се прескокнат. Овие реклами веќе се достапни за огласувачите ширум светот. Компанијата им порача на огласувачите дека нивната вештачка интелигенција ...

Samsung Galaxy S26 Ultra носи нова Privacy Display технологија, но анализата покажува дека структурата на пикселите се разликува дури и кога функцијата е исклучена. Новиот Galaxy S26 Ultra на Samsung носи една од најинтересните иновации во областа на екранот: функцијата Privacy Display, која ја ограничува видливоста на содржината за лица што гледаат од страна. Сепак, детална анализа покажува дека оваа технологија ја менува структурата на ...

Apple се подготвува за својот прв фолдaбл iPhone со напреден дизајн и моќен хардвер Според најновите гласини, Apple оваа година ќе го лансира својот прв преклопен смартфон, iPhone Fold, кој ќе се појави покрај iPhone 18 Pro серијата. Нови CAD рендери објавени од Sonny Dickson ни овозможуваат уште еден детален поглед на потенцијалниот дизајн на уредот. Се очекува iPhone Fold да има сличен дизајн како првата генерација на Google Pixel Fold, со ...

Роботите на Xiaomi постигнале висока прецизност при монтирање навртки во реална фабричка средина, успешно балансирајќи меѓу лабораториската интелигенција и строгите индустриски стандарди. Технолошкиот исчекор, овозможен од тактилните и роботските модели на вештачка интелигенција, ја помина критичната точка – од теоретско истражување кон практична примена, соопштија од Xiaomi. Благодарение на овие модели, нивните роботски системи се опремени ...

Apple веќе со години ја намалува зависноста од Кина, па така сега е потврдено дека четвртина од сите нови iPhone се произведуваат во Индија. Според нов извештај на Bloomberg, околу 25 проценти од сите нови iPhone уреди денес се произведуваат во Индија. Се проценува дека во текот на минатата година во Индија биле произведени околу 55 милиони iPhone уреди, додека една година претходно таа бројка изнесувала 36 милиони. Со тоа Индија за релативно ...

Google воведува Gemini AI агенти за повеќе од 3 милиони цивилни и воени вработени во американското Министерство за одбрана. Агентите првично ќе работат на некласифицирани мрежи, а во тек се и разговори за нивно проширување на класифицирани и строго доверливи системи, изјави Емил Мајкл, заменик-секретар за одбрана за истражување и инженерство. Осум однапред изградени агенти ќе автоматизираат задачи како сумирање белешки од состаноци, изработка ...

Тројца тренери на Семос Едукација со престижно признание од Microsoft Македонија ја зацврсти својата позиција на светската технолошка мапа. Тројца истакнати Microsoft сертифицирани тренери (MCT) од тимот на Семос Едукација, се закитија со титулата „Top 100 Quality Award winners“, признание кое Microsoft го доделува на само 100-те најдобри едукатори во светски рамки. Елена Димовска, Дејан Вакански и Дејан Кумпаниоски се имињата кои стојат зад ...

Еден од директорите на ASUS, S.Y. Hsu изјави дека евтиниот Apple MacBook Neo го принудува целиот PC екосистем да реагира, но истовремено предупреди дека кризата со меморијата ги турка цените на лаптопите нагоре и дека тоа би можело да трае сè до 2027 година. Компанијата Apple неодамна го претстави MacBook Neo со почетна цена од 599 долари, а реакцијата од конкуренцијата не изостана кратко по објавата. На повик со инвеститори, ко-извршниот ...

Нови информации сугерираат дека Huawei Pura 90 Ultra би можел повторно да ја воведе камерата што се извлекува, со 200 MP перископски сензор и напредни фотографски решенија. Компанијата Huawei би можела повторно да воведе една од своите најинтересни иновации во областа на камерите, и тоа веќе со следната генерација флегшип телефони. Според новите информации, претстојниот Huawei Pura 90 Ultra би можел да добие камера што се извлекува — решение ...

Galaxy S26 серијата бележи двоцифрен раст во нарачки, додека Galaxy S26 Ultra е избор на 70% од потрошувачите, заедно со Galaxy Buds4 серијата со неверојатен звук Во Европа, уредот Galaxy S26 Ultra бележи 20% раст на нарачките на годишно ниво Samsung Electronics денес најави дека Galaxy S26 серијата и Galaxy Buds4 серијата се достапни во Северна Македонија. Како трета генерација уреди со вештачка интелигенција на Samsung, уредите Galaxy S26 ...

Благодарение на новите алатки, корисниците ќе можат полесно да креираат документи, табели и презентации со помош на едноставни текстуални упити. Google најави нови функции базирани на Gemini кои пристигнуваат во Google Workspace апликациите, вклучувајќи ги Google Docs, Google Sheets, Google Slides и Google Drive. Станува збор за новитети кои веќе од денес се достапни во бета верзии на апликациите и тоа за претплатници на пакетите Google AI ...

Гласините тврдат дека првиот преклопен iPhone на Apple би можел да го носи името iPhone Ultra и да биде дел од новата Ultra линија на уреди, која наводно би ги вклучувала и AirPods Ultra и MacBook Ultra. Според нови, неофицијални гласини од Кина, Apple сепак нема да го нарече својот прв склоплив телефон iPhone Fold, туку – iPhone Ultra. Имено, наводно овој модел би требало да биде дел од нова линија производи на Apple со ознаката Ultra, во ...

Samsung наводно тестира нови силициум-јаглеродни батерии со капацитет до дури 18.000 mAh, но за масовна примена сè уште е потребна значителна доработка. На X се објавени интерни тест-извештаи од батериската дивизија на Samsung, Samsung SDI, кои откриваат дека компанијата активно тестира нови силициум-јаглеродни (Si-C) батерии со голем капацитет. Меѓу нив има модели со 12.000 и 18.000 mAh, но за жал на купувачите, технологијата сè уште не е ...

Зелената транзиција и експлозијата на вештачката интелигенција ја менуваат геополитичката карта на светот. Литиумот, кобалтот и никелот повеќе не се само суровини, туку столб на националната безбедност за кој се натпреваруваат најголемите светски сили. Пред само десет години, металите како литиум, кобалт и никел имаа ограничено стратешко значење. Денес тие буквално се крвотокот на глобалната економија. Во драматично обраќање пред Советот за ...

Корисниците отсега можат преку ChatGPT да ја користат популарната алатка за препознавање музика, односно песни, без да го напуштат овој четбот. Пред неколку месеци компанијата Apple го донесе Apple Music во ChatGPT, овозможувајќи им на корисниците да ги искористат можностите на четботот за природен јазик за да креираат листи со песни. Меѓутоа, сега и Shazam, кој е во сопственост на Apple, ги нуди своите услуги преку ChatGPT, овозможувајќи им ...

Apple го освежи iPad Air, кој отсега доаѓа со M4 чип и N1 чип за безжично поврзување. Почетната цена останува иста како и кај минатогодишниот модел со M3. Apple го претстави новиот iPad Air, кој сега го придвижува M4 чипсет, истиот чип што се користи во 7-та генерација на Apple iPad Pro, како и во моделите Apple MacBook Pro, Apple MacBook Air и Apple Mac mini. Со ова Apple дополнително ја зајакнува својата средна класа таблети и ја намалува ...

Qualcomm Snapdragon X2 Elite Extreme носи голем напредок, но во Geekbench тестовите и понатаму заостанува зад Apple M5 Pro и M5 Max чиповите Најновиот лаптоп процесор на компанијата Qualcomm покажува значителен напредок во однос на претходната генерација, но сè уште не успева да ја достигне конкуренцијата од Apple. Новиот Snapdragon X2 Elite Extremeдоаѓа со конфигурација од 18 CPU јадра и нуди забележително подобри перформанси во споредба со ...

Honor потврди дека развојот на MagicOS 11 е во полн замав. Новиот систем, базиран на Android 17, носи побрза работа, подобра автономија и подобрувања на камерата. Компанијата Honor официјално потврди дека развојот на новата верзија на оперативниот систем MagicOS 11 е во полн ек. Претставниците на компанијата наведуваат дека се подготвуваат и одредени изненадувања за корисниците на паметни телефони и таблет уреди. Иако актуелниот MagicOS 10 сè ...

Меѓународната вселенска станица би можела да продолжи со работа малку подолго отколку што досега се очекуваше. Орбиталната лабораторија, која од ноември 2000 година е дом на ротирачка екипа астронаути, според актуелниот план треба да биде деорбитирана кон крајот на 2030 година. Сепак, новоизработениот американски закон за авторизација на NASA го поместува тоа пензионирање за две години, односно до 30 септември 2032 година. Целта на ...

IDC прогнозира дека 2026 година ќе донесе масовна популаризација на камери од 200 MP во телефоните, додека конфигурацијата со две 200 MP камери би можела да стане стандард кај флегшип моделите. Според најновиот извештај на аналитичката куќа International Data Corporation (IDC), пазарот на паметни телефони влегува во нова фаза во развојот на мобилната фотографија. Прогнозата покажува дека во текот на 2026 година камерите со резолуција од 200 ...

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација. Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со ...

Нова Android апликација им овозможува на корисниците брз и прегледен увид во православните, католичките и муслиманските празници, како и во сите неработни денови во Македонија На македонскиот пазар е достапна нова мобилна апликација која има за цел да им помогне на корисниците лесно и прегледно да ги следат сите важни празници во државата. Апликацијата „Календар“ е развиена за Android уреди и нуди комплетен преглед на државните и верските ...

Ако не ја забележувате технологијата, тогаш сме си ја завршиле работата, вели Раководителот за телевизори во Samsung, осврнувајќи се на своите 20 години заеднички моменти во компанијата Веќе дваесет години, телевизорите на Samsung живеат тивко во центарот на домовите на луѓето, присутни не само за забава, туку и за моментите што нè поврзуваат, нè трогнуваат и остануваат со нас долго откако екранот ќе се затемни. Оваа година во Samsung се ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
45%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
68%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
1.34
57%
1016
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
52%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Калај

50.03

Сребро

2840.84

Бакар

12.06