Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Започнувањето на студентскиот живот е мешавина од возбуда и хаос. За некои значи нов град и барање сместување, за сите – поголеми трошоци за секојдневни потреби и адаптација на нова средина, бескрајни редици за упис, изгубени моменти во потрага по вистинската предавална, навикнување на новите професори, или трка по документи и уплатници. Овие почетоци не наликуваат на совршена сцена од филм – но тоа е реалноста со која ќе се соочи секој ...
На YouTube беше објавено наводно видео за отпакување на уште необјавен iPad Pro со M5 чип, од страна на рускиот канал Wylsacom. Истиот YouTube канал минатата година го протече и 14-инчниот MacBook Pro со M4 чип пред тој да биде официјално најавен од Apple, па затоа веројатно станува збор за легитимно протекување. Врз основа на кутијата прикажана во видеото, изгледа дека станува збор за 13-инчен iPad Pro со M5 чип, 256GB меморија за складирање ...
Претседателот на управата на Samsung Display потврди голема инвестиција во нова производна линија и најави подготовки за масовно производство на екрани за преклопни телефони за американски клиент, веројатно за Apple. Корејската компанија Samsung Display планира да ја пушти во работа својата нова производна линија за OLED екрани, кои ги нарекуваат генерација 8.6, до крајот на вториот или најдоцна во третиот квартал од следната година. ...
Microsoft воведува микрофлуидно ладење директно во силициумот на процесорот, со што три пати поефикасно ја отстранува топлината. Инженерите на Microsoft развија технологија која би можела да го реши еден од најголемите проблеми на модерните дата-центри: прегревањето поради интензивните AI работни задачи. Новиот пристап користи микрофлуидика, односно пумпање на течен разладен флуид низ микроскопски канали врежани директно во силициумот на ...
Скопје денеска и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, што го организираат Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC). Настанот ќе ги обедини владите од регионот, бизнис заедницата, академската средина и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација на регионот. Организиран на две сцени – Главна и Технологија – WBDS 2025 ...
Дали сте се запрашале како навивачите ширум светот денес добиваат статистики во живо, персонализирани препораки и анализа на секој детал од натпреварот – и тоа за само неколку секунди? Зад ова не стои судијата, ниту спортските коментатори, туку „невидливиот играч“ – вештачката интелигенција. На оваа тема зборуваше Карло Кнежевиќ, раководител за вештачка интелигенција во SofaScore, на AI Tech Summit Skopje 2025. SofaScore е дигитална приказна ...
ПроКредит Групацијата со возбуда ја претставува ProConnect – едноставна и интуитивна дигитална платформа за вмрежување, дизајнирана исклучиво за бизнис клиенти на ПроКредит Банките на ниво на целата Групација. Оваа платформа ќе им помогне на бизнис клиентите да пристапат до нови пазари, да се поврзат со доверливи партнери низ 12 земји и да го развијат својот бизнис, како локално, така и надвор од границите на државата. Платформата нуди многу ...
OpenAI ја лансираше функцијата Instant Checkout во ChatGPT, која работи на новиот Agentic Commerce Protocol (ACP), развиен во соработка со компанијата Stripe. Во пракса, ова значи дека корисниците во САД, без разлика на нивото на ChatGPT што го користат, вклучувајќи и бесплатната верзија, можат директно да купуваат од американски продавачи на Etsy преку самиот чет. Во моментот е поддржано само купување на поединечни артикли. Дополнително, во ...
Иако се шпекулираше дека OnePlus 15 можеби ќе остане ексклузивен за Кина, потврдено е дека сепак ќе пристигне и на европскиот пазар. OnePlus официјално потврди дека нивниот претстојниот флeгшио, OnePlus 15, ќе се појави на пазарот надвор од Кина, па така и во Европа. Заедно со таа потврда, објавија и официјални фотографии од мобилниот телефон кои практично прикажуваат сè што треба да знаеме за дизајнот. Една од главните новини е новата боја ...
Electronic Arts (EA) објави дека ќе биде откупен од Silver Lake, PIF и Affinity Partners на Џеред Кушнер, во зделка вредна 55 милијарди долари. Компанијата ќе излезе од берза во 2027 година, а извршен директор ќе остане Ендрју Вилсон. Electronic Arts (EA) официјално соопшти дека ќе биде откупен и повлечен од берза во зделка вредна 55 милијарди долари. Во аквизицијата се вклучени Silver Lake, саудискиот PIF (Public Investment Fund) и Affinity ...
AI Tech Summit Skopje 2025 започна со силна инспирација – говорот на Susana Morillas, директорка за дигитална трансформација и главна архитектка за податоци и вештачка интелигенција во Salesforce. Таа ја отвори темата „Agentic AI Success“, со фокус на тоа како компаниите можат да преминат од „AI еуфорија“ кон вистинска примена на автономни агенти во секојдневното работење. Зошто се важни AI агентите? Последниве години вештачката интелигенција ...
Microsoft го воведува Agent Mode во Excel и Word, додека Office Agent во Copilot четот овозможува автоматско креирање документи и презентации. Microsoft официјално го претстави концептот „vibe working“ во рамки на своите Office апликации, воведувајќи го Agent Mode во Excel и Word. Оваа функција им овозможува на корисниците да креираат сложени табели и документи само со помош на упати во Copilot околината. Паралелно, беше претставен и Office ...
Денеска официјално беше отворен најголемиот регионален настан посветен на вештачката интелигенција – AI Tech Summit Skopje 2025, кој традиционално ги обединува водечките експерти, компании и ентузијасти од областа на технологијата. Ова издание на самитот започна со емотивна и достоинствена посвета на неговиот основач ФилипАврамчев, кој годинава нè напушти, оставајќи зад себе силна визија и наследство за технолошката заедница. Филип веруваше ...
Motorola го подготвува Moto X70 Air, ултратенок телефон со Snapdragon 8 Gen 5 процесор. Премиерата ќе се одржи до крајот на октомври во Кина. Motorola се приклучува на трендот на екстремно тенки телефони и најави нов модел под името Moto X70 Air. Самото име јасно го открива фокусот на овој уред, додека официјалниот тизер дополнително ја нагласува неговата минимална дебелина. Комплетните спецификации ќе бидат откриени до крајот на октомври, ...
Македонски Телеком и Министерството за дигитална трансформацијаорганизираа заедничка работилница за креирање иновативно решение базирано на вештачка интелигенција (AI) за полесно пребарување на отворениот портал data.gov.mk. На решението работеа дигитални таленти и инженери од Македонски Телеком и студенти– волонтери во министерството коишто се вклучени во работа на национални проекти за дигитализација. „Со оваа иницијатива, покажуваме како ...
По речиси една деценија, Google го ажурира своето познато „G“ лого, а новиот дизајн со поживи бои и постепен премин на нијанси ја симболизира посветеноста на компанијата на ерата на вештачката интелигенција (такво е официјалното објаснување). Google официјално го најави редизајнот на своето препознатливо „G“ лого, воведувајќи помодерен изглед со посветли бои и постепени премини на нијанси. Како што наведува MoneyControl, овој освежен симбол, ...
Honor Magic 8 Pro пристигнува со 120 W полнење, 200 MP камера и батерија од 7000 mAh, што го вбројува меѓу најмоќните телефони во 2025 година. Honor Magic 8 и Honor Magic 8 Pro се појавија на 3C сертификација, каде што беше потврдено дека стандардниот модел поддржува 90 W, додека Pro верзијата носи импресивни 120 W жично полнење. Иако основната верзија можеби нема да ги задоволи корисниците кои бараат екстремно брзо полнење, Pro моделот ...
Американската компанија за развој на вештачка интелигенција OpenAI денеска воведе нови мерки за заштита на тинејџерите кои ja користат алатката ChatGPT. Новите опции им овозможуваат на родителите да го поврзат својот профил со профилот на детето и да ги приспособат поставките за побезбедно корисничко искуство. Ќе имаат можност да воведат временски ограничувања за користење на алатот, да го исклучат гласовниот мод или генерирањето слики, како ...
Во Windows е додадена Google апликација со моментално пребарување која користи AI и Lens за побрза работа, но сè уште е во експериментална фаза. Користењето на Google пребарувањето во Windows околината досега бараше отворање на прелистувач и одење на Search пребарувачот, но тој процес е поедноставен со лансирањето на експерименталната апликација Google app for Windows. Новата функција е претставена преку Google Labs и овозможува покренување ...
Google ја воведе функцијата Conversational Editing од Pixel 10 во апликацијата Google Photos за сите Android телефони, но со пет посебни услови. Кога годинава дебитираше серијата Pixel 10, Google претстави и нова опција во апликацијата Google Photos: Conversational Editing. Станува збор за генеративна AI функција базирана на Gemini моделот, која им овозможува на корисниците да уредуваат фотографии користејќи обични текстуални команди. Наместо ...
Новите модели на MacBook Pro на Apple наскоро ќе влезат во масовно производство, според најновите информации споделени од Марк Гурман од Bloomberg. Во неговиот билтен Power On денес, Гурман рече дека и понатаму верува дека новите модели на MacBook Pro ќе бидат објавени некаде помеѓу крајот на 2025 и првиот квартал од 2026 година, што значи дека најдоцна до март треба да бидат достапни за нарачка. Apple често претставува нови Mac уреди во ...
Соработката е проширена со испорака на 23.000 паметни дисплеи и софтвер за далечинско управување, со што се модернизираа дилерствата на Toyota ширум светот. Рекордни 38,8% глобален удел на пазарот за комерцијални дисплеи во вториот квартал од 2025 година го означува најновиот успех во 17-годишното континуирано лидерство. Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја објави експанзијата на своето партнерство со Toyota Motor, еден од најголемите ...
Google потврди дека Android и ChromeOS ќе станат единствена платформа од 2026 година, со поддршка за новите уреди на Qualcomm и MediaTek. На неодамна одржаниот Qualcomm Snapdragon самит, пристигна и најавата која ги надминува телефоните: Google официјално потврди дека Android и ChromeOS ќе станат единствена платформа следната година. Sameer Samat, шеф на Android екосистемот, изјави дека корисничкиот интерфејс и искуството на ChromeOS ќе ...
YouTube Premium добива важни подобрувања – од висококвалитетен звук во Music апликацијата, до побрзо гледање видеа и новата Jump ahead опција на паметни телевизори и конзоли. YouTube воведува низа нови функции за своите Premium корисници, кои треба да ја направат претплатата уште поатрактивна. Најзначајните промени вклучуваат висококвалитетен аудио во YouTube Music апликацијата, можност за гледање видеа до четири пати побрзо и опцијата Jump ...
Компанијата OpenAI најави „стратешко партнерство“ со производителот на AI чипови Nvidia со цел изградба и имплементација на AI дата-центри со моќ поголема од 10 гигавати. Станува збор за огромен проект во кој Nvidia ќе вложи до 100 милијарди долари, а за негово функционирање би можело да биде потребно астрономско количество електрична енергија. Како што пренесува Fortune, планираните дата-центри би трошеле енергија колку целиот град Њујорк. ...
Со големо задоволство Women in Tech Macedonia го најавува третото издание на WITCON-конференцијата за вештачка интелигенција, иновација и технологија. Топ 3-те теми што ја одбележаа 2025 година на една конференција во 2 дена Трета година по ред WITCON прераснува во платформа на спој помеѓу знаењето, искуството и талентот со зголемен број на посетители како и говорници на сцена. Токму затоа, оваа година очекувајте над 450 посетители, 65+ ...
Qualcomm неодамна го претстави својот нов флегшип чипсет Snapdragon 8 Elite Gen 5, а веќе е познато дека многу премиум смартфони ќе го користат. Првата таква серија е Xiaomi 17, но сега го гледаме и идниот OnePlus 15. Пред неговото официјално деби се појави видео на YouTube од корисникот Geekerwan, кој ја тестирал изведбата на телефонот. Според бенчмарк резултатите, Snapdragon 8 Elite Gen 5 го надминува Apple A19 Pro, кој се користи во iPhone ...
Фокусот на компанијата и понатаму е на развој на напредна и поумна верзија на Siri, која треба да се појави напролет следната година. Apple прилично задоцни со развојот на вештачката интелигенција во однос на конкуренцијата. Додека OpenAI, Microsoft, Google, Meta и други компании одамна претставија свои chatbot решенија базирани на AI, не постоеше некаква посебна алатка како Apple AI или слично. Сепак, според последните медиумски извештаи, ...
ChatGPT и останатите алатки за вештачка интелигенција овозможиле декодирање на делови од писмо, меѓутоа сега е невозможно да се пронајде Линда, која побарала одговор од оној што ќе го најде шишето со порака. Малте Бајер и неговото семејство од германскиот регион Шварцвалд во Германија го пронашле шишето и писмото украсено со цртежи од шарени риби, морски коњчиња и чамци додека шетале по плажата. „Успеав да разберам два збора – Англија и ...
Истражување спроведено на примерок од дури 15.000 телефони го открива брендот со најниска стапка на дефекти. Изненадувањето е на врвот на листата. Како што растат цените на паметните телефони, потрошувачите сакаат уред кој не е само брз и способен за квалитетни фотографии, туку и доволно издржлив за да трае со години без дефекти. Токму на тоа прашање одговори новата анализа на британската потрошувачка организација Which?, која обработи ...