Huawei официјално го претстави својот долгонајавуван смартфон со нестандарден, широк формат. Huawei Pura X View има широк дисплеј со сооднос 16:9,5 и е првиот смартфон во светот без преклопување што користи ваков широк екран. Во однос на дизајнот, телефонот потсетува на моделот Pura X. Иако Huawei сè уште не ги откри целосните спецификации, познато е дека Pura X View има дисплеј со сооднос 16:9,5 и резолуција од 2.232 × 1.320 пиксели. ...

Претстојниот iOS 27 овозможува репродукција на AirPlay видео на CarPlay екраните во компатибилните автомобили, но само кога возилото е паркирано Apple официјално објави дека iOS 27 ќе донесе една од најголемите новини за CarPlay во последните неколку години – можност за гледање видео содржини директно на екранот на компатибилен автомобил. Apple уште на WWDC 2025 најави дека CarPlay ќе им овозможи на корисниците да репродуцираат видео преку ...

Горниот степен на стара ракета Falcon 9 падна и создаде кратер на Месечината, а сондата Lunar Reconnaissance Orbiter на NASA успеа детално да го сними и анализира од орбитата неколку дена подоцна. Како што и најавивме, откако поминаа неколку дена и се создадоа соодветни услови, NASA објави детални снимки од новиот кратер на Месечината, настанат на 5 август по ударот на горниот степен од ракетата Falcon 9 на SpaceX. Лунарната орбитална сонда ...

Apple работи на HomePad со интегрирана Siri AI, кој би можел да биде претставен уште оваа година. Домашниот хаб ќе користи Галерија со виџети (Widget Gallery) преку која корисниците ќе можат да избираат која содржина сакаат да се прикажува на почетниот екран на уредот. Споменувања на Widget Gallery се пронајдени во macOS Tahoe 26.7, ажурирање во кое протекоа информации за голем број необјавени производи на Apple. Стринговите биле пронајдени ...

Microsoft во рамки на надградбите за Windows 11 темелно ќе го освежи File Explorer, кој ќе биде побрз и постабилен. Пристигнува и редизајнирано контекстно мени при десен клик, со поголема контрола за корисниците. File Explorer е едно од најчесто користените кориснички опкружувања во Windows, бидејќи е наменет за организирање датотеки, како на компјутерот така и во облакот. Сепак, во последните години беше донекаде занемарен, со само неколку ...

One UI 9.5 носи поglatki анимации, подобрена апликација за камерата и нов интерфејс за регистрирање отпечаток од прст, а се очекува да дебитира на почетокот на следната година со Galaxy S27 серијата Samsung ја подготвува новата верзија на својот кориснички интерфејс, One UI 9.5, а сега се објавени снимки од екранот и видеа кои откриваат дел од промените. Меѓу нив особено се истакнуваат подобрените анимации при отворање и затворање на ...

По години правни битки и регулаторни притисоци во САД и Европа, Apple во нови документи призна дека неговиот исклучително профитабилен бизнис со провизии би можел да биде сериозно загрозен, што би можело да влијае и врз целокупното работење на компанијата. Apple со години жестоко се бореше да обезбеди и понатаму да може да наплаќа провизија од продажбата на апликации, дури и кога таа се одвива преку продавници на трети страни. Овој агресивен ...

Apple Watch 12 серијата би можела да го врати керамичкото куќиште, кое последен пат беше видено во 2019 година кај Apple Watch 5 Edition Серијата Apple Watch 12 би требало да биде претставена на настанот на Apple во септември, а покрај новите функции, би можела да донесе и враќање на материјал што компанијата не го користела со години. Според најновите информации, Apple размислува повторно да воведе керамичко куќиште. Tipster-от Kosutami ...

Googlebook уредите ќе донесат нов Android-базиран оперативен систем, премиум хардвер и нов препознатлив дизајн, а првите модели ќе ги произведуваат Asus, HP, Lenovo и Dell Google првпат ги откри своите планови за лансирање на новите Googlebook лаптопи уште во мај, кога потврди дека тие ќе работат со нов оперативен систем базиран на Android. Претходно овој месец добивме и прв поглед на некои од лаптопите од првите партнерски производители, ...

Кога купувате нов телефон, веројатно читате рецензии и гледате видеа со споредби во потрага по „најдобриот“ уред. Иако рангирањата можат да бидат корисни, тие не можат да одговорат на најважното прашање: кој телефон е најдобар за вас? Одговорот зависи од личните потреби, како што се начинот на кој сакате да работите, да создавате содржини и да останете поврзани во текот на денот. Зошто Samsung нуди повеќе формати на преклопливи телефони? ...

Камерата со променлива бленда би можела да биде ексклузивна за најголемиот модел во серијата, поради дополнителниот простор потребен за хардверот Претстојните iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max модели се очекува да бидат претставени следниот месец, а покрај новиот A20 Pro чипсет и поголемите батерии, двата модели би требало да донесат и значителни надградби на камерите. Сепак, според најновите гласини, една од најинтересните новини би можела ...

Компанијата Samsung на 27 август ќе го одржи својот Galaxy настан за август 2026 година, на кој ќе биде претставен најновиот член на семејството Galaxy S26. Компанијата најавува уред кој е дизајниран да ги донесе клучните искуства од Galaxy S26 серијата, вклучително и напредните можности во фотографијата и вештачката интелигенција, заедно со најновата верзија на корисничкиот интерфејс One UI. Серијата Galaxy S26 досега привлече внимание со ...

Honor интензивно го тестира Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro за својот прв широк преклопен телефон, кој би можел да стане првиот wide foldable со 2nm процесор Компанијата Honor наводно го подготвува својот прв широк преклопен телефон со чипот Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro, кој би требало да биде изработен во 2 nm производствен процес. Доколку информациите се потврдат, тоа би бил првиот преклопен телефон во индустријата со 2 nm процесор. Според ...

Новата колекција им овозможува на корисниците пристап до дела од Климт, Вермер и други големи мајстори на уметноста Компанијата Samsung и Музејот за историја на уметноста во Виена (Kunsthistorisches Museum) денес објавија ново партнерство со кое 43 внимателно избрани ремек-дела од музејската колекција ќе станат дел од Samsung Art Store. Почнувајќи од денес, љубителите на уметноста ширум светот ќе можат да пристапат до овие иконски дела во ...

Нов патент на Meta опишува AI очила кои можат да препознаваат луѓе, да ги анализираат нивните изрази и однесување, да ги поврзуваат со односите на корисникот и автоматски да креираат видео-снимки од настаните Замислете дека на вечера не мора да го извадите телефонот за да ги снимите најважните моменти. AI очилата го препознаваат вашиот партнер, пријателите и другите гости, проценуваат кој се смее или прави нешто интересно, автоматски ги ...

Секое лето, фестивалот привлекува над 100.000 посетители, филмски професионалци и критичари од целиот свет, а учеството во неговата главна натпреварувачка програма претставува една од највисоките потврди за уметничкиот квалитет на еден филм Македонскиот долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ вчеравечер (17.08.2026) премиерно беше прикажан пред преполната сала во Народно позориште Сарајево, во рамките на 32. издание на ...

За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклами обложени со четки што добитокот може да ги користи за чешање. Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност. Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата ...

За градењето доверба во дигиталната ера, моќта на вработените како гласноговорници на брендот, „Drip Effect“ стратегијата и иднината на B2B маркетингот разговараме со Амрита Лал, Senior Client Solutions Manager во LinkedIn и говорник на 9. издание на Регионалната Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 3. ноември во Националната опера и балет во Скопје. Во време кога вештачката интелигенција овозможува создавање и дистрибуција на ...

YouTube од 24 август ги менува правилата за броење на прегледите, па секој преглед ќе се регистрира веднаш штом видеото ќе започне да се репродуцира YouTube го менува начинот на кој се бројат прегледите на видеата, па од следната недела секој преглед ќе се регистрира веднаш штом ќе започне репродукцијата, односно уште од првиот кадар. Компанијата наведува дека новите правила ќе почнат да важат на 24 август 2026 година и ќе се применуваат ...

Скопје повторно ќе биде место за средба на технологијата, вештачката интелигенција, бизнисот и човечкиот потенцијал. На 22 и 23 септември во објектот на Националната опера и балет ќе се одржи Самитот за вештачка интелигенција „Филип Аврамчев“ (AI Tech Summit „Filip Avramchev“), кој продолжува да ја гради својата визија како независна регионална платформа посветена на развојот и практичната примена на вештачката интелигенција. Под мотото ...

Намалувањето на стапката на освежување на екранот од 120, 144 или 165 Hz на 60 Hz може значително да го продолжи траењето на батеријата на Windows лаптопот. Екраните со стапка на освежување од 120, 144 Hz или повеќе денес се чести кај Windows лаптопите бидејќи овозможуваат значително попријатно и пофлуидно работење. Проблемот е што повисоката стапка на освежување ја зголемува потрошувачката на енергија, па една едноставна поставка во Windows ...

Најголемата разлика меѓу Mini LED и OLED телевизорите се забележува дури при долготрајна употреба Технологијата на ТВ-панелите значително се промени во последните години, па често се поставува прашањето дали Mini LED телевизорите траат подолго од OLED моделите. Засега не може со сигурност да се тврди дека Mini LED има подолг животен век, иако постојат одредени разлики меѓу овие две технологии. Проценетиот животен век на OLED телевизорите ...

Huawei во текот на септември би можел да претстави дури шест премиум телефони, меѓу кои новата серија Mate 90 и два необични модели Huawei подготвува исклучително интензивен план на активности за септември. Според првите објавени информации, компанијата во текот на следниот месец би можела да претстави дури шест flagship телефони, распоредени во рамките на два големи настани. Главниот дел од новата понуда би требало да го сочинува серијата ...

Honor Magic9 серијата би требало да добие компактен модел со екран од околу 6,4 инчи, Snapdragon 8 Elite Gen 5 чип и голема батерија Honor Magic9 серијата би требало да биде претставена следниот месец, како што веќе слушнавме во Кина. Најновите информации укажуваат дека понудата ќе вклучува и посебна компактна верзија. Освен тоа, се појавија и фотографии од практично сите уреди од новата серија. Се очекуваат најмалку три модели: основниот ...

Со елегантен дизајн, професионални спортски режими и напредни функции за следење на здравјето, Honor Watch 6 е создаден за активен спортски живот Компанијата Honor, глобален лидер во областа на екосистемот на AI уреди, ова лето ја збогати својата понуда со HONOR Watch 6. Дизајниран да им помогне на корисниците да го достигнат својот целосен здравствен потенцијал, HONOR Watch 6 е напреден паметен часовник кој беспрекорно ги обединува ...

MacBook Neo 2 се очекува во пролетта 2027 година со A19 Pro процесор и 12 GB RAM, со годишен ритам на лансирање кон крајот на март Apple би требало да го претстави MacBook Neo 2 во пролетта 2027 година, откако првата генерација оствари неочекувано добар комерцијален резултат. За разлика од iPhone серијата, MacBook компјутерите со години немаат целосно предвидлив ритам на претставување, но Neo линијата би можела да добие годишен термин кон ...

Семос Едукација започна стратешка соработка со Гересхајмер, дел од глобалната германска групација специјализирана за производство на медицински производи од стакло и пластика, со цел воведување на вештачка интелигенција (AI) во деловните процеси на компанијата. Партнерството е насочено кон идентификување на можностите за автоматизација, оптимизација на работењето и развој на дигиталните компетенции на вработените, како клучни предуслови за ...

Microsoft потврдува дека WMIC целосно исчезнува од Windows 11 26H2, со што завршува поддршката за алатката која постои уште од ерата на Windows XP Microsoft потврди дека од Windows 11 26H2 целосно ќе го отстрани WMIC, командната алатка која е дел од Windows екосистемот уште од 2001 година и ерата на Windows XP. Windows Management Instrumentation Command-line, или WMIC, им овозможуваше на администраторите преку командната линија да го користат ...

Computer History создава временска линија на активностите на корисникот до која можат да пристапат ChatGPT и Codex, а за разлика од Windows Recall, не се потпира на снимки од екранот. Апликацијата ChatGPT за macOS доби нова функција наречена Computer History, која активностите на корисникот ги претвора во податоци за учење, со што ChatGPT може да научи како корисникот работи, да предлага автоматизации и да презема задачи кои останале ...

Apple се подготвува да претстави нова генерација AirPods со вградени камери, а откриеното демо во macOS Tahoe 26.7 сугерира дека уредот е блиску до официјално лансирање. Apple работи на AirPods со вградени камери, а ново откритие во тест-верзијата на macOS Tahoe 26.7 дава можеби најконкретен доказ досега дека технологијата наскоро би можела да стане реалност. Кратко видео пронајдено во release candidate верзијата на оперативниот систем ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
67%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
95%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
63%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.24
63%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.34
76%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25