Андрија Путкараџе од Грузија победи на Детската Евровизија 2024 со песната To My Mom, одржана во Мадрид. Андрија е родена во прекрасниот црноморски град Батуми, Грузија. Почнал да пее на двегодишна возраст, а подоцна станал член на групата вокален ансамбл „Деца на морето“ пред да студира пијано во Музичкото училиште Закарија Палиашвили. Веќе успешен музичар, неговото најголемо достигнување пред да стане евровизиски шампион победи на ...
Концерт со повод: “Меморија- 40 години постоење”. Како со временска машина настапот на “Меморија” ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња. Концертот кој ќе се одржи на 16.11.2024 во Арената Борис Трајковски, ветува убава енергија, уникатна сценографија проследена со врвна сценска техника. Вратите се отвораат во 19.30 часот, ќе има многу изненадувања, гости од македонската естрада и неповторлива забава со македонски хитови за сите ...
Деветтото издание на фестивалот „Денови на балканската етно ризница“ ќе се одржи на 18 ноември 2024 година во Домот на Занаетчиите ви Куманово, со концерт насловен „Цане со пријателите“. Познатиот автор и инструменталист од сскопје, маестро Цане Петров, ќе настапи со инструментална музика на стари народни песни, која целосно ја потпишува како аранжер. Здружение, „Етно ризница“ е организатор и најавува интересна вечер со настап на музички гости, ...
15.11.2024 Учениците и наставниците од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Битола, денеска во просториите на училиштето имаа обука за тоа како да постапат во случај на земјотрес. Експертите од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) одржаа предавање со симулација на евакуација во случај на земјотрес, со цел средношколците да научат како да се заштитат себеси во првите моменти во случај на земјотрес. Иако, ...
Светски познатиот духовен учител, писател, сексолог и тантрички мајстор со потекло од Хрватска, Фрањо Милиќевиќ, познат како Аба Азиз Макаја, повторно гостува во Македонија, по повод 30 години Здружение за развој на уметноста на живеењето Комаја- Скопје. По успешното презентирање на Полиаморнит Манифест на 26-иот конгрес на “Светската асоцијација за сексуално здравје (WАS)” во Анталија, Турција, оваа година гостува гуру Макаја воСкопје со јавно ...
14.11.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните посети на институциите од областа на културата, денеска го посети Македонскиот народен театар, а присуствуваше и на пробата на актерите за претставата „12“ , адаптација на познатото сценарио „Дванаесет гневни луѓе“ во режија на Синиша ефтимов. Во изјавата за медиумите Љутков рече дека во МНТ затекнал две состојби – од едната е пресреќен, откако видел како течет ...
15.11.2024 Со претставата „Хинкеман“, во режија на Тамара Стојаноска на независниот театар „Златен Елец“, во МКЦ се отвора 49. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар- МОТ. -„Наградата „БИШ“ што ја добивме минатата година на 48.МОТ за претставата „Кенди“ нѝ отвори нови професионални шанси, гостувања на фестивали надвор од државата, запознавање со врвни театарски уметници и секако можност за работење на нова претстава за ...
На 19 ноември 2024 година со почеток во 20.00 часот во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“. Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова ...
На 13 ноември 2024 година, со почеток во 18 часот, во Културниот и информативен центар во Битола ќе се отвори изложбата насловена „Париски рефлексии 2 и 3“. Како што веќе знаете, оваа изложба беше реализирана во соработка со Францускиот институт во Скопје, односно со амбасадата на Франција и три дела на „Париски рефлексии“ беа претставени во Чифте амам. Поводот за овие соработки три години наназад беше одбележувањето на Деновите на ...
11.11.2024 Во Домот на културата во Македонски Брод во тек е Ретроспективна изложба на слики „20 години творештво“ на Драган Кузманоски. Драган Кузманоски роден е 1956 година во село Латово, општина Македонски Брод, а живее во Скопје. Основно и средно образование завршува во Кичево, а студира сообраќај на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола. Со сликарство се занимава две децении и во своето 20 годишно творештво има изработено повеќе од ...
Отворање 19.11.2024, 13 часот Динамичното време во кое живееме сè повеќе бара поврзување на теоријата што се учи со праксата, за знаењата да бидат лесно прифатени и како такви – трајни. Така, ако сакаме да ги образуваме најмладите во ликовната област, праксата треба да се поврзува со теоријата низ сите сегменти од воспитно-образовниот процес. Учеството во креативните работилници е одлична можност за таков тип поврзување, а сето тоа да биде ...
15.11.2024 Млади таленти синоќа ja освежија сцената на НУ Центар за култура Крива Паланка со одличната изведба на мјузиклот „Крал Иби“, во кој се истакнаа како изведувачи на повеќе јазици, комбинирајќи пејачки, актерски и музички способности.. Режисерот на мјузиклот, Орхан Дуров Јашаровски, истакна дека ги избрал најдобрите таленти, а младата екипа беше живо сведоштво за мултиетничноста и заедничката енергија која беше пренесена на сцената. ...
На 23-ти ноември 2024 година во 20:00 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес ќе се одржи авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. На концертот ќе бидат изведени одбрани композиции од неговиот богат творечки опус, меѓу нив и неколку светски и македонски премиери. Ова е воедно и првнегов целовечерен авторски концерт со овој оркестар. Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк ...
Концертот ќе се одржи на 15 ноември 2024 година во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност- Скопје со почеток во 20 часот. Влезот е слободен. На 25-тите „Есенски музички свечености“ ќе се држи концертот „Сонатна вечер“ со делата на Гоце Коларовски (1959-2006)- истакнатиот македонски композитор, педагог, научник и општествен деец, долгогодишен професор, а во два мандата и декан на Факултетот за музичка уметност- Скопје, како и гостин ...
13.11.2024 Промоцијата „Модерни измами“ ќе се одржи на 13.11. (среда) во локалот Рагуза 360 ROOFTOP, со почеток од 18 часот. Издавачкиот центар ТРИ со денешниот промотивен настан го најавува второто, дополнето издание на „Прирачникот за заштита од измами и интернет криминал“ од економистот и експерт во борбата против економски криминал, Роберт Атанасов. Ова е прва книга од ваков вид на македонски јазик, чиј автор има долгогодишно искуство како ...
На 28 ноември 2024, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Прекршено време. И светот се пресоздава од тоа што го заборава“. Куратори на поставката се: Ивана Васева, Благоја Варошанец, Софиа Григориаду, Ива Димовски, Владимир Јанчевски и Нада Прља. Генерална идеја за изложбата е преку контекстуален и критички пристап кон делата во колекцијата да се преиспитаат историски и критички теми, како што се ...
Скопје, 13 ноември 2024 година Вчера, во сенаменската сала на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, се одржа настанот „Цветинова награда за мир,“ на кој познатиот сликар и хуманист Живко Поповски- Цветин ја додели престижната награда на СОС Детско село, преземена од Претседателот на Управниот Одбор, Александар Трајковски. Во чест на нивната посветеност кон поддршката на децата без родителска грижа, Цветин на згрижувачките семејства им ...
(…имам подготвено и монографија за една исклучителна музичка личност од Македонија, неправилно запоставениот диригент маестро Ванчо Чавдарски…) ******** Периодот на пензионирањето кај вистинските креативци значи влегување во еден свет во кој тие се препуштаат на активно творење, а слободно ќе речеме и активно и сѐ поквалитетно. Еден од нив е и Јован Мазгански, преку чие творештво јавноста пошироко го запозна неговото име. * Господин Мазгански, ...
Францускиот институт во Скопје и фестивалот Млад отворен театар – МОТ покануваат на несекојдневна интерактивна претстава, наменета за широка публика, в сабота 16.11.2024, со почеток во 19 ч. во сала „25 Мај“ – МКЦ. « Screenagers vol.2 », дело на француско-хрватската кореографка Барбара Матијевиќ и на Џузепе Чико, претставува перформанс во иновативен формат во кој шармантната презентерка и актерка Барбара нè носи на лирско патување низ ...
Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седницата одржана на 16.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република С. Македониј ...
Доколку го посетите преспанското село Кривени за Свети Јован што може да очекувате? Традиција и обичаи кои се пренесуваат од колено на колено и носат радост и веселие, но и спомнување на потомците и изразување длабока почит кон нив. Сето тоа спакувано во документарниот филм “Традицијата продолжува” изработен од Диме Талевски, филм кој годинава беше награден со сребрен медал Камера 300 во Битола. Филмот, ексклузивно и на КулАрт. ...
8.11.2024 Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско- струшкиот Регион. На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката ...
МКЦ го најавува 49-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од 15 до 21 ноември 2024, со театарски настани, претстави, работилница кои ќе се реализираат со огромна поддршка на МОТ – овската мрежа која со страст е создавана изминативе децении. Ова издание на фестивалот се отвора со минатогодишните победници, независната продукција, театарот „Златен Елец“ и претставата „Хинкеман“ по текст на Ернест Толер, во режија Тамара Стојаноска. Иако се ...
Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16 ноември 2024 со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ. Во ...
Недела на шпански филм (18-23 ноември 2024) во Кинотека на Македонија претставува прекрасно патување низ различни епохи на шпанската кинематографија, претставувајќи класични и современи дела на некои од најпознатите режисери. Оваа филмска недела, посветена на шпанскиот филм, ги обединува богатите теми и стилови од 1950-тите, преку револуционерната енергија на 1970-тите, до современите, постмодернистички визии од 2000-тите години. Посебно ...
“Прва поречка поетска манифестација” се одржа на 9 ноември 2024 година во Домот на културата- Македонски Брод, на која учествуваа 67 поети, а свои поетски творби прочитаа 25 поети. Настанот го отвори градоначалникот м-р Жарко Ристески, а обраќање имаше и директорката на Домот на културата Даниела Ацкоска, со чија заедничка поддршка беше одржана оваа поетската манифестација, која беше во замисла и организација на Милица Паулус дипломиран, писател ...
Францускиот институт во Скопје организира отворање на изложбата „Фото- графички експерименти“ во излогот на Францускиот институт, в четврток, 7 ноември 2024, во 18 часот. Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска. Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот ...
• Датум: 12 ноември 2024 • Локација: КСП Јадро • Почеток: 20:00 часот На 12 ноември 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во КСП Јадро ќе се одржи премиерата на „Панталоните,“ краток уметнички филм од мултидисциплинарниот уметник Крсто Глигорјадис. Преку ритуалот на облекувањето панталони, овој филм го истражува патот кон преземање лична и колективна одговорност – суштината на човекот потребна на ова општество. „Кога ќе направиме чекор ...
На 7.11.2024 во Едукативниот и културен центар „Лабораториум“ во Скопје (на бул. „Св. Климент Охридски“), беше промовирана книгата „Анимистичките концепти во сказните“ од Розе Нешковска Славковска, која неодамна ја публикуваше „Македоника литера“. Книгата ја промовираше проф. д-р Трајче Стамески, кој е и автор на поговорот во книгата. Во книгата е објавен предговор од проф. д-р Нина Анастасова Шкрињариќ. Книгата содржи интерпретации на ...
Општина Битола со богата културна програма ја одбележува 80-годишнината од ослободувањето на Битола. Добар дел од тие настани како; „ Шопенова вечер“ музичко – поетската вечер со Марко Виденовиќ и „Мевлем“, изложбата „Битола, слободна“ на Државен Архив.одд. Битола, Изложбата на граѓански активизам со Форумот на млади ги одбележаа изминатите денови. Овој викенд во Офицерскиот дом – КИЦ Битола се случија “50 години -Јубилејна изложба на Друштвото ...