Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
113-от Тур де Франс заврши со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта победа, тој прослави пет етапни победи на овогодинешната трка и сруши неколку рекорди, од кои ...
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја отфрли жалбата на групата за човекови права FairSquare против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за наводно кршење на правилата за политичка неутралност. FairSquare во својата жалба тврди дека Инфантино постојано ги кршел правилата на ИОК со тоа што му дал политичка поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. ИОК соопшти дека неговата Етичка комисија детално ја испитала жалбата, но ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио Хезоња со тоа официјално се враќа во НБА. 31-годишникот претходно играше за Орландо Меџик, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс пред да се врати во Европа, каде што стана еден од најдобрите играчи. Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио ...
Домантас Сабонис и следната сезона ќе го носи дресот на Сакраменто Кингс. Литванскиот центар во последниот период се најде во центарот на трансфер-шпекулациите, но раководството на Кингс јасно стави до знаење дека не планира да го испраќа еден од своите најважни играчи во друга франшиза. Иако веќе не е во најдобрите години од кариерата, 29-годишниот кошаркар останува еден од лидерите на Кингс и клубот верува дека со него може да гради ...
ФК Шкендија со убедлива победа од 3-0 над ФК Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во ПМФЛ. На теренот во тренинг-центарот на ФФМ, тетовскиот состав целосно доминираше и сосема заслужено ги освои првите три бода. Шкендија уште во втората минута можеа да поведат. Криезиу испрати прецизен центаршут од левата страна, а Зејнулаи од непосредна близина шутираше со глава, но Кристијан Наумовски со одлична интервенција го сочува својот ...
Шпанскиот Реал Мадрид сака да добие најмалку 160 милиони евра од продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор, објави „Sport.es“. “Кралевите“ се подготвени да се разделат од 26-годишниот играч, кој го бараат Арсенал и други клубови, само ако добијат профитабилна понуда. Во сезоната 2025/26, Винисиус играше на 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции. На Светското првенство во 2026 година, Бразилецот постигна ...
Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Според овие информации, Џеко е подготвен да ја продолжи кариерата во Бундеслигата и е многу мотивиран пред почетокот на новата сезона. Искусниот босански напаѓач наводно добил важни гаранции во врска со неговата улога во тимот. Тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, верува во Џеко и е ...
Полициски службеници на Граничниот премин Табановце привеле 42-годишен државјанин на Романија, откако при гранична контрола било утврдено дека возилото со кое влегол во државата било предмет на меѓународна потрага. Инцидентот се случил на 25 јули 2026 година во 02:39 часот, на влез во државата. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „волво“ со шведски национални ознаки, управувано од Л.Ф. (42) од ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека доброволните пожарникари ќе добијат институционална поддршка преку ДЗС, а со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот ќе се овозможи нивно поголемо ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов истакна дека доброволните пожарникари, кои досега беа дел од тимовите ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. – Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето ...
Некои луѓе едноставно влегуваат во просторијата и веднаш го привлекуваат вниманието. Според астролошките верувања, три хороскопски знаци се издвојуваат по својата силна самодоверба, одлучност и впечатлива енергија. Лав – кралот на самодовербата Лавовите се сметаат за природни лидери. Тие сакаат да бидат забележани, веруваат во своите способности и не се плашат да застанат во првите редови. Нивната харизма и позитивна енергија често ги прават ...
Денеска (26.07.2026) од страна на Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Б.(23) од с.Брест, скопско. При претресот пронајдена е поголема количина кокаин, соопшти МВР. С.Б. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба по член 215 од Кривичниот законик и по целосно документирање на ...
Граничната полиција на Табановце спречи внесување дрога и сомнителни фалсификувани пари. Двајца патници, еден од Германија и еден од Србија, биле лишени од слобода откако при контрола во нивниот багаж биле пронајдени марихуана и банкноти за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На 25 јули 2026 година, во 17:58 часот, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода Х.Т. (24) од Германија и ...
Начинот на кој екс министерот за надвоешни работи Бујар Османи ја толкува преговарачката рамка е одраз на аматеризмот на владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски кога станува збор за клучните документи во односите со Бугарија – Договор за добрососедство, вториот протокол од меѓувладината седница и францускиот предлог, преточен во преговарачка рамка. Преговарачката рамка Османи ја дели на општ и специјален дел. За општиот дел вели нема ...
Освежителен десерт без печење кој изгледа луксузно, а се подготвува за само неколку минути. Комбинацијата на кремаста чиа текстура, егзотично манго и нежна арома на шафран му дава посебен, гурмански вкус. Состојки (за 2 порции): За чиа слојот: 4 лажици чиа семе 250 мл кокосово млеко 2 лажици јогурт (грчки или растителен) 1 лажица мед или јаворов сируп ½ лажичка ванила малку рендана кора од лимета За манго кремот: 1 зрело манго 1 лажица сок од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа. „Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали. Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и САД. ...
Полициски службеници од СВР Охрид интервенирале по пријава за прегласна музика што се слушала од концерт во спортски центар во Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2025 година околу 01:00 часот било пријавено дека од концертот се емитува гласна музика со која се нарушува јавниот ред и мир. Полициските службеници извршиле мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било утврдено ниво од 77 ...
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот дел кај мексиканската држава Чијапас, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), повикувајќи се на податоци од Националната сеизмолошка служба на Мексико. Потресот се случил на 26 јули 2026 година во 15:54 часот по UTC, односно во 09:54 часот по локално време. Епицентарот бил лоциран на околу 100 километри западно од градот Тапачула, кој ...
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица денеска успешно интервенирала при пожар што избувнал во атарот на селото Добрејци. Како што информираат од ТППЕ Струмица, интервенцијата започнала во 13:45 часот, кога три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители биле ангажирани на гаснење на запалени стрништа и сува трева. Благодарение на брзата реакција на екипите, пожарот бил навреме локализиран, со што било спречено неговото ...
Полициски службеници од СВР Скопје ноќеска привеле 54-годишен скопјанец, откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година во 01:28 часот, на улицата „Славка Динкова“ во Скопје, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А. (54) од Скопје. По преземените мерки и извршените ...
Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за ГН на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на ...
Одбојкарската репрезентација на Турција го освои трофејот во женската Лига на нации, откако во големото финале ја надигра селекцијата на Бразил со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21). Мелиса Варгас беше најдобра во победничкиот состав со дури 33 поени зад своето име, а Ханде Баладин додаде уште деветнаесет. Во тимот на Бразил, прво име беше Ана Кристина со 25 поени. Во мечот за бронзениот медал, победник беше селекцијата на Италија, ...
Реал Мадрид е на чекор до реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна договор со Лајпциг за ангажманот на Јан Диоманде. Официјалната понуда од „кралскиот клуб“ се очекува да изнесува вкупно 120 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, сума што во Лајпциг се подготвени да ја прифатат. Диоманде ќе стане првото офанзивно засилување на Реал Мадрид ова лето. Претходно, клубот веќе ги доведе Марк Кукуреља од Челси, Дензел ...
Новата анализа на Visual Capitalist, базирана на податоци за 2025 година, покажува дека најголеми годишни трошоци за енергија по жител имаат домаќинствата во северна и западна Европа. На врвот на листата се Шведска, Финска и Австрија, додека дури 24 од првите 30 земји се европски, што уште еднаш потврдува дека Европа е регионот со највисоки енергетски расходи во светот. За разлика од овие држави, Македонија не се наоѓа меѓу земјите со ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во Старата скопска чаршија, заедно со граноначалникот на општина Чаир Изет Меџити, ја откри спомен-плочата посветена на истакнатиот полски урбанист Адолф Циборовски. На свеченоста присуствувале внуката на Циборовски и претставници на Амбасадата на Полска, а со поставувањето на спомен-плочата е оддадена почит за неговиот значаен придонес во зачувувањето на Старата скопска чаршија, еден ...
Дваесет и осумгодишен жител на Прилеп е приведен рано утринава во Охрид, откако, според полицијата, агресивно се однесувал кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година околу 05:10 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода А.К. (28) од Прилеп. По извршеното алкотестирање било утврдено ...
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе нов пораз во Б дивизијата на Евробаскетот. Во дуелот од ,,Д” групата шампионатот во Хрватска, Македонија е поразена од Унгарија со 84-63. Со овој пораз нашите јуниори и дефинитивно ги загубија шансите за во четвртфиналето, па сега ќе разигруваат за подобро позиција во понатамошниот текот шампионатот. Следуваат два слободни дена за македонските јуниори, а во среда е дуелот против ...
Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона. Во текот на првите два дена ќе бидат реализирани и медицинските тестови Дојдоа: Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе Заминаа: ...
Сместен меѓу Швајцарија и Австрија, Лихтенштајн е една од најмалите држави во Европа, но истовремено и една од најбогатите во светот. На површина од само 160 квадратни километри живеат нешто повеќе од 41.000 жители, а земјата е позната по својата силна економија, прекрасните алпски пејзажи и исклучително високиот квалитет на живот. Она што најмногу ги изненадува туристите е фактот дека Лихтенштајн нема сопствен аеродром. Посетителите најчесто ...