Влегувањето во сезоната на Бик носи помирна енергија, хедонизам и фокус на безбедноста – а ова се знаците со кои Бикот најлесно наоѓа заедничка основа. Со влегувањето во сезоната на Бик, официјално влеговме во период на стабилност, уживање и заземјена енергија. Периодот на Бик носи фокус на безбедноста, емоции кои се градат бавно, но сигурно, како и потребата за конкретни и долготрајни вредности – и во љубовта и во животот. Бик се смета за ...

Новата документарна серија на „Нетфликс“ открива шокантни детали за животот на Халк Хоган, кој почина во јули минатата година, вклучувајќи го и неговото признание дека по разводот со Линда Хоган, секојдневно земал опасни количини фентанил за да ги ублажи силните болки. Поранешната борачка ѕвезда зборува за својата преголема зависност во серијата „Халк Хоган: Вистински Американец“ (Hulk Hogan: Real American), што го претставува неговото ...

Лидерите на Европската унија денеска треба да се соберат на Кипар, на дводневни неформални разговори посветени на конфликтите во соседството на Унијата и на начинот за зголемување на буџетот на ЕУ во наредните години. Консултациите ќе започнат во крајбрежниот град Авја Напа со работна вечера, на која ќе се разгледаат најитните геополитички предизвици за Европа. Лидерите ќе дискутираат за последиците од конфликтот во Иран и на Блискиот Исток, ...

Српската опозиција преку Башановиќ и Заев, го користи СДС за свои интереси кои не одат во прилог на македонската опозиција која се распаѓа, истакна на денешната прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Српските опозиционери Бранко Ружиќ, потпретседател на Социјалистичка партија на Србија и Јован Ратковиќ, член на претседателството на Социјалдемократската странка во Србија, на средбата во Скопје со генералниот секретар ...

Ѕвездените аспекти за претстојниот месец за четири хороскопски знаци најавуваат финансиски пресврт каков што не се случува често. Според астролошките прогнози, претстојниот месец би требало да донесе изразени промени на финансиски план. По период на неизвесност и постојано пресметување на трошоците, за некои знаци се отвора фаза на поголема стабилност – па дури и забележлив вишок. Мај би можел да биде време кога се решаваат старите финансиски ...

Државата покажува капацитет да води големи инфраструктурни проекти. Ако некаде пред година и половина зборувавме за проекти кои што беа заборавени, сега зборуваме за сериозна реализација на истите. Во Коридорот 8 инвестираме околу 5 милијарда евра во патишта и железници. Проектите се реализираат со добра динамика, најавувам и нови проекти и целосна доизградба и модернизација на коридорот, изјави вицепремиерот Александар Николоски, на ...

Откако во понеделникот на прославата на СДС се појави Зоран Заев се потврдија тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека Заев е тој кој ја води партијата, а не актуелниот претседател Венко Филипче, истакна на денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. -Јасно се виде дека Заев е газда, а Филипче слуга. Јасно се виде дека Заев менаџира, а Филипче добива задачи и испорачува. И додека на целата јавност и е јасно кој што е ...

Македонија денес е држава со стабилни функционални и демократски институции. Држава во која граѓаните имаат изградено високо ниво на демократска култура и политичка зрелост. Тоа нè обврзува да носиме одлуки што ќе ја зацврстат, а не ќе ја релативизираат институционалната стабилност, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Љупчо Пренџов. – Техничките влади беа решение за едно поинакво време. Денес, таа потреба е надрасната. – Фактот што ...

Плановите за извлекување на заглавениот грбав кит во плитките води кај германскиот брег се отфрлени, а регионалниот министер за животна средина Тил Бакхаус изјави дека концептот за спасување мора да биде ревидиран. Машкиот кит долг 12 метри, на кој германските медиуми му го дадоа прекарот Тими, останува заглавен во близина на малиот остров Поел кај градот Визмар. Министерот Бакхаус доцна синоќа изјави дека подигнувањето на животното со ...

За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви ...

СДС и Венко Филипче се враќаат кон бојкотот познат како последното засолниште на неспособните. Стара, лоша навика и зависност на екипата од Бихаќка која секогаш кога ќе се најде во тесно, БОЈКОТИРА. И пак, како и секогаш, тоа е единственото решение на врхушката на СДС. Бојкотираше Бранко, по него Заев, за да сега истата зезалица ја користи Венко. Само Таче не бојкотираше, беше на власт, па не можеше сам да се бојкотира… Овојпат, Венко ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов присуствуваше на одбележувањето на 80 годишнината од постоењето на Сојузот на Здруженијата на пензионерите на Македонија. Во своето обраќање пред присутните членови и гости, Мемов нагласи дека овој јубилеј е симбол на истрајноста, заедништвото и посветеноста на Здруженијата на пензионерите во градењето на достоинствен живот на пензионерите, кои со својот труд и знаење се вградиле во темелите на ...

Турскиот парламент во среда навечер донесе закон со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на лица под 15 години, објави турската новинска агенција Анадолу. Лицата под 15 години нема да можат да отвораат профили на социјалните медиуми, а дигиталните платформи ќе бидат обврзани да имплементираат системи за проверка на возраста, објави турскиот новински канал НТВ. Родителите ќе имаат алатки за контрола на времето поминато ...

Принцот Хари утрово допатува во Украина за да ги „потсети луѓето дома и ширум светот“ на војната на земјата со Русија, пренесе ДПА. Хари беше снимен од екипата на „ITV News“ како пристигнува на железничката станица во Киев денеска наутро, слегувајќи од ноќниот воз од Полска и поздравувајќи ги луѓето на перонот. – Добро е што сум повторно во Украина – го цитираше радиодифузерот неговиот прв коментар. Војводата за „ITV News“ изјави дека сака ...

Сонцето во конјункција со Јупитер се смета за еден од најсреќните и најпозитивните астролошки аспекти, често нарекуван и „кралски“ бидејќи носи оптимизам, успех и личен раст, но и нова енергија која дава можност со поголема самодоверба да гледаме во иднината. Промените ќе ги почувствува целиот хороскоп, а овие три знаци конечно ќе влезат во значително посветла и видливо попозитивна фаза од животот. Конјункцијата во астрологијата претставува ...

Словачка од изутринава повторно почна да добива сирова нафта преку нафтоводот „Дружба“, соопшти Министерството за економија во Братислава. „Министерството за економија информира дека во 2:00 часот утрово повторно е воспоставен дотокот нафта во Словачка преку нафтоводот ‘Дружба’“, се наведува во соопштението. Нафтоводот „Дружба“ стана една од инфраструктурните постројки во Европа со силно политичко значење, откако во јануари беа запрени ...

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот – порача градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје – Култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Во својот говор, тој ја нагласи историската можност што ја носи ...

Ова не е само проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас. И токму затоа верувам дека „Скопје 2028“ може да биде нешто навистина посебно – порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во главниот град во рамките на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Министерот ја нагласи целосната поддршка ...

Без разлика дали сте ранобудник или го одложувате алармот наутро неколку пати, вашата утринска рутина може да направи голема разлика во вашите напори за слабеење. Она што го правите (или не го правите) пред да започне денот може или да ви помогне да се држите до вашиот план или да го отежни. „Создавањето здрава утринска рутина ви дава добар почеток за одржување на здрави навики во текот на денот“, вели регистрираната диететичарка Мелиса ...

Делегацијата на Собранието на Република Македонија, составена од Иванка Василевска, заменик-шеф на делегацијата, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, учествува на Второто редовно заседание за 2026 година на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ). Ова заседание се одржува од 20 до 24 април 2026 година во Стразбур, Франција. Сесијата ја отвори претседателката на ПССЕ, Петра Баир. Таа ја истакна потребата од ...

Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (EES) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјава, кој предупредува дека евентуалната примена на ...

На армискиот полигон „Криволак“, вежбата „БЛЕСОК 26“ продолжува со реализација на активности на терен, при што единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) извршуваат офанзивни операции во повеќе сценарија, а процесот го следат оценувачкиот тим и НАТО монитори како дел од оценувањето на борбената подготвеност на ЛПБГ. Активностите се реализираат според планираната динамика, со задачи што опфаќаат движење на терен, заземање позиции ...

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД, кој ќе се одржи во декември, јави Анадолија. – Постои покана за учество на највисоко ниво – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин. Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан. Самитот е предвидено да се одржи во Мајами, Флорида, ...

Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле 427,8 милиони евра на онлајн трансакции и направиле 12,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги најчесто поврзани со патувања (авиобилети и резервации на хотели), соопшти Асоцијацијата за е-трговија која ги анализираше објавените податоци од Народната банка за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2025 година. Во ...

Цените на нафтата растат трет ден по ред, во услови на кревко примирје во конфликтот меѓу Иран и САД, што ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари. Северноморската нафта „Брент“ за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент и достигна цена од 103,23 долари за барел. Во меѓувреме, Доналд Трамп го засили притисокот врз Техеран, давајќи му краток рок за доставување предлог за завршување на војната. Иранските власти, пак, сметаат ...

Во издание на издавачката куќа „ТОПЕР“ од печат излезе романот „Златниот ангел“ на познатиот македонски адвокат и колумнист Марин Гавриловски. Ова е негова трета книга и прв роман, во кој Гавриловски на интересен и возбудлив начин не’ води низ приказната за тајната скриена во ѕидовите на една куќа во Охрид и откривањето мистерија скриена од јавноста скоро повеќе од илјада години. Книгата, иако фикција, изобилува со голем број историски ...

Изјавите дадени во национален електронски медиум не се само ставови. Тие се одговорност. Особено кога доаѓаат од лидер на политичка партија што јавно се изјаснува дека претендира „да се изгради национален консензус“! Токму затоа, релативизирањето прашања што директно задираат во идентитетот, уставниот поредок и државниот континуитет не може да помине како обична политичка реторика, пишува Марјан Велевски за НОВА МАКЕДОНИЈА . Имено, тврдењето ...

Во рамките на разгледувањето на годишниот извештај на Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Мајкл О’Флаерти, од страна н Парламентарното собрание на Советот на Европа, македонската пратеничка од редовите на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска му постави прашање дали е запознаен со забраната за адвокатот Тони Менкиноски дека му е забранет влез во Бугарија на десет години, само затоа што е застапник на македонските организации кои ...

Едно лице е убиено, а неколку се ранети при напад со дрон врз индустриско претпријатие во Новокујбишевск, во руската Самарска област, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Федоришчев. Остатоци од дрон погодиле и станбена зграда во Самара, при што се ранети неколку граѓани, додаде Федоришчев. Во текот на ноќта, руската противвоздушна одбрана соборила 154 украински дронови над Русија, вклучително и над Самарската област, јавија руските ...

Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби останува во куќен притвор, со надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството, судот ја продолжил мерката за 30 дена. Груби, кој заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, е осомничен за проневера од осум милиони евра со ВЛТ-апарати, по повеќе од 14 месеци бегство во февруари годинава беше уапсен на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
85%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
40%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.28
56%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1012
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1018
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
37%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
39%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
54%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
48%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

38.0157

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Цинк

0.00

Родиум

319899.93

Злато

152465.86

Алуминиум

3.53

Паладиум

49351.40

Кобалт

45.39

Сребро

2534.46

Калај

52.70

Бакар

12.46

Платина

66744.95

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09