Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, министерот Сали изрази особена благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, ...
Телата на пет новороденчиња биле пронајдени денеска во семејниот дом на брачен пар во Оранж, на југот на Франција. Според информации од извор близок до истрагата, полицијата ги открила остатоците од бебињата во картонски кутии. Откритието се случило само еден ден откако мајката вчера родила здраво дете, пишува Ле Паризиен (Le Parisien). Извор запознаен со случајот наведува дека жената, родена во 1994 година, вчера вечерта го родила своето ...
На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) ...
На 28.07.2026 во 05:25 часот на ул.„Кузман Капидан“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.Б.(38) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон член на неговото семејство, а подоцна агресивно се однесувал и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 28.07.2026 во ...
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината на откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој ...
Интегритетот има вистинско значење кога го менува начинот на кој сеопслужуваат граѓаните. Потврда за тоа е работата на Општина Битола која во извештајот на Државната комисија за спречување корупција за 2025 година забележа значаен напредок во делот на прифаќањето на политиката за интегритет и учествување во процесот на следење на примената на системот за интегритет. Ако во 2024 година беше валоризирана со 49,6% исполнетост, односно во ...
Здравствените власти на Уганда денеска ја прогласија земјата за слободна од ебола, со што заврши најновата епидемија на вирусна хеморагична болест во оваа источноафриканска земја. Британските медиуми пренесуваат дека од средината на мај, кога беше прогласена епидемија на ебола, во оваа земја починаа две лица. Последниот пациент со ебола во Уганда беше отпуштен од болница на 16 јули, со што започна 42-дневното одбројување пред земјата да може ...
Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Пратеникот го зел документот и се обидел да ја напушти зградата, по што парламентарна службеничка тргнала по него со намера да го запре. Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на лекарски ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна ...
Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште, истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој денес беше во работна посета на општина Илинден. -Дел од проектите се завршуваат, дел се во процес на реализација, многу мал дел ќе отпочнат и очекувам да следната година ја заокружиме со овој процес на овие проекти од ...
Речиси 500 цивили беа убиени на авганистанска страна во прекугранични напади од страна на Пакистан и Авганистан од октомври минатата година до крајот на јуни оваа година, објавија денеска Обединетите нации (ОН). Во извештајот за состојбата со човековите права, Мисијата на ОН за помош во Авганистан (УНАМА) соопшти дека документирала 499 убиени цивили и 1.216 ранети во судирите што продолжуваат и покрај меѓународните напори за нивно ...
Лидерот на партијата „Можност” и пратеник во албанскиот парламент, Агрон Шехај, пред вчерашната пленарна седница го украл тајниот документ за договорот со САД за кредит од 302 милиони долари, од канцеларијата на Парламентот и „избегал“ трчајќи. Снимката од безбедносните камери, која ја пренесуваат медиумите, покажува како Шехај бега, додека вработената, од која насилно го земал документот, брзајќи по него паѓа. Вработените во обезбедувањето ...
Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека бројката на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар изнесува 109, како и дека е одреден засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. -Со денешниот ден во Гостивар има 109 нови први контакти, бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна ...
Владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи носат резултати, оцени премиерот Христијан Мицкоски. -Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми и тоа, впрочем, го нотира Светска банка во Tourism Watch, во последната едиција на овој извештај, каде ја рангира Македонија како прва земја во Европа по зголемениот процент на доаѓања на гости и зголемениот процент на странски доаѓања и преножувања. Нешто што за нас е ...
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија. По земјотресот издадено е предупредување за цунами. Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу. По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ги обвини СДС, ДУИ и Арбен Таравари за, како што рече, примена на двојни стандарди кога станува збор за политичката одговорност во случајот со загадената вода во Гостивар. Петрушевски потсети на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дадена за време на повторените локални избори во Гостивар. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, вели Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што институциите ги спроведуваат ...
Свршеницата на Мик Џегер, Мелани Хемрик, сподели емотивна објава по повод 83. роденден на легендарниот музичар. Славниот рокер Мик Џегер го прослави својот 83. роденден, а по тој повод на социјалните мрежи се огласи и неговата 44 години помлада свршеница, Мелани Хемрик. Мелани на Инстаграм објави роденденска честитка придружена со ретка семејна фотографија, на која позира заедно со 83-годишниот музичар и нивниот деветгодишен син. ...
Талибанскиот лидер на 15 јуни издал упатство со кое се забранува употребата на паметни телефони од страна на авганистанските функционери, вклучително и оние во образовните и здравствените установи, соопшти Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан-УНИМА (UNAMA) во денеска објавениот квартален извештај, јави ДПА. Во упатството се наведува дека употребата на паметни телефони е казнива со прекин на работниот однос и покренување судска ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, денеска објави дека руската престолнина во текот на ноќта била цел на напад со повеќе од 390 украински дронови, а гувернерот на регионот изјави дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатија кон Московскиот регион“, но „повеќето од нив беа неутрализирани многу пред да стигнат до градот“, напиша Собјанин на апликацијата Телеграм, прецизирајќи дека „81 ...
Пејачот Милан Станковиќ, по неколкугодишно повлекување од јавноста, се подготвува за враќање на музичката сцена, пренесуваат српските медиуми. Прв знак за неговото враќање беше песната „Voli me“ на пејачката Теа Билановиќ, за која музиката ја потпишува токму Станковиќ. Според медиумските информации, тој неодамна престојувал во Сараево, каде што се сретнал со Џала Брат и Буба Корели за да ги финализира новите музички проекти. Се очекува Милан ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар вечер гостува во Летонија во реванш против Рига во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига. „Црвено-црните“ веруваат дека имаа сили да ја надополнат негативата од еден гол од дуелот во Скопје. Капитенот Азер Омерагиќ најави борбена игра и се надева дека со исполнување на тактичките замисли може да с едојде до поволен резултат. – По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо ...
Руската армија со беспилотни летала нападна два украински товарни брода во Црно Море. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, еден од нападнатите товарни бродови превезувал воена опрема во Црно Море, додека другиот брод бил погоден во пристаништето Николаев. Руските вооружени сили утрово продолжија да напаѓаат украински пристаништа и бродови. Товарен брод што превезувал воена опрема беше погоден во северозападниот дел на Црно Море. ...
Учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш го продолжија патот кон Петровец и Велес. Вчера околу 40 коњаници и коњанички тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на празникот Илинден и на македонските херои. Првин продефилираа низ Општина Аеродром, а потоа се упатија кон дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче каде беа свечено испратени кон ...
Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави. Пратеникот го зел документот и се обидел да ја напушти зградата, по што парламентарна службеничка тргнала по него со намера да го запре. Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на лекарски ...
Иако канабисот често се смета за средство за ублажување на стресот, новите наводи од американскиот Државен универзитет во Орегон посочуваат дека редовната употреба може да има спротивен ефект. Научниците поподробно ја разгледаа врската меѓу канабисот и стресот откако и претходни истражувања покажуваа дека марихуаната може да ги зголеми, наместо да ги намали нивоата на стрес, објави „Сајенс алерт“ (Science Alert). Научниот тим се сосредоточи ...
Сопственикот, техничарот одговорен за безбедноста и одговорното лице за надзор на работата на објектот, се уапсени за вчерашната експлозија и пожарот во фабриката за производство и пакување оцет во близина на Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез при што животот го загуби едно лице, а друго беше полесно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Тројцата се уапсени во рамките на истрагата на Истражниот тим за справување со кривични дела ...
ОВЕН Денеска вашето расположение ќе зависи најмногу од тоа како се согласувате со другите и нивниот став кон вас. Доколку сè е мирно во вашиот љубовен живот, нема причина да не бидете во добро расположение. Не размислувајте премногу денеска, повеќе слушајте го сопственото срце. БИК Денеска лесно можете да одлучите дека вашата сакана личност не ве сака доволно или дека вашиот шеф не ве цени. За жал, не можете ништо да наметнете, па затоа е ...
„Јапонскиот писател Кеиго Хигашино, еден од најпознатите автори на криминалистички романи и добитник на бројни книжевни признанија, почина на 68-годишна возраст“, соопшти вчера издавачката куќа „Коданша“. – Кеиго почина вечерта на 23 јули, од рак на дебелото црево. Приказните што ги создаваше ќе продолжат да привлекуваат безброј читатели, се наведува во соопштението на издавачката куќа. Кеиго во текот на својата кариера напиша повеќе од 160 ...
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан. Според полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е осомничен дека ...