Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на гостувањето во поткастот „Риштази“ се осврна на обвинувањата кои доаѓаат од страна на опозицијата дека државата е пред банкрот и заради тоа се прават позајмици од М-Нав и други институции. -Имам јас лоша вест за опозицијата. Велеа 2024 дека ќе банкротираме и 2025 и 2026 и им велам дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти, руиниран систем, ограбен систем, ...
Американскиот Стејт департмент соопшти дека од 4 до 6 август во Рим ќе се одржат нови разговори помеѓу Израел и Либан во рамките на воспоставувањето „пилот зони“. Во Рим на техничко ниво ќе се разговара и за нерешените гранични прашања помеѓу двете држави и за сеопфатен договор за мир и безбедност. Либанската армија на 21 јули почна да се распоредува во „пилот зоните“ во јужен Либан, кои претходно беа под контрола на израелската армија. ...
Кога во 1991 година Бугарија прва ја призна македонската независност, имаше колосална шанса да стане предводник на процесите што потоа неминовно следуваа, но водена од романтичарските соништа неповратно ја пропушти таа шанса. Не може некој да има лидерски аспирации во регионот, а притоа да не признава народ, јазик, историја и култура на друг народ, тоа е несвојствено за 20 век, кој тогаш беше пред својот крај, уште помалку за 21 век. Колку и ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за ...
За потрошувачката кошничка во Европската Унија во просек се потребни 100 евра, во Македонија се потребни помалку од 50 евра, а во Исланд за истата кошничка треба да се издвојат речиси 184 евра. Ова го покажуваат најновите податоци на Евростат за нивото на цените во Европа, кои уште еднаш ги потврдуваат длабоките ценовни разлики помеѓу северот и југоистокот на континентот. Сепак, експертите што го толкуваа истражувањето на Евростат нагласија ...
Ако обожавате домашни зимници без многу мешање и стоење покрај шпорет, овој џем од сливи е вистинскиот избор. Се подготвува едноставно во рерна, а резултатот е густ, миризлив и богат џем со природен вкус на зрели сливи. Потребни состојки: 7 кг сливи (исчистени од семки) 700 г шеќер 2 ванилин шеќери 1 лажица вински оцет Подготовка: Сливите измијте ги, исчистете ги од семките и измерете точно 7 кг. Оставете ги пресечени на половинки. Измешајте ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Израел и со претседателот на Украина. Бенјамин Нетанјаху и Володимир Зеленски ќе присуствуваат на комеморацијата на починатиот американски сенатор Линдзи Греам. Тоа ќе биде прва средба Трамп – Нетанјаху од почетокот на војната на Блиски Исток. – Ова средба е голема чест, но и голема одговорност. Ќе разговараме за сите теми … но пред сè за Иран. Нашата ...
На денешен ден во 2019-та година, на 70-годишна возраст почина актерот Гоце Влахов, член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ). Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа ...
СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Фактите се јасни. ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата реализира повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата, насочени кон изградба на водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Од партијата наведуваат дека Владата „две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина“, додавајќи дека капиталните проекти придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на ...
Непознато лице вчера отвори оган врз Конзулатот на САД во Торонто. Во инцидентот никој не е повреден, а полицијата трага по сторителот. На фасадата на Конзулатот има дупка од куршум, а пред дипломатската мисија пронајдена е чаура. Во истрагата вклучена е и канадската единицата за борба против тероризмот. Тоа е втор таков инцидент за четири месеци. Врз Конзулатот на САД во Торонто беше пукано и на 10 март, по што е зголемена безбедноста на ...
Премиерот на Ирак, Али ал Заиди денеска ќе престојува во Турција на покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. – За време на посетата ќе бидат разгледани сите аспекти на односите меѓу двете земји, а прашањата за безбедноста, борбата против тероризмот, трговијата, енергијата, транспортот и управувањето со водните ресурси ќе бидат главни приоритети, соопшти Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател. Исто така се наведува дека Ердоган ...
Изборниот совет на Хаити соопшти дека претседателски избори ќе се одржат на 13 декември, а вториот круг е закажан на 21 февруари следната година. Претходно беше планирано претседателските избори да се одржат во август со втор круг во декември, но беа одложени поради безбедносни причини. На Хаити последните претседателски избори се одржаа во 2016 година. Последниот претседател Жовенел Моиз беше убиен во 2021 година по одложувањето на изборите. ...
Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година вечер ќе биде претставен во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен јазик ...
Светите маченици Кирик и Јулита Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. – Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена, посочи Трамп. Тој предупреди дека ако преговорите не дадат резултат Иран повторно ќе биде нападнат. – Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да ...
Во северозападната кинеска провинција Чингхај утрово се регистрирани два умерени земјотреса. Првиот земјотрес бил со интензитет од 5,7 степени, а по 18 минути уследил уште еден земјотрес со магнитуда од 5,8 степени. Епицентарот на двата земјотреса бил на околу 244 километри од главниот град на Чингхај, Синин на длабочина од десет километри. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета. Во северозападната кинеска ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Илинден, каде ќе изврши увид во градежните активности на новиот стадион, на инвестициите во инфраструктурни проекти и патната мрежа. Премиерот Мицкоски воедно ќе изврши увид на проектот за проширување и унапредување на инфраструктурните капацитети на градинката „Гоце Делчев“ каде што ќе даде изјава за медиуми. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе ја ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ информира дека зголемена фреквенција на возила има на ГП Богородица, каде времето на чекање е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Демократскиот претставник во американскиот Конгрес, Џејми Раскин, вчера објави покренување истрага против ФИФА поради сомневања за корупција и можно влијание меѓу организацијата и администрацијата на Доналд Трамп. Раскин, највисокиот демократ во Комитетот за правосудство, во неделата испрати писмо до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Во него се наведува дека истрагата ќе се занимава со „континуираната кампања“ на ФИФА насочена кон ...
Претседателот на ОФМ Петар Јовановски заедно со потпретседателот Ивица Хаџииљоски и генералниот секретар Филип Деспотовски присуствуваа на собириѕњ на подготовките на женската А репрезентација, како и на репрезентацијата до 20 години на Македонија. “Четата е мала, но одбрана и искрено верувам во вашата желба да се покажете и себе и државата во најдобро светло. Ви посакувам добро здравје и добри подготовки. Федерацијата се потруди да ...
Кошаркарската секција на Барселона започна голема реконструкција на тимот со цел повторно да се вмеша во борбата за самиот европски врв. Каталонскиот гигант веќе ангажира осум нови кошаркари, додека деветмина го напуштија клубот. На бековските позиции пристигнаа Џастин Робинсон и Умоја Гибсон, додека Агустин Убал се враќа по сезоната во Манреса. Барселона се засили и со поранешните НБА-кошаркари Стенли Умуде и Тајрис Мартин, а под кошот ...
Римас Куртинаитис ќе продолжи да ја предводи литванската кошаркарска репрезентација до крајот на квалификацискиот циклус за СП во 2027 година, иако претходно поднесе оставка по поразот од Италија. Литванската кошаркарска федерација соопшти дека 66-годишниот стручњак ќе остане на чело на националниот тим откако ја променил својата одлука. Литванската кошаркарска федерација соопшти дека овој кошаркарски стратег ќе остане на чело на националниот ...
Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули па сите кои планираат оваа есен да застанат на стартната линија се повикуваат навреме да го обезбедат своето учество и да започнат со подготовките. Виз ...
Ракометниот клуб Бутел од Скопје ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов. Стоилов го имаше првиот тренинг со новите ракометари, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед. Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август). Ова лето Бутел се засилисо голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Усман Дембеле донесе конечна одлука и со која стави крај на сите шпекулации и останува во ПСЖ и ќе го продолжи договорот со оваа екипа. Преговорите се во завршна фаза,а соработката наскоро ќе биде официјализирано, што значи дека крилниот напаѓач ќе остане на „Паркот на принцовите“ и следната сезона. Ал-Хилал претходно воспоставил контакти со цел да го доведе Французинот, надевајќи се дека ќе успее со ...
Азер Омерагиќ, пред реваншот против Рига во Конференциската лига на УЕФА. Напаѓачот на „црвено-црните“ изјави дека поразот од еден гол во Скопје ништо не значи и дека тимот е исправен пред новиот предизвик. „По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро ...
Турскиот фудбалски тим Бешикташ веќе започна преговори со Милан за трансфер на Рафаел Леао. Според информациите, турскиот гигант, предводен од тренерот Винченцо Италијано, летово сака да донесе големи засилувања. Бешикташ веќе има конкретни разговори со Милан за доведување на португалскиот репрезентативец Рафаел Леао. Милан е подготвен да го продаде Леао само за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра, без можност за позајмица со право на откуп. ...
Cоите очекувања пред стартот на новата сезона ги сподели тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ. „Целите секогаш ни се исти во првенството и Купот, Вардар секогаш цели кон двојна круна и нема ништо да се смени на тој план. Сепак, мора да разбереме прв јас, па и целиот тим. Едно е кога освојуваш, а друго кога браниш титула. Од денес почнува нов маратон, ама сигурно дека ќе биде потешко од минатата сезона. Што се однесува до Лигата на шампионите, ...