Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Општина Василево и годинава има свои претставници во Радовската коњаница, кои пред заминувањето за славното Крушево на одбележувањето на Илинден беа примени од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. Љупче Атанасов од Василево, Кире Гонев од Пиперево и Климе Наков од Чанаклија се тројцата Василевчани кои на Илинден, заедно со останатите јавачи од Здружение на граѓани „Илинден – Радово“ ќе им оддадат почит на славните Илинденци. ...
Во Центарот за управување со кризи во Скопје денеска во 10:30 часот прес-конференција ќе одржи министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Министерот Тошковски, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, ќе ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод. На прес-конференцијата ќе ...
Северна Кореја го отфрли повикот на министрите за надворешни работи на АСЕАН за „целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров по мирен пат“и најави дека ниту еден момент нема да запре да го надградува нуклеарното оружје. Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг апелот на АСЕАН го оцени како уште еден показател на непријателство кон „одговорна нуклеарна држава“. Ставот на Демократска Народна Република Кореја е дека нуклеарното ...
Црна Гора подготвува нови правила за издавање дозволи за престој и работа на странски државјани, со цел да се зајакне контролата врз вработувањето, работењето на компаниите и наплатата на даноци и придонеси. Според најавите, ќе биде воведена единствена дозвола за престој и работа, која ќе ја издава Министерството за внатрешни работи, но само доколку претходно биде добиена согласност од Агенцијата за вработување. Без позитивно мислење од ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 20 до 24 јули 2026 година, Секторот за санитарна контрола извршил 195 физичко-хемиски и 195 микробиолошки анализи на примероци од вода за пиење, земени од 45 мерни места низ Скопје. Резултатите од испитувањата покажуваат ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја обвини СДС дека шири дезинформации и се обидува политички да профитира од состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, додека, како што наведуваат, надлежните институции работат на целосно стабилизирање на состојбата. Од партијата тврдат дека Владата и надлежните институции активно преземаат мерки за справување со проблемот и посочуваат дека бројот на граѓани кои побарале медицинска помош континуирано се ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во изминатите две години Владата спровела мерки за стабилизација и модернизација на земјоделскиот сектор, при што, како што наведуваат, биле деблокирани повеќе капитални проекти кои со години биле во застој. Според партијата, повторно е активиран кредитот од германската KfW банка во вредност од 80 милиони евра, а забрзана е и реализацијата на проектот на Светска банка за модернизација на земјоделството. Во тек е ...
Две лица загинаа, а петмина се повредени во вчерашниот вооружен инцидент што се случи на фестивал на храната во американскиот град Сиетл. Пукањето се случило околу 18 часот по локално време, кон крајот на годишниот Фестивал на храна што привлекува стотици продавачи на храна и илјадници гости. Полицијата го истражува инцидентот и ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Сè уште нема приведени лица. Помеѓу петтемина повредени е и едно ...
Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека одобрил план за повеќе операции со долг дострел во Русија, а исто така го ажурирал списокот на приоритетни цели. – Одржав состанок за нашите операции со долг дострел. Го одобривме продолжувањето на нашите операции и го ажуриравме списокот на приоритетни цели врз основа на нивното моментално влијание врз Русија и нејзината способност да ja продолжи и да ја пролонгира оваа војна, ...
Царинските службеници на грчките гранични премини денеска ќе штрајкуваат во периодот од 5 часот до 9 часот наутро. Според најавите, трите гранични премини со Македонија ќе бидат затворени, а возила ќе се пропуштаат на секои десет минути. Министерството за внатрешни работи, неодамна соопшти дека ќе се преземат сите мерки и оти ќе бидат ставени во функција сите човечки и технички капацитети. Царинските службеници на грчките гранични премини ...
Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2026 година, во второ читање, денеска е на дневен ред на 118. седница на Собранието. Претресот по дополнетиот ребаланс на буџетот на седница на Собрание трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, со амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет, а со кои обезбедени се дополнителни средства за ...
Сашенка, ќерката на легендарниот актер Гоце Тодоровски, со емотивни зборови се прости од својот сакан татко. Таа на Фејсбук откри дека тој починал, иако лекарите се обиделе да го реанимираат, но и дека сега повторно ќе се најде со својот најдобар пријател, кум, со својата втора половина, Ванчо Петрушевски, на другиот свет, па и таму ќе бидат тандем, како и овдее. Скршена од болка, Сашенка напиша: „Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, ...
Локализиран е пожарот кој денеска е регистриран во месноста Заград-Варош над Прилеп, благодарение на брзата, навремена и професионална интервенција на прилепската Територијална противпожарна единица, информираат вечерва од прилепската локална самоуправа. Со навремено дејствување е изграден заштитен појас, со што во моментов нема опасност пожарот да се приближи кон манастирот „Трескавец“. На терен и понатаму остануваат дежурни екипи на ТППЕ ...
Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена му Прискила. Кога царот Клавдиј нареди да се протераат Евреите од Рим и од Италија, тогаш Акила се пресели во Коринт, каде што првпат го запозна апостолот Павле, кој остана во неговиот дом една и пол година и го крсти него и жена му. Горејќи од ревност за верата Христова Акила и Прискила го придружуваа Павле во Ефес и му помагаа во ...
Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечер, во 18 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на ...
Со вечерта на корчанските серенади „Спомени од младоста“, во изведба на групата „Кофиел“, вечерва успешно заврши првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир која четири вечери по ред ја претвори Старата скопска чаршија во сцена на музиката и културата. На завршната вечер присуствуваше градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, кој го оцени првото издание на фестивалот како успешен почеток на нова ...
Македонија и македонската културна јавност и театарската сцена денес се простуваат од еден од своите најголеми и најомилени актери. Почина Гоце Тодоровски – легенда на македонското глумиште, човекот чиј препознатлив хумор, неповторлива харизма и извонреден актерски талент со децении ги освојуваа срцата на публиката. Гоце Тодоровски беше еден од најзначајните и најомилените македонски театарски, телевизиски и филмски актери. Неговото име ...
Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 километри на час), електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени – информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје, претежно облачно ...
Ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите на УЕФА и официјално е закажана за четврток, 27 август. Истата ќе се одржи во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија. Англија и оваа сезона ќе биде најзастапената нација со шест клуба од Премиер лигата кои се квалификуваа за лигашката фаза. Шпанија ќе има пет преставика, додека Германија и Италија по четири. Во продолжение сите екипи кои обезбедија директно место во лигашката фаза: Ливерпул — ...
113-от Тур де Франс заврши со нова победа на 27-годишниот словенечки супершампион Тадеј Погачар. Тој ја прослави со својата петта победа на најпрестижната велосипедска трка напланетата и се изедначи на врвот на вечната ранг-листа со Французите Жак Анкетил и Бернар Ино, Белгиецот Еди Меркс и Шпанецот Мигел Индураин. На патот до својата петта победа, тој прослави пет етапни победи на овогодинешната трка и сруши неколку рекорди, од кои ...
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја отфрли жалбата на групата за човекови права FairSquare против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за наводно кршење на правилата за политичка неутралност. FairSquare во својата жалба тврди дека Инфантино постојано ги кршел правилата на ИОК со тоа што му дал политичка поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп. ИОК соопшти дека неговата Етичка комисија детално ја испитала жалбата, но ...
Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио Хезоња со тоа официјално се враќа во НБА. 31-годишникот претходно играше за Орландо Меџик, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс пред да се врати во Европа, каде што стана еден од најдобрите играчи. Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња се согласи на едногодишен договор вреден 2,8 милиони долари со Кливленд Кавалирс. Марио ...
Домантас Сабонис и следната сезона ќе го носи дресот на Сакраменто Кингс. Литванскиот центар во последниот период се најде во центарот на трансфер-шпекулациите, но раководството на Кингс јасно стави до знаење дека не планира да го испраќа еден од своите најважни играчи во друга франшиза. Иако веќе не е во најдобрите години од кариерата, 29-годишниот кошаркар останува еден од лидерите на Кингс и клубот верува дека со него може да гради ...
ФК Шкендија со убедлива победа од 3-0 над ФК Скопје го комплетираше првото коло од новата сезона во ПМФЛ. На теренот во тренинг-центарот на ФФМ, тетовскиот состав целосно доминираше и сосема заслужено ги освои првите три бода. Шкендија уште во втората минута можеа да поведат. Криезиу испрати прецизен центаршут од левата страна, а Зејнулаи од непосредна близина шутираше со глава, но Кристијан Наумовски со одлична интервенција го сочува својот ...
Шпанскиот Реал Мадрид сака да добие најмалку 160 милиони евра од продажбата на напаѓачот Винисиус Жуниор, објави „Sport.es“. “Кралевите“ се подготвени да се разделат од 26-годишниот играч, кој го бараат Арсенал и други клубови, само ако добијат профитабилна понуда. Во сезоната 2025/26, Винисиус играше на 53 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции. На Светското првенство во 2026 година, Бразилецот постигна ...
Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Според овие информации, Џеко е подготвен да ја продолжи кариерата во Бундеслигата и е многу мотивиран пред почетокот на новата сезона. Искусниот босански напаѓач наводно добил важни гаранции во врска со неговата улога во тимот. Тренерот на Шалке, Мирон Муслиќ, верува во Џеко и е ...
Полициски службеници на Граничниот премин Табановце привеле 42-годишен државјанин на Романија, откако при гранична контрола било утврдено дека возилото со кое влегол во државата било предмет на меѓународна потрага. Инцидентот се случил на 25 јули 2026 година во 02:39 часот, на влез во државата. При пасошка контрола и гранични проверки било констатирано дека патничкото возило „волво“ со шведски национални ознаки, управувано од Л.Ф. (42) од ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека доброволните пожарникари ќе добијат институционална поддршка преку ДЗС, а со средствата предвидени со ребалансот на Буџетот ќе се овозможи нивно поголемо ангажирање во текот на летната сезона. Во гостување на телевизија Сител, Ангелов истакна дека доброволните пожарникари, кои досега беа дел од тимовите ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија. – Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето ...