Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада. Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација. Причината за смртта не е позната, но има шпекулации дека станува збор за самоубиство, бидејќи имал проблеми со депресија. Како ...
Седумдесет и тригодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната и ограбена на подрачјето на Општина Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 11 јули во 01:30 часот во СВР Скопје, М.П. (73) пријавила дека едно лице употребило физичка сила и ѝ го одзело личниот накит. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. Седумдесет и ...
Осуденик физички нападнал затворски службеник во полуотвореното одделение на КПУ Затвор Идризово, додека тој ги извршувал своите работни задачи. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје на 10 јули околу 10:45 часот. Според полициските информации, напаѓачот е 35-годишниот Т.П. од Скопје. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот. Осуденик физички нападнал затворски службеник во полуотвореното одделение на КПУ Затвор Идризово, ...
Епл поднесе тужба во федералниот суд во Калифорнија во петокот, тврдејќи дека OpenAI ги користел трговските тајни на компанијата додека развивал сопствен хардвер за ChatGPT. Во тужбата, Епл тврди дека OpenAI, при вработувањето на своите вработени, го охрабрувал споделувањето доверливи информации и давал упатства за тоа како да се избегне контрола кога се префрлиле во друга компанија. „Овој случај вклучува поранешни вработени на Епл кои ...
На Водно, над Нерези и во близина на селото Горно Крушопек, била забележана мечка, информира платформата „SkiMacedonia“. Информацијата се проширила и меѓу планинарските друштва, според кои животното се движело по рутата Јасен – Матка – Нерези. Засега нема пријавен напад или друг инцидент, ниту надлежните служби соопштиле дека постои непосредна опасност за граѓаните. Сепак, посетителите на Водно се повикуваат на зголемена внимателност, ...
Попладнево е пријавен пожар на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои работат на локализирање на пожарот. „Кон местото на пожарот ќе бидат упатени и два ‘ер трактори’ со цел да помогнат во гаснењето“, соопшти Стојанче Ангелов, директорот на ДЗС. Според првичните ...
Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјави за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата во најкраток можен рок ќе преземе мерки кон трговците кај кои е утврдено зголемување на трговските маржи, откако ќе биде финализирана анализата за цените на околу 600 до 700 производи. Одговарајќи на новинарско прашање при увидот во реконструкцијата на СОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, Мицкоски информираше дека наскоро во Министерството за економија и труд ќе се одржи состанок со ...
Од СДСМ обвинија дека државата повторно нуди на продажба дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски, додека, како што велат, сè уште нема јасен одговор дали е постапено по барањето за негова екстрадиција од Унгарија. Партијата наведува дека станува збор за станови и друг имот вреден неколку милиони евра, но тврди дека тоа е само мал дел од вкупниот имот и средствата со кои располагаат Груевски и неговото семејство. ...
Апелациониот суд во Скопје донесе конечна одлука со која делумно ја усвои жалбата на Зијадин Села и ја зголеми отштетата за нематеријалната штета што ја претрпел за време на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Според пресудата, државата треба да му исплати вкупно 7,8 милиони денари поради повреда на неговите лични права, физичкото и менталното здравје, достоинството, честа и угледот. Апелациониот суд оценил дека првостепениот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, побара предложениот нов министер за земјоделство јавно да одговори дали има бугарски пасош и двојно државјанство, оценувајќи дека само кадровска смена нема да ги реши наталожените проблеми во земјоделството. На средба со земјоделци во Чешиново-Облешево, Филипче рече дека власта до неодамна го бранела досегашниот министер, иако СДСМ поднел интерпелација против него, а само неколку недели подоцна ...
Десетици илјади луѓе се собраа денес во Сребреница, во Меморијалниот центар Поточари, за да им оддадат почит на жртвите од геноцидот извршен пред 31 година во таа енклава под заштита на Обединетите нации (ОН), а по овој повод, 11 јули се одбележува и како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Посмртните останки на десет жртви беапогребани денес: Јусиќ (Заим) Сенад (1975), Бараковиќ (Рамиз) Муриз (1973), Мусиќ (Едхем) Хамед ...
Поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ќе добие 3.465 евра отштета од државата поради мерките притвор и куќен притвор што му биле определени во предметот „Организатори на 27 април“. Атанасовски поминал шест месеци во притвор, а потоа речиси 19 месеци во куќен притвор. Поради тоа поднел претставка до Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека му било повредено правото на слобода и безбедност. Според одлуката, по неуспешните ...
Принцот Арчи и принцезата Лилибет, децата на принцот Хари и Меган Маркл, по четири години повторно се сретнаа со својот дедо, британскиот крал Чарлс Трети. Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс и кралицата Камила во петокот, 10 јули, ги угостиле принцот Хари, Меган Маркл и нивните две деца на приватна семејна средба. Средбата се одржала во Хајгроув Хаус, приватната селска резиденција на кралот во Глостершир, Англија. Од палатата ...
Со зголемувањето на температурите, многу луѓе претпоставуваат дека фрижидерот е најбезбедното место за чување на целата храна за да ја одржат свежа. Сепак, за некои производи, ладењето прави повеќе штета отколку корист, бидејќи може да го уништи нивниот вкус и текстура. „Мирор“ истакнува пет намирници што никогаш не треба да ги чувате во фрижидер, дури и во жешко време. Краставици Ниските температури можат да предизвикаат кората да се ...
Турската полиција приведе 27 лица во истрага за наводно поткупување и нерегуларности при јавни набавки, а обвинителството издало наредби за апсење на вкупно 36 осомничени. Меѓу нив е и градоначалникот на анкарската општина Чанкаја, Хусеин Џан Гунер, член на главната опозициска Републиканска народна партија – ЦХП. Според турските власти, акцијата продолжува и полицијата трага по преостанатите девет лица опфатени со наредбите. Обвинителството ...
Спроведените евалуации на високообразовните институции во земјата покажале неправилности во работењето кај дел од нив, поради што ќе следува одземање на акредитации и затворање на оние што нема да ги отстранат недостатоците во законски предвидениот рок. Тоа денеска од Охрид го посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Одговарајќи на прашање на медиумите, Јаневска посочи дека, за разлика од претходниот период сега активно ...
Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо, порача денеска од Штип, претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој одговараше на прашањето дали наскоро ќе се донесе Изборниот законик и кој е ставот на ЗНАМ по ова прашање. Димитриевски посочи дека за нив како партија воопшто не е спорно гласањето на дијаспората. -За нас како ЗНАМ, воопшто не е спорно гласањето на нашите граѓани кои што живеат или работат привремено во ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека се направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз – БРТ. Тој остварил работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која присуствувале и Билјана Милошеска и Даница Пишева Исајловска. Проектот бил деблокиран по повеќегодишен застој ...
Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот. На местото излегле полициски службеници од ...
Три луксузни апартмани на поранешниот премиер Никола Груевски во комплексот „Панорама резиденс“, одземени во рамките на предметот „Плацови на Водно“, повторно се понудени на јавна продажба. Разгледувањето на недвижностите ќе биде организирано на 16 јули, додека јавното наддавање е закажано за 29 јули. Модерно уредување, џакузи и панорамски поглед Станува збор за три апартмани од висока категорија, со голема станбена површина, пространи ...
Полицијата ја ослободи жената, која синоќа беше земена за заложник во супермаркет во главниот град на Германија, Берлин. – Напаѓачот е неутрализиран, а заложничката е ослободена, изјави портпаролот на полицијата Штефан Петерсен-Шуман. Жената беше заробена синоќа околу 22 часот по локално време, во супермаркет во јужниот берлински кварт Мариенфелде. Останува нејасно дали осомничениот и жената се познавале. Еден вработен за „Билд“ изјавил ...
Македонија, а не Грција, ќе биде надлежна да ја води истрагата за инцидентот со летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, при што еден патник беше во животна опасност да биде „вшмукан“ надвор од авионот. Тоа е веста која ја објави Аеро.рс, специјализиран портал за авијација во рамки на Телеграф.рс, еден од најголемите српски сајтови. Иако летот тргнал од Грција, завршил во Грција и авионот формално се наоѓа во Грција, Македонија е задолжена ...
Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка од Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“, како и кабинетите и работилниците за практична настава во електро-машинскиот училиштен центар „Св. Наум Охридски“. Следната голема инвестиција е темелната реконструкција ...
Во својата објава Николоски напиша: “Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи капитални проекти. Ја посетивме улицата Кленоец која целосно се реконструира со поддршка на Министерството за транспорт. Се изврши реконструкција на атмосферска и фекална канализација како и асфалтирање на улицата. Оваа улица претставува една од главните артерии за поврзување на овој дел ...
Во полициската акција „Фјури“, спроведена во албанскиот крајбрежен град Драч, уапсени се македонските државјани Муса Џавит (26) и Сенафи Нуредини (34), кои биле барани со меѓународни потерници на Интерпол. Заедно со нив бил приведен и 26-годишниот Џенкиз Рушити, осомничен дека им обезбедувал логистичка поддршка и лажни документи за идентификација. Според објавените информации, Џавит и Нуредини се поврзуваат со криминалната група „Беланоца“, ...
Гледаме дека се работи се инвестира, Охрид се развива и Охрид полека но сигурно го добива она заслужено место коешто како град му припаѓа, кажа премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Охрид. „Мислам дека со пуштањето на автопатската делница којашто ќе ги поврзе Кичево и Охрид ако биде се како што треба првиот квартал од следната година и оваа година есента очекувам да биде пуштена делницата од Извор до Врбјани, така што ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција оцени дека економската реалност во која живеат граѓаните е најсилниот демант на како што ги нарече, „приказните на Мицкоски за трета економија во Европа“. Единствено нешто што прави премиерот е да раскажува приказни. И тоа е единствено нешто во што е добар, за жал граѓаните веќе не му веруваат. Тоа дека сме биле трета економија во Европа, тоа дека тука тече мед и млеко – ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Владата ќе продолжи со реформите, ќе продолжиме да бидеме први во однос на нивната реализација, а ако некој смета дека земјава, треба да биде дел од Европската Унија, изрази подготвеност да сторат сè што е конструктивно, но не и деструктивно. -Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите и ќе бидеме први по нивната реализација. Ако некој смета дека оваа држава, која се наоѓа во ...
Мартин Велев (36), син на претседателката на Бугарскиот олимписки комитет Весела Лечева, загина во трагична несреќа на грчкиот полуостров Халкидики, откако при возење џет-ски фатално ја удрил главата. Според бугарските медиуми, несреќата се случила во близина на кампот „Порто Елеа“, со кој семејството Лечеви управува со години. Велев, наводно, не успеал да се задржи на џет-скиот при голема брзина, по што паднал во морето и претрпел ...