Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува список со шпански производи што би можеле да бидат опфатени со можно трговско ембарго. Причина е спорот со Мадрид околу издвојувањето средства за одбрана во рамките на НАТО, објави „Политико“. Според американски претставник, Министерството за финансии, во координација со Канцеларијата на американскиот трговски претставник и Министерството за трговија, добило задача да ...
Средба за напредокот на земјата кон ЕУ и спроведувањето на Реформската агенда Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска разговараше со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, за реформските процеси и европската перспектива на земјата. На средбата, која се одржа во рамки на еднодневната посета на Кос, присуствувале и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како ...
Пластиката во домаќинствата и можната изложеност на хемикалии Поради практичноста и ниската цена, пластичните садови се сè почеста употреба во домаќинствата. Сепак, онколозите предупредуваат дека оваа навика може да носи ризици по здравјето. Д-р Сунил Камат, онколог на клиниката во Кливленд, вели дека причините за појава на рак се сложени. Тој посочува дека секојдневните навики и животната средина можат да имаат влијание. „Моите пациенти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД би можеле повторно да го нападнат Иран, откако, како што рече, примирјето повеќе не важи. Од Техеран брзо возвратија со предупредување дека Ормускиот Теснец би можел целосно да биде затворен доколку следуваат нови американски напади. Трамп ја даде изјавата на Самитот на НАТО во Анкара, каде порача дека Вашингтон е подготвен повторно да дејствува против Иран. „Го удривме Иран многу, многу ...
Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше Бобан Николовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Царинската управа кој истакна дека Царинската управа руши рекорди во наплата на приходи, оценувајќи дека континуираниот раст е потврда за успешното работење на институцијата. Според него, во јуни годинава е остварен раст на наплатата од 22,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува зголемување од ...
Помал број сончеви часови поврзан со повеќе контакти со здравствени установи Деновите со помалку сончева светлина се поврзани со зголемен број контакти со установи за ментално здравје, покажува голема студија базирана на податоци од NHS England. Истражувањето анализирало околу 4,6 милиони непланирани контакти поврзани со менталното здравје. Податоците се однесуваат на периодот од јануари 2014 до декември 2022 година. Студијата ги опфатила ...
Филозофскиот факултет во Скопје ја извести академската и пошироката јавност дека почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија. Зад себе остави генерации студенти, богато научно дело и значаен придонес во развојот на филозофската мисла. Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Филозофија дипломирал на Филозофскиот факултет во ...
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Шапкарев“ ќе бидат првите два целосно реновирани домови достапни за студентите од новата академска година. Проектот е дел од поширока финансиска рамка од 86 милиони евра, обезбедена со поддршка од Европската Унија и Германската развојна банка – KFW. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека образовната инфраструктура во Македонија се модернизира забрзано и со значајна ...
Пресудата за предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, ќе биде објавена на 14 јули во 13 часот. Судот го закажа изрекувањето по денешните завршни зборови на Обвинителството и на одбраната. Во завршните зборови, Обвинителството побара Судот како отежнителна околност да ја цени функцијата што Димитровска ја извршувала во времето на делата. Обвинителката Наташа Поп ...
Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, денеска (08.07.2026) пристигна во Охрид од каде ја започна официјалната посета на Република Македонија. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, каде двајцата одржаа и билатерална средба. На средбата се разговараше за активности насочени кон јакнење на оперативната соработка, размената на ...
На Инфективната клиника потврден е случај на маларија, а пациентот е во стабилна состојба На Клиниката за инфективни болести е потврден случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар. По појавата на висока температура и треска, тој веднаш побарал лекарска помош, по што бил хоспитализиран и му била потврдена дијагнозата. „Поради тоа што престојувал на тоа место директно се јавил на Инфективната клиника. По прегледот и ...
Грчката јавност е во состојба на висока готовност по серија инциденти поврзани со инвазивната и екстремно отровна зајачка риба. По смрт на домашни миленици и повреди кај пливачи, властите воведуваат итни мерки за ограничување на нејзиното ширење. Според „Еуроњуз“, најновите случаи во Грција ја принудиле државата да преземе радикални чекори против видот lagocephalus sceleratus, кој веќе стигнал и до Јадранското Море. Еден од најдраматичните ...
Србија се соочи со нова пречка на патот кон членство во Европската Унија. На денешниот состанок на амбасадорите во Брисел не бил постигнат договор за понатамошните чекори во пристапниот процес. Според три дипломатски извори од ЕУ на кои се повикува „Еуроњуз“, осум од вкупно 27 земји-членки се спротивставиле на отворањето ново поглавје во преговорите со Србија. Станува збор за Кластер 3, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст. ...
На Самитот на НАТО во Анкара денеска се случи дипломатски инцидент меѓу Грција и Турција. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го обвини домаќинот на самитот дека упатува „отворени закани со војна“ кон неговата земја. Како што објави „Екатимерини“, Мицотакис ја даде изјавата во контекст на дебатата за можноста САД да ја одобрат продажбата на борбени авиони „Ф-35“ на Турција. Грчкиот премиер порача дека добрососедските односи и меѓусебното ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова порача дека е време да се надмине долгогодишниот застој на Македонија на патот кон Европската Унија. Таа оцени дека истите државници покажуваат разбирање во рамки на НАТО, но дека кога станува збор за ЕУ, земјата две децении се држи во лавиринт. Изјавата ја даде по учеството на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, во рамки на Самитот на НАТО што се одржа во ...
Средствата ќе бидат вложени во реконструкција на студентски домови и ресурсни центри Образовната инфраструктура во Македонија ќе се модернизира со финансиска рамка вредна 86 милиони евра. Со средствата ќе се реализираат 16 капитални инвестиции. Планирана е реконструкција на девет државни студентски домови и седум ресурсни центри за деца и младинци со посебни образовни потреби. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука, Весна ...
Португалскиот сојуз потврди крај на соработката Португалскиот фудбалски сојуз денеска соопшти дека завршува соработката со селекторот Роберто Мартинез. Во соопштението, Сојузот му се заблагодари на Мартинез за досегашната работа и му посака успех во понатамошната кариера. Елиминацијата во осминафиналето стави крај на неговиот мандат Португалија на Светското првенство настапи со високи очекувања, но го заврши настапот во осминафиналето. ...
Средбата меѓу Доналд Трамп и Џорџа Мелони на самитот на НАТО во Анкара брзо стана тема на социјалните мрежи. Причина беше моментот што го забележаа камерите за време на поздравувањето меѓу американскиот претседател и италијанската премиерка. Трамп и Мелони се сретнаа првпат по нивната јавна вербална пресметка, која почна по неодамнешниот самит на Г7 во Франција. Тогаш Трамп ја обвини Мелони дека „молела за фотографија“ со него. Италијанската ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова на маргините на Самитот на НАТО во Анкара имала кратка средба со Румен Радев и подолг разговор со унгарскиот премиер Петер Маѓар. Таа рече дека од разговорите добила охрабрувачки пораки за Македонија и за Западен Балкан. Средбите се случиле за време на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во рамки на Самитот на НАТО што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во ...
МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2026/27 ќе настапува во групната фаза на ФИБА Европа Купот, со што клубот се враќа во европските натпреварувања по пауза од две ипол децении. Настапот во ова натпреварување е голем предизвик за „сино-белите“, кои во новата сезона ќе играат на три фронта – во ФИБА Европа Купот, АБА2 лигата и домашната Суперлига. Последниот настап на МЗТ во натпреварување под капата на ФИБА беше во сезоната 2000/01, кога клубот ...
Организаторите соопштија дека српскиот тенисер е казнет поради „гласни вулгарности“ за време на дуелот со Сафиулин Седумкратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, е парично казнет со 5.600 фунти поради недолично однесување за време на осминафиналниот натпревар против Русинот Роман Сафиулин. Организаторите на грен слем турнирот денеска соопштија дека казната е изречена поради „гласни вулгарности“ што Ѓоковиќ ги изговорил во текот на ...
Трамп оцени дека мировниот договор долго време се разработува и дека е постигнат напредок Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија и Украина ќе постигнат договор за ставање крај на војната. Тој рече дека договорот „веќе долго време се разработува“. Воедно, го оцени украинскиот претседател Володимир Зеленски како „многу ефикасен“ и посочи дека „врши неверојатна работа“. Трамп говореше пред новинарите на маргините на Самитот ...
Освен потребата од унапредување на соработката меѓу земјите-членки на Алијансата, на Самитот на НАТО во Анкара била потенцирана и заедничката одбранбена и безбедносна политика на европските земји, порака која се повеќе добивала на интензитет, при што Македонија била поздравена од голем број држави како земја, која иако мала во споредба со многу други, сепак дава свој значителен придонес во рамки на процесите на Алијансата. Ова го изјави ...
Пласманот на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство по драматичната победа над Египет со 3:2 отвори бројни дебати, а меѓу најгласните критичари беше и Жозе Мурињо Португалскиот стратег, кој натпреварот го анализираше како стручен коментатор, остро го критикуваше судењето и употребата на ВАР-технологијата, оценувајќи дека одлуките биле недоследни и дека не бил применет ист критериум за двете репрезентации. Мурињо посебно се осврна ...
Во моменти кога илјадници луѓе останаа затрупани под урнатините по силните земјотреси што ја погодија Венецуела, еден необичен херој го привлече вниманието на светската јавност. Кучето – спасувач Цунами, осумгодишен мешанец со гени од бордер коли, стана симбол на надежта благодарение на својата исклучителна улога во потрагата по преживеани. За време на последната спасувачка мисија, Цунами успеал да помогне во пронаоѓањето на 25 преживеани ...
Амбасадорите на ЕУ повторно не дадоа согласност за отворање на Кластерот 3 за Србија. Осум земји, вклучувајќи ги балтичките држави, Холандија, Белгија, Бугарија и Хрватска, беа против, наведувајќи незадоволство од владеењето на правото и недоследност со надворешната политика на ЕУ. Ирското претседателство со Европскиот совет ќе одлучи дали и кога ова прашање ќе биде вратено на дневен ред. За потсетување, ЕК неодамна позитивно ги оцени ...
Во наредните години, Германија ќе се соочи со уште поизразен недостиг на работна сила, кој би можел да стане сè повидлив во секојдневниот живот на граѓаните, предупредуваат експертите, а објавува германска новинска агенција. Во следните 10 до 15 години, околу 4,6 милиони квалификувани работници ќе се пензионираат, а повеќе од 3,6 милиони од нив се вработени во сектори кои веќе се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила, како што е ...
ДУИ денеска официјално повика на учество на вториот протестен марш, кој ќе се одржи в сабота во Тетово, како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката за именување на улиците и враќање на старите имиња. Од партијата нагласија дека протестот ќе биде мирен и граѓански, со цел, како што велат, да се заштитат Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност. Според ДУИ, одлуката на Уставниот суд е ...
Демократската унија за интеграција најави дека во сабота во Тетово ќе се одржи граѓански марш за заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата. Марш за уставниот поредок и правната сигурност Од ДУИ соопштија дека Тетово ќе биде местото каде што, како што наведуваат, илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест. Според партијата, целта на маршот е да се испрати порака за одбрана ...
Прашањето за тоа како Македонија треба да изгради доверба со Бугарија, земја членка на Европската Унија која не ги признава македонскиот јазик и идентитет, беше во фокусот на денешната прес-конференција на еврокомесарката за проширување Марта Кос, пренесе Скопје1. Прашање за довербата и дополнителните гаранции Новинарката Лепа Џундева посочи дека Кос и денеска, како и вчера, повторува дека Европската Унија функционира врз доверба. Таа праша ...