Патишта и домови загрозени од силните дождови Милано и околните населби се соочуваат со сериозни поплави поради ненадејни обилни дождови кои ја зголемија водата во реките Севесо и Ламбро. Жителите пријавуваат дека водата навлегла брзо во улиците и домови, додека властите апелираат граѓаните да останат дома и да ја следат состојбата. Поплавени се училиштата, продавниците, викендичките и куќите, а патиштата и подвозниците се целосно непроодни. Во ...

Обвинителството побара притвор поради семејно насилство Во Скопје, Основното јавно обвинителство отвори постапка против 40-годишен маж за кој постои основано сомневање дека физички ја нападнал својата мајка, јавуваат од Обвинителството. Инцидентот се случил на 21 септември во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“. Осомничениот прво на висок тон барал пари од родителите, по што таткото го напуштил дворот. Мажот продолжил да ја ...

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро го осуди вчерашниот напад и говор на омраза насочен кон Александра Соколова, кандидатка за советничка во Кочани. Според неа, овие напади не се само лична цел кон Соколова, туку кон сите семејства кои ги изгубија најблиските во трагедијата во Пулс. „Оттука, наместо да бидеме среќни, што се интегрирани во општеството, што учествуваат во носењето на одлуки во општините и во општеството, некој се дрзнал да ги ...

Истражувачите од Универзитетот во Токио открија дека кучињата имаат способност да ги препознаат луѓето кои ги измамиле или, напротив, се грижеле за нив. Според Акико Такаока, психолог кој ја водеше студијата, овие животни не само што запомнуваат личности, туку и ја регулираат својата доверба врз основа на претходното искуство. Студијата е дел од повеќегодишен проект за разбирање на когнитивните способности и социјалното однесување кај кучињата. ...

Денеска западниот дел на Турција почувствува силен потрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 7 километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир. Засега нема пријавено повредени лица ниту штети на објекти, но локалните власти ги повикаа граѓаните да останат внимателни и да следат упатства за заштита при ...

Полицијата казни 772 возачи за брзина, алкохол и нерегистрирани возила. Во рамките на вчерашните сообраќајни контроли ширум земјата, полицијата регистрира сериозни прекршоци меѓу возачите, при што девет лица завршија во притвор. Двајца од нив биле под дејство на алкохол над 1,5 промили, додека седум возеле со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи. Вкупно, во текот на контролите издадени се 772 платни налози. Најголем ...

Во центар на Скопје, пред еден угостителски објект се случи физичка пресметка во која беа вмешани двајца малолетници и двајца возрасни, соопшти МВР. На 21 септември 2025 година, во 19:37 часот, СВР Скопје доби пријава за нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на подрачјето на Центар. Во инцидентот биле вмешани Т.В. (33) од една страна, како и Ј.И. (19) и двајца малолетници на 17 години од друга страна, сите жители на Скопје. Од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и основачот на „Тесла“ Илон Маск повторно се видоа во јавноста, овојпат на погребот на конзервативниот активист Чарли Кирк кој се одржа во неделата во Аризона. Двајцата накратко разговараа во претседателската ложа, каде Маск му подаде рака на Трамп. По краткиот поздрав, Трамп со гест побара од Маск да се повлече. Читачот на усни Никола Хиклинг тврди дека првите зборови на Трамп биле: „Како си?“. Според ...

Раст од над 3 проценти на БДП во изминатите четири квартали, забрзување на градeжништвото, раст на туримизот и земјоделстото. Сметам дека овие бројки се добра препорака. Ние сме нов пазар и сакаме да се развиваме и како Влада сакаме да се претставиме пред бизнис ориентираните Влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на работната средба со главниот извршен директор на Стопанска комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лута и ...

Почина седумгодишно девојче Седумгодишно девојче од тетовското село Челопек почина за време на болничко лекување во Клиничката болница Тетово. Детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата вечерта во 20.40 часот, а починало следниот ден. Напори на медицинскиот тим Од болницата соопштија дека веднаш по приемот биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на точна дијагноза и третман, вклучително и интензивна рехидратација. ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Н.Е. Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република. На средбата присуствуваа и претставници на бизнис заедницата на Француската Република пред кои беа презентирани можностите за отпочнување и унапредување на значајни инфраструктурни проекти ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) започна процес на ребрендирање на полицијата со набавка на нови униформи, кои треба целосно да ги заменат досегашните, оценети како непрактични и нефункционални. Според надлежните, новите униформи ќе бидат модерни, квалитетни и функционални, изработени по пример на униформите што ги носат европските полициски сили. Во рамки на подготовките, МВР оствари технички дијалог со 13 компании кои пројавија ...

Дефект на радар во М-НАВ Од М-НАВ соопштуваат дека технички дефект се појавил на еден од двата радари во полноќ меѓу среда и четврток. Проблемот бил веднаш детектиран, а со производителот од Италија се работи на негово отстранување. Според Владимир Ристески, претседател на УО на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација, биле применети сите безбедносни процедури и нема ризик за воздушниот сообраќај. Новиот систем сè уште ...

Ѓерданот како симбол на последните моменти Ерика, вдовицата на Чарли Кирк, на комеморативниот настан вечерва носеше ѓердан со привезок „Свети Михаил“, истиот што нејзиниот сопруг го имал околу вратот кога беше смртно застрелан. Малата икона, со видливи траги од крв во вдлабнатината на крстот, била откината од медицинскиот персонал додека се бореле да му го спасат животот на Кирк за време на трагичниот настан во Јута. Предчувства и стравови за ...

Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови. И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови. ...

Македонската црква како духовен и културен дом Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Квинс, Њујорк. Тој истакна дека храмот претставува не само духовен, туку и културен центар кој ги обединува Македонците во овој дел од САД и има значајна улога во афирмацијата на традицијата, културата и јазикот. Средба со македонската заедница Муцунски нагласи дека посетата на ...

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за финансиски злоупотреби во Левица ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Левица на прес-конференција индиректно признала дека парични средства од сметката на партијата завршиле кај нејзиното раководство. Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека пратеничката Јована Мојсоска самата потврдила дека била сметководител на партијата, што според нив претставува противзаконска активност. Повик на законските ограничувања Во соопштението на ...

Како што пристигнуваат анкетите во штабот на ДУИ во Чаир, во кои апсолутната предност е во полза на Изет Меџити, кандидатот на Вреди (Влен) почнува да се разработува и план за оспорување на изборните резултати, дознава Плусинфо од свои партиски извори. Наводно, Бујар Османи сметал дека треба да се инвестира во градење лажна перцепција во јавноста дека ДУИ води пред Вреди со разлика 3:1, за да се претстави како извесен победник. Иако повеќето ...

Чекор што ја разниша дипломатијата Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија ја признаа палестинската држава, потег кој произлезе од фрустрацијата со војната во Газа и кој има за цел да го поттикне решението за две држави. Со ова, четирите западни земји се приклучија на повеќе од 140 држави кои веќе ја поддржуваат независноста на Палестина. Одлуката на Обединетото Кралство носи посебна тежина поради неговата историја и улогата во ...

Во услови на високи цени на основните прехранбени производи, Владата подготвува нов пакет мерки за олеснување на семејниот буџет. Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Зрновци изјави дека институциите се насочени кон решенија што ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните. „Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме“, рече Мицкоски. Тој посочи дека екипите на Државниот пазарен ...

Човештвото може да стане вистински мултипланетарен вид до средината на XXI век, тврди Елон Маск, основачот на SpaceX. Според него, клучната алатка за ова е супермоќната ракета Starship, која ќе овозможи создавање на самоодржлива колонија на Марс до 2055 година. „Мислам дека тоа може да се направи за 30 години, ако има експоненцијално зголемување на количината товар што го испраќаме на Марс при секоја нова прилика за трансфер, што се случува на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска истакна дека САД се подготвени да ги поддржат Полска и балтичките држави во случај Русија да ја зголеми својата воена активност во регионот. Тоа следува по инцидентот со три руски борбени авиони МиГ-31 кои навлегле во естонскиот воздушен простор. „Не ни се допаѓа ова“ – рече Трамп на прес-конференција, додавајќи дека, ако е потребно, ќе помогне во одбраната на сојузниците. Инцидентот предизвика ...

Денеска полициски единици од САЕ „Тигар“ и ОВЕ извршија спасување на повредено лице на Шар Планина во реонот на Гостивар, користејќи хеликоптер Бел 412, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, по добиена пријава дека возило се превртело и дека А.Џ. се здобил со повреди, екипите веднаш се упатиле кон местото на настанот. Повреденото лице е безбедно превезено до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска ...

Во Глендејл, Аризона, полицијата уапси 42-годишен маж поради сомнително однесување на стадионот Стејт Фарм, каде се одржуваше комеморација за убиениот десничарски активист Чарли Кирк. Осомничениот, Џошуа Ранклс, се претставувал како полицаец и носел оружје во објектот. Одделот за јавна безбедност на Аризона потврди дека мажот бил вооружен со нож и пиштол, а исто така поседувал истечени полициски акредитиви. Тајната служба на САД истакна дека во ...

Две одбранбени компании, Lockheed Martin и BAE Systems, на саемот за оружје DSEI во Лондон ја претставија својата соработка за развој на ново беспилотно летало. Целта е создавање „ултра-адаптивен“ дрон со модуларен дизајн, кој ќе може да се користи за различни мисии – електронско војување, извидување, мамки, напади и поддршка на борбени авиони. Елитните истражувачки единици на компаниите, Skunk Works и FalconWorks, ги здружија силите за да ...

Во Венецуела цивилите се обучуваат да користат оружје како дел од стратегија за одбрана на земјата, поради зголемените тензии со САД, јави ДПА. Под слоганот „Касарните одат кај народот“, венецуелските војници ги спроведоа првите тренинзи во различни региони. Претседателот Николас Мадуро ги повика земјоделците да бидат подготвени за масовно вооружување, ако тоа стане потребно. „Венецуелскиот народ ѝ кажа на империјата да престане да се заканува, ...

Во Хрватска, кокаинот што се продава на улица е сѐ поопасен поради „сечењето“ со различни супстанции, предупредуваат здравствените експерти. Корисниците често внесуваат хемикалии кои сами по себе се токсични, а комбинацијата со дрогата може да предизвика срцеви аритмии, оштетување на органите и ослабнување на имунитетот. Хрватскиот институт за јавно здравје наведува дека кокаинот се меша со супстанции како фенацетин, лидокаин и левамизол – лек ...

На 20 септември 2025 година, во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К. (50) и А.А. (43), двајцата од Република Турција со привремен престој во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, двајцата се сомничат дека на плац во Горно Нерези предизвикале пожар. Додека работеле со апарат за заварување, искрите запалиле сува трева, а огнот се проширил и надвор од плацот. Пожарот бил изгаснат од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Зрновци порача дека Владата ќе ја засили динамиката на капиталните инвестиции, меѓу кои и изградбата на браната Отиња во Штип. Тој потенцираше дека целта е завршување на крупните проекти до крајот на годинава или најдоцна во првата половина од следната година, како и старт на нови развојни вложувања во општините. „Наша стратешка цел ќе биде сè што е почнато и заглавено да го одглавиме и да ја засилиме ...

Радио Лидер како медиум веќе подолг период наназад стои зад измамените корисници на Лајонес/Лајконет и медиумска го актуелизира овој проблем. Во текот на вчерашниот ден, на „неутрален“ терен се сретнаа главниот и одговорен уредник на Радио Лидер, Љупчо Златев и човекот којшто е прва асоцијација за Лајонес, Зоран Витанов. Дебатата траеше речиси два и пол часа, соговорниците честопати се надвикуваа, а ситуацијата едвај не ескалираше. Од целата ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.46
92%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
62%
1005
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
76%
1007
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
59%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
85%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
80%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
48%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
71%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Никел

473339.37

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Паладиум

46425.68

Платина

52952.77