Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Во моменти кога илјадници луѓе останаа затрупани под урнатините по силните земјотреси што ја погодија Венецуела, еден необичен херој го привлече вниманието на светската јавност. Кучето – спасувач Цунами, осумгодишен мешанец со гени од бордер коли, стана симбол на надежта благодарение на својата исклучителна улога во потрагата по преживеани. За време на последната спасувачка мисија, Цунами успеал да помогне во пронаоѓањето на 25 преживеани ...
Амбасадорите на ЕУ повторно не дадоа согласност за отворање на Кластерот 3 за Србија. Осум земји, вклучувајќи ги балтичките држави, Холандија, Белгија, Бугарија и Хрватска, беа против, наведувајќи незадоволство од владеењето на правото и недоследност со надворешната политика на ЕУ. Ирското претседателство со Европскиот совет ќе одлучи дали и кога ова прашање ќе биде вратено на дневен ред. За потсетување, ЕК неодамна позитивно ги оцени ...
Во наредните години, Германија ќе се соочи со уште поизразен недостиг на работна сила, кој би можел да стане сè повидлив во секојдневниот живот на граѓаните, предупредуваат експертите, а објавува германска новинска агенција. Во следните 10 до 15 години, околу 4,6 милиони квалификувани работници ќе се пензионираат, а повеќе од 3,6 милиони од нив се вработени во сектори кои веќе се соочуваат со сериозен недостиг на работна сила, како што е ...
ДУИ денеска официјално повика на учество на вториот протестен марш, кој ќе се одржи в сабота во Тетово, како реакција на одлуката на Уставниот суд за укинување на одлуката за именување на улиците и враќање на старите имиња. Од партијата нагласија дека протестот ќе биде мирен и граѓански, со цел, како што велат, да се заштитат Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност. Според ДУИ, одлуката на Уставниот суд е ...
Демократската унија за интеграција најави дека во сабота во Тетово ќе се одржи граѓански марш за заштита на Охридскиот рамковен договор, уставниот поредок и правната сигурност во државата. Марш за уставниот поредок и правната сигурност Од ДУИ соопштија дека Тетово ќе биде местото каде што, како што наведуваат, илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест. Според партијата, целта на маршот е да се испрати порака за одбрана ...
Прашањето за тоа како Македонија треба да изгради доверба со Бугарија, земја членка на Европската Унија која не ги признава македонскиот јазик и идентитет, беше во фокусот на денешната прес-конференција на еврокомесарката за проширување Марта Кос, пренесе Скопје1. Прашање за довербата и дополнителните гаранции Новинарката Лепа Џундева посочи дека Кос и денеска, како и вчера, повторува дека Европската Унија функционира врз доверба. Таа праша ...
Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам. Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ја одржат рамнотежата меѓу туристите и квалитетот на живот на ...
Лидерите на НАТО на самитот во Анкара ја потврдија својата „железна посветеност“ на колективната одбрана и единството на Алијансата, нагласувајќи дека „напад врз еден е напад врз сите“. Единството и солидарноста како основа на Алијансата Во декларацијата усвоена на самитот во Анкара се наведува дека сојузниците остануваат посветени на Член 5 од Вашингтонскиот договор, трансатлантската врска и пристапот од 360 степени кон одвраќањето и ...
Бугарија очекува да биде укинат мониторингот врз нејзиното исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), откако, според бугарската претседателка Илијана Јотова, Софија ги исполнила условите за гарантирање на правото на здружување. Јотова ова го изјавила по средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито, и раководителот на Одделот за ...
Со одлука на Советот, Општина Карпош го дава на времено користење без надоместок – надземниот премин „Влајко“, на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Предметниот објект претставува покриен и затворен простор кој располага со 16 деловни простории – канцеларии, со вкупна површина од 142 м 2 и четири помошни простории, со вкупна површина од 8м 2 . Во овој случај, корисникот се обврзува да го користи ...
На 07.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп. -По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и расчистување на случајот, велат од МВР. На 07.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп. -По ...
Имавме, мошне продуктивна средба со премиерот и во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на собранието, со претставници на граѓанското општество, и секако со младите. Во сржта на пристапниот процес, секако се наоѓаат реформите за кои што зборувавте и за конкретните придобивки за граѓаните, подобрени услуги за јавноста, поедобрени можности за младите кои што ќе придонесат кон попросперитетна економија. Во таа насока навистина гледаме ...
Министерството за здравство информира дека е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови, дека во најскоро време тој повторно ќе биде достапен зa пациентите без доплата. Од Министерството посочуваат дека и натаму ќе спроведуваат активности со кои ќе сe овозможи поголема достапност на лековите по поприфатливи цени зa граѓаните. Министерството за ...
Договорете се, дајте ни текст и ние ќе го прифатиме, нормално, со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР и гласање на дијаспората, им порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на СДСМ и Левица во врска со измените на Изборниот законик. Тој ги оцени нивните реакции како политичка гимнастика и естрада. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, Мицкоски потсети дека на измените се ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. ...
Хрватската фудбалска репрезентација ќе има нов селектор по Светското првенство во Америка, Канада и Мексико, откако Златко Далиќ го информираше претседателот Маријан Кустиќ на состанокот на Федерацијата дека го завршил својот мандат. „Улогата на селектор бара многу тешки одлуки, но оваа беше секако најтешка за мене. Секогаш велев дека нема поголема чест од водењето на мојот национален тим и дека не би можел да имам поважна, поодговорна и ...
Најновата епидемија на ебола во Демократска Република Конго (ДРК) продолжува да се шири, при што бројот на потврдени случаи се искачи на 1.708, а бројот на смртни случаи достигна 580, според владини податоци објавени во среда, објави ITIJ. Здравствените власти и Светската здравствена организација (СЗО) предупредија дека епидемијата е сè уште во фаза на експанзија, поради континуираното пренесување на вирусот меѓу населението во источните ...
Бактеријата салмонела е причинител на труењето со храна на 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ кои конзумирале оброк приготвен од прилепската кетеринг фирма „Рустика“. Оброкот бил конзумиран во понеделникот, на 29 јуни, и станувало збор за макарони со изварка и јајца, констатираат од прилепскиот Центар за јавно здравје по извршените анализи. Според епидемиологот Татијана Станимировиќ, од досегашното истражување се покажа дека 44 ...
Министерството за финансии изврши трансфер на нови 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра кон Развојната банка, а средствата се наменети за поддршка на инвестиции во домашните компании. Со последниот трансфер од централниот буџет кон Развојната банка вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра. Вкупниот буџет за поддршка ...
Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил оштетен откако градежна механизација започнала со уривање додека тој и неговото семејство се наоѓале во објектот. Според неговото сведоштво, настанот се случил околу 4 часот наутро, кога багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати удрил во ѕидот од објектот, додека семејството спиело. Од ударите бил оштетен дел ...
СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони, соопшти предмалку МВР. Во соопштението се вели дека од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, ...
Изминатите две години Владата покажа дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа што се мери преку резултати, економски показатели и создавање подобри услови за живот на граѓаните. Нашата цел е изградба на функционални институции, посилно владеење на правото, поефикасна администрација, конкурента економија. Тоа не го правиме зашто некој го бара од нас, туку зашто веруваме дека е единствениот исправен пат. Во тој процес ...
Македонскиот математички талент Македон Димитровски оствари уште еден извонреден меѓународен успех, освојувајќи повеќе престижни признанија на натпреварот „Математика без граници“, кој се одржа во Несебар, Бугарија. Со одличните резултати, Димитровски го освои златниот медал во индивидуална конкуренција, како и Купот за прво место. Дополнително, му беше доделена титулата „Math Star of the Tournament“ („Математичка ѕвезда на турнирот“), а ...
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) открила мрежа за шверц на фалсификувани кондоми кои биле дистрибуирани низ Европа, при што биле запленети повеќе од 200.000 парчиња со потекло од Кина. Според информациите, кондомите биле лажно декларирани како играчки, а биле запленети во Романија, Србија и Шпанија. Вредноста на запленетата стока надминува 200.000 евра. Од ОЛАФ предупредуваат дека производите не ги исполнувале ...
Стравот од опасната риба-зајак не стивнува меѓу туристите кои летово одмараат во Грција, откако е регистриран втор случај на каснување. Напад на плажа во Патра Вистинска драма се случила на плажа во Патра, каде 64-годишна жена била нападната од опасна риба додека се капела во морето. Според нејзиното сведоштво, таа влегла во водата кога одеднаш почувствувала силен удар и болка. Подоцна ја опишала рибата како суштество со „глава како зајак“. ...
Нема значи на насилна смрт или криминално дело. Ова го покажуваат првичните информации за смртта на младата Македонка во стан во Солун, пренесуваат грчките медиуми. Грчкиот медиум „Тестивал“ објави дека, според досегашните судско-медицински наоди, смртта најверојатно се должи на патолошки причини. На местото бил повикан судски лекар, а од макроскопскиот преглед на телото и од досега собраните информации, не биле утврдени знаци што би ...
Македонија до 2031 година би можела да се најде меѓу европските економии со најдобри перформанси, покажуваат најновите прогнози на Меѓународниот монетарен фонд. Просечен раст од 3 отсто годишно Според прогнозата на ММФ, во периодот од 2027 до 2031 година македонската економија би растела со просечно годишно темпо од 3 отсто. Со ваквата проекција, земјата би бележела повеќе од двојно побрз раст од еврозоната и би се позиционирала како седма ...
Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот со Иран е завршен за него, упатувајќи низа остри обвинувања и навреди кон иранското раководство. Неговата изјава доаѓа во време на голема ескалација на конфликтот и меѓусебни вооружени напади меѓу Вашингтон и Техеран. Трамп нагласи дека повеќе не сака да има работа со иранските власти, обвинувајќи ги за дволичност за време на преговорите. „Тие се лажговци. Ајде да склучиме договор. Сите се ...
Основниот суд во Бијелина, БиХ, го потврди обвинението против лице со иницијали Л.Ц., кое се товари за кражба на околу 2.500 евра од семејна куќа во Лопара. Кражба додека семејството било на погреб Според обвинението на Окружното јавно обвинителство во Бијелина, случајот се случил на 17 мај 2024 година, во периодот од 12 до 15 часот. Обвинетиот, како што тврди обвинителството, го искористил моментот кога семејството на сопственикот на ...
Европскиот парламент усвои нов пакет правила со кои значително се зајакнуваат правата на авионските патници во Европската Унија. Реформата предвидува поголема транспарентност при продажбата на авионски билети, бесплатно седење на родителите до нивните деца и поедноставени процедури за добивање обесштетување во случај на доцнење или откажување на летови. Предлогот доби силна поддршка од европратениците и сега треба формално да биде одобрен од ...