Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
На денешната седница, Владата ја разгледа и ја усвои информацијата доставена од Министерството за локална самоуправа во врска со настапување на законски основ за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница. Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен ...
Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој истакнува дека Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес. -Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде ...
23-годишна девојка од Македонија е пронајдена почината во стан во населбата Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми. Според нивните информации, родителите извесен период не успеале да стапат во контакт со неа, по што побарале помош од близок роднина кој се упатил кон станот каде што престојувала. При влегувањето ја затекнал без знаци на живот, по што веднаш биле повикани надлежните служби. По извршениот првичен увид на телото, засега ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0.5 %, а цените на мало од 0.8 %. Во однос на јуни лани, пак, тршошоците на живот се зголемени за 3.4 %, а цените на мало за 3.6 %, објави Државниот завод за статистика. Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци ...
Сето тоа коешто ќе го договорат Левица, СДСМ, ДУИ и другите помали опозициски партии од аспект на финансирање, од аспект на изјаснување на дијаспората, од аспект на поплаките и од аспект на една изборна единица и сите детали кои се инкорпорирани, ние тоа ќе го прифатиме се додека биде прифатен нашиот став, а тоа е дијаспората да може да го испочитува уставно загарантираното право и да може да гласа и да се изјаснува на избори – истакна ...
Денеска во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, со длабока тага и искрено почитување му оддадовме последна почит на нашиот драг пријател и сопартиец, Јовица Илиевски, напиша на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски. Заминувањето на Јовица е голема загуба за неговото семејство, за неговите пријатели, за сите што имаа чест да го познаваат, но и за општина Брвеница, која неизмерно ја сакаше и за која несебично работеше. Неговата посветеност ...
Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјава. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап, истакна денеска на прес-конференција во Владата, генералниот директор на Фондот за ...
Македонија на седмото место Македонија е рангирана на седмото место меѓу најбрзо растечките економии во Европа според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, во која се опфатени сите земји на стариот континент, а не само членките на ЕУ, пренесе еминентната EURONEWS. Според прогнозите, со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та, Македонија го зазема седмото место, што е значително над просечниот раст од ...
Криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а во изминатите две години е намален за 30 проценти, објави Министерството за внатрешни работи. – Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30 проценти. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69 проценти. Во борбата против организираниот ...
Потврден договорот за НЕС На седница на Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем, со која денеска претседаваше вицепремиерот Александар Николоски, беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС. Николоски истакна дека Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од ...
Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на денот кога се одбележуваше 250-годишнината од независноста на САД, била прочитана посебна молитва за американскиот претседател Доналд Трамп и за Соединетите Американски Држави. Молитвата ја прочитал отец Михаил, а за тоа сведочи и објавата на Слаѓана Аврамоска Митрис, активист на македонската дијаспора во САД. Таа на Фејсбук сподели фотографија со отец Михаил и потпретседателот на ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, денеска по пауза од девет години се враќа во квалификациите од Лигата на шампионите, а противник на „црвено-црните“ ќе им биде фински Купс. Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна мотивација за сите во клубот. – Максимално сме подготвени за ...
Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо синоќа против Шпанија во Далас го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија на Светско првенство. Неговата репрезентација го загуби осминафиналето со 1:0, што значеше и елиминација на Португалија. – Тажен сум. Дадов сè од себе, дадов се од себе и си заминувам со чиста совест. Тоа е фудбалот, тоа е животот на еден фудбалер. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш и мора да продолжиш. Да ...
Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре. Тоа целосно завршило на депониите. Тоа е помалку за речиси пет отсто (околу 20 килограми помалку) од претходната 2024 година и помалку од европскиот просек. Вкупно во државата биле создадени 755,7 илјади тони ѓубре. На депониите завршиле речиси 640 илјади тони комунален отпад. Иако сме направиле помалку ѓубре, комуналните претпријатија собрале повеќе отколку во 2024 година. „Зголемувањето ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Владата започнува со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. -Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во рамките на посетата на Турција, во Амбасадата на Македонија во Анкара се сретна со претставници на македонската заедница во земјата. На средбата присуствувале универзитетски професори, лекари, научници и други истакнати професионалци со македонско потекло, кои, и покрај успешните кариери во Турција, останале силно поврзани со своите македонски корени. На средбата била присутна и Севим ...
Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот. Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката ...
МВР денеска излезе со важно соопштение за сите ученици кои сакаат да аплицираат за прием во Средното полициско училиште. -Учениците кои ќе аплицираат за прием во Средното полициско училиште, не треба претходно да се отпишуваат од училиштата, потенцираат од МВР. Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во ...
Македонското општество низ изминатите години носеше тешки, политички предизвикувачки одлуки и на тој пат на Македонија ѝ е нанесена неправда. Сега на сите им станува сè појасно дека проширувањето за ЕУ повеќе не може да биде само техничко прашање, туку стратешки интерес, особено во контекст на променетите геополитички околности, истакнува европратеникот Карло Реслер во интервју за МИА. Реслер, кој важи за еден од највлијателните млади ...
Новата, трета генерација на Ауди Q7 носи голем напредок, особено во технологијата на осветлување и луксузот во внатрешноста. Ауди се фокусираше на паметни дигитални Матрикс ЛЕД предни светла кои овозможуваат максимална видливост без да ги заслепуваат возачите од спротивната насока, додека задните светла нудат избор од осум различни дигитални изгледи. Како посебно интересна карактеристика, трепкачите на новиот Q7 всушност проектираат ...
Лидерите на 32-те земји членки на НАТО денеска во Анкара ги почнуваат дводневните разговори посветени на одбранбените трошоци и договорите за набавка на оружје, додека Европа се соочува со сè поголем притисок од Соединетите Американски Држави да преземе поголем дел од безбедносниот товар на алијансата. Домаќин на самитот е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој лидерите ќе ги пречека во својата палата. Средбата ќе биде тест за ...
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на прес-конференција што ќе се одржи денеска во прес-центарот на Владата ќе презентира дополнителни појаснувања во врска со проширувањето на Позитивната листа на лекови, со цел отстранување на дилемите поврзани со нејзината примена во пракса. Од Фондот за здравствено осигурување соопштија дека по неговото обраќање на прес-конференцијата, ќе биде овозможено поставување новинарски ...
Во Собранието денеска се очекува продолжување на разговорите меѓу координаторите на пратеничките групи во обид да се постигне согласност за измените на Изборниот законик. Во фокусот на преговорите останува прашањето за начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат гласањето да се организира по пошта, а деталите за неговата примена да бидат утврдени со подзаконски акт што Државната изборна комисија би ...
Меѓу поголемите летни празници што ги слават православните христијани, а македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител. Свети Јован е познат како Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан, а како Претеча затоа што го најавувал неговото доаѓање. Тој ги повикувал луѓето на покајание и духовно ...
Белгија обезбеди место во четвртфиналето на Светското првенство, откако во осминафиналето убедливо ги совлада Соединетите Американски Држави со 4:1. Најзаслужен за победата беше Шарл де Кетеларе, кој двапати се запиша во листата на стрелците, додека конечниот резултат го постави Ромелу Лукаку во судиското продолжение. Белгиската репрезентација поведе уште во 9. минута, кога по асистенција на Николас Раскин, Де Кетеларе ја затресе мрежата на ...
Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати. ...
Во турската престолнина Анкара денеска почнува дводневниот самит на НАТО на кој ќе учествува и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Таа ќе учествува на Состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“. Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо ...
Шпанските фудбалери се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство. Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во осминафиналето на Светското првенство. Единствениот гол го постигна резервистот Микел Мерино во 91-тата минута. Шпанија ќе се соочи со победникот од натпреварот САД-Белгија во четвртфиналето. Тој натпревар е закажан за вечерва во 2:00 часот наутро. Од самиот почеток на натпреварот, сè беше возбудливо во играта во Далас, а двата ...
Полицијата го приведе откако одби да го отстрани транспарентот Полицијата во Торонто приведе и парично казни маж кој поставил транспарент со критика кон Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) во центарот на градот, објави канадската телевизија CTV. Шеесет и четиригодишниот Јан Марацевич потврди дека протестирал во близина на локалниот изложбен комплекс. Тој држел транспарент со пораката „ФИФА = Алчност“. Полициските службеници најпрво ...
Наградата ќе му биде врачена на овогодишниот Венецијански филмски фестивал Џорџ Клуни ќе биде добитник на „Златниот лав“ за животно дело на овогодишниот Венецијански филмски фестивал. Признанието му се доделува за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Фестивалот ќе се одржи од 2 до 12 септември. Клуни изјави дека Венецијанскиот филмски фестивал е неговиот омилен филмски фестивал. „Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и ...