Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Куба во понеделник беше погодена од прекин на електричната енергија на целиот остров, бидејќи резервите на гориво се намалуваат, а електричната мрежа продолжува да се распаѓа. Прекинот го пријави Кубанскиот синдикат за електрична енергија, кој на X изјави дека причината е под истрага. Гориво на Куба снемува од јануари, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на ...
Закани за можна воена акција доколку не се постигне договор Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја можноста за воена интервенција. Индиректните разговори меѓу двете земји завршиле минатата недела без видлив напредок кон траен договор, и покрај претходно воспоставеното 60-дневно примирје кое требало да отвори ...
Скопјанец со загрижувачка објава во фејсбук групата „Кисела Вода-Пријави проблем“ алармираше за несоодвена сигнализација на еден патен правец во Скопје. Имено, станува збор за кружниот тек во Драчево. „Луѓево се ненормални, сега имав сообраќајка на кружниот тек кај Маркова, кон Драчево. Возат во спротивна насока. Дали се нормални луѓето?“ – гласи неговата објава. Иако нема информации за видот на соорбаќајната несреќа, возачите реагираат дека ...
Во рамки на меѓународната оперативна акција „Global Chain“, насочена кон сузбивање на трговијата со луѓе, илегалната миграција и трудовата експлоатација, во Македонија се откриени три кривични дела и 49 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата се реализирала во периодот од 8 до 13 јуни 2026 година во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT), а во неа учествувале 59 државиа, целта ...
„Мајкрософт“ соопшти дека ќе укине околу 4.800 работни места, што претставува околу два проценти од вкупниот број вработени во компанијата. Отпуштањата се дел од мерките за намалување на трошоците и големата реорганизација на одделот Xbox. Најголемите промени ќе бидат во секторот за видеоигри, каде што во следната фискална година ќе бидат укинати околу 3.200 работни места. Компанијата најави дека четири студија за развој на видеоигри ќе ...
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска која оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува документ што ги поставува развојните приоритети на државата, со акцент на инфраструктурата, образованието, земјоделството и социјалната сигурност. Димитровска истакна дека со ребалансот продолжуваат капиталните инвестиции, особено во патната инфраструктура и ...
Американскиот претседател вели дека и Москва и Киев сакаат крај на војната Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека можноста за решавање на војната во Украина е поблиску отколку што јавноста мисли и најави дека ова прашање ќе биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Турција. Трамп изјави дека и Русија и Украина покажуваат подготвеност за завршување на конфликтот. „Претседателот Путин сака ова да заврши. Ви го кажувам ова ...
Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи според Стандардната ...
Операционализирање на идејата секој ден во текот на летото, за време на сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување да се на располагање најмалку 120 доброволни пожарникари, е договорено на денешната средба на директорот за Дирекцијата (ДЗС) Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва. -Постигнавме договор секое Доброволно противпожарно друштво однапред да декларира одреден ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше за деталите од денешното потпишување на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за автопатот Скопје -Блаце. -Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Автопатот е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на ...
Министерството и Владата втора година по ред целосно ги финансираат учесниците Околу 30 ученици во текот на минатиот и овој месец ја претставувале Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриле Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во објава на Фејсбук, Јаневска информираше дека учениците биле испратени на натпреварите без ...
Правилното проветрување може да направи голема разлика Популарното отворање на прозорците на кип во текот на денот не е најефикасниот начин за разладување на домот, предупредуваат експертите. Според нив, овој начин не обезбедува доволна размена на воздух, а може и дополнително да придонесе за загревање на просториите. Наместо тоа, се препорачува интензивно проветрување со целосно отворање на прозорците само неколку минути, и тоа рано наутро ...
Европската комисија воведува „флексибилен ЕЕС“ со цел да ги намали застојот и долгите чекања на дел од граничните премини и аеродромите. Новото решение ќе им овозможи на националните власти привремено да ја суспендираат биометриската регистрација кога редиците ќе станат предолги, додека стандардните гранични контроли ќе продолжат да се спроведуваат. Решение за долгите редици Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерс, соопшти дека ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини ...
Најавена соработка меѓу Министерството за локална самоуправа и ИНОВА ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата започнува нова иницијатива насочена кон поголемо вклучување на младите во работата на локалната самоуправа, преку стратешка соработка меѓу Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Од партијата велат дека „врвен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите за кои се ...
Власта очекува став од СДСМ и ДУИ за предлогот за поштенско гласање Обид за надминување на несогласувањата околу измените на Изборниот законик ќе има утре во Собранието, каде ќе се одржи нова средба меѓу координаторите и претставниците на пратеничките групи. Во фокусот повторно ќе биде начинот на гласање на дијаспората, како и предлозите што ги изнесоа парламентарните партии. Од владејачкото мнозинство потврдија за МИА дека од пратеничката ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче во разговор за „Слободен печат“ вели дека е изненаден од потегот на пратеничката Славјанка Петровска да стане дел од „Разговори за иднината во 12:05“, но тврди дека во партијата не се размислувало за нејзино исклучување. – Многу сум изненаден од потегот на пратеничката Славјанка Петровска. Не очекував дека без претходен разговор ќе донесе таква одлука и толку лесно ќе потпадне под нечие влијание. Како што обично ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес призна дека лично побарал од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, повторно да ја разгледа одлуката за црвен картон и суспензија на напаѓачот на американската репрезентација, Фоларин Балогун, што предизвика лавина од негодување во фудбалскиот свет. За потсетување, ФИФА во неделата објави дека Балогун ќе има право да игра на осминафиналниот натпревар против Белгија во понеделник навечер, и покрај ...
На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство, по големото изненадување и елиминацијата на Бразил, вниманието на фудбалската јавност е насочено кон преостанатите четири дуели од оваа рунда. Европско дерби во Далас Денешната програма носи еден од најатрактивните натпревари во осминафиналето – дуелот меѓу Португалија и Шпанија, кој ќе се одигра во Далас со почеток во 21 часот. Со оглед на тоа што двете селекции доаѓаат од Европа, ...
Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг, Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела. Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година. Јанг во завршните зборови пред судот ...
Во Франција, седум департмани на југ се под црвена тревога поради многу високиот ризик од шумски пожари, додека 41 други области се под портокалова тревога. Голем пожар беснее во Источните Пиринеи. Досега, евакуирани се 10.000 жители од таа област. „Како што се очекуваше, имаме комплицирана сезона на пожари што започна пред еден месец“, рече францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, додавајќи дека досега оваа година изгореле ...
Палестинското движење Хамас во понеделник соопшти дека го распуштило своето владејачко тело во Појасот Газа по речиси 20 години на власт, отворајќи го патот за технократски комитет да ја преземе територијата. Официјални лица на Хамас потврдија дека Хамас се подготвува целосно да се повлече од секојдневното управување со Газа, отворајќи го патот за воспоставување палестинска цивилна влада. Овој потег означува значаен политички пресврт за ...
Општината отвори постапка за еднократна парична помош Општина Кисела Вода започна постапка за доделување еднократна парична помош на жителите кои претрпеа поголеми материјални штети од неодамнешното невреме и обилните врнежи што го зафатија Скопје. Според соопштението, заинтересираните граѓани треба до Архивата на Општина Кисела Вода да достават барање со потребната документација. Потребно е да приложат фотокопија од важечка лична карта или ...
Европската автомобилска индустрија се бори да преживее под притисокот на кинеската конкуренција, но „Рено“ е подготвен да се справи со тие предизвици, изјави извршниот директор на компанијата, Франсоа Прово, во интервју објавено денес во весникот „Екос“ (Les Echos). Прово процени дека наредните години ќе бидат клучни за европските производители на автомобили, кои истовремено се соочуваат со забрзана електрификација, растечка конкуренција од ...
Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на портпаролот Валентин Манасиевски. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како ...
По големата победа над Бразил со 2:1, Норвешка не славеше само историски фудбалски триумф, туку создаде и нова навивачка сензација на Светското првенство. Халанд во центарот на спектаклот Ерлинг Халанд беше херој на натпреварот, откако со два гола во финишот, во 79. и 90. минута, ја урна една од најголемите фудбалски сили. Бразил успеа само да го ублажи поразот преку Нејмар, кој погоди во десеттата минута од судиското продолжение. По ...
Приведени се двајца скопјани поради сомнение дека предизвикале пожар во напуштен објект на булеварот „Македонија“, односно кај местото Рампа во скопска Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи. Осомничените се товарат за кривично дело предизвикување општа опасност. „Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, ...
Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката ...
Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса. „Пред нас денес стои документ кој јасно го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса. Овој предлог ребаланс на буџет за 2026 година не е обично прераспределување на бројки на хартија. Ова е економски ...