Две средби вечерва го отвораат осминафиналето Осминафиналната фаза на Светското првенство започнува вечерва со два натпревари. Во Хјустон, Канада ќе игра против Мароко со почеток во 19:00 часот. Истата вечер, во 23:00 часот во Филаделфија ќе се одигра дуелот меѓу Парагвај и Франција. Победниците од овие две средби ќе се сретнат во четвртфиналната рунда. Дел од паровите веќе водат кон четвртфинале Бразил и Норвешка ќе играат во недела од ...

Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува расправата за ребалансот Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на првиот ден од расправата изјави: „Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или ...

Сончево и посвежо време низ земјава, од понеделник можен пороен дожд и грмежи Денеска низ земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 13 до 22 степени, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 26 и 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена ...

Речиси 78 проценти од студентите се запишани на државните универзитети Студиите од областа на здравството и социјалната заштита се најбарани меѓу студентите во академската 2025/2026 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, токму оваа област ја избрале 14.088 студенти, што е најголем број во однос на сите останати студиски програми. Статистиката покажува дека 77,8 проценти од студентите се запишале на државните ...

Истражување покажува предност на ВМРО-ДПМНЕ пред опозицијата Агенцијата „Маркет вижн“, по нарачка на МКД.мк, во периодот од 10 до 27 јуни спроведе истражување на јавното мислење во Македонија, кое покажува дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и натаму се во убедливо водство во однос на довербата кај гласачите. Според резултатите, вкупниот рејтинг на опозицијата заедно е значително помал од поддршката за ВМРО-ДПМНЕ како поединечна партија. На ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека сè уште има многу работа за да се обезбеди непречено функционирање на новиот автоматизиран систем за гранична контрола и да се избегнат долгите редици на влез во Европската Унија. Таа нагласи дека воведувањето на системот за влез/излез не ја променило правната рамка за движење и престој на патниците, туку создало потранспарентно спроведување на постојните правила. ...

Денеска е последниот ден за аплицирање за мерката за самовработување, а интересот е значително поголем во однос на лани. Заклучно со вчера, пријавени се повеќе од 5.000 кандидати, од кои 2.002 се млади до 29 години, информира заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески при посетата на Центарот за вработување во Прилеп. -Ги посетивме центрите за вработување низ земјава и реализацијата на годинашниов оперативен план преку мерката за ...

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден на 12 години затвор, и ја потврди изречената пресуда од Кривичниот суд. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди ...

Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата е пристигнат во Собранието, а седницата е закажена за в понеделник на 13 јули, информираат од собраниската прес-служба. На дневен ред на 112. седница на Собранието се три точки – предлог за разрешување членови на Владата, предлог за разрешување на заменици на министри во Владата и предлог за избор на членови на Владата. Пред пратениците ќе се најде предлогот за разрешување на Игор ...

Земјите-членки на Европската Унија денеска едногласно се согласија за отворање на уште еден кластер од претпристапните преговори со Украина и со Молдавија. Официјалното отворање ќе биде на Меѓувладина конференција на 14 јули. Договорот е постигнат за отворање на Групата 6 – Надворешни односи, која ги вклучува Поглавјето 30, односно Надворешни економски односи, и Поглавјето 31 – Надворешна, безбедносна и одбранбена политика. Ова следи откако ...

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик. -Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди, ...

Три големи пожари денеска се активни во Штип и во Пробиштипско. Попладнево нов пожар избувна кај штипската млекара, поради што се евакуираат вработени во фабриката „Албатрос“, додека во Пробиштипско една куќа изгоре, а огнот го гаснат три авиони „ер трактор“. Фејсбук-страницата „Секојдневнието во Штип“ објави видео на кое се гледаат десетици луѓе како бегаат, со маски на лицата, додека просторот околу нив е исполнет со чад. „Пеколен ден за ...

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против осум службени лица од Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со години не постапувале по службена должност во случај поврзан со неконтролиран угостителски објект во Кочани, кој подоцна е поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Одделението за внатрешни работи Кочани денеска (03.07.2026) поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против осум лица, поради ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во претпладневните часови избувнал пожар кој брзо се проширил и во моментов го зафатил реонот до пробиштипското село Бучиште. Од ДЗС информираат дека сите расположливи сили се максимално мобилизирани и се наоѓаат на критичните точки со цел да се стави огнот под контрола. Посочуваат дека на терен активно и координирано работат Територијалната противпожарна единица – Пробиштип (ТППЕ), ...

Озлогласеното службено возило, кое беше симбол на прекумерниот луксуз на поранешниот градоначалник на Општина Струга, денес беше продадено за 22.000 евра, со што се намалува јавниот долг на нашата општина, информира Општина Струга. Од таму додаваат дека возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација. -Овој пристап, насочен кон намалување на ...

Во Музејот на град Скопје ќе биде прикажана приказната за едно од најзначајните музички семејства Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, в сабота во Музејот на град Скопје ќе се одржи вечер посветена на познатото музичко семејство Шуплевски. Централен дел од настанот ќе биде проекцијата на документарниот филм „Шуплевски – ехо низ времето“, чиј автор е музикологот и професор по пијано Викица Костоска Пенева. Филмот ја раскажува приказната за ...

Јовановски: „Честитки за тимот“ Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска за првпат во Македонија е воведена методата „Coro Flow“, софистициран софтверски медицински систем за детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул. Информацијата ја објави интернистот д-р Златко Јовановски на социјалните мрежи, посочувајќи дека станува збор за значаен чекор во интервентната кардиологија. „Денес во ГОБ 8ми Септември, ...

Македонската младост не само што ја чува традицијата, туку знае и да ја развива и презентира на највисоко светско ниво Младинскиот оркестар при Средното училиште за гимназиско образование „Орце Николов“ од Скопје постигна впечатлив меѓународен успех, освојувајќи го првото место со почесни заслуги на престижниот Меѓународен натпревар за млади оркестри (IYMC) во Њујорк. Со оваа победа, оркестарот не само што ја потврди својата висока ...

Три активни пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13:00 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Како што се наведува во соопштението, активни пожари има во село Неокази, општина Пробиштип, каде гори ниска вегетација, во општина Штип во местото викано „Исар“, централно градско подрачје (ниска вегетација) и во селото Новоселани во општина Чешиново-Облешево (ниска вегетација). Три активни пожари на отворен простор се ...

Македонија, Албанија и Црна Гора оценети како предводници во реформите „Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер по однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда“, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Тој посочи дека во рамки на Планот за раст, распределбата на средства е ...

СДСМ излезе со соопштение во кое директно атакува врз новинарот и уредник Бранко Героски за ставови изнесени во колумни за можноста за промени во опозицискиот блок, за известувањето за новоформираната опозициска иницијатива, како и за нападите од страна на СДСМ врз поединци кои изразуваат критичко мислење кон раководството на опозициската партија. „Бранко Героски бара „ново дете” за СДСМ. Можеби затоа што му е здодевно, или затоа што самиот ...

Вака ли крајот мириса? Ова е првото нешто што ви паѓа на ум откако СДС и Венко Филипче во два дена удрија по цели 30-на свои довчерашни експоненти. Денеска, канонадата навреди, омаловажувања и клевети е насочена кон аналитичарот Петар Арсовски, кој со децении стои „на браникот на СДС“ и во многу наврати ги бранел нивните ставови, макар биле и погрешни (почесто). Народски кажано, експерт кој буквално „изгина за партијата“. А еве како ...

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“ Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети касарната „Илинден“, каде што се одржа промоција на нова воена опрема. По настанот, Мицкоски се обрати пред медиумите и одговараше на новинарски прашања за актуелни инфраструктурни проекти. Во понеделник договор за автопатот Скопје–Блаце Запрашан за динамиката на изградбата на автопатот Скопје–Блаце, премиерот истакна дека проектот влегува во ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беше презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. -Ова е првиот пакет на опрема што пристигна, зборуваме за пакет од околу 40 милиони евра и плус дополнителни два милиони евра за балканските медицински сили, истакна министерот Владо Мисајловски. Имено, министерот упати благодарност кон амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис ...

Улогата на државата не е да го замени приватниот сектор, туку да создаде услови во кои претприемништвото, знаењето и капиталот ќе можат да создаваат нова вредност и во таа насока Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ја развива економската дипломатија како практична алатка за поддршка на македонските компании – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во воведното обраќање денеска ...

Силен пораст на краткорочните сместувања преку онлајн платформи Краткорочните туристички сместувања во Европската Унија бележат значителен раст на почетокот од годината, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во првиот квартал од оваа година се регистрирани 144,3 милиони ноќевања во сместувачки капацитети резервирани преку онлајн платформи како Airbnb, Booking и Expedia. Според Европската статистичка служба, ова претставува зголемување ...

„Смешно е САД да продолжат со едностран однос“ Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е „смешно“ САД да продолжат, како што рече, со едностран однос кон НАТО и повторно ја критикуваше Алијансата за недоволна реципрочност. „Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, непосредно пред претстојниот самит на ...

Henley Passport Index: Македонија меѓу средно рангираните пасоши Македонскиот пасош се најде на 41. место на најновата листа на најмоќни пасоши во светот според Henley Passport Index за вториот квартал, кој опфаќа 199 земји. Според податоците, македонските граѓани можат без виза да патуваат во 127 држави ширум светот. „Индексот се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), а клучниот критериум е бројот на ...

Во последните години зборот „одржливост“ стана еден од најчесто употребуваните во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нова регулатива, нов стандард или нов административен процес. Зад него стои суштинска промена во начинот на кој функционира светот. Денес, успешни не се само компаниите кои произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние кои знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во своите луѓе, ...

Средства за дигитализација преку исполнување на Реформската агенда Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека преку исполнување на чекорите од Реформската агенда се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, наменети за дигитална трансформација. „Преку исполнување на чекорите од Реформската агенда, досега се обезбедени 31,7 милиони евра од Планот за раст, токму во делот на дигиталната трансформација“, наведуваат од партијата. Од таму ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.99
24%
1011
weather icon

Белград

35ᴼ / 35ᴼ
3.3
36%
1013
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
0.39
29%
1012
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.74
35%
1014
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.2
29%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.45
72%
1013
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
6.71
45%
1011
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
5.27
36%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
4.62
32%
1012
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
3.58
36%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
1.34
26%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.08
88%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Сребро

2050.96

Калај

56.26

Злато

139395.99

Паладиум

43274.90

Иридиум

252383.36

Платина

56231.66

Родиум

278103.96

Бакар

13.27

Алуминиум

3.28

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00