Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека веќе ги добил предлозите на ВРЕДИ и ЗНАМ за новите министри во реконструираната Влада, дека за него тие предлози се сосема во ред и дека очекува поуспешна работа на новиот владин состав. – Да, ги имам предлозите и за новите министри од ВРЕДИ и од партијата ЗНАМ, но ќе оставам тие да ги кажат, да не ги кажувам јас. За мене тие предлози се сосема во ред и очекувам да имаме уште поуспешна работа ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година и порача дека по завршувањето на премиерскиот мандат ќе се врати на факултет. Изјавата ја даде во контекст на разговорите за новиот Изборен законик, при што рече дека се шират шпекулации оти предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа по електронски пат бил поврзан со негова наводна ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави дека имал телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји. Во објава на Инстаграм Вучиќ пишува дека во разговорот се разменети мислења за важни регионални прашања, можностите за продлабочување на соработката и за посилно ...

Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој истакна дека владината реконструкција претставува освежување од кое најголеми добитници се граѓаните. Тој исто така посочи дека на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучила Турска демократска партија, покрај коалициските партнери Вреди и ЗНАМ. „Секогаш има простор за нови луѓе јас секогаш го подржувам тоа, така да сметам ...

Во емисијата „Утринско Еспресо“ на Радио Лидер, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој на самиот почеток истакна дека изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ покажала дека работи чесно, одговорно и транспарентно и посочи дека во тој период биле реализирани бројни проекти и мерки во повеќе области, меѓу кои транспортот, образованието, дигитализацијата, економијата, како и зголемувањето на платите и пензиите. -Изминативе две ...

Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни ...

По најавената реконструкција на Владата, стануваат познати имињата на новите министри од редовите на Влен. Според информациите што ги објави „360 степени“, Јетон Шасивари ќе биде нов министер за правда, Седат Сулејмани ќе раководи со Министерството за култура и туризам, а Агон Ферати ќе биде нов министер за односи меѓу заедниците. Влен добива три министерски позиции Премиерот Христијан Мицкоски, по состанокот на Извршниот комитет на ...

Франција забележа уште една лесна победа на Светското првенство. Во 1/16 финалето, Французите ја победија Шведска со 3:0 (1:0). Во осминафиналето, Франција ќе игра против Парагвај, кој вчера сензационално ја елиминира Германија. Во првите пет натпревари, од првата елиминациска рунда, имаше голема незивесност, три натпревари беа решени во финишот, два по изведувањето пенали, но на стадионот во Њу Џерси, Франција не им даде шанса на Швеѓаните. ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле ...

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска ќе оствари работна посeтa на општина Струмица. Николоски, во рамики на посетата, ќе се обрати на свечената церемонија на поставување камен-темелник на продажен објект на „Лидл“ во Струмица, каде ќе присуствуваат и оперативниот директор на на Лидл Македонија Рубријан Хаџиев и градоначалникот на Струмица Петар Јанков. Вицепремиерот ќе изврши увид во изградба ...

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области – главниот град Каракас и покраината Ла Гваира – ...

Индија во јули веројатно ќе има подпросечна количина монсунски врнежи. Петта година по ред во јуни нема дождови од почетокот на водењето евиденции во 1901 година, соопшти денеска Метеоролошката служба на Индија. Директорот на службата, Мрутјуњај Мохапатра изјави дека според прогнозите јулските монсунски врнежи ќе бидат помалку од повеќегодишниот просек од 94 проценти. Индиски официјални претставници предупредија дека малата количина врнежи ...

Со песна, тишина и емоции се простија од музичката легенда Голем број граѓани вечерва се собраа на платото пред арената „Борис Трајковски“, каде со песна, тишина и емоции му оддадоа последна почит на македонската музичка легенда Владо Јаневски. Собирот беше организиран од „Прагма продукција“, која претходно ги повика сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика заеднички достоинствено да се простат од уметникот. Од продукцијата ...

Маж од Косово во понеделникот бил пријавен за исчезнат во туристичкото место Шенѓин, во Албанија, откако неговото семејство подолго време немало никаква информација каде се наоѓа. Поради тоа, членовите на семејството се посомневале дека можеби се удавил во морето, по што започнала потрага која траела три часа. Сепак, случајот завршил со неочекуван и среќен пресврт. Според информациите од локалните медиуми, сопругата го пронашла мажот жив и ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија има потенцијал и сподели податок што го оцени како охрабрувачки за иднината: за првпат по долго време, во 2026 година досега има повеќе барања за поврат во македонско државјанство отколку барања за отпис. Според податоците за кои, како што рече, бил брифиран од МВР, досега оваа година има околу 672 барања за поврат во македонско државјанство, а околу 318 барања за отпис. – Јас не би бил толку ...

Нова енергија и фокус на резултати за граѓаните „Штотуку заврши седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде зборувавме за новите кадровски решенија во партијата, но и кадровски нови решенија во владата“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција посветена на реконструкцијата на владата. Тој нагласи дека реконструкцијата означува почеток на нова фаза во работењето на извршната власт. Според него, изминатите две години ...

Високите температури го оптоваруваат организмот и го намалуваат фокусот Летните жештини не се само чувство на непријатност. Тие директно влијаат врз концентрацијата, вниманието и брзината на размислување. Научните истражувања покажуваат дека организмот во услови на високи температури троши значителна енергија за терморегулација. Тоа значи дека дел од ресурсите што вообичаено се користат за ментални функции се пренасочуваат кон ладење на ...

„Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Европска Унија, но кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што ...

Марија Митева на денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на партијата. Митева е и портпарол на Владата. За нов претседател на Унијата на млади сили е избран Тодор Коневски, за кого од партијата велат дека е млад и перспективен човек со силна енергија. Марија Митева на денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за нова претседателка на Унијата на жени на ...

Усвоен е новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори, со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. Првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон, со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија, наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини Министетрството ги ...

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски попладнево на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар во Министерството Борче Серафимовски. Соопшти дека ЗНАМ во септември ќе добие плус уште едно заменик-министерско место, како што рече, влијателно министерство. Димитриевски ...

Анкета покажува промена во стратегиите за девизните резерви Светските централни банки сѐ почесто планираат да ја намалуваат зависноста од американскиот долар во своите девизни резерви во наредните десет години. Ова го покажува најновата анкета на лондонскиот институт OMFIF, спроведена меѓу 90 централни банки, државни пензиски фондови и суверени фондови за богатство, кои заедно управуваат со средства во вредност од околу 10.000 милијарди ...

Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...

Полицијата во текот на изминатото деноноќие интервенирала во 11 случаи на семејно насилство низ државата, а седум лица се лишени од слобода поради физички напади, закани и агресивно однесување кон членови на семејството. Еден од најсериозните случаи е регистриран во Тетово, каде 51-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг најпрво ѝ се заканувал нејзе и на нивната ќерка, а потоа се обидел да ја запали семејната куќа. Во Гостивар, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно“ на Телма телевизија најави зголемување на владиното мнозинство со уште една партија од опозицијата, односно со Турската Демократска Партија која има пратеник во Собранието, и како што појасни партијата влегува како дел од коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. „Ќе ги информирам членовите на Извршниот комитет дека во полн ек се преговорите со Турската Демократска Партија ...

Американка која се подготвувала за натпреварот меѓу САД и Босна и Херцеговина ненамерно предизвика вистинска бура на социјалните мрежи, откако јавно праша зошто нејзината репрезентација мора да игра против „две земји“. Необичната објава за кратко време стана вирална, а илјадници корисници се вклучија во шегите што следуваа. Сè почнало кога корисничка на платформата Threads го поставила прашањето што веднаш го привлече вниманието на ...

Во Скопје Север се одвива голема градежна офанзива со силна динамика, во која ќе бидат вложени повеќе од 60 милиони денари, односно околу еден милион евра, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Костовски објави дека денеска е завршена реконструкцијата на вториот крак на улицата „Боро Менков“. „Реконструкцијата ги опфати и тротоарите, како и паралелните паркинзи. Ги реконструираме и сите пристапни патеки до зградите“, ...

На работниот брифинг се разговарало за досегашните резултати и следните реформски чекори Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржа работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на кој се разговарало за реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. „Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата ...

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и млади, пренесува Плусинфо. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ќе биде новиот министер за здравство. Неговото место на чело на ФЗО ќе го заземе актуелниот министер за локална самоуправа Златко Перински, а со Министереството за локална самоуправа ќе раководи досегашниот ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.59
27%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
2.52
41%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.19
32%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.7
38%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.99
34%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
50%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
48%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.23
40%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.09
38%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
0.89
28%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.51
70%
1014
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Сребро

2050.96

Рутениум

53852.50

Бакар

13.27

Иридиум

252383.36

Злато

139395.99

Паладиум

43274.90

Цинк

0.00

Калај

56.26

Родиум

278103.96

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.28

Платина

56231.66