Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија, истакна на денешната ...

Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез. – Пред неколку минути, 11-годишно дете беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела, напиша Родригез на Икс, приложувајќи кон својата порака видео од спасувањето на детето. 🇻🇪 Les ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор, информираат од Обвинителството. Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. -Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...

Критики до СДС за реформската агенда Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, обвини дека СДС во јавноста се претставува како единствен застапник на европската перспектива на Македонија, но, според неа, кога европските стандарди треба да се преточат во конкретни чекори, изостанува нивната поддршка. Таа посочи дека, наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира ...

Активности и во недела Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, преку објава на Фејсбук информираше дека и во недела се работи на терен, на повеќе локации низ општината. Тој наведе дека активностите се дел од тековните проекти за подобрување на условите за живот на жителите на Аеродром. Реконструкција, санација и нова урбана опрема Според објавата на Митески, во општината интензивно се работи на реконструкција и санација на улици, ...

Валчев со реакција за активностите на македонските претставници Бугарскиот европратеник Ивајло Валчев реагираше на активната дипломатска офанзива на Македонија во Европа, оценувајќи дека македонските претставници настапувале интензивно во пресрет на гласањето за извештајот. Тој изјави дека високите претставници на Македонија „обиколија насекаде каде што можеа да обиколат, се сретнаа со секој со кого можеа да се сретнат и насекаде рецитираа ...

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските граѓани не им требаат визи. Семејството се потпирало на вештачката интелигенција и не ги проверило правилата за влез во земјата. Мажот, заедно со неговата сопруга и дете, купил билети од Истанбул до Скопје и резервирал хотели и ...

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот ...

Земјата под влијание на многу топла воздушна маса Македонија влегува во период на изразено високи температури, со временски услови карактеристични за топлотен бран. Според најавите на синоптичарите, во делови од земјата температурите ќе се искачат над 40 степени Целзиусови. Најтопло во Повардарието и југоистокот Највисоки температури се очекуваат во Повардарието и во југоисточните делови од државата, каде што жештината ќе биде најизразена. ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска се очекува да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од 13 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Според најавите, температурата ќе се движи од 20 до 38 ...

Одделението за внатрешни работи во Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, ноќта помеѓу 08 и 09 јуни годинава, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека автопатот Прилеп–Битола станува еден од клучните инфраструктурни проекти за развојот на Пелагонија, при што на терен се одвива засилена и интензивна градежна активност на делницата која е дел од Коридорот 10Д. Според Николоски, со реализацијата на овој автопат значително ќе се подобри регионалната поврзаност и ќе се отворат нови можности за економски раст, зголемување ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари историски успех со пласманот во официјалниот дел од „Вимблдон“. Лина своето деби на најпрестижниот тениски турнир во светот ќе го има во вторник кога ќе и се спротивстави на Американката Аманда Анисимова, која во моментов се наоѓа на шестата позиција на ВТА листата и влегува во овој дуел како апсолутен фаворит за победа. Дополнителна чест за нашата тенисерка е тоа што нејзиниот меч е ...

По комплетирањето на натпреварите од групната фаза на Светското првенство, официјално е познат конечниот изглед на костурот за втората рунда од турнирот. Најдобрите репрезентации кои го поминаа првиот филтер сега го започнуваат патот во нокаут-системот. Од овој дел од турнирот повеќе нема право на поправен испит – доколку по 90 минути нема победник, ќе се играат продолженија, а ако и тогаш резултатот остане нерешен, патникот во следната ...

Соединетите Американски Држави извршија нови воздушни напади врз повеќе цели во Иран, само еден ден откако го нападнаа Техеран како одговор на напад со беспилотно летало врз товарен брод во Ормускиот Теснец. Од Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопштија дека нападите биле „директен одговор на континуираната иранска агресија врз комерцијалниот поморски сообраќај“. Како цели биле наведени воената инфраструктура за надзор, ...

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела се зголеми на 1.430, најмалку 3.238 лица се повредени, додека 3.142 семејства останаа без своите домови, соопшти денеска претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, објави Cи-Ен-Ен. Тој додаде дека по двата главни земјотреси што ја погодија Венецуела во средата, земјата била погодена од најмалку 430 последователни потреси. Земјотреси со јачина од 7,5 и 7,2 степени ...

Топлотниот бран што ја зафати Европа го забрза топењето на швајцарските глечери до алармантна брзина, а научниците предупредуваат дека загубите оваа година би можеле да бидат меѓу највисоките досега регистрирани. Снегот и мразот на швајцарските глечери се топат со алармантна брзина додека екстремните температури ја зафаќаат Европа, предупредија експертите од швајцарската служба за следење на глечерите GLAMOS. Според нивните проценки, целиот ...

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Авионска дезинсекција против возрасни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во наредните неколку недели ќе поднесе оставка на функцијата, една година пред истекот на неговиот мандат, и порача дека во Србија ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори. „Ќе бидам претседател уште само неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка“, изјави Вучиќ пред своите поддржувачи на собир во Белград. Неговиот втор и последен претседателски мандат, според ...

Силен земјотрес го погоди Исланд денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Исланд околу 20:30 часот вечерва. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 64,404 северна географска ширина и 22,35 западна географска должина. Земјотресот се наоѓал на околу 37 километри од Рејкјавик, главниот град на Исланд. Хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а осум се целосно изгаснати. Според информациите од надлежните служби, активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, кај селото Ново Село, каде што гори нива со жито, како и во Општина Сарај, кај селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во Велес, на ...

Пациентот кај кого лабораториски е потврдена денга треска е стабилна и тој се наоѓа под постојан медицински надзор на Клиниката за инфективни болести, информира директорот на установата, д-р Фадил Цана. Станува збор за 42-годишен државјанин на Бангладеш, вработен во една од градежните компании во земјава, кај кого првите симптоми се појавиле уште пред да допатува во Македонија. „Во моментот кога пациентот стана сомнителен, беше направена ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, а осум се целосно изгаснати. Според информациите од надлежните служби, активни пожари има во Општина Ѓорче Петров, кај селото Ново Село, каде што гори нива со жито, како и во Општина Сарај, кај селото Копаница, каде што е зафатена ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во Велес, на ...

Нов сериозен безбедносен инцидент се случи во стратешки важниот Ормуски Теснец, откако неидентификуван проектил погодил комерцијален танкер за време на редовна пловидба, потврди Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство, UKMTO. Според официјалното соопштение на британската агенција, бродот претрпел материјални оштетувања на командниот мост. Сите членови на екипажот поминале без повреди и се наоѓаат на безбедно. Од ...

Данскиот метеоролошки институт соопшти дека ја регистрирал својата највисока температура откако почнале мерењата во 1874 година. „Со 36,6 степени северно од Оденсе, го доживеавме најжешкиот ден некогаш забележан откако започнале мерењата во 1874 година“, објави метеоролошката служба во Икс. Голем дел од Европа – од Франција до Полска, поминувајќи низ хрватското крајбрежје – е зафатен од топлотен бран, со температури што надминуваат 35 ...

Македонски и странски туристи кои денеска се враќаат од Грција се соочуваат со повеќечасовно чекање за влез во Македонија, откако на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, се создадоа долги колони возила. Според информациите од терен на репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтирани возачи, во моментов за влез во Македонија се чека најмалку четири часа. Колоните од автомобили, автобуси и мотори се ...

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, а потресот бил почувствуван и во Пакистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според информациите, земјотресот се случил во регионот Хиндукуш, на длабочина од 208 километри. Засега нема извештаи за жртви. Потресот предизвикал вознемиреност и во делови од Пакистан. Жител изјавил дека луѓето во паника истрчале од своите домови во округот ...

Во Венецуела пристигнале 1.600 странски спасувачки екипи за да помогнат во потрагата по преживеани по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата оваа недела и во кои загинаа повеќе од 900 луѓе, соопшти денеска венецуелската влада. Во исто време, властите го зајакнале пристапот до најтешко погодената област. Жителите и волонтерите во Гваира, популарно крајбрежно одморалиште, со денови укажуваат на недостиг на тешка механизација и ...

СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие. Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина. Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.77
48%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
40%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
40%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.49
82%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.36
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.78
43%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
47%
1014
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.97
36%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
76%
1015
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Платина

56231.66

Злато

139395.99

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.26

Сребро

2050.96

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Бакар

13.27

Паладиум

43274.90

Кобалт

56.29