Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Клуге предупреди на последиците од топлотниот бран Пет лица починале во Италија во последните 24 часа како последица на екстремно високите температури, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), која истовремено упати повик до европските власти да ги засилат превентивните мерки поради топлотниот бран што го зафати континентот. Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, оценил дека актуелните временски услови ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град”, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го потврдуваат и самите бројки. Во текот на првите ...
Германските медиуми со брутални реакции по поразот По елиминацијата на Германија од Светското првенство, во земјата продолжуваат жестоките реакции, проследени со остри наслови и критики во дел од највлијателните германски медиуми. „Билд“ на својата насловна страница резултатот го опиша како „следниот германски фудбалски кошмар“, додека колумнистката Марион Хорн остро ја критикуваше реакцијата на германскиот канцелар Фридрих Мерц по поразот. ...
Аманда Анисимова, која релативно лесно ја победи нашата Лина Ѓорческа на Вимблдон, по крајот на мечот ја пофали Македонката. Анисимова го доби мечот со 6-3 и 6-2, но Лина имаше свои одлични моменти во натпреварот во кои покажа дека не случајно се пласираше на Вимблдон. -Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч, таа игра одличен тенис. Јас сум среќна што се вратив тука по ланското финале и што се пласирав во второто коло. Работев ...
Четирикатница се урнала во населбата Петралона Во атинската населба Петралона денеска, 30 јуни, се урна четирикатна станбена зграда, додека во тек биле градежни активности на соседен објект. По уривањето, надлежните служби започнале обемна операција за пребарување и спасување, поради сомнеж дека под урнатините може да има заробени лица. Првично се барале четири лица, подоцна лоцирани по телефон Според податоците на противпожарната служба, во ...
Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денеска согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ...
Како Универзитет имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за некој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена – се вели во реакцијата на Универзитетот Гоце Делчев од Штип по веста дека професорка од оваа високошколска установа е приведена за примање 300 евра мито за да му напише преодна оценка на студент. „За жал, ниту еден систем ...
Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се регулира учеството на електричните тротинети во сообраќајот, а предвидени се нови ограничувања за брзината, возраста на возачите и казнената политика. Измените беа донесени по скратена постапка во рамките на 106. седница, додека пратениците на денешните седници усвоија и повеќе други законски решенија. Што се менува за тротинетите Со законот се ...
Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, засега нема да започне со издржување на затворската казна, иако според упатниот акт требало на 2 јули да се јави во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Барање поради здравствена состојба Одложувањето следува по барањето што Јакимовски го поднел на 12 јуни, во кое навел дека бара одлагање на извршувањето на казната поради здравствената состојба. Од Основниот кривичен суд Скопје ...
Министерството за здравство тврди дека во моментов сите хируршки сали во Клиничкиот центар се во целосна функција. Оттаму апелираат дека сите информации поврзани со функционирањето на здравствениот систем претходно треба да бидат проверени, со цел да се избегне создавање непотребна загриженост кај граѓаните. -Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на Вимблдон по поразот од Аманда Анисимова со 2:0 во сетови. Историски момент за македонскиот тенис И покрај поразот, Ѓорческа запиша историски настап, бидејќи стана првата македонска тенисерка која се појавила во главниот ждреб на најпрестижниот тениски турнир во светот во поединечна конкуренција. Солиден отпор во првиот сет Во првиот сет, македонската тенисерка пружи солиден ...
Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Од МВР информираат дека претходно, на 22.06.2026, К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително требало да го полага вчера. „Преземени се мерки ...
Влажни воздушни бранови носат нестабилност Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до петок во земјава ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време. Се очекуваат повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Локално можни поинтензивни процеси Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повеќе места се очекуваат локално поинтензивни процеси во форма на невреме. Тие ќе бидат проследени со пороен дожд, со количина поголема ...
„СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го ...
Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во салата „Расадник“ во Кисела Вода, ги поздрави учесниците на завршното државно првенство на кое 600 млади спортисти од четири региони, се борат за место на големото меѓународно финале на „Плазма спортските игри за млади“ што ќе се одржи Сплит од 17 до 22 август. Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, ...
Сè почестата појава на рибата-зајак во Средоземното Море предизвикува загриженост кај капачите, особено во Грција, каде што во последните години се регистрирани повеќе напади врз пливачи во плитките води. Овој инвазивен и исклучително отровен вид сè почесто се забележува и во Јадранското Море. Најголеми концентрации се регистрирани околу Крит, во регионот на Атина, како и на одредени острови во Егејското и Јонското Море. Рибата е забележана ...
Пиротехничарите на ДЗС предупредуваат дека пронајдената неексплодирана граната, кај границата со Грција, може да има смртоносен радиус до 150 метри и дека е доволен само еден удар за да дојде до нејзино активирање и експлозија. Конкретно, ДЗС информира дека денеска е пронајдена артилериска граната од 75mm од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за ...
Вечерва, во 20:00 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи собир во чест на Владо Јаневски. Граѓаните ќе имаат можност за последен пат да му оддадат почит на еден од најсаканите македонски музичари. Организаторите повикуваат сите што го сакаа и растеа со неговата музика да се придружат на собирот. Како што се наведува во објавата, неговите песни треба уште еднаш да одекнат, а светлината од свеќите да биде симбол на ...
Густ црн чад денеска го покри дел од главниот град, откако во Визбегово избувнал голем пожар. Според неофицијални информации, се гори ѓубре на локацијата. Пожарот, според сознанијата, започнал уште вчера, но значително се проширил во текот на денот, поради што густ црн чад е видлив од повеќе делови на Скопје. Неофицијално, пожарот е во близина на плацеви на повеќе компании. Засега нема официјални информации од надлежните институции за ...
Собранието го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, со што се воведуваат измени во системот на органодарителство и трансплантација. Со законските решенија се унапредува правната и институционалната рамка преку појасно изразување и евидентирање на личната волја на граѓаните, проширување на можностите за лекување и отстранување на дел од административните пречки ...
Рибата зајак нападна жена во грчкото туристичко место Пефкохори на Халкидики додека влегувала во морето, а по инцидентот завршила во локален здравствен центар. Жената за грчката телевизија ANT1 изјавила дека била на плажа со пријатели и влегла во водата, која ѝ била до колена, кога одеднаш почувствувала силна болка во ногата. Неочекуван напад во плиткото „Реков: ‘Нешто ме гризе и не ме пушта’. Погледнав надолу и видов огромна риба. Знаев ...
Репрезентацијата на Парагвај ја приреди првата сензација на Светското првенство. Парагвајците ја елиминираа Германија во 1/16 финалето. Натпреварот заврши 1:1 по 120 минути, а по шест пенал серии, Парагвај славеше со 4:3. Германците доживеаа дебакл на третото Светско првенство по ред, бидејќи беа елиминирани во групата во претходните две, а сега во првата нокаут рунда, од објективно послаба селекција. Ова е воедно прв пат „панцерите“ да ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска точно на пладне го игра својот прв меч на Гренд слем турнир. Таа на Вимблдон ќе игра против ланската финалистка Американката Аманда Анисимова, која е рангирана како шеста носителка. Ѓорческа за пласман се избори преку квалификациите каде постигна три победи. Во првото квалификациско коло македонската тенисерка ја совлада Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја ...
Вечерва во 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи комеморативен собир посветен на Владо Јаневски, каде неговите почитувачи ќе му оддадат последна почит. Настанот го организира продукцијата „Прагма“, која ги повика сите љубители на неговата музика да бидат дел од вечер исполнета со спомени, емоции и благодарност. -Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди трговците на мало со гориво веднаш да ги намалат цените или ќе се соочат со „големи проблеми“. „Продавачите на гориво мора да ги намалат цените, СЕГА“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social. „Нема да има зголемување на цените, што е целосно нелегално. Ако трговците на мало не го сторат ова, тие се во голема неволја! Започнете да се насочувате кон околу 2,50 ...
Организацијата на работата, кадровската структура и системите за унапредување на административниот капацитет на уставните судови беа во фокусот на тридневната тркалезна маса на генералните секретари, што се одржа од 24 до 26 јуни во Охрид, во рамки на Форумот на балканските уставни судови, соопштуваат од Уставен суд. На средбата учествувале претставници од уставните судови на Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Северна ...
Пресврт на петкратниот светски првак за победа од 2-1 во Хјустон Бразил избори пласман во осминафиналето на Светското првенство, откако вечерва во Хјустон со пресврт ја совлада Јапонија со 2-1. Победничкиот гол го постигна Мартинели во петтата минута од судиското продолжение, откако Јапонците имаа предност по првото полувреме. Јапонија поведе во 29. минута преку Сано, додека Бразил возврати во второто полувреме. Касемиро во 56. минута го ...
Во катарската престолнина се очекуваат политички и технички разговори Доха утре ќе биде домаќин на нова рунда разговори меѓу американски и ирански претставници, потврди денеска Белата куќа. Според портпаролката Каролин Левит, американската делегација ќе ја предводат специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, а паралелно со средбата ќе се одржат и технички разговори поврзани со меморандумот за разбирање. „Специјалниот претставник ...
Премиерот со обвинувања за блокади и порака дека земјата ќе биде најуспешна во европските извештаи Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати критики кон политички структури кои, како што рече, се обидуваат да го блокираат напредокот на државата. Тој порача дека, и покрај обидите за попречување, Македонија ќе продолжи да постигнува резултати на европско ниво. „Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се ...