Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ денеска почна во Скопје со првата панел-дискусија, од која Движењето ЗНАМ за Наша Македонија најави серија средби во повеќе градови низ државата и непосреден разговор со граѓаните за реформите, институциите и европската иднина. Со пораки за одговорна политика, институции што работат за граѓаните и европска иднина изградена врз македонските национални интереси, пред бројни ...

Локомотива излетала од шините во Гајниче Маневрирачка локомотива на товарен воз утрово излетала од шините во областа Гајниче во Загреб, по што удрила во билборд. Во несреќата нема повредени лица, потврдила загрепската полиција за Хина. Инцидентот бил пријавен во полиција околу 9:30 часот, а се случил во близина на подвозникот Дубравица. Сведоци тврдат дека возот се движел со голема брзина Според очевидци, возот во моментот на несреќата се ...

Среде ноќ на улица во Тетово пронајдена жена во безсознание. Била пренесена во тетовската клиничка болница, а кога се освестила почнала агресивни да се однесува кон персоналот и другите пациенти. – На 27.06.2026 во 03:57 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, кај угостителски објект имало женско лице во бессознание. Лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Клиничката болница Тетово, каде ...

Министерството почнало од тешки услови и наследени проблеми Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во отчетот за сработеното истакна дека Министерството ја започнало својата работа пред две години во исклучително тешки услови, со наследени проблеми, субстандардни услови за работа, без воспоставен систем и со дезорганизираност кај вработените. Тој посочи дека предизвикот не бил лесен, но дека заедно со својот тим ...

Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а на одделни места ќе достигне и до 39 степени. Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Промена на времето се очекува од среда, кога ...

Повик до посетителите на плажите на Халкидики Општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, преку соопштение на англиски, грчки и македонски јазик ги повика граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети од плажите. Станува збор за чадори, лежалки и друга придружна опрема поставена или заклучена на јавен простор на крајбрежјето без законско право. Од општината предупредуваат дека, доколку предметите не бидат ...

Венко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската, истакна на прес-конференција членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, што МИА ја објавува интегрално. Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации ...

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера на која се гледа како жена бара чаша вода на шанкот од едно кафуле, а потоа ја краде чашата во која бил оставен бакшиш. Според информациите објавени заедно со видеото, настанот се случил вчера околу 18 часот. На снимката се гледа како жената прво бара вода, се разладува мавтајќи со рацете, испива неколку голтки, а потоа ја зема чашата во која вработените собирале бакшиш и си ...

До вторник сè ќе се знае, многу идеи се на маса, изјави денеска претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања околу очекуваната реконструкција на Владата. Тој оцени дека ЗНАМ, иако е нов политички субјект, дава значаен придонес во работата на Владата преку двата ресора со кои раководи, како и преку своите претставници во пониските ешалони на власта. - Значи, да, секако. Секогаш може повеќе, но, ЗНАМ како нов ...

Со месеци наназад од СДСМ постојано бараат испорака на законите од Реформската агенда, зборуваат за европскиот пат и се обдуваат да се претстават како единствен фактор кој се грижи за евроинтеграциите на државата, истакна на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска. Таа вели дека кога ќе дојде моментот тие закони да бидат ставени на гласање во Собранието, од СДСМ не гласаат и наместо конструктивност, избираат политички ...

СВР Битола известува. – На 26.06.2026 во 17:50 часот во СВР Битола e пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес” со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила ...

Уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор, зашто првата задача на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“ ќе биде, во најголема можна мера да го дигитализира македонскиот дигитален јазичен корпус. И во таа смисла, ќе имаме производ — алатка што работи на македонски јазик, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Одговорајќи на новинарски ...

Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина. Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата. „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“. На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната маса, ...

Република Македонија денес го има најниското ниво на криминалитет во последните 20 години. Во изминатите две години бележиме намалување на вкупниот криминалитет, постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително е зголемен и бројот на откриени сторители. Ова го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешниот отчет за сработеното на МВР во изминатите две години. Според него, овие резултати се потврда за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, а во обраќањето се осврна и на проектот „Безбеден град“. За истиот, Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење. Проектот опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, ...

Договор за заеднички гранични проверки Македонија и Албанија ќе воспостават заеднички гранични премини и ќе спроведуваат заеднички активности за гранична контрола. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека договорот со Република Албанија ќе биде потпишан денеска, пренесува Скопје1. Заокружување на системот со соседите надвор од Шенген Со овој договор се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со ...

Опожарени две возила во раните утрински часови Во скопската населба Бутел, на 25 јуни рано утрото, биле опожарени две возила – „пасат“ и „мерцедес“. Едното од возилата е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Полицијата го расчистува случајот Надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до опожарувањето на возилата. Сопствениците не знаат кој стои зад инцидентот Според ...

Американската војска изврши воздушни напади врз ирански складишта за ракети и беспилотни летала и крајбрежни радарски станици откако трговски брод беше погоден од беспилотно летало во Ормускиот теснец. Вашингтон тврди дека ова е одмазда за иранскиот напад извршен во четврток, кога, според американските обвинувања, беспилотно летало за еднократна употреба го погоди товарниот брод M/V Ever Lovely под знамето на Сингапур. Бродот пловел по ...

Од првиот ден ја презедовме обврска безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја ...

Обвинувања за блокирање на законски решенија Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДС и ДУИ, иако сега се во опозиција, не придонесуваат за реформските процеси, туку со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија што се дел од Реформската агенда. Според владејачката партија, реформите не се партиско прашање, туку процес што е во интерес на граѓаните и на државата. Реформите како државен интерес Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена ...

Зеленортските Острови за првпат се пласираа во нокаут-фазата на Светското првенство, додека Шпанија со победа над Уругвај го освои првото место во групата. Уругвај е елиминиран од турнирот. Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови испиша историја со пласман во шеснаесетфиналето на Светското првенство, откако во последното коло од групата Х одигра без голови (0:0) против Саудиска Арабија. Со трето реми на турнирот, дебитантот ...

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека новата владејачка коалиција ќе го замрзне признавањето на Палестина и ќе разгледа преместување на словенечката амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Во интервју за весникот „Израел Хајом“, Јанша оцени дека одлуката на претходната словенечка влада да ја признае Палестина е спротивна на словенечкиот закон, објави РТВ СЛО. „Ќе го почитуваме законот и ќе ја замрзнеме нивната незаконска одлука. Ова го ...

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се зголеми на најмалку 920, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додека спасувачките напори продолжуваат два дена откако силните потреси ја погодија оваа јужноамериканска земја, јавува ДПА. Бројот на повредени лица, исто така, продолжува да расте, сега изнесува 3.300, рече Родригез. Два земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени и во период од само 39 секунди ...

-СДСМ БЛОКИРА ЗАКОНИ ОД РЕФОРМСКА АГЕНДА. Нема да дозволиме да се закочат реформските закони што значат напредок на државата и исполнување на обврските побарани од Европската комисија – токму оние реформи што вие не успеавте да ги реализирате изминатите седум години. СО ВАША ОПСТРУКЦИЈА ИЛИ БЕЗ НЕА, ОВИЕ ЗАКОНИ ЌЕ БИДАТ ДОНЕСЕНИ! МАКЕДОНИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ЗАЛОЖНИК НА ВАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ БЛОКАДИ И НЕСПОСОБНОСТ! Во моментот е 22:10 часот, а ...

Иран лансираше најмалку четири дронови кон бродови што минуваат низ Ормускста Теснина, кршејќи го договорот за прекин на огнот со САД, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Тој на својата социјална платформа Truth Social изјави дека еден од дроновите ја погодил горната палуба на товарен брод. „Штетата е направена, но бродот можеше да продолжи со своето патување. Соборивме уште три дрона. Ова е очигледно глупаво кршење на ...

Германија денеска постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD). „Оваа вредност е достигната во Германија за првпат“ од почетокот на метеоролошките мерења, соопшти мрежната служба Блускај. Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 ...

Судот во Виена го осуди 56-годишниот хрватски државјанин на 12 години затвор за убиството на 49-годишниот Србин Мирко Вереш, кој бил избоден со нож во стан во виенската населба Леополдштат по жестока расправија за политика. Настанот се случил на 29 ноември 2025 година, по неколкучасовно консумирање алкохол во станот на нивна заедничка пријателка, 46-годишна српска државјанка, која воедно била во врска со обвинетиот. Жената првично била ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.65
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.13
46%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.77
48%
1013
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.63
40%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.0
40%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.49
82%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
5.36
46%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.44
51%
1013
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.78
43%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
3.13
47%
1014
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.97
36%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.93
76%
1015
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

43274.90

Злато

139395.99

Калај

56.26

Алуминиум

3.28

Родиум

278103.96

Платина

56231.66

Бакар

13.27

Сребро

2050.96

Кобалт

56.29