Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри. „Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги ...
Реконструкцијата е сосема нормален чин, кој гарантира дека ќе се оддржи свежината и дека ќе има нова енергија што ќе овозможи реализирање на повеќе проекти изведени на подобар начин, посочи проф. д-р Александар Спасеновски од Правниот факултет при УКИМ во „За или против“ на ТВ Алфа. Професорот смета дека е важно да се истакне свесноста за тоа дека треба тимот да се менува и да се унапредува затоа што тоа ќе биде нов ветер во едра за ...
Раното откривање на повторната појава на малигните заболувања може значително да ги подобри шансите за успешно лекување. Токму во таа насока, на ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија во Скопје беше претставена современата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК), која овозможува откривање на микроскопски траги од тумор преку анализа на крв. Од Клиниката информираат дека оваа метода може да покаже присуство на туморски клетки дури и во ...
Студиите ги завршил со просек 9,95 Јане Коцески, најдобриот студент на Машинскиот факултет во Скопје, ги завршил студиите со просечна оценка 9,95, во рок од 3 години, 9 месеци и 7 дена, пренесе Факултети.мк. Тој е прогласен за еден од најдобрите студенти за академската 2024/2025 година од страна на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Коцески вели дека го водела желбата да покаже дека и во Македонија постојат млади инженери кои можат да ...
Анализата што ја прави Регулаторната комисија за енергетика треба да покажа какви промени ќе треба да се направат во тарифниот систем за струја и во кои периоди од денот ќе има евтина тарифа, а во кои ќе треба да се укине, вели во интервју за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Ацо Ристов. -Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, ...
Ахмети зборуваше за протестите во Албанија Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на изборното собрание на партијата во Бутел зборуваше за протестите во Албанија и за нивните можни последици врз земјата. Тој оцени дека протестите создаваат несигурност и дека најголем удар трпи туризмот, кој, според него, е главна индустриска гранка во Албанија. Обвинувања кон Грција и Србија Ахмети изјави дека првите реакции и, како што рече, првата кампања дошле од ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
Украинската делегација ќе ја предводи премиерката Свириденко Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да присуствува на годишната Конференција за обнова на Украина, која денеска се одржува во полскиот град Гдањск. Според информациите од Киев, украинската делегација на конференцијата ќе биде предводена од премиерката Јулија Свириденко. Одлуката Зеленски да не учествува е поврзана со актуелните тензии меѓу Киев и Варшава, предизвикани ...
Сочувство до жртвите и погодените семејства Повеќе светски лидери изразија сочувство до властите и граѓаните на Венецуела по двата разорни земјотреси што ја погодија оваа јужноамериканска земја. Шпанскиот премиер Педро Санчез порача дека Шпанија стои на располагање со целосна поддршка за Венецуела. Тој во објава на Икс наведе дека мислите се со жртвите и нивните семејства. Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, исто ...
Македонските граѓани кои планираат да патуваат кон Грција претстојниот викенд треба да очекуваат сериозни измени и можни метежи во сообраќајот. Поради градежни работи на проектот за изградба на новиот надвозник, дел од обиколницата околу Солун ќе биде целосно затворен во двата правци, објавија грчките власти. Детален распоред на затворањето: Западен правец петок (26 јуни) од 23:00 часот недела (28 јуни) до 23:00 часот Источен правец ...
Вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Како што информираат од МВР, претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ...
Судењето продолжува во судницата во „Идризово“ Со изведување материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Досега, Обвинителството презентираше докази поврзани со инспекциските надзори за угостителска дејност што ги спроведувала Општина Кочани. Во рамки на доказниот материјал ...
Зголемената неизвесност на финансиските пазари и намалената подготвеност на инвеститорите за ризик предизвикаа нов бран на распродажба на криптовалутите, при што Биткоинот повторно се спушти под границата од 60.000 долари. Најголемата криптовалута во средата забележа пад од околу пет проценти и се тргуваше по цена од приближно 59.460 долари, откако претходно се движеше околу психолошкото ниво од 60.000 долари. Сличен тренд беше забележан и ...
Дипломатската нота за која реагира македонскиот премиер се однесува за „настани од далечно минато“, реагира бугарското МНР во врска со скандалот со објавување доверлива нота за патувањето на синот и сопругата на Христијан Мицкоски кои го посетиле Пампорово. Официјална Софија тврди и дека не дистрибуирала нота со информации за членови на семејството. „Министерството за надворешни работи не дистрибуираше дипломатска нота или друга официјална ...
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина забележа важна победа од 3:1 над Катар во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство, со што направи голем чекор кон пласман во следната фаза од турнирот. Во истата група, Швајцарија славеше над Канада со 2:1 и го обезбеди првото место и пласман во 1/16-финалето. Во Сиетл, Босна и Херцеговина ја победи Катар со 3:1 во натпреварот од третото коло во групата Б на Светското ...
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси го потресоа главниот град Каракас во рок од неколку секунди. Според официјалните податоци, првиот земјотрес бил со јачина од 7,2 степени, додека вториот, уште поразорен, бил со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објавува дека најмалку 32 лица загинале, а повеќе од 700 ...
Застрашувачки снимки од безбедносни камери се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа моментот кога разорниот земјотрес ја погоди Венецуела. Една од снимките јасно ја покажува силата на земјотресот на улиците на главниот град. Земјата одеднаш почна силно да се тресе, додека исплашените минувачи трчаа за да се засолнат. За неколку секунди, градежни материјали почнаа да паѓаат од блиските згради, а густ облак од прашина наскоро ја покри ...
Сериозна загриженост во МНР Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вчера го повикал бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота поврзана со посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија. Според Муцунски, дополнителен проблем претставува и тоа што со објавувањето биле откриени лични податоци. Муцунски очекува извинување „Јас ...
Една од главните теми на редовните министерски состаноци на земјите членки на НАТО се и конфликтите. Тука повтрорно на пиедесталост се става Украина, односно која земја на кој начин ќе учествува, бидејќи потребите повторно се зголемуваат од она што го бара Украина кон сите земји членки на НАТО но и да го сподели сето она што се случува таму на виените дејствија, изјави вечерва во своето гостување во емисијата „Со факти“ на МРТВ министерот за ...
Саит Саитов, 19-годишник од Скопје, денеска е екстрадиран од Република Србија во Македонија. Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за кривични дела поврзани со безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според МВР, Саитов се сомничи и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Станува збор за кривично-правен настан што се случил во Скопје на 9 јануари 2026 година. По екстрадицијата, на ...
Изразувајќи задоволство што е дел од најпрестижната поетска манифестација, шефицата на македонската држава подвлече дека Струга е најпоетскиот град на планетава, градот што живее од емотивни изблици и со нив, во којшто, како што рече претседателката, песните креираат слики на радост и тага, плач и смеа, еднината станува множина, односно дело и култура. – Струга видела и неа ја виделе многубројни врвни учесници и лауреати на Златниот венец, ...
Истакнат лекар со повеќедецениска кариера По кратко боледување почина д-р Душан Јовановски, познат македонски лекар и специјалист радиолог со повеќе од четири децении професионална кариера во здравството. Д-р Јовановски својот професионален пат го започнал во Здравствениот дом во Кратово во 1989 година, каде што во периодот од 2005 до 2009 година ја извршувал и функцијата директор. Дел од спортската медицина Покрај работата во здравствените ...
Девет пожари на отворено до 18 часот На територијата на државата до 18 часот биле регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи, еден пожар е активен, еден е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Активен пожар во Штип Активен пожар има во Штип, каде што гори депонија. Под контрола е ставен пожарот во општините Свети Николе и Лозово, односно во селата Делисинци и ...
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола спасија срнче на планината Баба, нападнато од куче бездомник. Од ЈУ Национален парк „Пелистер“ соопштија дека Зоран Пројчевски, раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини спасиле мала срна која била нападната од куче бездомник, а подоцна со помош на емитирање на звуци малата срна повторно е вратена кај својата мајка срна. Хуманите акции и активности на вработените од ...
Интерпелацијата за министерот на МВР во фокусот на Собранието Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, на денешната собраниска седница се осврна на интерпелацијата поднесена од опозицијата за министерот за внатрешни работи. Тој праша зошто се бара смена на министер кој, како што рече, работи посветено, покажува резултати и е отчетен пред јавноста. „Дали треба да се напаѓа човекот кој се бори да ја направи државата побезбедна, ...
Кривична пријава за попречување службени лица Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска заработи кривична пријава откако, според информациите од полицијата, во мај годинава се обидела да ја попречи акцијата за заловување и заплена на добиток што ја спроведувале надлежните служби во кривопаланечкиот регион. Од СВР Куманово информирале дека е поднесена кривична пријава против 28-годишната Ј.Ѓ. од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за ...
Уништени две хемиски гранати Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска одржа прес-конференција во просториите на ДЗС. Тема на прес-конференцијата беше уништувањето на две хемиски гранати од 75 милиметри, со екстремно отровен боен отров. Станува збор за неексплодирани убојни средства со хемиско полнење од Првата светска војна. Апел до граѓаните Од ДЗС упатија апел до граѓаните доколку пронајдат неексплодирани ...
Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес“ и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...
Вработените во јавното претпријатие Национален парк Пелистер спасиле младенче од срна, кое било нападнато од бездомно куче, и успеале потоа да го вратат кај неговата мајка. „Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер Зоран Пројчевски – раководител на помошно-техничко одделение и ренџерот Неџип Сефедини, спасија мала срна која беше нападната од куче бездомник. Подоцна со помош на имитирање звуци малата срна беше повторно споена со својата ...
Бугарски активисти и националисти деновиве поставиле спомен-плоча посветена на македонскиот револуционер Гоце Делчев во селото Баница, денешно Кариес, во близина на Сер, Грција, а на обележјето го претставиле како „бугарски револуционер“. Грчките власти не биле известени, ниту дале дозвола за поставување на спомен-плочата. Бугарските медиуми пишуваат дека поради тоа има реакции во Грција. На мермерната плоча, поставена на остатоците од ...