Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
11-годишниот Македон Димитровски од Македонија постигна исклучителен резултат на американскиот SAT тест – 1440 поени, при што 740 поени освоил по математика и 700 поени по англиски јазик. Станува збор за тест кој е стандардна приемна проверка за запишување на универзитети во САД и се користи за оценување на академската подготвеност на средношколци. Според објавата на неговото семејство, овој резултат го става меѓу највисоко рангираните ...
Електричните тротинети во иднина би можеле да бидат предмет на значително построги правила во сообраќајот, откако Владата предложи измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои се ограничува максималната брзина и се заострува казнената политика. Предлог-измените, кои се најдоа на дневен ред на денешната пленарна седница во Собранието, предвидуваат електрични тротинети да можат да управуваат само лица постари од 18 години, а ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години — рекорден број во толку краток временски период. Уште на самиот почеток, Тошковски нагласи дека демократското право на опозицијата го почитува целосно, дека не е бегал ниту ќе бега од расправа, и дека нема причина да се крие. „Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што ...
Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето (ДЗР) на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата. Важно е да се нагласи дека предмет на ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје против пет физички лица и две правни лица, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со злоупотреба на европски средства. Кривичните пријави се поднесени против Б.Г. и Г.Ф. во својство на надзорни инженери, како и против Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и ...
„Везилка“ е почеток на процес кој ќе придонесе за посилна наука, подобра економија и поголеми можности за младите луѓе, и кој ќе помогне земјата да се позиционира онаму каде знаењето е многу значајно и во исто време да ја поддржува иновативноста и да создава услови иднината да се гради дома со домашен потенцијал, домашна експретиза и домашна визија, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на Везилка – Националната фабрика ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски побара претседателот на СДСМ Венко Филипче да го осуди објавувањето на дипломатската нота со податоци за престојот на семејството на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија. – Специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на семејството на премиерот ...
Денеска, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 година бил професор по теорија и практика на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни ...
Ставрос Цимас, познат грчки новинар, во книгата „Скриени аспекти на македонското прашање“ објавува детали за средба меѓу тогашниот македонски премиер Зоран Заев и претставници на новата грчка власт, одржана во август 2019 година во Фурка на Халкидики. Според неговото сведоштво, разговорите се одвивале во период кога постоела неизвесност околу односот на новата грчка влада кон Преспанскиот договор и европската перспектива на Македонија. ...
Свесна сум дека има реакции за оптимизацијата, но да повторам – никој нема да биде отпуштен од работа, иако во претходните 7 години имаме 17 илјади ученици помалку и се намалува соодносот наставници спрема ученици, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на денешната прес-конференција во Владата, на која презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука. Од поважните тековни процеси, ...
Бугарскиот амбасадор во земјава вчера бил повикан во нашето Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиМТ) и од него било побарано објаснување и темелна истрага за објавувањето на дипломатската нота во јавноста за патување во Пампорово на сопругата и синот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Истовремено за случајот се информирани и претставници на нашите стратешки партнери и НАТО, информираше денеска на ...
Цените на нафтата утрово паднаа за околу 1% приближувајќи се до нивоата видени пред почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, бидејќи растечкиот број танкери го продолжија транзитот низ Ормускиот Проток, поради напредокот во мировните преговори меѓу САД и Иран. Нафтата Брент утрово се продава за 76 долари за барел, додека пак цената на американската WTI нафта падна на 72 долари за барел. Меѓународната поморска организација соопшти дека ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени интерпелацијата поднесена од Левица како политички мотивиран обид за попречување на процесите за борба против криминалот и корупцијата. Интерпелацијата е на дневен ред на денешната собраниска седница, пренесе МИА. Во објава на социјалните мрежи, Тошковски посочи дека станува збор за трета интерпелација против него за помалку од две години и оцени дека зад иницијативата стојат политички, ...
Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран ...
Додека официјална Бугарија секојдневно испраќа пораки со кои директно се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Венко Филипче молчи и ја убедува македонската јавност дека нема причина за загриженост, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да бара цврсти гаранции и да ги брани националните позиции, Филипче однапред дава сигнали дека е подготвен за прифаќање на барањата кои македонскиот народ со години ги смета за неправедни, ...
Под влијание на циклонска активност од југоисток, времето денеска ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите локално ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Хрватските фудбалери ја победија Панама со 1:0 (0:0) во натпреварот од 2. коло од Групата Л на Светското првенство. Натпреварот мина во знакот на Лука Модриќ, го одигра 200-от натпревар за Хрватска. На овој начин, Хрватите ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата, бидејќи во случај на пораз, а секако и нерешено, ќе немаа шанси да одат во нокаут фазата. Вака, со три бода од два натпревари, тие го чекаат третото коло против Гана во уште ...
Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да спречи продолжување на војната против Иран. „За“ резолуцијата гласаа 50 сенатори, а 48 се изјаснија „против“. Резолуцијата минатиот месец беше изгласана во Претставничкиот дом. Првпат двата дома на Конгресот усвојуваат резолуција со која се бара од претседателот повлекување на американските вооружени сили од воена операција, откако е донесен Законот за ...
Комитетот за економска и монетарна политика на Европскиот парламент го одобри воведувањето на дигитално евро, со кое Европската Унија се стреми да ја намали својата зависност од платните системи контролирани од САД. Според планот, дигиталната валута треба да се воведе до 2029 година за да се зајакне европската автономија во плаќањата, пишува Euronews. Податоците од Европската централна банка (ЕЦБ) покажуваат дека американските гиганти за ...
Везилка – Националната фабрика за вештачка интелигенција денеска ќе биде официјално претставена од Факултетот за компјутерски науки и инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, кој го координира овој проект во соработка со Министерството за дигитална трансформација. „Везилка“ е воспоставена во рамките на Европската заедница за пресметување со високи перформанси (EuroHPC JU – European High Performance Computing Joint Undertaking) и кофинансирана од ...
Унгарија денеска не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската Унија со Украина и Молдавија, изјавија двајца дипломати на ЕУ за „Политико“. Европската Унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, по што украинскиот вицепремиер Тарас Качка изјави дека целта на Киев е до средината на јули да бидат отворени сите шест кластери. ...
Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани вечерва протестираа пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со барање да се почитуваат европски еколошки стандарди кога ќе се одлучува по барањето од Цемантарницата „Усје“ (Титан групација) за обнова на А-интегрираната дозвола. Активистите, кои и во минатите месеци организираа протести за да искажат незадоволство од загадувањето на воздухот од „Усје“, ...
Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, најави дека утре ќе се одржи нова средба на коалициските партнери на која треба да биде донесена конечна одлука поврзана со реконструкцијата на Владата. Според него, досега биле одржани два круга разговори со премиерот Христијан Мицкоски и со работните групи, а комуникацијата меѓу партнерите во владејачката коалиција се одвива во конструктивна атмосфера. Разговаравме во два ...
Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи. Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот. Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со ...
Лари, мачката од Даунинг стрит, испрати шест британски премиери до јуни 2026 година и стана сензација на социјалните медиуми. Во резиденцијата го донесе Дејвид Камерон. Потоа, на политичката сцена, беа Тереза Меј, Борис Џонсон, Лиз Трас, Риши Сунак и Кир Стармер, кој неодамна поднесе оставка. Оваа мачка чека на доаѓањето на седмиот премиер. Лари беше спасен од Домот за кучиња и мачки Батерси во Лондон во февруари 2011 година, а потоа донесен ...
Во воведниот натпревар од 2 коло во групата К на Светското првенство, Португалија извојува вечерва во Хјустон убедлива победа над Узбекистан со 5-0, а двојниот стрелец Кристијано Роналдо (41), стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на шест различни мундијалски турнири. Португалија дојде во водство веќе во 6. минута преку Роналдо, кој до крајот на полувремето го постигна и својот втор гол на натпреварот во 39. минута откако ...
Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули да биде под 3%. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите синџири на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави споредбена анализа помеѓу цените на ист ...
Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до опозицијата дека реформите во правосудството нема да бидат заложник на политички опструкции и дневнополитички пресметки. „Јас секако можам да ве оставам да ме навредувате затоа што го сметам за одраз на политичка фрустрација, немоќ и одраз на домашно воспитување. Но, не можам и нема да дозволам да ...
ЕВРОПА е зафатена од смртоносен топлотен бран, а научниците предупредуваат дека температурните рекорди не само што ќе бидат соборени, туку и далеку надминати оваа недела. Ова е втор рекорден топлотен бран за два месеци, а националните температурни рекорди би можеле да паднат пред јули, најжешкиот месец во годината. Четириесет лица се удавија во Франција во последните денови обидувајќи се да се разладат и да избегаат од рекордната топлина. Во ...