Новиот електронски модул за донации овозможува транспарентен увид во сите донации примени од Министерството и јавните здравствени установи Министерството за здравство воведе електронски модул за донации со цел транспарентен преглед на сите донации примени од Министерството и јавните здравствени установи. Модулот е достапен на веб-страницата donacii.zdravstvo.gov.mk и овозможува детален увид во секоја донација. Прикажани се податоци за донаторот, ...

Според ЦУК, нема активни пожари, а единствениот пожар во резерватот Јасен е под контрола На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, нема активни пожари. Под контрола е пожарот во повеќенаменско подрачје Јасен, во Општина Македонски Брод. Таму гореше мешана шума повеќе од десетина дена. Изгаснати се останатите 17 пожари. Меѓу нив е пожарот кај Брана Езеро Козјак, во Општина Сопиште, каде ...

Сообраќајот на патот Кривогаштани – Прилеп ќе биде во прекин и пренасочен Денеска и утре, сообраќајот на патот Кривогаштани – делницата кон Прилеп, ќе биде во целосен прекин од 09.00 до 12.00 часот. Причината за ограничувањето е одржувањето на меѓународниот ФИС ролер-ски натпревар – Тодор Проевски, кој ќе се одвива токму на оваа траса. Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека за време на затворањето на патот, сообраќајот ќе се ...

Првиот Регионален Спортски Самит во Скопје На 10 септември, главниот град ќе биде домаќин на Првиот Регионален Спортски Самит, кој ќе се одржи во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje. Настанот ќе се реализира под покровителство на Министерството за спорт и ќе се одвива под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“. Овој самит е прв настан од ваков тип во земјата и има цел да придонесе за развојот на спортот преку размена на ...

Попладне се очекува дожд, грмежи и ветер во западните делови, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во западните делови ќе има дожд, грмежи и ветер со пороен карактер. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието ќе биде повремено засилен од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне меѓу 25 и 33 ...

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарско на вчерашната седница ги повика граѓаните од денеска до 11 септември на полноќ да се извршат увид во ...

Саем-Отчет ќе се одржи во хотел Холидеј Ин со панел-дискусии по региони и промотивни штандови на општините Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ започнува денеска, 23 август 2025 година, во 11:00 часот во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Настанот е наменет за презентација на резултатите и отчетите на градоначалниците пред јавноста. Отворањето на Саем-Отчет ќе биде со воведно обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ...

Одбележување на 24 години Единицата за брзо распоредување Денеска во 18:30 часот, на градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи свеченост по повод 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување. Настанот ќе ги собере припадниците на единицата и јавноста за да се оддаде признание за нивната долгорочна работа. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека на одбележувањето ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче ...

Акцијата со 200.000 единки охридска пастрмка има за цел зачувување на екосистемот и промоција на туризмот Во организација на Општина Поградец, втора година по ред се одржа „Фестивал на Коранот“. Целта е промоција на туризмот и заштита на природното наследство, објави албанската телевизија РТШ. Главниот дел од активноста беше порибувањето на езерото со 200.000 единки охридска пастрмка. Ова е значително зголемување во споредба со минатата година. ...

Клековски апелира граѓаните што се оштетени да поднесат жалби, а Фондот ќе ги истражи сите случаи Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, упати апел до граѓаните. Тој рече дека граѓаните што се оштетени во кардиохирургијата и други пациенти треба да поднесат жалби. Изјавата доаѓа по изјавата на кардиохирургот Сашко Кедев. Кедев посочи дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит. Тоа ...

Европската Унија ќе обезбеди финансиска помош за Украина како дел од непоколебливата солидарност Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија денеска ќе додели повеќе од четири милијарди евра. Финансиска помош за Украина. „Солидарноста на ЕУ со Украина е непоколеблива. Оваа финансиска помош за Украина покажува дека сме посветени не само на закрепнување на земјата, туку и на нејзината иднина како ...

Само еден пожар е активен кај селото Тумчевиште, додека пожарите во Јасен и прилепско се ставени под контрола Само еден активен пожар е регистриран вечерва во земјава, кај селото Тумчевиште во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, додека 11 пожари се целосно изгаснати. Под контрола се пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод, каде гореше мешана шума, како и ...

Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување подигнаа корозирана авионска бомба пронајдена на градилиште во Кавадарци На 21.08.2025 година, во 09:20 часот, во ОВР Кавадарци Т.Д. (39) од Кавадарци пријавил дека на градилиште на улица „Нов Белград“ во Кавадарци е пронајдена корозирана авионска бомба. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, која ја документираше локацијата и состојбата на бомбата. Денеска, пиротехничар од Дирекцијата за ...

Унгарската компанија „4иГ“ преку „Оне Македонија телекомуникации“ е единствениот понудувач на тендерот за нов мобилен оператор Само една понуда стигнала на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации за доделување одобрение за нов мобилен оператор. Понудата е од „Оне Македонија телекомуникации“, македонска фирма на унгарската компанија „4иГ“. На јавното отворање на понудите што се одржа денеска во АЕК, Комисијата за спроведување на ...

НАТО и Украина работат на безбедносни гаранции, истакнаа Руте и Зеленски во Киев, за да се спречи повторен напад на Русија НАТО и Украина работат на безбедносни гаранции за Киев за да се спречи повторен напад од Русија. Истакна генералниот секретар на Алијансата Марк Руте на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. „Солидни безбедносни гаранции ќе бидат од суштинско значење и во моментот работиме на ...

Рехабилитацијата на Пониква за повредените траеше речиси три месеци, но пациентите ќе продолжат со третманите во Штип и Кочани Заврши рехабилитацијата на Пониква за повредените од несреќата во дискотеката „Пулс“. Проектот се спроведуваше неполни три месеци во одмаралиштето на МВР. Таму околу 150 млади добија интензивна медицинска, психолошка и физикална поддршка. Рехабилитацијата се одвиваше во три групи, секоја со двонеделен престој под надзор ...

Новата амбасадорка на Словачка Ивета Хрицова и Орце Ѓорѓиевски дискутираа за активности и европски практики за локалните услуги Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се сретна со новата амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова. „На состанокот, во духот на пријателските односи меѓу двете земји, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на ...

Вучиќ ги повика студентите од повеќе факултети на јавна дебата, а тие порачаа дека ќе разговараат само по распишување избори Вучиќ ги повика студентите во блокада на јавен разговор и побара дебата што ќе се емитува на сите телевизии. Претседателот на Србија Александар Вучиќ преку видеообјава на Инстаграм истакна дека проблемите во земјата треба да се решаваат преку демократски дијалог, а не преку насилство. „Ги поканувам претставниците на ...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека лидерот на СДСМ не е присутен пред јавноста и прашува каде е Венко Филипче во последните 20 дена ВМРО-ДПМНЕ прашува каде е Венко Филипче и зошто не се појавува пред македонската јавност веќе 20 дена. Од партијата нагласуваат дека последно е виден на 2 август, за време на прославата на Илинден во Крушево. Тие додаваат дека претходно исто така бил ретко присутен на јавни настани. „Има ли СДСМ лидер на партијата или на ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорите на Национален Конзерваторски центар и Музејот на Северна Македонија, како и претставници на Еснафот, денеска претстави еден значаен проект кој претставува голем чекор за оживување на Старата Скопска Чаршија. „Започнуваме со чистење и уредување на подземниот паркинг на Музејот ...

Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за локалните избори за 2025 година, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. -Пристигна 352 барања за упис во регистерот, исто така до ДИК се доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на целата ...

Две малолетнички ги загубија животите откако со четирицикл излетале од локален пат во кичевско. Од МВР информираат дека вчера попладне било пријавено дека на локален пат во село Колибари, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. -Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од ...

На 21.08.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна ...

Почитувани, Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата. Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш даваме отчет за сработеното. Еден таков циклус од 4 години мандат на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тукушто навршувa, изјави на денешната прес-конференција Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ...

Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески. На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за ...

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова го сподели своето мислење за Вардариште и големиот еколошки проблем што произлегува од него. По Генералниот урбанистички план, Вардариште е предвидено како претоварна станица за отпадот. Шефицата на скопската хигиена, Шукова, порача дека не е можно сегашната станица да се претвори во спортско-рекреативен центар без претходно да се понуди нова локација, бидејќи градот мора да има претоварен ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија. -Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика кажав, дали ќе влезе или не трет мобилен оператор во државава, еве ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато во општина Дојран. -Ценам дека е добро што на лице место излеговме на самиот цевковод траса од хидросистемот Ѓавато, да лично се увериме и видиме што се случувало во рок од повеќе од две децении од откако е направен овој хидросистем и да можеме од личе место да направиме одредена дијагностика по која после ќе постапуваме, ...

Визијата на Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ, за централниот плоштад во Скопје почнува со чистење на градот и санација на постојните споменици, кои според неа „ја имаат изгубено дури и бојата, а дел од ознаките со имињата на познатите ликови се украдени“. Таа вели дека сегашниот изглед „не личи на ништо“ и дека мора да се внесе живост. „Плоштадот е многу сив и мора да го разубавиме со мали мурали и со многу цвеќе,“ ...

Подготвени сме да ги завршиме тешките реформи – и веќе тоа го правиме. Со тоа јасно го демонстрираме стратешкиот правец во кој се движиме. Но време е и Европската Унија, нејзините институции и земји-членки, да покажат подеднаква посветеност на нашиот европски пат, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски за NewsMax Balkans, во кое зборува за европската интеграција на државата, регионалните прашања, членството ...

weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
5.66
82%
1016
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
91%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.1
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1016
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
89%
1007
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1010
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
83%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.79
94%
1016
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
100%
1006
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.46
91%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.49

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Никел

473258.99

Сребро

1876.20

Паладиум

46361.38

Платина

52864.82