Тивка магија во секојдневието Мачките се повеќе од домашни миленици – тие се независни, мистериозни и нежни кога избираат да бидат тоа. За разлика од кучињата, мачките не бараат постојано внимание, туку го избираат моментот кога ќе се приближат до својот сопственик. Свиткани во скутот или гледајќи со продорни, речиси хипнотички очи, тие создаваат уникатен, искрен однос базиран на почитување на личниот простор. Научни истражувања покажуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно остро ги критикуваше Шпанија и Обединетото Кралство. „Имаме многу победници, но Шпанија е губитник, а Обединетото Кралство многу ме разочара. Шпанија е многу непријателски настроена кон НАТО“, рече Трамп во телефонско интервју за Њујорк пост. „Тие не го плаќаат својот дел. Тие беа единствените што гласаа против обврската од пет проценти и се многу непријателски настроени кон сите“, додаде тој, ...

Голем пожар попладнево избувна на депонија на отворено во скопската населба Маџари, а густ столб од чад се издига и е видлив од повеќе делови на градот. Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека општинските инспектори веднаш излегле на терен и случајот е пријавен во Противпожарната бригада на Град Скопје. Пожарникарските екипи во моментов работат на гасење на огнот. Во меѓувреме, инспекторите заедно со ...

Што според верувањата значи кога ве чеша левата рака Многумина барем еднаш го почувствувале тоа. Седите мирно, пиете кафе или разговарате со некого, а одеднаш левата дланка почнува силно да ве чеша. Првата мисла што им паѓа на луѓето на ум најчесто е иста – дека наскоро ќе добијат пари. Во народните верувања чешањето на левата дланка се смета за знак дека доаѓа финансиска добивка. Се верува дека тоа може да значи неочекувани пари, подарок ...

Истражување покажува дека мозокот реагира побрзо отколку што се мислеше Долго време се веруваше дека последиците од нездравата исхрана се појавуваат бавно. Се сметаше дека килограмите се наталожуваат постепено, а проблемите со шеќерот во крвта доаѓаат по години. Но ново научно истражување покажува дека реакцијата на мозокот може да биде многу побрза. Според студијата, само неколку дена консумирање висококалорична храна може да предизвика ...

Унгарија планира да испрати министерска мисија за утврдување на фактите во Украина за да ја истражи штетата на нафтоводот „Дружба“, клучен канал за руската нафта до оваа земја без излез на море, се вели во декретот објавен во Службениот весник на земјата. Заменик-министер од Министерството за енергетика ќе ја предводи мисијата, која беше наредена од премиерот Виктор Орбан и во која ќе биде вклучен и претставник од унгарската енергетска ...

Група експерти задолжени да ја советуваат Европската комисија за тоа како да се подобри безбедноста на децата на интернет, денеска го одржа својот прв состанок. – Со децении го правевме реалниот свет побезбеден за децата и мораме да го сториме истото во дигиталниот свет – изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која беше домаќин на првиот состанок на панелот. – Позитивните можности што ги нуди технологијата не ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека прашањето за обнова на нафтоводот Дружба, оштетен во руски напади, има не само техничка, туку и политичка димензија и дека верува оти не вреди да се поправа оштетениот нафтовод. – Да бидам искрен, не би го обновил. Тоа е мојот став. Ова им го кажав на лидерите на Европа и на оние што ми се обратија за ова прашање, како и на раководството на Европската Унија. Бидејќи тоа е руска ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мора да учествува во изборот на новиот врховен лидер на Иран откако сегашниот лидер Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел. Изјавите на иранските претставници вчера и денеска укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за главен кандидат. Коментирајќи ги овие обвинувања во интервју за Аксиос, Трамп рече: „Тие го губат ...

Владата ги следи залихите и нафтените потреби се задоволени Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на нафтената индустрија во земјата, на која се дискутираше за актуелната состојба со нафтените деривати, во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во индустријата. „Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола“, истакна Мицкоски. Тој посочи дека залихите ...

Вардар го претрпе првиот пораз во ПМФЛ сезонава Денеска во дербито од 21 коло во Првата македонска фудбалска лига, актуелниот шампион Шкендија триумфираше со 1:0 против екипата на Вардар. Стрелец на единствениот погодок за триумф на тетовските „црвено-црни“ на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје беше Љатифи во 66 минута од натпреварот по асистенцијата на Ибраими. Прва се закани Шкендија преку Вебстер во текот на првото полувреме, ...

Приведени насилници во Штип и виничко Секторот за внатрешни работи Штип во текот на изминатото деноноќие евидентираше два случаи на семејно насилство во регионот, по што две лица биле приведени во полициска станица. Напад врз сопруга во Штип Првиот инцидент се случил во Штип, каде полициски службеници го лишиле од слобода 38-годишниот С.Д. Според информациите, тој околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 34-годишна ...

Се очекува авионот да пристигне на скопскиот аеродром околу 20 часот Група македонски државјани кои беа евакуирани од Израел и преку Египет се враќаат во земјава, а нивното пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје се очекува вечерва околу 20 часот. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека на аеродромот патниците ќе ги пречека заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран ...

Бројот на заболени е помал за 31,1 проценти во споредба со претходната недела Во периодот од 23 февруари до 1 март во земјава се регистрирани вкупно 767 случаи на грип и заболувања слични на грип. Податоците ги објави Институтот за јавно здравје. Според нивната анализа, бројот на нови случаи е намален за 31,1 проценти во споредба со претходната недела. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочува дека во ...

Европските сили на готовс за Кипар Неколку европски земји најавија испраќање на воени сили за заштита на Кипар, поради растечките тензии поврзани со конфликтот на Блискиот Исток. Италија, Шпанија, Франција и Холандија ќе распоредат поморски капацитети во регионот во наредните денови, потврди италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето пред парламентот. Европски воени сили за заштита на Кипар Одлуката доаѓа откако британска база на ...

Апелирам до сите жртви на семејно насилство сето тоа да го пријават и да останат на пријавата и да не ја повлекуваат, затоа што ако се повлече пријавата тогаш центрите за социјална работа и Министерството не можат ништо да направат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше во посета на Штип, одговарајќи на новинарско прашање во контекст на настанот во скопски Карпош. – Навистина трагедија. Жалам што тоа се случувало во минатото, ...

Македонец кој се вратил од Дубаи со лет на авиокомпанијата „Флај Дубаи“, за српски „Телеграф“ го раскажа своето искуство откако слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Тој, заедно со еден Полјак бил меѓу патниците кои во последен момент успеале да ја напуштат областа погодена од бомбардирања и да стигнат во Србија. Утрото на нападот тој го опишал вака: – Се разбудивме со бомби. Тоа будење е ужасно. Скокаш од кревет. Не е исто. Моите ...

Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според Ѓорѓиевски, станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град. – Со неговата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со градоначалникот на Штип, беше во посета на производниот погон на „Актива Штип“. -За мене навистина претставува задоволство што еве и ние како Влада сме на некој начин учествувале да овој производен капацитет добие поинаква физиономија, односно да сопствениците на „Актива Штип“, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложат во нови поразводни капацитети, а тие нови производни ...

Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста Во рамки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од 10 години се чувале 10 тони опасен хемиски отпад, што можел да предизвика хаварија и претставувал голем ризик за здравјето на луѓето и безбедноста. Како што информира денеска ...

Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на компанијара „Актив“ во Штип. – Безбедносната состојба во државата е стабилна, мирна. До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата. Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите, но и од соодветните министерства, тука пред се ...

Премиерот Христијан Мицкоски дeнеска изјави дека не сака да ја коментира последната одлука на Уставниот суд кој ја прекина постапката за оценување на уставноста на линеарното покачување на пензиите, според која тоа останува во сила, но истакна оти иако одлуките на Судот некогаш се, а некогаш не се согласно политиките на Владата, тие треба да се почитуваат и спроведуваат. За среќа, вели, овојпат одлуката е во полза на пензионерите. -Што се ...

Македонската економија бележи стабилен раст шест квартали по ред, а најголем придонес во последниот период има градежниот сектор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Според него, во последниот квартал од 2025 година градежништвото забележало раст од 14,6 проценти, што претставува највисока стапка на раст меѓу економските сектори. „Овој раст покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност“, ...

Како Влада веќе шест квартали по ред имаме реален БДП кој расте со 3,5 проценти во просек, истакна премиерот Христијан Мицкоски денеска кој ги коментираше најновите податоци за растот на БДП. -Во последните два квартали од 2025 година, реалниот БДП расте до 3,8%. Често пати од опозицијата се исмеваат со ова што го зборувам, но факт е дека и во четвртиот квартал, од оние податоци кои ги објавува Евростат, реалниот раст на македонскиот ...

Наместо вообичаена честитка за 8 Март претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа жесток и критички говор на свечената седница на Парламентот на која требаше традиционално да се обележи празникот на жената 8 Март. Претседателката не може да го слави празникот на жената во ситуација кога заради нефункционалност на системот ги загубивме Ивана и Катја а Македонија се соочува со серија на случаи на фемицид. Говорот на претседателката во ...

Целиот свет зборува за свршувачката на тенисерката Арина Сабаленка. Кон сите тие честитки и внимание им се придружи и Новак Ѓоковиќ, кој е куќен пријател на Белорусинката и нејзиниот партнер, а сега е објавено ново видео од нивната средба на Индијан Велс. Имено, Новак бил во „цивилна облека“ поради медиумските обврски, но се нашол во средниот простор што се користи за вежби на тенисерите. Таму ја сретнал Сабаленка во добро расположение. ...

Продолжен притворот на насилникот од скопски Карпош Од Скопското обвинителство информираат дека е одреден нов притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, насилниот сопруг и татко од Карпош, чија сопруга и 6-годишно дете починаа по пад од балкон. -Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа, бидејќи се постапува по издадените наредби за вештачење на три мобилни телефони и ...

Во 2030 година со воз од Скопје до Софија Железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија влегува во завршната и најинтензивна фаза, откако беше потврдено дека 2030 година е рокот кога возовите ќе почнат да сообраќаат по Коридор 8. Ова беше соопштено на состанокот во Софија меѓу бугарскиот министер за транспорт Корман Исмаилов и амбасадорката Агнеза Руси Поповска. Николоски: Брза пруга на коридор 10, доизградба на железничкиот коридор 8 и ...

Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште Спојување на тековната судска постапка со новиот обвинителен акт против 13 полициски службеници за истиот кривично-правен настан, побара одбраната на денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ кое што се одржува во судницата во „Идризово“. ...

Бројни коцкари заработиле значителни суми пари од американските воздушни напади во Иран Бројни коцкари заработиле значителни суми пари од американските воздушни напади во Иран, според медиумите. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во петокот објави дека САД и Израел започнале „големи борбени операции“ против Иран, а израелскиот министер за одбрана изјави дека тие започнале „превентивен напад“. Иран набрзо потоа започна одмазда насочена кон ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1014
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1015
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.46
45%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
1.54
50%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.92
50%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
49%
1017
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

37.9669

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Паладиум

48065.37

Платина

66101.93

Сребро

2583.47

Рутениум

51376.89

Калај

54.78

Иридиум

253540.09

Родиум

319899.93

Злато

151875.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.50

Цинк

0.00

Бакар

12.64