Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран кримкнал, во содејство со МВР и Финансиската полиција, се спроведува акција на повеќе локации, се вршат претреси. Како што наведува „Телма“, пред половина час, во рамките на оваа акција е приведен Илчо Ѓоргиоски, поранешен претседател на ФФМ. Пријава против него имаше поднесено уште во 2019 година дека како претседател на „Фудбалската федерација на Македонија“ извршил ...
Коридорот 10 е иднината на регионалната трговија и економското поврзување на Југоисточна Европа, порача заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што денеска се одржува во Солун во присуство на високи претставници на Европската Унија, министри од замејите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции. ...
Вишиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста К., момчето кое уби девет ученици и еден обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, објави „Блиц.рс“. Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривичните дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за ...
„Поминавме безмалку две години. Покажавме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Во овој краток период направивме Македонија да биде во топ пет во Европа според растот на БДП, како процент од истиот. Постигнавме историски рекорд, над 1,255 милијарди евра странски директни инвестиции. Работиме на шест нови автопати, зголемивме пензии, градиме студентски домови, за студентите обезбедивме електронски уреди. Сето она коешто ...
Судиите на Уставниот суд на почетокот на март годинава ја прифатија иницијативата поднесена од Општинската организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово и поведе постапка за одлуката на Советот на Општина Тетово со која пред речиси 20 години беа преименувани улици и централниот градски плоштад, а на денешната седница донесе конечлна одлука. „Судот, со ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, посветени на зајакнување на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети и подготовките за претстојниот Самит на Алијансата. На состаноците се дискутира за натамошно унапредување на одбранбените способности на НАТО преку континуирани вложувања во одбраната, развој на ...
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на СДС, истакнувајќи дека разликата меѓу двете партии е „повеќе од јасна“. Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ својот 36-ти роденден го одбележала заедно со граѓаните, како партија која, според нив, се борела за независноста на државата, реализирала проекти од корист за граѓаните и ја претставува Македонија исправено и достоинствено пред светот. „ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните ...
Инвестициите не носат само нови поврзувања, тие го редефинираат начинот на кој Европа се гледа себеси и својата позиција во светот, порача Матеј Закоњшек, директор на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница на отворањето на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што се одржува денеска во Солун. Како што посочи Закоњшек, транспортот не се состои само од инфраструктурата и не се ...
Руската престолнина се разбуди утрово со масовен напад од украински беспилотни летала. Драматични снимки се појавија на социјалните мрежи, на кои се прикажани директни удари врз станбени и индустриски згради. Иако московските власти инсистираат дека повеќето беспилотни летала биле соборени, видеата снимени од локалните жители откриваат значително поинаква и потешка ситуација на терен. Едно од најгледаните видеа го прикажува точниот момент ...
Македонците не треба да ја плаќаат цената за политичките фрустрации на другите, изјави вчера европратеничка од Словенија, Ирена Јовева, во Европарламентот за време на расправата за Извештајот за Македонија за напредокот за членство во Европската Унија. Овој извештај мора да биде извештај за реформите и европската иднина на македонската држава, рече Јовева која не го поддржа вклучувањето на прашањата за идентитетот, јазикот и историските ...
Првото вистинско дерби на Светското првенство ги оправда очекувањата. На стадионот во Далас, во Л групата, Англија ја победи Хрватска со 4:2. Хрватите на „Гордиот Албион“ му се спротивставија само во првото полувреме, кога максимално ги користеа своите шанси и од два шута постигнаа два гола. Вториот дел мина во целосна доминација на Англија, особено во првите 15 минути, кога Ливаковиќ со неколку спектакуларни интервенции спречи тежок пораз ...
Претседателите на Соединетите Американски Држави и Иран потпишаа рамковен мировен договор за ставање крај на војната, кој стапува на сила веднаш. Спогодбата вклучува повторно отворање на Ормутскиот теснец, план од 300 милијарди долари (260 милијарди евра) за „обнова“ на Иран и укинување на „сите видови санкции“ врз Техеран. Но, прашањето за нуклеарната програма на Иран, главната причина зошто САД влегоа во конфликтот, останува предмет на ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе учествува на Самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“ што ќе се одржи денеска во Солун, во организација на Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, Транспортната заедница, Европската банка за обнова, развој и Европската инвестициска банка, со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека едно од клучните прашања каде што постои јасна разлика со опозицијата е спорот со Бугарија, кој, како што рече, претставува наследен проблем. -Корените на сето ова мора да се бараат во подготвеноста на моите претходници да прифатат сè што е напишано, мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат наклонетоста од одредени фактори кои кај нас не гласаат на избори, изјави Мицкоски. Тој додаде дека, според ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува во градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, во своето обраќање, зборувајќи и за историјата на Македонската револуционерна организација, посочи дека во период од околу четири децении ВМРО поминала низ три фази на своето револуционерно дејствување и постоење. -Првата фаза, од основањето 1893 година до ...
На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на одбележувањето од 36 години на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање од Струмица изјави дека владата во изминатиот период работи од темели и дека државата се гради постепено, „камен по камен“. – Почнавме од темелите. Од нула. Буквално камен по камен редевме за да стасаме до овде – рече Мицкоски. Тој истакна дека во првите две години од мандатот се постигнати значајни економски резултати, меѓу кои и високи ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било. Во своето обраќање по повод 36-годишнината на партијата, Мицкоски истакна дека собирот не е само одбележување на јубилеј, туку потврда дека сонот за Македонија продолжува да живее и да се развива. -Вечерва сме собрани да покажеме ...
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска го прославува својот 36-ти роденден. Централната роденденска прослава се одвива вечерва на стадионот во Струмица. На 36тиот роденден присуствуваа и голем број на граѓани, а како што може да се види од фотографиите и од видео стримовите на партиската прослава присуствуваат околу 20 илјади. во секој момент се очекува да се обрати и премиерот и претседател на партијата Христијан Мицкоски. ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето на централната прослава по повод 36-годишнината од формирањето на партијата во Струмица направи обемен историски осврт на развојот на ВМРО, истакнувајќи дека идеологијата и континуитетот на организацијата се длабоко вградени во програмските определби на ВМРО-ДПМНЕ. Осврнувајќи се на критиките од опозициската СДСМ во однос на името на партијата и нејзината поврзаност со ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува денес во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, во изјава за Сител телевизија, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е мостот помеѓу историското ВМРО и современите македонски институции. Тој кажа дека европската интеграција останува приоритет, но мора да се брани македонската вистина. Ковачки истакна дека ќе се пристапи кон ...
Најголемата вредност за ВМРО-ДПМНЕ изминативе 36 години е што ја црпи силата од народот, граѓаните коишто веруваме во исти идеи, во исти вредности и принципи, а тоа е независна, самостојна, просперитетна и европска Македонија, рече Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица за МИА, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Таа додаде дека иако изминатите години ...
Ели Панова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Алсат телевизија, а по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека поддршката од граѓаните е показател за нивното задоволство од работењето на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека партијата денес не одбележува само роденден, туку и 36 години посветеност и борба за македонските национални интереси. -Самиот тој факт кажува дека народот е задоволен ...
СДСМ, партијата која го донесе Преспанскиот договор, на отворена сцена испраќа пораки полни со конструкции и лаги, но факт е и не смееме да заборавиме дека тогашните евробирократи ни ветуваа дека ќе имаме големи придобивки од потпишувањето на тој Договор – бесплатно и поквалитетно здравство, образование, повеќе за младите, веднаш ќе влеземе во НАТО, веднаш ќе ги почнеме и ќе ги завршиме преговорите, но ништо од тоа не се случи. Ако се исклучи ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, изјави за Канал 5 дека жали што билатералните прашања меѓу Скопје и Софија станале дел од извештајот за напредокот на земјата. Тој посочи дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите поврзани со билатералниот спор и оцени дека таквите теми не требало да бидат внесени во документ чија цел е да го мери европскиот напредок на Македонија. Изјавата доаѓа откако Европскиот ...
Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека денес за разлика од власта на СДС и ДУИ се инвестира и гради насекаде, се градат училишта, патишта, се инвестира во здравството. -Сакам да им честитам на сите симпатизери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористам ...
На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и ...
Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Алфа телевизија, по повод одбележувањето на 36 годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, настан кој вечерва се одржува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и денес продолжува по истата патека како и пред 36 години кога партијата беше формирана, со цел развивање на демократските вредности во самостојна и независна Македонија, но секако ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рамковниот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека САД повторно би можеле да прибегнат кон воени дејства доколку не биде задоволен од договорот што се очекува да биде потпишан в петок во Швајцарија. Според него, судбината на документот ќе зависи од однесувањето на Техеран, пренесува Би-Би-Си. Говорејќи на самитот на Г7 во Франција, Трамп порача: „Ако не се однесуваат добро, ќе ...
Обвинителството во Милано денеска соопшти дека италијанската полиција запленила „значајни“ докази при претресот на домот на еден од четворицата Италијанци, против кои се води истрага за учество во „Сараево сафари“. Помеѓу запленетите докази има фотографија од осомничениот, 65-годишен маж кој живее во областа Александрија, со техничка опрема и придушувач. Претресот е спроведен врз основа на сведочењата на неговата поранешна сопруга и ...