Собранието, по еден час пауза на барање од пратеничката група на СДСМ, ја почна 110 седница, на чиј дневен ред, се новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, на почетокот информираше дека седницата е свикана согласно Член 74, став два од Деловникот на Собранието за да може Собранието и другите институции непречено да ...

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „За или против” на Алфа телевизија се осврна на Изборниот законик кој денес влезе во собраниска процедура и говореше за најавата на опозициската СДС за блокада на истиот. „СДС го блокира овој законик од две причини. Прво, наоѓа алиби да не учествува на парламентарните избори, кога и да се случат, сакајќи на тој начин уште неколку години да му купат на Венко ...

Депонија во Василево сè уште гори, десет пожари се изгаснати До 18:00 часот денеска на територијата на државата биле евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), еден пожар сè уште е активен, додека останатите 10 се ставени под контрола и изгаснати. Активен пожар има во Општина Василево, кај селото Василево, каде што гори депонија. Пожарите се изгаснати во повеќе општини ...

Информативни денови се одржаа во Ресен, Охрид и Кичево Повеќе од 2.800 апликации пристигнале минатата недела на трите јавни повици од мерката „Самовработување со грант“, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Во рамки на промоцијата на мерката, денеска во Ресен, Охрид и Кичево беа организирани информативни денови. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан ...

Новите стапки треба да ги намалат трошоците на домашните компании Домашните компании што увезуваат суровини и репроматеријали од 1 јули ќе плаќаат пониски царини за 70 производи, откако Собранието денеска ги усвои измените на Законот за Царинската тарифа. Со мерката се продолжува усогласувањето на царинските стапки со оние што важат во Европската Унија. Со измените се опфатени суровини и репроматеријали што се користат во домашното ...

Во Скопје отворен координативен состанок за Националната стратегија за млади Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска во Скопје го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики. На состанокот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите ...

Недостатокот на течности не се манифестира само со чувство на жед Високите температури го зголемуваат ризикот од дехидрација, а лекарите предупредуваат дека организмот не секогаш испраќа само еден јасен сигнал дека му недостигаат течности. Освен чувството на жед, дехидрацијата може да се манифестира и со замор, главоболка, вртоглавица, намалена концентрација и промени во расположението. До дехидрација доаѓа кога телото губи повеќе течности ...

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик, изјави Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник . Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега ...

Отворањето нови дипломатски претставништва треба да ја продлабочи соработката Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на државата. На средбата беа разгледани билатералните односи, евроинтегративниот процес и актуелните безбедносни прашања. Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на ...

Активности спроведени во повеќе општини низ државата Полициски службеници денеска спроведоа превентивни активности во повеќе општини низ државата. Акциите беа насочени кон намалување на ризикот од шумски пожари и пожари на отворен простор, како и кон подигнување на сообраќајната безбедност. Полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка реализираа активности на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети ...

Во Доха се очекуваат разговори по барање на Иран Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека утре во Доха ќе се одржи средба меѓу американска делегација и ирански претставници. Според неговата објава, состанокот ќе биде организиран по барање на Иран. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска, извор запознаен со разговорите изјави дека во наредните денови во Доха ...

Од 1 јули ќе се наплатува царина за производи до 150 евра што пристигнуваат од земји надвор од ЕУ Пратките со вредност до 150 евра што пристигнуваат во Европската унија од земји надвор од Унијата од 1 јули 2026 година ќе подлежат на нова привремена царина од три евра. Новата давачка најмногу ќе ги опфати производите што граѓаните ги нарачуваат преку интернет, а ќе се применува за широка палета стоки со ниска вредност. Мерката опфаќа ...

Започнати разговорите со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата Министерот за одбрана Владо Мисајловски соопшти дека денеска се сретнал со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата, при што официјално бил започнат процесот на дијалог за изработка на нов Колективен договор. „Денеска се сретнав со претставниците на синдикатите во Министерството за одбрана и Армијата и го започнавме ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Ристовски истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност ...

Собранието денеска во рамки на 109. седница ги донесе одлуката за измена на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, Законот за игрите на среќа и за забавните игри, а Христина Софронијоска беше избрана за нова заменичка на генералната секретарка на законодавниот дом. Законот за игрите на среќа и за забавните игри беше донесен со 60 „за“, а 20 ...

Галичката свадба ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, а годинашни младенци се Александар и Мартина. Најавени се и неколку новитети годинава, што за првпат ќе бидат претставени пред гостите кои ќе присуствуваат на манифестацијата што трае со години наназад и ги негува традицијата и обичаите со доста внимание. Огнен Караѓозовски, претседател на месната заедница „Галичник“, рече дека повеќегодишното партнерство со Пивара е задоволство. ...

Во пукање што се случи денеска во Штаде, Долна Саксонија, Германија, загинаа најмалку пет лица. Полицијата и службите за итни случаи спроведуваат голема операција во Штаде, град на околу педесет километри од Хамбург. Два хеликоптери кружат околу центарот на градот. Портпаролот на полицијата потврди дека пет лица се мртви откако биле испукани истрели. „Билд“, повикувајќи се на извори од полицијата, наведува дека сите починати биле возрасни, а ...

Подната фонтана на плоштадот во Скопје повторно ќе биде ставена во функција, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочи дека на локацијата во моментов се изведуваат градежни активности, а целта е просторот повторно да добие уреден и препознатлив изглед. Според него, фонтаната која со години беше надвор од функција повторно треба да стане место за прошетка, фотографирање и разубавување на ...

Последите податоци од Еуростат според кои основната потрошувачка кошничка во државава е најевтина во Европа ги демантираат сите кои не сакаат државава да успее, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Откако минатата недела имаше средби со претставници на ланците маркети, а најави разговори и со производителите и добавувачите со цел да се постигне поевтинување на основните производи по нивниот раст во изминатиот период Мицкоски ...

Литванија ја потврдува поддршката за европскиот пат на Македонија и оценува дека земјата напредува во реформскиот процес. Ова било истакнато на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава. По средбата, двајцата министри оцениле дека билатералните односи се одлични и дека постои простор за ...

Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов, во јавноста познат како Мане Левис, бил пронајден без знаци на живот во дворот од својот дом во скопската населба Карпош. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, откако во базен во дворот од куќата било пронајдено неговото безживотно тело. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова лето, ...

Семејството на македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски, преку „Авалон продукција“, ја информираше јавноста за последното збогување со него. Сите кои сакаат да се простат од Владо за последен пат, тоа ќе можат да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда, 1 јули, во периодот од 10 до 11 часот. Погребот ќе се одржи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Авалон сподели негови познати стихови: „Има нешто посилно од ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која од полноќ, односно од 00:01 часот на 30 јуни 2026 година, се менуваат цените на нафтените деривати. Според одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,27 проценти во однос на претходната одлука од 22 јуни. Сепак, ќе има различни промени кај поединечните горива. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 денари по ...

Имаме јасна визија за комплетна промена на железничкиот сообраќај. Ако наследивме претпријатија на раб на пропаст и пред банкрот, сега имаме карго сообраќај кој бележи сериозен раст, имаме раст на број на патници, имаме крупни инвестиции во изградба на нови пруги, водиме политика на развој на Железницата како срцевина на економијата, се обрати денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. – Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема ...

Потпишан договор за грант за подготовка на проект Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска изјави дека потпишувањето на договорот за грант за подготовка на проект за реформа во железничкиот сектор претставува значаен чекор за модернизација на јавното железничко претпријатие „Транспорт“. Според Николоски, во последните денови од јуни е завршена важна работа и започнува нов заеднички проект кој, како што посочи, има ...

Театарскиот режисер почина на 63-годишна возраст Театарскиот режисер Сашо Миленковски почина на 63-годишна возраст. Роден е во Битола во 1963 година, а зад себе остави богата театарска кариера, во која режираше повеќе од 50 претстави. Во своето творештво Миленковски поставуваше дела од големи автори, меѓу кои Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет. „Балканот не е мртов“ меѓу неговите најзначајни режии Една од неговите најзначајни режии беше ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата, двајцата министри изразија задоволство од развојот на билатералните односи во изминатите три децении и ја потврдија заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Во разговорите беше нагласена ...

Србија повторно воведува задолжителна воена служба од март следната година, која ќе трае 75 дена и ќе ги опфаќа мажите под 30 години. Српскиот претседател Александар Вучиќ го објави овој потег, нагласувајќи дека регрутацијата ќе биде „многу кратка“. Ова ќе ја врати Србија во системот што го напушти во 2011 година кога се префрли на целосно професионална армија. Вучиќ ја објави одлуката во сабота на воениот аеродром Батајница во близина на ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.59
27%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
2.52
41%
1013
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.19
32%
1013
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
3.7
38%
1014
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.99
34%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
50%
1014
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
48%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.23
40%
1013
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.09
38%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
42%
1014
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
0.89
28%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.51
70%
1014
Currency

61.53

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Злато

139395.99

Паладиум

43274.90

Сребро

2050.96

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Бакар

13.27

Алуминиум

3.28

Калај

56.26

Платина

56231.66