Руте побара веродостојни планови за исполнување на целите на НАТО Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги повика земјите членки да достават јасни, конкретни и веродостојни планови. Тие треба да покажат како ќе ги исполнат целите на Алијансата за трошоците за одбраната. Повикот го упати на годишниот самит што се одржува во Анкара. Руте се обрати во турската престолнина пред почетокот на дводневниот самит. Средбата се одржува во ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, најави дека во наредните десетина дена започнуваат градежните активности за поврзување на подземната сообраќајница под „Лимак“ со булеварот „Македонија“, како и изградбата на кружни текови на влезот и излезот од оваа клучна сообраќајница за главниот град. „Во наредните десетина дена започнуваме со втората фаза, односно со ...

Сончево време со услови за локална нестабилност Времето утре, 7 јули, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност. Можно е да има пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 36 степени. Во Скопје можен пороен дожд во делови од котлината Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. – Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно ...

Фондот за здравствено осигурување се огласи откако граѓани пријавија дека не можат да го подигнат лекот „клексан“ на рецепт во одредени аптеки. Од институцијата велат дека лекот од 1 јули е на Позитивната листа и треба да биде достапен во аптеките што имаат договор со Фондот. „Од 01.07.2026 година, лекот enoxaparine (Клексан) е обезбеден преку Позитивната листа на лекови и може да се набавува и издава во ПЗУ аптеките кои имаат склучен ...

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник која на самиот почеток истакна дека Изборниот законик претставува едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право, при што посочи дека посебно внимание треба да се посвети на дијаспората и на олеснување на нејзиното гласање преку современи и достапни модели, ...

Регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор Во текот на денешниот ден до 20 часот, низ државата се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, два пожари сѐ уште се активни, додека останатите се изгаснати. Активни пожари кај Кичево и на битолската обиколница Еден од активните пожари се наоѓа во близина на стадионот во Кичево, каде што гори сува трева и стрниште. Вториот ...

Минатата година забележен е значителен пад на интересот за добивање албанско државјанство, потврдуваат податоците од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ). Според официјалните податоци, минатата година албанско државјанство добиле 495 лица, бројка значително помала од претходната година, кога таа изнесувала 919 лица. Од вкупниот број 306 се лица кои барале враќање на претходно откажаното државјанство, а 189 го добиле првпат. Во ...

Директорот на Фондот за здравствено осигирување (ФЗО) и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски вечерва информира дека заедничките служби на Клинички должат 35 милиони евра, а Клиниката за онкологија, како што рече, е најголем должник меѓу клиниките. – Реалноста е дека долгови има. Најголем должник е Клиниката за онкологија и тоа е наследен долг – мислам дека е околу една милијарда денари. Меѓутоа, кога ќе земете дека буџетот на ...

Арлингтон домаќин на голем дуел меѓу две фудбалски сили Португалија и Шпанија вечерва ќе се соочат во осминафиналето на Светското првенство во Арлингтон. Двете селекции влегуваат со високи амбиции, Португалија со желба за силен крај на ерата на Роберто Мартинез, а Шпанија со јасна цел да стигне до нов светски трофеј. Португалија стигна со драма и гол во финишот Португалската репрезентација ја заврши групата К на второто место со победа над ...

Бразил испадна по пораз од Норвешка во осминафиналето Бразилската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство по елиминација во осминафиналето од Норвешка со резултат 2:1. Норвежаните до победата стигнаа благодарение на одличниот настап на Ерлинг Халанд, кој постигна два гола и ја однесе својата селекција во следната фаза од натпреварувањето. Бразил успеа да намали во судиското продолжение преку Нејмар од пенал, но тоа не беше ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар покрена постапка за смена на претседателот на државата Тамаш Шујок со поднесување уставен амандман, а гласањето би можело да се одржи веќе следната недела. Партијата Тиса на Маѓар, која од април има двотретинско мнозинство во парламентот, предложи измена на Уставот со која мандатот на актуелниот претседател би престанал со стапувањето во сила на амандманот. Маѓар, кој на изборите во април ја прекина ...

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Град Скопје во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија се осврна на проектите кои се реализираат на територијата на Градот Скопје, меѓу кои и за почетокот на теренските градежни активности за мостот Генерал Михајло Апостолски, кои беа најавени претходната недела. „Во програмата внимателно ветував и кога стануваше збор за овој мост каде што знам дека има и ...

Кралски извори тврдат дека потврдата за престој пристигнала предоцна Посетата на принцот Хари на Велика Британија се најде во центарот на нова неизвесност откако се појавија спротивставени информации околу неговиот планиран престој во Бакингемската палата. Според кралски извори, одлуката за сместување била проблематична поради временскиот распоред и недоволно рано прифаќање на поканата, што довело до промена на плановите во последен момент. ...

Куба во понеделник беше погодена од прекин на електричната енергија на целиот остров, бидејќи резервите на гориво се намалуваат, а електричната мрежа продолжува да се распаѓа. Прекинот го пријави Кубанскиот синдикат за електрична енергија, кој на X изјави дека причината е под истрага. Гориво на Куба снемува од јануари, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на ...

Закани за можна воена акција доколку не се постигне договор Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја можноста за воена интервенција. Индиректните разговори меѓу двете земји завршиле минатата недела без видлив напредок кон траен договор, и покрај претходно воспоставеното 60-дневно примирје кое требало да отвори ...

Скопјанец со загрижувачка објава во фејсбук групата „Кисела Вода-Пријави проблем“ алармираше за несоодвена сигнализација на еден патен правец во Скопје. Имено, станува збор за кружниот тек во Драчево. „Луѓево се ненормални, сега имав сообраќајка на кружниот тек кај Маркова, кон Драчево. Возат во спротивна насока. Дали се нормални луѓето?“ – гласи неговата објава. Иако нема информации за видот на соорбаќајната несреќа, возачите реагираат дека ...

Во рамки на меѓународната оперативна акција „Global Chain“, насочена кон сузбивање на трговијата со луѓе, илегалната миграција и трудовата експлоатација, во Македонија се откриени три кривични дела и 49 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Акцијата се реализирала во периодот од 8 до 13 јуни 2026 година во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT), а во неа учествувале 59 државиа, целта ...

„Мајкрософт“ соопшти дека ќе укине околу 4.800 работни места, што претставува околу два проценти од вкупниот број вработени во компанијата. Отпуштањата се дел од мерките за намалување на трошоците и големата реорганизација на одделот Xbox. Најголемите промени ќе бидат во секторот за видеоигри, каде што во следната фискална година ќе бидат укинати околу 3.200 работни места. Компанијата најави дека четири студија за развој на видеоигри ќе ...

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска која оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година претставува документ што ги поставува развојните приоритети на државата, со акцент на инфраструктурата, образованието, земјоделството и социјалната сигурност. Димитровска истакна дека со ребалансот продолжуваат капиталните инвестиции, особено во патната инфраструктура и ...

Американскиот претседател вели дека и Москва и Киев сакаат крај на војната Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека можноста за решавање на војната во Украина е поблиску отколку што јавноста мисли и најави дека ова прашање ќе биде една од темите на претстојниот Самит на НАТО во Турција. Трамп изјави дека и Русија и Украина покажуваат подготвеност за завршување на конфликтот. „Претседателот Путин сака ова да заврши. Ви го кажувам ова ...

Државниот завод за статистика соопшти дека трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – мај 2026 година во споредба со истиот период 2025 година. Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 217 977.7 милиони денари и бележи раст од 5,70 отсто, додека вредноста на увезената стока е 306 513.7 милиони денари, што претставува зголемување за 5,91 процент. Трговската размена по производи според Стандардната ...

Операционализирање на идејата секој ден во текот на летото, за време на сезоната на пожари, преку тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување да се на располагање најмалку 120 доброволни пожарникари, е договорено на денешната средба на директорот за Дирекцијата (ДЗС) Стојанче Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва. -Постигнавме договор секое Доброволно противпожарно друштво однапред да декларира одреден ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше за деталите од денешното потпишување на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој за автопатот Скопје -Блаце. -Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Автопатот е дел од стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна крстосница на ...

Министерството и Владата втора година по ред целосно ги финансираат учесниците Околу 30 ученици во текот на минатиот и овој месец ја претставувале Македонија на меѓународни научни олимпијади, а сите трошоци за нивното учество ги покриле Министерството за образование и наука и Владата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во објава на Фејсбук, Јаневска информираше дека учениците биле испратени на натпреварите без ...

Правилното проветрување може да направи голема разлика Популарното отворање на прозорците на кип во текот на денот не е најефикасниот начин за разладување на домот, предупредуваат експертите. Според нив, овој начин не обезбедува доволна размена на воздух, а може и дополнително да придонесе за загревање на просториите. Наместо тоа, се препорачува интензивно проветрување со целосно отворање на прозорците само неколку минути, и тоа рано наутро ...

Европската комисија воведува „флексибилен ЕЕС“ со цел да ги намали застојот и долгите чекања на дел од граничните премини и аеродромите. Новото решение ќе им овозможи на националните власти привремено да ја суспендираат биометриската регистрација кога редиците ќе станат предолги, додека стандардните гранични контроли ќе продолжат да се спроведуваат. Решение за долгите редици Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерс, соопшти дека ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Според првичните сознанија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини ...

Најавена соработка меѓу Министерството за локална самоуправа и ИНОВА ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата започнува нова иницијатива насочена кон поголемо вклучување на младите во работата на локалната самоуправа, преку стратешка соработка меѓу Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Од партијата велат дека „врвен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите за кои се ...

Власта очекува став од СДСМ и ДУИ за предлогот за поштенско гласање Обид за надминување на несогласувањата околу измените на Изборниот законик ќе има утре во Собранието, каде ќе се одржи нова средба меѓу координаторите и претставниците на пратеничките групи. Во фокусот повторно ќе биде начинот на гласање на дијаспората, како и предлозите што ги изнесоа парламентарните партии. Од владејачкото мнозинство потврдија за МИА дека од пратеничката ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.61
22%
1014
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
1.24
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.35
35%
1015
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.26
33%
1016
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
1.59
43%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.71
43%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
8.13
20%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
1.52
26%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
42%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.24
28%
1018
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 26ᴼ
7.58
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Иридиум

252383.36

Бакар

13.23

Кобалт

56.29

Платина

56038.75

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Цинк

0.00

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.28

Злато

139576.04