Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
ЕХФ ги објави учесниците во европските натпреварувања Европската ракометна федерација ги објави клубовите што ќе настапуваат во Лига Европа и во ЕХФ Европскиот куп. Од македонските екипи, Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа на ЕХФ, натпреварување во кое ќе учествуваат 32 екипи. Тимовите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи. Во следната фаза ќе продолжат двете првопласирани екипи од секоја група, како и третопласираните ...
Вардар поразен на домашен терен Вардар ќе патува на реваншот во Финска со негатива од два гола, откако вечерва на домашен терен загуби од Купс со 0-2 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот шампион не успеа да му парира на расположениот противник, кој во најголемиот дел од натпреварот ја контролираше играта и заслужено стигна до победа во Скопје. Купс ја искористи својата шанса Вардар тешко создаваше ...
Средбата со Ердоган донесе најави за односите со Турција и изјави за Украина и Гренланд Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека ќе ги укине санкциите кон Турција и дека ќе донесе одлука за можна продажба на борбени авиони Ф-35. Трамп ова го изјави на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара. САД во 2020 година воведоа санкции кон Турција по одлуката на Анкара да набави руски системи за противвоздушна одбрана ...
Ле Пен најави четврта претседателска кандидатура Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција во 2027 година, со што најави четврта претседателска кандидатура. Таа ја соопшти одлуката во интервју за француската телевизија ТФ1. „Вечерва сум кандидат“, изјави Ле Пен, додавајќи дека нема да го промени мислењето. Жалбата треба да го одложи извршувањето на казната Ле Пен, која со децении е едно од ...
Фредериксен реагираше откако Трамп побара Гренланд да биде под контрола на САД Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, повторно порача дека Гренланд не е на продажба. Таа истакна дека очекува сојузниците да го почитуваат данскиот суверенитет. Нејзината реакција следуваше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, пред Самитот на НАТО. Трамп изјави дека Гренланд ...
Јаболки, авокадо, боровинки и портокали со важни својства за срцето Кардиолозите откриваат кои четири видови овошје можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви заболувања. Тие посочуваат дека овие намирници имаат важна улога во здравјето на срцето. Срцевите заболувања и понатаму се меѓу најчестите причини за смртност во светот. Сепак, експертите нагласуваат дека голем дел од ризикот може да се намали со правилна исхрана и здрав ...
Форумот во Анкара донесе нови договори за набавка на оружје и воени капацитети Нови големи договори во одбранбената индустрија беа објавени пред Самитот на НАТО во Анкара. Вредноста на потпишаните договори изнесува најмалку 50 милијарди долари, изјави неименуван извор. На Форумот на НАТО за одбранбена индустрија беа претставени повеќе договори за воена опрема во вредност од десетици милијарди долари. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ...
На телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ гостуваше претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески кој на самиот почеток истакна дека мерката за студентско практикантство во локалните самоуправи има за цел да им овозможи на младите стекнување практично искуство, при што студентите во текот на август и септември ќе можат да бидат практиканти во општините од кои доаѓаат. Според него, иницијативата, која се реализира под водство на ...
Нутриционистите ги препорачуваат, но кај некои луѓе е потребна претпазливост Сочни, слатки и богати со витамини, праските се меѓу најпопуларните летни овошја. Освен што освежуваат во топлите денови, тие содржат растителни влакна, антиоксиданси, витамини и минерали. Поради тоа, нутриционистите често ги препорачуваат како дел од здрава и балансирана исхрана. Сепак, праските не се најсоодветен избор за секого. Кај дел од луѓето тие можат да ...
Едноставни активности за летниот распуст наместо долго време пред уреди Летниот распуст им носи на децата повеќе слободно време. За родителите, пак, претставува предизвик како тоа време да биде исполнето без постојано користење телефони, таблети и телевизори. Наместо часови поминати пред екрани, игрите во двор, парк или природа можат да бидат добра можност за движење и забава. Ваквите активности кај децата поттикнуваат креативност. Воедно, ...
Дипломатските врски се обновуваат по повеќе од една деценија прекин Франција и Сирија се договорија повторно да именуваат амбасадори. Со тоа започнува обновување на дипломатските односи меѓу двете земји по повеќе од една деценија. Одлуката беше објавена на заедничката прес-конференција во Дамаск на претседателот на Сирија, Ахмад ал Шара, и францускиот претседател, Емануел Макрон. „Нашиот состанок претставува историска пресвртница“, посочи ал ...
Аргентина и Египет го отвораат денешниот натпреварувачки ден На Светското првенство денеска ќе се одиграат последните два натпревара од осминафиналето. Во Атланта, светскиот првак Аргентина ќе игра против Египет. Според досегашниот тек на турнирот, Аргентина важи за фаворит во пресметката. Репрезентацијата ја предводи Лионел Меси и сè освен победа на „гаучосите“ би претставувало изненадување. Сепак, од другата страна ќе биде Египет, една од ...
Турскиот министер очекува одлуките да влијаат врз идната безбедносна средина Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, денеска изјави дека самитот на НАТО во Анкара ќе помогне во обликувањето на иднината на Алијансата. Тој оцени дека самитот ќе придонесе и за приспособување на нејзините структури кон сè посложената безбедносна средина, објави Анадолија. Во објава на Икс, Фидан наведе дека одлуките донесени на самитот нема да се однесуваат ...
ЦУК најавува нова алатка за итни ситуации Директорот на Центарот за управување со кризи најави дека наскоро граѓаните ќе можат да ја користат новата апликација „Where Are You“, наменета за побрза и поефикасна комуникација со службата 112 во итни ситуации. Апликацијата треба да овозможи полесно и попрецизно пренесување на информации до надлежните служби, особено во моменти кога секоја секунда е важна. Испраќање локација, фотографии и ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, утре (8 јули 2026 година) во 12:10 часот ќе ја пречека еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос. Предвидена е тет-а-тет средба меѓу премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, по што ќе се одржи билатерална средба со владини претставници. Во 13:20 часот е закажана заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и еврокомесарката Кос, на која ќе бидат ...
Белгија ги елиминираше САД од Светското првенство Репрезентацијата на САД го заврши настапот на Светското првенство по убедливиот пораз од Белгија со 4-1 во осминафиналето. Американците имаа големи очекувања на домашен терен, но белгиската селекција беше поквалитетна, поконкретна и поопасна во клучните моменти од натпреварот. Ова е вторпат Белгија да ги елиминира САД во осминафинале на Светско првенство, откако истото се случи и во 2014 ...
Можеби немаше да присуствувам на самитот доколку не беше во Турција Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу разочаран“ од НАТО и дека САД не добиле доволна поддршка од своите сојузници, објави Ен-би-си. На прес-конференција со Реџеп Таип Ердоган за време на самитот на НАТО во Анкара, Трамп рече дека можеби немало да присуствува на самитот доколку тој не се одржувал во Турција. „Доколку не се одржеше во Турција, каде што мојот пријател е ...
Триесет и седумгодишна жена е пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 6 јули околу 22:45 часот, откако во домот била пронајдена без знаци на живот С.П. (37) од Скопје. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. При првичниот увид не биле забележани ...
Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во сопственост на Е.Т. (29) од Скопје, кој бил под заштита на државата. Станува збор за објект во Старата скопска чаршија. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера околу 12:00 часот во СВР Скопје од Конзерваторски центар-Скопје е пријавено дека на ул.„Лазар Танев“ бил срушен објект во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Владата започнува со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. -Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните ...
На средбата за Изборниот законик побарано решение за гласањето на дијаспората Координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, денеска изјави дека е важно дијаспората да има можност да гласа, без разлика дали тоа ќе биде преку електронско гласање или по пошта. Тој нагласи дека сите модели треба да бидат безбедни, транспарентни, сигурни и усогласени со меѓународните стандарди. Изјавата ја даде по средбата што се одржа во Собранието ...
Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска по средбата во Собранието за измените и дополнувањата на Изборниот законик на прес-конференција изјави дека денеска двата модели што ги предложила власта за гласање на дијаспората, електронски и поштенски, биле за изборна манипулација. Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови – рече Тренчевска. Според неа, на Владата ...
Репортерка од една наша телевизија на улица ги прашува луѓето дали се сеќаваат на првиот бакнеж и првата симпатија. Налетува на Ацо, кој почнува од првиот бакнеж, испраќање на Грозда преку гробишта, напад со пиштоли, до вадење заби од мртовец…Важно се сеќавате на убавите спомени, поентира репортеркава. Крај 🫣🫣 pic.twitter.com/Q5b86OPARn — ЛаБуБу (@K0l0voz) July 6, 2026 Репортерка од една наша телевизија на улица ги прашува луѓето дали ...
Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата за измама против Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарската партија Национален собир, што ја доведува во прашање нејзината кандидатура на претседателските избори во 2027 година. Иако судот ја скрати нејзината забрана за кандидирање и со тоа потенцијално ѝ го отвори патот за учество во претседателската трка, беше пресудено дека таа мора да ја отслужи затворската казна, пишува Euronews. Ле Пен ...
Инфлацијата во јуни во однос на мај оваа година, бележи намалување од 0,5 %, а цените на мало од 0,8%, објави денеска Државниот завод за статистика. Намалување на трошоците на животот е забележано кај Транспорт за 1.6 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %. Зголемување на трошоците има за рекреација, ресторани и останати ставки. На годишно ниво пак инфлацијата е зголемена за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за ...
Белгиските репрезентативци славеа имитирајќи го познатиот „Трамп-танц“ по триумфот над САД во осминафиналето на Светското првенство. Најпрво многу прашина крена овој меч пред самиот почеток, откако ФИФА го помилува напаѓачот на САД Фоларин Балогун, кој и покрај црвениот картон, на крајот настапи за својата селекција, но не постигна гол. И неговото присуство на теренот не ги попречи Белгијците да дојдат до посакуваниот триумф. ...
Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...
Вчеравечер во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг, соопштија денеска од МВР. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното ...
Покажавте силни перформанси во рамките на Реформската агенда. Доаѓам во Скопјe за да ја охрабрам Владата да го стори истото во пристапните преговори. Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето, вели во интервју за МИА, Марта Кос, еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика непосредно пред нејзината утрешна посета на Скопје. -Македонија покажа дека може да испорача резултати ...