Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски реагира поради вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ поврзана за европскиот пат на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија. „Дрскиот шумадиец со шајкача се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“, стои во објавата на Џамбаски. Прочитајте повеќе: Ставот на бугарскиот политичар ...
Лидерот на ССМ, Слободан Трендафилов порача дека за само две години, временски период за колку Владата одбива да ја покачи платата и колку што одбиваат работодавачите да се договорат со работниците, граѓаните се посиромашни за 9500 денари, колку што е зголемена вредноста на синдикалната минимална кошница. На денешната прес-конференција, во пресрет на утрешниот протест на работниците, Трендафилов вели дека се борат и за платите на критичарите ...
Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски ги отфрла обвинувањата од СДСМ за пирамидална мрежа на тендери и фирми кои водат до владиниот кабинет. Бара од опозициската партија да не изнесуваат прашања туку да зборуваат во потврдна форма за да може да поднесе тужбена постапка за клевета. „Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи ...
На 26.01.2026 во 11:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(77) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 26.01.2026 во 11:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(77) од ...
СДСМ реагираше на објавата на шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски за фирмата на неговиот татко. Од партијата поставија неколку прашања до Нелоски. „Шефот на кабинет на Мицкоски, Владимир Нелоски, потврди сè што објави СДСМ, но тоа го правда со „има право да работи“ и дека фирмата на неговиот татко „не учествува во државни тендери“. Но, што сака да каже Нелоски, дека случајно неговиот татко има фирма? Дека е случајно што таа ...
„Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Република Северна Македонија“ изјави денеска бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов за време на Софискиот економски форум. „Ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни ...
Поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино, поплавени се земјоделски површини, пластеници и дворови на куќи во селото Муртино. Иако водостојот на реките Струмица и Тркања бележи опаѓање, на поединечни локации сè уште има заезерување. На терен интервенира механизација со цел санирање на критичните точки. Пријавено е и дека надојдените води кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, се вели во соопштението на ЦУК. ...
Убиството се случило на 5 октомври 2007 година. Според информациите, Шерифи подолг период се криел користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово. Тој бил лоциран и уапсен во реонот на Ликенит и Тхатë (Сувото Езеро) во Тирана. Првичните информации за неговото присуство во Тирана биле добиени уште во ноември 2025 година, кога полицијата по оперативен пат дознала дека лице евидентирано за убиство престојува во стан во ...
Судот ги прифати двете поднесени иницијативи, една од претставници на политичките партии Алијанса за Албанците предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и една граѓанска иницијатива. Со одлуката се формирани два одделни предмети, со кои се оспоруваат одредени измени во законот, особено во делот што се однесува на начинот на известување за сообраќајни прекршоци, територијалната примена на системот и употребата на јазиците. Во ...
Помина повеќе од еден месец откако, како што велат од партијата Левица доставиле конкретни докази, вклучително и фотографии, до Антикорупциската комисија во врска со сомнежите за поврзаност помеѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на компанијата „Сити Аутсорсинг“, фирма која инкасираше околу 5 милиони евра државни пари преку тендери. Според Левица, и покрај сериозноста на наводите, ДКСК очигледно во обид да го заташка и овој ...
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски смета дека барањето на ССМ за покачување на минималната плата за плус 200 евра е популистичко барање. Вели дека сите сакаме да имаме 600 евра минималец, но објаснува дека посакува системско решение – промена на Законот за минимална плата и да имаме минимален работен час. Околу протестот на ССМ закажан за 28-ми јануари и дали ќе дадат поддршка како КСС, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина по забрзана постапка, што е дел од процесот на кој се работи како дел од постигнувањето решение за прекин на војната во таа земја. Вучиќ бил гостин во програмата на Федералната радиотелевизија на Босна и Херцеговина и соопштил дека границите ќе станат помалку важни ако сите земји од Западен Балкан ...
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, за невклучувањето на Македонија во Одборот за мир на САД, запрашан дали излеговме од периметарот на американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека надворешната политика не треба да ја третираме низ призмата на симболика туку да ја гледаме низ призмата на резултати. -Се работи за Борд за мир во Газа. Ние и по ова прашање комунициравме со администрацијата во Вашингтон. Нашето позиционирање ...
Според официјалните информации, несреќата била пријавена денеска, 26 јануари 2026 година, во 16:32 часот во СВР Скопје. Во незгодата учествувал автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од лице од селото Крушопек, кој удрил во малолетен пешак од скопското село Ново Село. Повреденото дете со возило на Итната медицинска помош било пренесено во ГОБ 8 Септември, каде што му биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, ...
„Носењето закон само по себе не е доволно. Затоа со Законот за висока раководна служба прецизно ги уредуваме условите, мандатите и контролата на високите раководни позиции, особено на ВД-функциите, со што директно ја намалуваме можноста за злоупотреби“, изјави Минчев во телевизиско гостување. Тој нагласи дека законот е дел од поширок реформски пакет што се спроведува паралелно со измените на Законот за административни службеници и Законот за ...
Како што соопштија од Обвинителството, еден од осомничените во период од октомври 2025 до 23 јануари 2026 година, во угостителски објект во селото Јосифово, неовластено поседувал дрога со цел понатамошна продажба. При полициски претрес биле пронајдени над 900 грама наркотични супстанции, меѓу кои марихуана, хашиш и нивна мешавина, скриени во пластична кофа под работна маса. Во објектот била пронајдена и вага со траги од дрога. Обвинителството ...
Од ОНЛАЈНМЕДИА потенцираат дека ниту една политичка партија во Македонија нема право јавно политички да се пресметува, да дискредитира или да етикетира медиуми и новинари. Според здружението, кај СДСМ се забележува загрижувачки континуитет на јавно политичко дискредитирање, етикетирање и навредување на медиуми, цели новинарски редакции и поединечни новинари. „Политичките партии мора да го надминат ваквиот пристап и да разберат дека критиката ...
Станува збор за зоонозен вирус со висока стапка на смртност, за кој засега не постои вакцина ниту специфичен лек. Според официјалните информации, две медицински сестри од приватна болница во близина на Колката се заразени со вирусот, при што едната е во критична состојба и се наоѓа во кома, изјави здравствениот функционер Нарајан Сваруп Нигам. Сестрите работеле заедно од 28 до 30 декември, а во периодот од 31 декември до 2 јануари кај двете ...
Тужителите наведуваат дека Google Assistant, виртуелниот асистент присутен на голем број Android-уреди, во одредени случаи се активирал ненамерно и започнувал да снима разговори кои корисниците ги сметале за приватни. Според тужбата, дел од овие аудиоснимки потоа биле користени за пласман на таргетирани реклами. Од компанијата не дадоа официјален коментар за медиумите, вклучително и за BBC. Во судските поднесоци, Google негира дека сторил ...
Во објава на социјалните мрежи, Муцунски информира дека на средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, при што изразил благодарност за континуираната поддршка од САД во реформските процеси и за зајакнувањето на демократскиот капацитет на државата. Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите, особено во делот на економскиот развој, унапредувањето на владеењето на правото и ...
Орбан денеска изјави дека украински политички лидери, меѓу кои и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле „навреди и закани“ кон Унгарија. Во објава на социјалната мрежа Икс, унгарскиот премиер наведе дека безбедносните служби заклучиле оти станува збор за координиран обид за влијание врз изборниот процес. Тој додаде дека побарал од министерот за надворешни работи Петер Сијарто да го повика украинскиот амбасадор на итни ...
Спорот се однесува на начинот на користење на заемот вреден 90 милијарди евра, кој Европската унија планира да го искористи за јакнење на украинската одбрана. Коалиција од 11 земји членки на ЕУ предложила ублажување на правилата за Украина да може да користи дел од средствата и за набавка на оружје произведено надвор од Унијата, вклучително и од Обединетото Кралство. Франција, пак, инсистира средствата да се трошат исклучиво во рамки на ЕУ, ...
Станува збор за носачот на авиони USS Abraham Lincoln и неколку разурнувачи со наведувани ракети, кои пристигнале во регионот што е под надлежност на Централна команда на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека Соединетите Држави имаат „армада“ која се движи кон Иран, но додаде дека се надева оти нема да има потреба таа да биде употребена. Воените бродови почнале да се распоредуваат од азиско-пацифичкиот регион ...
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како и со експерти од областа на сообраќајот, на кој биле разгледани финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на системот. Според најавите, станува збор за суштинска реформа во управувањето со сообраќајот во главниот град. Наместо досегашниот концепт на „зелен бран“, ...
Според УХМР, најголемиот дел од територијата е во жолта фаза, што означува состојба на внимателност и потреба од зголемено следење на хидролошките услови. Во централните и источните региони потенцијалниот ризик ги опфаќа сливовите на Вардар (средно и долно течение), Брегалница, Пчиња, Крива Река, Струмица и Црна Река. Во зоната на внимателност се вклучени и поголем број населени места и градови, меѓу кои Велес, Штип, Куманово, Прилеп и ...
Двете страни го оценија договорот како историски, во време кога нивните односи со Соединети Американски Држави се соочуваат со нови предизвици. Договорот отвора пат за слободна размена на стоки меѓу блокот од 27 европски земји и Индија, кои заедно сочинуваат околу една четвртина од глобалниот БДП и пазар од речиси две милијарди потрошувачи. „Ова ќе биде избалансиран и кон иднината насочен договор за подобра економска интеграција со ЕУ. Тој ...
„Ова е најсуровата зима што Украинците ја доживеале во повеќе од една деценија, во време кога руските напади врз енергетската инфраструктура во Киев и во други градови се засилуваат“, рече Руте, обраќајќи се пред комисиите за одбрана и надворешни работи на Европски парламент. Тој додаде дека мировните преговори предводени од САД се во тек и повтори дека целта е постигнување долгорочен мировен договор или прекин на огнот, пренесува Le Monde. ...
Податоците, објавени од Дојче веле, повторно ја отворија дебатата за безбедноста на овие резерви во услови на зголемен политички притисок врз независноста на американската централна банка. Според германската Бундесбанка, Германија располага со вкупно околу 3.550 тони злато, што ја става меѓу државите со најголеми златни резерви во светот. Од нив, 1.710 тони се складирани во Франкфурт, 405 тони во Банката на Англија во Лондон, додека 1.236 ...
Како можни решенија, ПКС предлага воведување посебна виза или дозвола за професионални возачи што би важела за целата Шенген-зона, зголемување на дозволениот број денови на престој, или привремено изземање на возачите од системот EES сè додека не се постигне трајно решение. Претседателот на ПКС, Марко Чадеж, испратил итно писмо до Еврокомората, која обединува 40 национални стопански комори и застапува над 20 милиони компании, како и до ...
Смртни случаи се пријавени во сојузните држави Њујорк, Тенеси, Луизијана, Масачусетс, Канзас, Пенсилванија и Тексас. Надлежните служби предупредуваат дека временските услови се исклучително опасни и апелираат граѓаните да останат во своите домови. Поради бурата се откажани повеќе од 10.000 летови, а бројни училишта и патишта низ земјата се затворени. Мапите на снежните врнежи покажуваат дека за време на викендот снегот зафатил огромни ...