Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Нов инцидент поврзан со Бугарската амбасада во Македонија ги разгоре тензиите во не така добрите соседски односи. Полицијата експресно реагираше и приведе 44-годишен маж од Скопје, кој е осомничен за палењето на дипломатските возила. Распитот треба да ги открие мотивите за палењето на возилата. Дел од медиумите, сепак, објавија дека засега мотивот за инцидентот не е поврзан со Бугарија, туку сторителот наводно се изнервирал зашто на некоја ...
Полицијата во Струга соопшти дека вчера до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело. Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство. Од нашата мрежа Вработеноста на неодамна дипломираните студенти во ЕУ достигна 83 проценти… 15 минути biznisinfo.mk Би-Би-Си планира да отпушти 2.000 работници 36 минути ...
На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изградба Охрид – Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во с.Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил ...
Непрофитната правна организација „Глобал ехо“ (Global Echo) анализирала повеќе од 30.000 извозни документи кои опфаќаат над 6.800 пратки испратени во странство меѓу октомври 2017 и февруари 2026 година, пишува „Ал Џазира“ (Al Jazeera). Во извештајот под наслов „Увоз на окупацијата“ се наведува дека приближно секоја шеста пратка упатена кон Европа, односно речиси секоја петта наменета за државите од Европската Унија, содржела производи од ...
ВЛЕН обвини дека критиките од страна на ДУИ во врска со изградбата на автопатот Скопје-Блаце се мотивирани од приватни интереси, а не од грижата за граѓаните. „Вресоците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина – трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски добивки од експропријацијата“, велат од ВЛЕН. Од нашата мрежа Скалони: Првиот натпревар е важен, но не и ...
Пејачката Бони Тајлер се разбуди од индуцирана кома во Португалија, каде што се опоравува по срцев удар. Во мај, 75-годишната ѕвезда беше итно оперирана поради проблеми со цревата и ѝ беше отстрането слепото црево, а по операцијата беше реанимирана поради срцев удар. Нејзината состојба полека се подобрува Од нашата мрежа Скалони: Првиот натпревар е важен, но не и одлучувачки 26 минути kontra.mk Македонска берза: Редовна ревизија на индексите ...
Резултатите покажаа дека повеќето современи електрични автомобили и понатаму можат да поминат одредена оддалеченост откако индикаторот за наполнетост ќе достигне 0%. Победник на тестот беше BMW iX3 со реален домет од дури 780 километри. Овој модел го предупредува возачот за празна батерија кога наполнетоста ќе падне на пет проценти, а по достигнувањето на нулата може да го продолжи возењето уште кратко време пред целосното гаснење. Од нашата ...
Компанијата „Норд стрим 2 АГ“ (Nord Stream 2 AG), оператор на гасоводот Северен тек 2, соопшти денеска дека поднела тужба до Европскиот суд на правдата, оспорувајќи ја одлуката на ЕУ за одбивање на рускиот гас. „Тужбата е поднесена на 27 април од страна на компанијата ‘Nord Stream 2 AG’ против Европскиот парламент и Советот на ЕУ. Тужителот бара поништување на Одлуката 2026/261 на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент“, се наведува во ...
Украински дрон оштети постројка во московската рафинерија за нафта, која е во сопственост на компанијата „Гаспромнефт“, соопшти денеска градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Собјанин на Телеграм наведе дека во нападот нема жртви и дека итните служби работат на терен, но не прецизираше дали е загрозено производството во најголемата рафинерија во московскиот регион. Од нашата мрежа Скалони: Првиот натпревар е важен, но не и одлучувачки 6 ...
Случајот со хирурзите од Струга, кои протестно ги прекинаа планираните операции поради неисплатени надоместоци што им следуваат по закон и колективен договор, отвора сериозни прашања за тоа кој ја мери „продуктивноста“ во здравството или ако нема пациенти дали лекарите треба да останат без плата. Наместо институциите да утврдат каде е проблемот, јавноста добива политички квалификации за тоа кој е продуктивен, а кој не, се наведува во ...
Рускиот уметник и карикатурист Семјон Скрепетски, познат по делата во кои го исмева рускиот претседател Владимир Путин, беше убиен вчера во источна Полска. Полските медиуми јавија дека 44-годишниот руски државјанин, кој живеел во градот Бјала Подласка близу белоруската граница, бил убиен во напад кој наликува на егзекуција. Полицијата потврди дека 44-годишниот руски државјанин во понеделникот наутро бил застрелан на улица недалеку од центарот ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на украинскиот претседател Володимир Зеленски за претходните остри изјави. Лукашенко во интервју за „Ал Арабија“ порача дека неговите изјави биле одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и дека знае каде се наоѓа тој. Од ...
Полска сè уште не ѝ ги испорачала дополнителните борбени авиони МиГ-29 на Украина бидејќи преговорите за пренос на украинската воена технологија на Полска сè уште не се завршени, изјави заменик-министерот за одбрана на Полска, Цезари Томчик. Говорејќи за „Радио ЗЕТ“ (Radio ZET), Томчик напомена дека Варшава е подготвена да ги испорача борбените авиони од советско производство штом ќе биде постигнат договор за технолошка соработка. „Не ги ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаат дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите. -Во случајот со Стевчо Јакимовски, јавноста со право го поставува прашањето: како е можно постапки за кои денес некој се ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави вчера дека спроведувањето на договорот што минатата година во Енкориџ на Алјаска го постигнаа рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би претставувало прв голем чекор кон завршување на војната во Украина, пренесува „Анадолу“. Говорејќи на прес-конференција во Минск, Белорусија, Лавров изјави дека Москва и понатаму очекува спроведување на договорите ...
Состојбата во Персискиот залив и војната во Украина, во фокусот на самитот на Г7 во францускиот град Евиан. Самитот се одржува во момент кога ЕУ ги отвора пристапните преговори со Украина, која останува една од клучните теми по ноќните руски напади врз Киев и Харков. „Ќе го имаме првиот голем чекор за Украина и Молдавија откако ќе добијат статус на кандидат во 2023 година. Значи, конечно, ќе можеме да отвориме кластер за двете земји. Зошто? ...
Поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија и актуелен потпретседател на ДУИ, Бујар Османи смета дека во 2022 година бевме во поповолна ситуација кога се работи за евроинтеграциите и дека денес преговараме со поинаква Бугарија. „Не мислам дека постои волја за решавање на овој процес таму. Мислам дека во 2022 г. ние бевме во многу поповолна ситуација бидејќи позади тој договор што го направивме стоеја најголемите сили – ...
„Категорично го осудувам палењето на дипломатски автомобили во бугарската амбасада во Скопјe“, изјавила вчера в.д. претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, пренесуваат бугарските медиуми. Според неа, ова не е обично кривично дело, туку, како што вели, неприфатлив напад врз дипломатска мисија, што ја доведува во прашање способноста на македонските власти да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски мисии во согласност со нивните ...
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини ја коментираше изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека јавниот долг е под контрола и под 60 проценти од БДП, посочувајќи дека ваквите изјави не претставуваат новина и отвораат дополнителни прашања за состојбата на јавните финансии. Во изјава за „Локално“, Хајредини вели дека јавниот долг и во минатото бил под контрола, а истото се однесува и на фискалната ...
Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...
Ан Шедин, актерката најпозната по улогата на мајката на Кејт Танер во хит серијата од 80-тите „АЛФ“, почина на 77-годишна возраст. Веста за нејзината смрт ја потврди семејството. Семејството објави на Фејсбук во неделата дека актерката „починала мирно“, но причината за смртта не беше наведена. Од нашата мрежа Лукаку ѝ помага на Белгија да освои бод против Египет 8 часа kontra.mk 🎥Официјално: Сари ќе предводи петти тим во Серија А 8 часа ...
Холивудската ѕвезда Џејн Сејмур, најпозната по улогата во култната серија „Доктор Квин“, потврди дека е свршена со својот партнер Џон Замбети по речиси три години врска. Замбети е лекар во итна помош и музичар, а со Џејн Сејмур е во врска од 2023 година. Двајцата се запознале благодарение на нивните деца, кои се познавале долго пред да ја започнат својата романса. Од нашата мрежа Лукаку ѝ помага на Белгија да освои бод против Египет 8 часа ...
„Порака за охрабрување и дека сепак иднината што е нормален биолошки процес, им припаѓа на младите. Во таа насока е пораката за младите во ДУИ да се подготват да земат за поактивно учество и поголема одговорност и дека на нив секаако им паѓа големиот товар, како што секоја партија планира да биде дел од власта“, рече за „Локално“, екс-министерот и политички аналитичар, Имер Селмани за најавеното повлекување на Али Ахмети од лидерската ...
„Ахмети не сака веднаш да се повлече од функцијата бидејќи таквото повлекување би било голем шок за раководството и другите членови на партијата. Најверојатно, Ахмети првично ќе работи на воведување на личност пред членовите на партијата, така што откако ќе се навикнат на новата политичка личност, тој ќе се повлече од функцијата лидер на партијата“, смета политичкиот аналитичар, Џенур Исени за најавеното постепено повлекување и заминување во ...
„Украина и Молдавија ќе треба да поминат низ истиот сложен процес на усогласување со европското законодавство како и земјите од Западен Балкан. Сепак, факт е дека руската агресија врз Украина му даде силна геополитичка димензија на проширувањето и создаде ново чувство на итност во Брисел“, вели политикологот и извршен директор на „Евротинк“, Димитар Николовски за денешното отпочнување на преговорите на двете екс-советски републики со ЕУ. ...
Еџе Иртем, турската актерка најпозната по улогата на Исил во серијата „Една љубов“, почина на 35-годишна возраст. Таа беше пронајдена во несвест во својот дом утрово, само еден ден по нејзиниот роденден. Причина за смртта е срцев удар, објавија медиумите. На публиката ѝ е позната и од турската серија „Шербет од брусница“. Еџе Иртем е родена на 14 јуни 1991 година во Сивас. Дипломирала на Отсекот за опера и вокална изведба на Универзитетот ...
Група државни обвинители на американските сојузни држави и врачија на компанијата OpenAI опсежна судска покана поради загриженост за безбедноста на корисниците на ChatGPT, и тоа во чувствителен момент додека компанијата се подготвува за иницијална јавна понуда (IPO). Истрагата, која доаѓа само неколку дена откако OpenAI поднесе доверлива документација за излегување на берзата, би можела да го закомплицира котирањето за кое аналитичарите ...
Заминувањето на таканаречената „бејби бумер“ (baby boomer) генерација во пензија ќе ја погоди германската економија потешко отколку што се претпоставуваше досега, објави денеска Институтот за германска економија од Келн. „До 2036 година, бројот на работно способни граѓани во Германија ќе се намали за 4,3 милиони“, објави Институтот за германска економија. Уште пред две години, IW процени дека бројот на лица кои повеќе нема да му стојат на ...
Односите меѓу Македонија и Бугарија, кои и двете се членки на НАТО, но не и на ЕУ, според Јулијан Чифу од Центарот за спречување конфликти и рано предупредување од Романија не е безбедносен предизвик. Според него директните преговори меѓу двете земји, флексибилноста на Македонија и поттикот од ЕУ, може да помогне Македонија да го надмине проблемот за отпочнување на преговорите. -Не е безбедносен предизвик. Сметам дека директни преговори и ...
Јулијан Чифу од Центарот за спречување конфликти и рано предупредување од Романија е оптимист дека војната меѓу САД и Иран заврши, иако американскиот претседател Доналд Трамп и претходно повеќе пати најавуваше дека војната само што не завршила. Чифу, кој е еден од панелистите на скопскиот безбедносен форум „Архитекти на стабилноста: безбедносниот идентитет на Западен Балкан“, изјави дека иако не е прва најава од Трамп за постигнат мир со ...